ГОЛЕМАТА БОРБА

9/43

8—ЛУТЕР ПРЕД ДРЖАВНИОТ СОБОР

_______________

На престолот во Германија стапил нов цар, Карло V. Пратеиѕниците на Рим побрзале да му честитаат и да го наговорат да ја употреби сета своја моќ против реформацијата. Од друга страна, изборниот саксонски кнез, на кого Карло во голема мера му должел за својата круна, го молел царот да не презема нитттто против Лутера додека не го сослуша. На тој начин царот се нашол во тешка положба и неприлика. Следбениците на папата не барале ништо помалку одошто царот со едикт да го осуди Лутера на смрт. Изборниот кнез решително изјавил дека „ниту неговото величество ниту кој и да е друг докажал оти Лутеровите списи се неточни” и затоа тој барал „на доктор Мартин Лутер да му се даде гарантно писмо за да може да се јави пред суд на учени, побожни и непристрасни судии” (D’Aubigne, b. 6, ch. 11). GCMkd 111.1

Вниманието на сите партии сега било насочено кон соборот на германските држави што е свикан во Вормс набргу по стапувањето на Карло V на престол. На тој собор требало да се расправа за важни политички и други прашања. За првпат требало германските кнезови да се состанат со својот млад владетел на советодавно собрание. Од сите страни на државата дошле црковни и државни великодостојници. GCMkd 111.2

Световни големци, со благородно потекло, силни и љубоморни на своите наследни права; црковни поглавари, свесни за својата супериорна положба и за својата моќ; дворски витези, со својата вооружена придружба; пратеници од туѓи и далечни земји - сите се собрале во Вормс. Сепак, главен предмет на внимание на овој голем собор била работата на саксонскиот реформатор. GCMkd 111.3

Карло V претходно му наредил на изборниот кнез да го доведе Лутера со себе на соборот, ветувајќи му своја заштита и слобода да расправа за спорните прашања со меродавни лица. Лутер нестрпливо очекувал да излезе пред царот. Тогаш неговото здравје било мошне влошено; сепак, му напишал на изборниот кнез: „Ако не можам во Вормс да дојдам здрав, нека ме пренесат таму каков што сум, болен, зашто, ако ме вика царот, не смеам да се сомневам дека ме вика Бог. Ако имаат намера против мене да употребат сила, што е веројатно (зашто не ме викаат за да бидат поучени), да го предадеме делото во Божји раце. Уште живее и владее Оној што ги избавил тројцата млади луѓе од огнена печка. Ако не ме спаси Тој, мојот живот не вреди многу. Мораме да спречиме евангелието да не биде изложено на подбив од грешниците и да бидеме готови за него да ја пролееме нашата крв за да не триумфираат тие. He можам да знам дали мојот живот или мојата смрт повеќе ќе послужи за спасението на сите... Очекувајте од мене се, само не бегство и откажување. Да бегам не можам, а уште помалку да се откажам” (Исто, b. 7, ch. 1). GCMkd 111.4

Веста дека Лутер ќе дојде на соборот во Вормс предизвикала во градот голема возбуда. Папскиот пратеник, Алеандер, на кого му била доверена специјална задача да ја кочи реформацијата, многу се вознемирил и се разгневил. Знаел дека доаѓањето на Лутера на соборот ќе има кобни последици за папството. Да води истрага за случајот што папата веќе го осудил, би значело да се презре авторитетот на папата. Понатаму, тој се плашел дека силните и речити докази на Лутера би можеле да одвратат многу кнезови од папата. Затоа најенергично вложил кај Карло V приговор против доаѓањето на Лутера во Вормс. Отприлика во тоа време била објавена булата за исклучување на Лутера од црквата. Овој наетан и наговарањата на пратеникот на папата го навеле царот да попушти. Тој му пишал на изборниот кнез дека Лутер, ако не сака да се откаже, мора да остане во Витенберг. GCMkd 112.1

Незадоволен со оваа победа, Алеандер маневрирал со сета своја моќ и лукавство да издејствува осуда над Лутера. Со истрајност, што би била достојна за една подобра цел, го обвинувал Лутера пред кнезовите, пред прелатите и пред другите членови на соборот поради востание, бунт, безбожност и богохулство. Но жестокоста и страста што ги покажувал легатот откривале каков дух го проникнува. „Го гонат омраза и одмазда”, велеле сите, „а не ревност и побожност” (Исто, b. 7, ch. 1). Мнозинството соборјани, повеќе од кога и да е порано, биле наклонети кон делото на Лутера. GCMkd 112.2

Алеандер со двојна ревност го навалувал царот да ја изврши пресудата на папата. Но, според германските закони, не било можно да се стори тоа без согласност на кнезовите. На крај, под притисок на наметливоста на легатот, Карло му заповедал својот предмет да го изнесе пред соборот. „Тоа за папскиот нунциј бил ден на прослава. Соборот бил голем, но уште поголем бил предметот на расправата. Алеандер го бранел Рим5 ...мајката и господарката на сите цркви.” Требало да ја застапува „врховната власт на Петар” пред собраните кнезови на христијанството. „Надарен со речитост, покажал дека и дораснал на големината на дадената задача. Провидението сакало Рим, пред да биде осуден, да добие можност да го изнесе својот предмет пред највеличествениот суд преку устата на својот најспособен говорник” (Wylie, b. 6, ch. 4). GCMkd 112.3

Оние што му биле наклонети на реформаторот се плашеле од дејството на говорот на Алеандера. Изборниот саксонски кнез не бил присутен, но пратил некои од своите советници да го слушаат пратеникот на папата и да направат прибелешки од неговиот говор. GCMkd 113.1

Со сета ученост и речитост, Алеандер се напрегал да ја побие вистината. Тој против Лутера подигнал мноштво обвинувања, нарекувајќи го јавен непријател на црквата и државата, на живите и мртвите, на свештениците и световниците, на концилите и на одделни христијани. „Во списите на Лутера има толку заблуди поради кои би можеле да се спалат сто илјади еретици!” GCMkd 113.2

При крајот на говорот настојувал да ги исмее и да ги осрамоти сите следбеници на реформата, „Кои се тие лутерани? Толпа беерамни учители, расипани евештеници, распуштени калуѓери, неразумни правници, расипано благородништво, изопачен и заведен народ. Колку помногубројна, поспособна и посилна е католичката партија! Еднодушната одлука на овој сјаен собор ќе ги просветли простите, ќе ги опомене неразумните, ќе им помогне на нерешителните и ќе ги засили слабите” (D’ Aubigne, b. 7, ch. 3). GCMkd 113.3

Co такво оружје биле напаѓани бранителите на вистината во сите векови. Истото тоа оружје се употребува и денеска против оние што се осмелуваат да им се противстават на јавните заблуди служејќи се со едноставното и јасно учење на Божјата реч. „Кои се тие проповедници на нови науки?”, прашуваат оние што сакаат една популарна религија. „Тие се необразовани, малобројни и од најсиромашните сталежи, а сепак, тврдат дека ја имаат вистината и дека се Божји избран народ. Тие се лаици и измамени. Колку голема е нашата црква и нејзиното влијание! Колку големи и учени има меѓу нас! Колку поголема е силата што е на наша страна!” Овие докази имаат силно влијание врз светот, но ниту денеска не се пологични од деновите на реформаторот. GCMkd 113.4

Реформацијата не завршила со Лутера, како што мислат некои. Таа мора да продолжи до крајот на историјата на светот. Дело на Лутера било да ги осветли другите со светлината со која Бог ја осветлил неговата патека; сепак, тој не ја примил сета светлина што требало да му биде откриена на светот. Од тоа време до денеска секогаш нова светлина ги осветлувала страниците на Светото писмо и секогаш се откривале нови вистини. GCMkd 113.5

Говорот на легатот оставил длабок впечаток врз соборот. Лутер не бил присутен да го победи папскиот борец со јасните и уверливи вистини на Божјата реч. Мнозинството на соборот било наклонето не само да го осуди Лутера и неговата наука, туку и да го искорени кривоверството. Рим имал најдобра шанса да ја одбрани својата работа. Се што можел да каже во своја одбрана, тоа го кажал. Но неговата привидна победа била знак на пораз. Од сега, разликата меѓу вистината и заблудата ќе биде толку појасна, колку што ќе биде поотворена нивната борба. По овој ден, никогаш веќе Рим не стоел толку сигурно како до тогаш. GCMkd 113.6

Додека мнозинството членови на соборот биле готови да го предадат Лутера на одмазда на Рим, мнозина од нив го виделе и го осудувале злото пгго постоело во црквата, и сакале да ги искоренат злоупотребите од кои страдал германскиот народ, а кои биле предизвикани со расипаноста и со лакомството на свештениците. Легатот папството го прикажал во најубава боја. Тој мжг Божјиот Дух поткренал еден член на соборот да ја прикаже вистинската слика на папската тиранија. Со благородна решителност, саксонскиот кнез, Георг, станал на тој кнежевски собор и со поразна точност ги опишал измамите и пороците на папството и нивните лоши последици. На крај рекол: „Тоа се само некои од злоупотребите што зборуваат против Рим. Отфрлиле секој срам и единствена цел им е ... пари, пари, пари! Така проповедниците, кои би требало да ја проповедаат вистината, всушност зборуваат само лага, и не само да се трпат, туку и се наградуваат, зашто колку повеќе лажат, се поголеми се нивните добивки. Од овие расипани извори течат тие валкани води. Развратот и подава рака на скржавоста... За жал, свештенството создава соблазна што толку кутри души фрла во вечна пропаст. Мора да се изврши општа реформа” (Исто, b. 7, ch. 4). GCMkd 114.1

Сам Лутер не би можел да изнесе посилни и поочигледни обвинувања против папската раеипаност. А фактот што говорникот бил решителен непријател на реформаторот, на неговите зборови им дал уште поголема важност. GCMkd 114.2

Кога очите на членовите на соборот би биле отворени, тие во својата средина би ги виделе Божјите ангели како растураат светли зраци среде темнината на заблудите, отворајќи ги умовите и срцата за примање на Божјата вистина. Дури и врз непријателите на реформацијата влијаела силата на Бога, кој е Бог на вистината и мудроста, и така е приготвен патот за големото дело што требало да се изврши. Мартин Лутер не бил присутен, но на соборот се слушнал гласот на Некој поголем од него. GCMkd 114.3

Веднаш народниот собор избрал комисија што требало да состави список за сите папски даноци што толку тешко го притиекале германскиот народ. Овој список содржел сто и една GCMkd 114.4

точка, и поднесен му е на царот со молба да преземе потребни чекори да се укинат тие злоупотреби. „Колку души се загубени! ”, рекле членовите на комисијата. „Какви ограбувања, какви изнудувања и поткупувања со кои е опкружена духовната глава на христијанството! Наша должност е да ја спречиме пропаста и срамот на нашиот народ. Од таа причина понизно, но најрешително бараме од вас да наредите итна општа реформа и да ја спроведете” (Исто. b. 7, ch. 4). GCMkd 115.1

Cera соборот побарал да се доведе реформаторот. Наспроти молбата, протестот и заканите на папскиот делегат, Алеандер, царот најпосле се согласил, и Лутер е повикан да дојде пред соборот. Со повикот му е предадено и писмо во кое му се гарантира сигурно враќање. Повикот во Витенберг му го однел весник на кого му е наредено да го придружува Лутера до Вормс. GCMkd 115.2

Пријателите на Лутера се уплашиле и се ожалостиле. Познавајќи ги предрасудите и омразата кон него, се плашеле дека нема да се почитува гарантното писмо и го молеле својот живот да не го изложува на сигурна опасност. Тој им одговорил: „Папските следбеници не сакаат јас да дојдам во Вормс, туку сакаат да ме осудат на смрт. Ништо за тоа. He молете се за мене туку за Божјата реч... Христос ќе ми го даде својот Дух да ги победам проповедниците на заблудите. Јас сум ги презирал во мојот живот, и ќе ги победам со мојата смрт. Нивна цел е во Вормс да ме присилат да се откажам, а еве како ќе биде моето откажување: Порано реков дека папата е Христов намесник, а сега, пак, велам дека е противник на Господа и апостол на ѓаволот” (Исто, b. 7, ch. 6). GCMkd 115.3

Лутер не смеел да патува сам на овој опасен пат. Освен пратеникот на царот, решиле да го придружуваат неговите тројца најдобри пријатели. Меланхтон топло молел да им се придружи. Неговото срце било врзано со срцето на Лутера и тој сакал да го придружува, ако е потребно, било во затвор или во смрт. Но неговата молба не била прифатена. Ако Лутер загине, неговиот млад соработник требало да го носи товарот на реформацијата. Простувајќи се со Меланхтона, реформаторот му рекол: „Ако не се вратам, и ако моите непријатели ме убијат, продолжи да проповедаш и стој цврсто во вистината. Работи наместо мене... Ако живееш ти, мојата смрт нема да значи голема загуба” (Исто, b. 7, ch. 7). GCMkd 115.4

Студентите и граѓаните што се собрале да присуствуваат на Лутеровото заминување биле длабоко потресени. Мнозина, чиишто срца биле трогнати со евангелието, се поздравиле со него плачејќи. Така реформаторот и неговите придружници го напуштиле Витенберг. GCMkd 115.5

На патот се осведочиле дека народот е потиштен поради лошите претчувства. Во некои градови не им биле укажувани никакви почести. Во еден хотел, каде што преноќевале, еден свештеник, Лутеров пријател, го изразил својот страв за реформаторот, покажувајќи кон сликата на италијанскиот реформатор Саванарола, кој бил погубен поради својата вера. Другиот ден се дознало дека Лутеровите списи се осудени во Вормс. Царски пратеници го разнесувале царскиот указ и го повикувале народот да им ги предадат на властите забранетите книги. Лутеровиот придружник, плашејќи се за неговата безбедност на соборот и мислејќи дека тој ќе се поколеба во својата одлука, го прашал „дали се уште сака да го продолжи патот”. Лутер одговорил: „Иако во секој град сум ставен под интердикт, сепак, јас одам напред” (Исто, b. 7, ch. 7). GCMkd 116.1

Во Ерфурт Лутера го примиле со големи почести. Опкружен со мноштво почитувачи, одел низ улиците низ кои некогаш поминувал толку често со евојата питачка торба, Ја посетил својата манастирска ќелија и се сетил за борбата низ која поминал за во своето срце да ја прими светлината што сега ја осветлува цела Германија. Го повикале да проповеда. Навистина, тоа му било забрането, но царскиот пратеник му дозволил и калуѓерот, кој некогаш бил слуга во овој манастир, сега се качил на проповедалната. GCMkd 116.2

Пред големо мноштво слушатели проповедал за Христовите зборови: „Мир вам!” Тој рекол: „Сите филозофи, доктори, писатели, се труделе да ги научат луѓето како можат да добијат вечен живот, но не успеале. Јас сега сакам да ви го кажам тоа:... Бог воскреснал од мртвите еден човек, Господа Исуса Христа, Тој да ја уништи смртта, да го искорени гревот и да ја скрши вратата на пеколот. Тоа е дело на епасението... Христос победил, ете радосна вест, и ние сме спасени со неговото дело, а не со нашите дела... Нашиот Господ Исус Христос кажал: ,Мир вам; погледнете ги моите раце‘, тоа значи: Гледај, о човече, јас, само јас сум Оној кој ги одзема гревовите и кој спасува. И сега имај мир, вели Господ.” GCMkd 116.3

Продолжил објаснувајќи дека вистинската вера се открива во светиот живот. „Бидејќи Господ не спасил, нашите дела нека бидат по негова волја. Ако си богат, твоето богатство нека им служи на сиромасите. Ако си сиромав, твојата служба нека биде корисна за богатите. Ако твојата работа е корисна само за тебе, тогаш службата што мислиш дека ја вршиш е лажна пред Бога” (Исто, b. 7, ch. 7). GCMkd 116.4

Луѓето слушале без здив. Лебот на животот им е делен на душите што умирале од глад. Христос пред нив е издигнат над папите. над легатите, над царевите и кралевите. Лутер ништо не спомнал за својата опасна положба. He сакал да го привлече вниманието на себе и да предизвика сочувство. Гледајќи на Христа, заборавил на себе. Тој се скрил зад Маченикот од Голгота, настојувајќи само да го претстави Христа како Откупител на грешниците. GCMkd 116.5

Продолжувајќи го својот пат, реформаторот насекаде бил предмет на најживо интересирање. Околу него се тискала љубопитна толпа. Пријателски гласови го предупредувале на намерите на римокатолиците: „Ке ве спалат” - велеле едни - „вашето тело ќе го претворат во пепел како што сториле со Јан Хус.” Тој одговарал: „Кога долж целиот пат од Вормс до Витенберг би палеле огнови, чиишто пламени јазици би допирале до небото, јас сепак ќе одам по тој пат во име на Господа. Ке излезам пред нив, ќе влезам во челуста на ламјата, ќе ги скршам нејзините заби и ќе го проповедам Господа Исуса Христа” (Исто, b. 7, ch. 7). GCMkd 117.1

Веста за неговото приближување кон Вормс предизвикала голема вознемиреност. Неговите пријатели се плашеле за неговата безбедност. Тие се труделе со сите сили да го одвратат, да не влезе во градот. На поттик од следбениците на папата, нему му е советувано да се повлече во дворецот на некој пријателски витез каде што ќе може се да се реши на пријателски начин. Пријателите се обидувале кај него да разбудат страв, опишувајќи ги опасностите што му се закануваат. Но се било напразно. Лутер непоколебливо им одговорил: „Кога во Вормс би имало толку ѓаволи колку што има ќерамиди на покривите, сепак, јас би влегол во градот” (Исто, b. 7, ch. 7). GCMkd 117.2

При неговото доаѓање во Вормс, кон градската врата се упатило големо мноштво да му посака добредојде. Такво големо мноштво не се собрало ниту да го поздрави царот. Одушевувањето било големо; наеднаш, среде мноштвото, еден продорен и тажен глас запеал погребна песна за да го потсети Лутера на судбината што го чека. „Бог ќе биде моја одбрана”, рекол тој, слегувајќи од колата. GCMkd 117.3

Следбениците на папата не верувале дека Лутер ќе се осмели да дојде во Вормс. Неговото доаѓање ги исполнило со страв. Царот веднаш ги повикал своите советници да се посоветува за постапката што треба да ја преземе. Еден од епискошгге, закоравен следбеник на Рим, изјавил: „Ние за тоа доста расправавме. Вашето величество еднаш нека се ослободи од тој човек. Нели Сигисмунд дозволи Јан Хус да се спали. Наша должност не е да му дадеме ниту да го почитуваме гарантното писмо на еден еретик.” „Не‘ рекол Карло, „ние треба да ги држиме нашите ветувања!” (Исто, b. 7, ch. 8). Според тоа, одлуката паднала: Лутер треба да излезе пред соборот. GCMkd 117.4

Цел град сакал да го види тој необичен човек. Набргу неговиот стан го исполнило мноштво посетители. ЈТутер штотуку се закрепнувал од својата неодамнешна болест; бил уморен од патот кој траел цели две седмици. Морал да се приготви за своето утрешно свечено излегување пред соборот, и му бил потребен мир и одмор. Но желбата да го видат била толку голема што околу него се тискале благородници, кнезови, свештеници и граѓани, така што за одмор му останале само неколку часа. Меѓу нив имало благородници кои смело барале од царот реформа на црковните злоупотреби и кои, кажува Лутер, „сите се ослободени со моето евангелие” (Martyn, page 393). И пријатели и непријатели доаѓале да го видат бестрашниот калуѓер, а тој ги примал сите со ист мир и на сите им одговарал достоинствено и мудро. Неговото држење било цврсто и храбро. Неговото лице, бледо и истоштено од напорите и од болеста, имало љубезен и дури радосен израз. Свеченоста и длабоката сериозност на неговите зборови им давале сила на која не можеле да и се противстават ниту неговите непријатели. И пријателите и непријателите му се восхитувале. Едните гледале во него божеетвена сила, а другите ги повторувале зборовите на фарисеите за Христа: „Ѓавол е во него.” GCMkd 118.1

Утредента Лутер бил повикан да излезе пред соборот. Еден царски службеник бил одреден да го доведе Лутера во соборната сала, но тоа одвај му успеало, зашто сите улици биле преполни со гледачи кои биле желни да го видат монахот кој се осмелил да му се противстави на папскиот авторитет. GCMkd 118.2

Кога Лутер се упатил да излезе пред своите судии, еден стар генерал, јунак од многу битки, му рекол љубезно: „Кутри калуѓеру, кутри калуѓеру, тебе те чека таква битка каква што ниту јас ниту кој и да е друг војсководител видел ниту во најкрвавите судири. Но, ако твоето дело е праведно и ако си сигурен во него, оди напред во Божје име и не плаши се од ништо. Бог нема да те остави” (D’ Aubigne, b. 7, ch. 8). GCMkd 118.3

Најпосле Лутер стоел пред државниот собор. Царот седел на престолот, опкружен со најугледни личности на царството. Никогаш ниеден човек не се појавил пред повеличествен собор од овој пред кој Лутер требало да одговара поради својата вера. „Самиот факт што тој се појавил пред соборот бил веќе сјајна победа над папството. Папата го осудил, но сега истиот тој човек се наоѓал пред суд кој токму со оваа постапка се издигнал над него. Папата врз него фрлил проклетство, го исклучил од секое човеч општество, а тој сега најучтиво е повикан и примен пред највеличествениот собор на светот. Папата го осудил на доживотно молчење, а сега тој требало да зборува пред илјадници внимателни слушатели, собрани од најоддалечените христијански земји. На овој начин, со ЈГутерова заслуга, настанала голема пресвртница. Рим веќе почнал да слегува од својот престол, а причина за тоа бил гласот на еден калуѓер” (Исто, b. 7, ch. 8). GCMkd 118.4

Пред толку силното и славно собрание реформаторот, со скромно потекло, се чинело дека се збунил и уплашил. Некои кнезови, гледајќи ја неговата возбуда, му се приближиле љубезно, и еден од нив му шепнал: „Не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат.” Друг додал: „Кога ќе ве изведат пред управители и цареви заради моето име, Духот на вашиот Отец ќе ви каже што треба да зборувате.” Така големците на овој свет ги употребиле Христовите зборови да го охрабрат Божјиот слуга во мигот на искушението. GCMkd 119.1

Лутера го довеле на определено место спроти царскиот престол. Во соборната сала настанала тишина. Тогаш станал еден царски службеник, ја покажал збирката на Лутеровите списи и го повикал реформаторот да одговори на две прашања: Дали признава дека тоа се негови списи и дали е готов да се откаже од мислењата пгго ги изнел во нив. Откако биле прочитани насловите на книгите, Лутер одговорил дека, во врска со првото прашање, признава оти тие книги се негови. „Во врска со второто прашање”, рекол тој, „бидејќи тоа е прашање на верата и спасението на душата и бидејќи се однесува на Божјата реч, која е најголемо и најдрагоцено богатство на небото и на земјата, би постапил неразумно кога би одговорил пред да размислам, зашто можеби би тврдел помалку отколку што дозволуваат околностите или повеќе отколку што бара вистината и на тој начин сигурно би згрешил против Христовите зборови: ,Кој ќе се откаже од мене пред луѓето, и јас ќе се откажам од него пред мојот Отец кој е на небесата’ (Матеј 10,33). Затоа, понизно го молам царското величество да ми даде време да размислам за да можам да одговорам а да не згрешам против Божјата реч” (D’Aubigne, b. 7, ch. 8). GCMkd 119.2

Изнесувајќи го тоа барање, Лутер постапил мудро. На овој начин го уверил соборот дека не постапува поттикнат од страст или од лични побуди. Таквиот мир и совладување на самиот себе, што не се очекувале од човек кој се покажал толку смел и непопустлив, ја зацврстиле неговата сила и го оспособиле подоцна да одговори разумно и решително, мудро и достоинствено, со што ги изненадил и ги збунил своите противници и ја укорил нивната дрскост и горделивост. GCMkd 119.3

Следниот ден требало да излезе пред соборот и да го даде својот конечен одговор. Реформаторот за миг ја загубил храброста гледајќи ги силите што се здружиле против вистината. Неговата сигурност се поколебала, го обзел страв и трепет и чувствувал ужас. Пред него се множеле опасности и се чинело дека неговите непријатели ќе триумфираат и силите на темнината ќе преовладеат. Пред него се напластиле облаци и изгледало дека ќе го одделат од Бога. Тој копнеел за сигурност семожниот Бог да биде со него. Во душевен страв се фрлил со лицето на земја и од неговото скршено срце се оттргнале вопли што само Бог можел целосно да ги разбере. GCMkd 119.4

„О семожен и вечен Боже”, велел тој, „колку е страшен овој свет! Ете, ја отворил својата челуст да ме проголта, а јас толку малку се надевам во тебе... Ако морам да се потпирам само врз силата на овој свет, тогаш за мене се е загубено... Настапил мојот последен час, мојата осуда е изговорена... О Господе, помогни ми ти против сета мудрост на овој свет. Стори го тоа ти, сам, ...зашто тоа не е мое дело, туку твое. Јас немам никаква лична работа овде; немам што да расправам со големците на овој свет... Но ова дело е твое, тоа е праведно и вечно. О Господе, помогни ми! Верен и непроменлив Боже, јас не се потпирам ниту на еден човек... Тоа би било залудно. Се што е човечко е несигурно. Се што доаѓа од човек пропаѓа... Ти ме избра за ова дело... Биди ти крај мене заради името на твојот сакан Син Исус Христос, кој е моја одбрана, мој штит и моја силна тврдина” (Исто, b. 7, ch. 8). GCMkd 120.1

За да го сочува реформаторот да не се потпре врз својата сопствена сила и одненадеж да се урне во пропаст, Бог во својата мудрост дозволил Лутер да дознае каква опасност му се заканува. Го обзел ужас кој не потекнувал од стравот за сопствените страдања или од смртта што изгледала неминовна. Настапил критичниот час, а тој се чувствувал неспособен да го дочека. Поради неговата слабост делото на вистината би можело да претрпи пораз. Тој се борел со Господа не за својата лична сигурност, туку за победа на вистината. Го чувствувал истиот страв и истата душевна борба како Израел онаа ноќ крај осамениот поток. И како Израел, тој победил во борбата со Бога. Во својата целосна немоќ се фатил цврсто со вера за Христа, за моќниот Ослободител. Бил охрабрен со сигурноста дека нема да излезе сам пред соборот. Во неговата душа повторно завладеал мир и тој се радувал што му се дава можност да ја издигне Божјата реч пред владетелите на народите. GCMkd 120.2

Со цврста сигурност во Бога, Лутер се приготвувал за борбата што го чекала. Направил план за својот одговор, проверил некои места од своите списи и побарал во Библијата згодни докази за да ги поткрепж своите тврдења. Тогаш, ставајќи ја левата рака на светата Книга што била отворена пред него, и подигајќи ја десницата кон небото, ветил дека ќе му „остане верен на евангелието и слободно ќе ја исповеда својата вера, па макар да мора тоа да го запечати и со својата крв” (Исто, b. 7, ch. 8). GCMkd 120.3

Kora повторно се појавил пред државниот собор, неговото лице не покажувало ниту трага од страв или збунетост. Мирен и спокоен, со возвишена храброст и благородност, стоел како Божји сведок пред големците на оваа земја. Царскиот службеник побарал да ја слушне неговата одлука дали е готов да се откаже од своето учење. Лутер одговорил мирно и понизно, без жестокост и возбуда. Неговото држење било учтиво и скромно, но сепак, покажувало цврста сигурност и радост што го изненадило соборот. GCMkd 121.1

„Возвишен царе, светли кнезови, славна господа”, рекол Лутер, „денеска излегувам пред вас по налогот што ми беше даден вчера и со Божја милост го молам вашето царско величество милостиво да ја сослуша одбраната на делото за кое сум сигурен дека е праведно и вистинито. Ако можеби од незнаење го повредам дворскиот протокол и дворските прописи, ве молам да ми простите, зашто не сум израснал во кралска палата, туку во самотија на манастир” (Исто, b. 7, ch. 8). GCMkd 121.2

Преминувајќи веднаш на излагањето, објасшш дека сите негови дела немаат ист карактер. Во некои расправа за верата и за добрите дела, па штв дури и неговите непријатели ги признале не само за безопасни, туку и за корисни. Да се откаже од нив, би значело да се отфрли вистината што сите ја признаваат. Другите книги се состојат од списи што ја откриваат расипаноета и злоупотребата на папството. Да се откаже од овие дела би значело да се засили римската тиранија и ширум да се отвори вратата за уште повеќе и за уште поголеми беззаконија. Во третиот вид на своите книги станува против некои личности што ги бранеле јавните зла. Што се однесува до тие списи, признава дека често бил повеќе остар отколку што прилега. He тврди дека е без грешки, но не може да се откаже ниту од тие книги, зашто таквата постапка би ги охрабрила непријателите на вистината и тие би ја искористиле приликата Божјиот народ да го угнетуваат со уште поголема свирепост. GCMkd 121.3

„Но, јас сум само човек, а не Бог”, продолжил, „и затоа ќе се бранам како што се бранел Христос:,Ако зборував лошо, докажете ми во што згрешив..,’оради тоа, ве заколнувам со Божјата милост, возвишен царе, светли кнезови, и сите кои сте присутни, без оглед на сталежот, да ми докажете од списите на пророците и апостолите дека сум згрешил. Штом ќе бидам уверен во тоа, ќе се откажам од моите заблуди и прв ќе ги грабнам моите списи и ќе ги фрлам во оган. GCMkd 121.4

Тоа што го кажав сега јасно покажува, се надевам, дека внимателно сум ги разгледал и сум ги измерил опасностите на кои се изложувам; но јас не се плашам, туку се радувам што евангелието и денеска, како и некогаш, е причина за немир и борби. Таков е карактерот и судбината на Божјата реч. Исус кажал:, Јас не дојдов да донесам мир на земјата, туку меч.’ Бог е красен и страшен во своите совети; можеби под изговор сакаме да ја задушиме неслогата, но да внимаваме со тоа да не ја прогонуваме Божјата реч и да не навлечеме врз себе страшна поплава од непремостиви опасности, сегашни неволји и вечна пустош. Би можел да наведам многу примери од светата Божја реч. Би можел да зборувам за фараонот, за вавилонскиот цар и за израелските цареви кои никогаш не работеле поуспешно за својата пропаст отколку токму тогаш кога, навидум со мудри совети, мислеле да го зацврстат своето царство. Бог преместува планини, а тие тоа не го знаат” (Исто, b. 7, ch. 8). GCMkd 122.1

Лутер зборувал на германски, а замолен е истите зборови да ги повтори и на латински јазик. Иако бил премален од претходниот напор, ја прифатил молбата и истиот говор го повторил со иста јасност и енергија. Во тоа го водело Божјето провидение. Умот на многу кнезови во толкава мера бил заслепен со заблудите и со празноверието, што при првиот говор не можеле да ја сфатат моќта на Лутеровите докази, но при повторното излагање јасно сфатиле извесни точки. GCMkd 122.2

Оние што упорно ги затворале очите пред светлината и рептиле да не дозволат да бидат осведочени со вистината, биле разјарени со зборовите на Лутера. Кога Лутер престанал да зборува, говорникот на државниот собор гневно рекол: „Вие не одговоривте на поставеното прашање... Од вас се бара да дадете јасен и одреден одговор... Дали се откажувате или не?” GCMkd 122.3

Реформаторот одговорил: „Бидејќи вашето царско величество бара од мене јасен, едноставен и одреден одговор, јас ви го давам, а тоа е: He можам да ја потчинам мојата вера ниту на папата ниту на соборот, зашто е јасно како ден дека тие често паѓале во заблуди и си противречеле едни на други. Значи, ако не ме уверат со докази од Светото писмо и со јасни причини, ако не ме осведочат со истите места што ги цитирав, и ако на тој начин не ја потчинат мојата совест на Божјата реч, јас не можам ине сакамда се откажам, зашто не е добро за христијанинот да зборува против својата совест. Овде стојам и не можам поинаку! Бог нека ми помогне! Амин!” (Исто, b. 7, ch. 8). GCMkd 122.4

Така овој праведен човек стоел на сигурниот темел на Божјата реч. Неговото лице го осветлила небесна светлина. Сите јасно ја виделе неговата големина и чистотата на неговиот карактер, мирот и радоста што извирале од неговото срце кога ги откривал силите на заблудите и кога сведочел во прилог на верата што го победува светот. GCMkd 122.5

За миг целиот собор занемел од изненадување. При својот прв одговор пред соборот Лутер зборувал тивко, смирено и речиси со покорен глас. Римокатолиците тоа го сметале како доказ дека неговата храброст почнала да се колеба. Неговата молба за одлагање на расправата ја сметале како предзнак за негово откажување. Посматрајќи ја наведената става на Лутера, неговото понизно држење и неговата едноставна облека, царот рекол полугласно и со презир: „Тој калуѓер никогаш нема да ме стори еретик.” Но Лутеровата храброст и решителност, како и силата и јасноста на неговото докажување, предизвикале восхит кај сите партии. Царот одушевено извикнал: „Овој калуѓер зборува со бестрашно срце и со непоколеблива храброст.” Многу германски кнезови се гордееле и со задоволство го гледале тој претставник на нивниот народ. GCMkd 123.1

Пријателите на Рим биле поразени; нивното дело се нашло во мошне неповолна светлина. Тие настојувале да ја задржат својата власт не со докази од Светото писмо, туку со закани, со тие вообичаени аргументи на Рим. Говорникот на државниот собор рекол: „Ако не се откажете, царот и државата ќе видат што треба да сторат со тврдоглавиот еретик.” GCMkd 123.2

Лутеровите пријатели, кои со голема радост ја слушале неговата благородна одбрана, се стресле кога ги слушнале овие зборови; но реформаторот мирно кажал: „Бог нека ми биде помошник, зашто јас не можам да се откажам од ништо” (Исто, b. 7, ch. 8). GCMkd 123.3

Наредено му е да излезе од соборот додека кнезовите решаваат. Се чувствувало дека настапил решавачкиот миг. Упорното одбивање на Лутера од ништо да не се откаже би можело да влијаеврз токот на црковната историја низ сите идни векови. Затоа решиле да му дадат уште една можност да се откаже. Последенпат бил доведен пред соборот. Пак му е поставено прашањето дали сака да се откаже од својата наука. Тој одговорил: „Немамништо друго да одговорам освен она што го одговорив.” Било јасно дека ниту со ветувања ниту со закани не би успеале да го наведат да ги прифати барањата на своите противници. GCMkd 123.4

Папските следбеници се лутеле кога виделе како еден обичен калуѓер ја презира власта пред која се треселе кралевите и кнезовите. Биле нестрпливи и сакале тој со смртни маки да го почувствува нивниот гнев. Но Лутер, иако свесен за опасноста што му се заканувала, на сите им зборувал мирно и достоинствено, како што му прилега на еден христијанин. Во неговите зборови немало ниту горделивост, ниту срдба, ниту извртување. Наполно се загубил од вид себеси, заборавил на големите личности што го опкружувале, чувствувајќи само едно: дека се наоѓа во присуство на Оној кој е повисок од папата, од кардиналите и од кралевите. Христос зборувал преку устата на својот слуга со сила и со возвишеност која на моменти ги исполнувала како пријателите така и непријателите со страхопочит и со восхит. Божјиот Дух, присутен на овој собор, делувал врз срцата на државните водачи. Многу кнезови смело ја признале праведноста на Лутеровото дело. Голем број меѓу нив биле осведочени во вистината, но кај некои впечатоците не биле трајни. Имало и такви кои не го изразиле веднаш своето мислење, меѓутоа, подоцна, откако сами го проучиле Светото писмо, станале бестрашни помагачи на реформацијата. GCMkd 123.5

Изборниот кнез, Фридрих, бил мошне загрижен кога Лутер дошол пред државниот собор и со длабока возбуда го слушал неговиот говор. Со радост и со задоволство ја посматрал неговата храброст, решителност и воздржаност и решил да го брани со уште поголема енергија. Споредувајќи ги соперничките табори, видел дека мудроста на папите, на кралевите и кардиналите била посрамена со силата на вистината. Папството доживеало пораз чиишто последици ќе се чувствуваат во сите идни векови. GCMkd 124.1

Кога легатот на папата видел каков впечаток оставила Лутеровата одбрана, се уплашил како никогаш порано за сигурноета на римската власт и решил да ги употреби сите средства што му стоеле на располагање да го уништи реформаторот. Со сета речитост и дипломатска вештина со која се одликувал, се обидел да му прикаже на младиот цар колку глупаво и опасно би било ако пријателството и моќта на римската столица би ги жртвувал за делото на еден незначителен калуѓер. GCMkd 124.2

Неговите зборови не останале без дејство. Утредента, по Лутеровиот одговор, царот Карло на соборот објавил дека ќе ја продолжи политиката на своите претходници и дека ќе ја помага и ќе ја штити римската вера. Бидејќи Лутер одбил да се откаже од своите заблуди, против него и против неговото еретичко учење ќе се применат најостри мерки. „Еден калуѓер, заведен од својата лудост, станал против верата на целото христијанство. Јас ќе ги жртвувам моите кралства, моето богатство, моите пријатели, моето тело, мојата крв, мојата душа и мојот живот да ја запрам таа безбожност. Јас августинецот Лутер ќе го пратам дома и ќе му забранам секакво дејствување меѓу народот; потоа ќе станам против него и против неговите следбеници со исклучување, со проклетство и со сите можни средства да го уништам. Ги повикувам сите следбеници на моите земји да се однесуваат како вистински христијани” (Исто, b. 7, ch. 9). GCMkd 124.3

Сепак, царот изјавил дека гарантното писмо што му го дал на Лутера мора да се почитува, и пред да се преземат против него мерки, мора да му се дозволи здрав и жив да се врати дома. GCMkd 125.1

Меѓу членовите на соборот се појавиле две спротивни мислења. Претставниците на папата барале да не се почитува гарантното писмо на реформаторот. Кажале дека „Рајна би требало да го прими неговиот пепел како пред сто години што го примила пепелот на Хус” (Исто, b. 7, ch. 9). GCMkd 125.2

Ho германските кнезови, иако самите биле истомисленици на папата и отворени непријатели на Лутера, се изјасниле против таквото газење на дадениот збор, што би било срамно петно за честа на нацијата. Потсетиле на несреќите што дошле по смртта на Хус, изјавувајќи дека не би се осмелиле да навлечат врз Германија и врз нејзиниот млад цар нови несреќи. GCMkd 125.3

Сам Карло V одговорил на подлиот предлог, кажувајќи: „Кога честа и верата би биле протерани од цел свет, тие би требало да најдат прибежиште во срцата на кнезовите” (Исто, b. 7, ch. 9). GCMkd 125.4

Најогорчените непријатели на реформаторот вршеле притисок врз царот да постапи со него како што постапил царот Сигисмунд со Хус, да и го предаде на милост и немилост на црквата. Спомнувајќи си за Хуса како на соборот ги покажувал окованите раце и јавно го осудувал царот поради газењето на дадениот збор, Карло V изјавил: „Не би сакал да црвенеам од срам како Сигисмунд” (Lenfant, vol. 1, р. 422). GCMkd 125.5

Меѓутоа, Карло свесно ја отфрлил вистината што ја застапувал Лутер. Царот зборувал: „Цврсто сум решил да одам по стапките на моите предци” (D’Aubigne, b. 7, ch. 9). GCMkd 125.6

Решил да не скршне од патеката на обичаите, па дури ниту поради правдата и вистината. Сакал како неговите татковци да го поддржи папството со сите негови злосторства и злоупотреби, Заземајќи таков став, одбил да го прифати виделото што не го прифатиле ниту неговите татковци и да ги изврши должностите што не ги исполниле ниту тие. GCMkd 125.7

И денеска има многу такви кои се придржуваат кон обичаите и преданијата на своите татковци. Кога Бог ќе им прати нова светлина, одбиваат да ја прифатат, зашто не ја прифатиле ниту нивните татковци, бидејќи не им била позната. Ние не живееме во времето на нашите татковци, затоа и нашите должности и одговорности не се исти. Бог нема да не пофали ако, наместо да ја истражуваме Речта на вистината, го следиме примерот на нашите татковци за да ги одредуваме нашите должности. Нашата одговорност е поголема од одговорноста на нашите предци. Ние сме одговорни за светлината што ја примиле тие и што ни ја предале во наследетво, но и за новата светлина што сега свети за нас од Божјата реч. GCMkd 125.8

Исус рекол за неверните Евреи: „Да не дојдов и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев” (Јован 15,22). Истата божествена сила им зборувала преку Лутера на царот и на германските кнезови. Кога светлината засветила од Божјата реч, Господовиот Дух за последен пат повикувал многу членови на соборот. Како и Пилат пред многу години што им дозволил на горделивоста и честољубието да го затворат неговото срце за зборовите на Спасителот на светот; како плашливиот Фелжкс што го замолил весникот на вистината: „Сега оди си, а кога ќе најдам време, пак ќе те повикам”; како горделивиот Агрипа што признал: „Уште малку, па ќе ме убедиш да станам христијанин” (Делата на апостолите 24,25; 26,28), а сепак ја отфрлил веста пратена од небото - така и Карло V решил да ја отфрли светлината на вистината, проникнат со световна горделивост и мислејќи дека тоа му го налага државничката мудрост. GCMkd 126.1

Гласовите за плановите против Лутера бргу се рашириле и предизвикале голема возбуда во градот. Реформаторот стекнал многу пријатели кои, познавајќи ја вероломната свирепост на Рим кон сите кои би се осмелиле да ја откријат неговата расипаност, решиле да го штитат, да не дозволат тој да падне како негова жртва. Стотици благородници се обврзале да го заштитат. Мнозина царската одлука ја жигосале како знак на слабост на царската власт и на неговото потчинување на Рим. На вратите на домовите и на јавните места се појавиле плакати; едни го бранеле, а други го осудувале Лутера. На еден од нив биле напишани зборовите: „Тешко тебе, земјо, кога царот ти е дете” (Проповедник 10,16). Општото одушевување во цела Германија ги уверило царот и државниот собор дека секоја неправда сторена против Лутера би го изложила на опасност мирот на царството а и сигурноста на самиот престол. GCMkd 126.2

Фридрих Саксонски покажал мудра воздржаност, прикривајќи ги внимателно своите вистинеки чувства кон реформаторот, но во исто време со неуморно внимание следел секој негов чекор и секој чекор на неговите непријатели. Мнозина не ја криеле својата наклоност кон Лутера. Го посетувале кнезови, грофови и други влијателни личности од световниот и духовниот сталеж. Спалатин пишува: „Малечката соба на реформаторот не можеше да ги прими сите што сакаа да го видат” (Martyn, vol. 1, р. 404). GCMkd 126.3

Луѓето му се восхитувале како да е нешто повеќе од човек, Дури и оние што не верувале во неговата наука и се восхитувале на неговата благородна чесност што го гонела побргу да се изложи себеси на смртна опасност отколку да и згреши на својата совест. GCMkd 127.1

Биле вложени сериозни напори Лутер да се наговори на спогодба со Рим. Благородниците и кнезовите го предупредиле дека, ако продолжи упорно да се држи за своето мислење, наспроти мислењето на црквата и соборот, набргу ќе биде протеран од царството и оставен без заштита. На тоа Лутер одговарал: „Христовото евангелие не може да се проповеда без тешкотии... Зошто стравот и заканите да ме одвојат од Бога и од божествената Реч која е единствена вистина? He, побргу би го дал моето тело, мојата крв и мојот живот” (D’Aubigne, b. 7, ch. 10). GCMkd 127.2

Повторно вршеле притисок да ја прифати пресудата на царот, па нема од што да се плаши. „Немам ништо против тоа”, одговорил тој, „царот, кнезовите и дури наједноставниот христијанин да ги испитаат и да ги оценат моите книги, но под услов тоа да го прават врз основа на Божјата реч. Луѓето се должни да ја слушаат само неа. Немојте да вршите насилство врз мојата совест која му ее потчинува на Светото писмо” (Исто, b. 7, ch. 10). GCMkd 127.3

При вториот обид да го наговорат, тој одговорил: „Се согласувам да се откажам од моето гарантно писмо. Ја предавам во рацете на царот мојата личност и мојот живот, но Божјата реч - никогаш!” (Исто, b. 7, ch. 10). GCMkd 127.4

Изјавил дека е готов да ја прифати одлуката на еден оптпт собор, но под услов тој собор да суди според Светото писмо. „Што се однесува до Божјата реч и верата”, додал тој, „секој христијанин би можел за тоа сам да просудува исто толку добро како папата, па макар овој да го поддржуваат милиони собори” (Martyn, vol. 1, р. 410). Пријателите и непријателите најпосле се увериле дека е напразен секој натамошен обид за измирување. GCMkd 127.5

Кога реформаторот би попуштил само во една точка, сатаната и неговите соработници би однеле победа. Но неговата непоколеблива решителност била средство за ослободување на црквата и почеток на ново и подобро време. Влијанието на овој човек, кој имал храброст во религиозните прашања да мисли и да работи самостојно, дејствувало врз црквата и врз светот не само во неговото време, туку и во сите идни поколенија. Неговата решителност и верност ќе ги крепи во последното време сите што ќе мораат да поминат низ слично искуство, Божјата моќ и големина биле издигнати над човечките одлуки, над силната моќ на сатаната. GCMkd 127.6

Набргу по ова Лутер добил наредба од царот да се врати дома. Реформаторот знаел дека по таа наредба бргу ќе дојде и неговата осуда. Над неговата патека се надвивале заканувачки облаци; сепак, неговото срце било полно со радост и благодарност кога го напуштил Вормс. „Лично ѓаволот”, рекол тој „ја чуваше папската тврдина, но Христос во неа направи голем пробив и сатаната мораше да признае дека Бог е посилен од него” (D’Aubigne, b. 7, ch. 11). GCMkd 128.1

По своето заминување, сакајќи искрено неговата решителност да не ја сфатат како бунт, Лутер му напишал на царот: „Бог, кој ги испитува срцата, е сведок дека сум готов да му се потчинам на вашето величество во славата или во срамот, во животот или во смртта, во се, освен во Божјата реч, преку која човекот живее. Во деловните работи на овој живот. мојата преданост е непоколеблива, зашто загубата или добивката во земните работи не влијае врз спасението. Но кога во прашање се вечните интереси, Бог не сака да му се покоруваме на човек. Зашто потчинувањето во духовните работи е вистинско богослужение, а тоа му припаѓа само на Творецот” (Исто, b. 7, ch. 11). GCMkd 128.2

На патот од Вормс Лутер е пречекуван со уште поголемо одушевување отколку кога патувал таму. Духовните великодостојници го поздравувале исклучениот калуѓер, и граѓанските власти му укажувале почит на човекот што го осудил царот. Го наговориле да проповеда наспроти царската забрана и така повторно се качил на проповедална: „Јас никогаш не сум се обврзал дека ќе ја врзам Божјата реч”, зборувал тој, „ниту кога и да е ќе дадам таква обврска” (Martyn, vol. 1, р. 420). GCMkd 128.3

Набргу по неговото заминување од Вормс, папските приврзаници успеале да го наговорат царот да издаде против него едикт. Во тој едикт Лутер бил прогласен како „сатана престорен во човек, облечен во калуѓерска облека” (D’Aubigne, b. 7, ch. 11). Била издадена наредба да се преземат мерки за да се спречи неговата работа штом ќе истече рокот на неговата заштита. На секого му било забрането да му даде прибежиште, храна или пијалак, да го поддржува или да му помага со зборови или со дела, јавно или приватно. Требало да биде фатен и предаден на властите. И неговите следбеници треба да бидат уапсени, а нивниот имот запленет. Неговите списи треба да се уништат и, најпосле, сите што ќе се осмелат да постапуваат спротивно на оваа наредба, треба да ја делат неговата судбина. GCMkd 128.4

Набргу по неговото заминување, саксонскиот изборен кнез и другите кнезови, кои биле пријателски наклонети кон Лутера, го напуштиле Вормс, и државниот собор го одобрил декретот на царот. Сега папските следбеници триумфирале. Сметале дека судбината на реформацијата е запечатена. GCMkd 128.5

Во овој миг на опасност Бог приготвил пат на спасение за својот слуга. Едно будно око го следело движењето на Лутера и едно верно и благородно срце решило да го спаси. Било јаено дека Рим ќе биде задоволен само тогаш кога ќе слушне оти Лутер е мртов. Единствено средство да го сочуваат од челуста на лавот било да го скријат. На Фридрих Саксонски Бог му дал мудрост да направи план како да го спаси реформаторот. Во соработка со верните пријатели спроведен е планот на изборниот кнез и Лутер бил скриен и од пријателите и од непријателите. При враќањето дома, одненадеж бил грабнат и бргу одведен низ шума во кулата Вартбург - осамена тврдина, изградена на врвот на една планина. Неговото одведување и криење е сторено толку таинствено што дури ни Фридрих долго време не знаел каде е одведен. Било важно тоа да не се знае. Се додека изборниот кнез не знаел каде е скриен Лутер, не можел ниту да даде какво и да е известување за него. Тој знаел дека реформаторот е на сигурно место и тоа му било доста. GCMkd 129.1

Поминала пролетта, летото и есента; дошла зима, а Лутер се уште бил заточеник. Алеандер и неговите приврзаници триумфирале, уверени дека светлината на евангелието наскоро ќе згасне. Но, наместо тоа, реформаторот својата светилка ја полнел од резервоарот на вистината со цел нејзиното видело да светли со уште посилна светлина. GCMkd 129.2

Во пријателската сигурност во Вартбург, Лутер од почеток се чувствувал среќен, гледајќи дека е избавен од опасностите и од бојната врева. Но не можел долго да поднесува спокојство и одмор. Навикнат на активен живот и на тешка борба, не можел лесно да ја поднесува неактивноста. Во овие денови на осаменост пред очи му се реела еостојбата на црквата и тој очајно извикнал: „Леле! Зар во овие последни денови на Божјиот гнев нема никого што би застанал како ѕид пред Господа и би го спасил Израел!” (Исто, b. 2, ch. 9). GCMkd 129.3

Потоа почнал да размислува за себе и се уплашил дека можеби поради своето повлекување од борбата би бил обвинет како плашливец. Освен тоа, си префрлал себеси за немарност и за угодување себеси. Сепак, во исто време правел повеќе отколку што би можело да се очекува од еден човек. Неговото перо никогаш не мирувало. Неговите непријатели, кои себеси си ласкале дека го замолкнале, се зачудиле и се збуниле со очигледните докази дека тој е уште активен. Од неговото перо излегувале мноштво трактати и кружеле низ цела Германија. Освен тоа, за своите сонародници направил големо дело со тоа што го превел Новиот завет на германски јазик. Од висините на својот карпест „Патмос”, повеќе од една година продолжил да го проповеда евангелието и да ги жигосува гревовите и заблудите на своето време. GCMkd 129.4

Бог го засолнил својот слуга од јавниот живот не само да го сочува од гневот на неговите противници и да му обезбеди едно мирно време за овие важни работи, туку тоа го сторил од уште поважни причини. Во самотијата и во засолнетоста на планинското прибежиште Лутер бил далеку од секоја земна потпора и човечка фалба. На овој начин бил сочуван од горделивост и самоувереност, што толку често го придружуваат успехот. Ова страдање и понижување го приготвиле со сигурен чекор да оди низ вртоглавите височини на кои одненадеж бил издигнат. GCMkd 130.1

Кога луѓето се радуваат за слободата што им ја донесува вистината, наклонети се да ги извишуваат оние со кои Бог се послужил да ги раскине синцирите на заблудите и суеверието. Сатаната се обидува да ги одврати човечките мисли и чувства од Бога и да ги насочи кон луѓето; на тој начин ги заведува да го почитуваат орудието, а да ја занемарат Раката што управува со сите настани на провидението. Често религиозните водачи, фалени и славени на ваков начин, ја губат од вид зависноста од Бога и паѓаат во самоувереност. Поради тоа тие настојуваат да завладеат со умот и со совеста на луѓето кои се наклонети нив да ги гледаат како водачи, а не Божјата реч. Реформата често страдала поради ваков дух на нејзините приврзаници, Бог сакал делото на реформацијата да го сочува токму од оваа опасност. Сакал ова дело да нема човечки белег, туку да прими печат Божји, Луѓето Лутера го гледале како толкувач на вистината; затоа тој бил оддалечен со цел сите погледи да бидат насочени кон вечниот Автор на вистината. GCMkd 130.2

*****