ГОЛЕМАТА БОРБА

10/43

9—ШВАЈЦАРСКИ РЕФОРМАТОР

_______________

Во изборот на орудијата да се спроведе реформа во црквата го гледаме истиот божествен план како и при основањето на црквата. Божествениот Учител ги оставал на страна земните големци, благородниците и богатите, кои навикнале од луѓето да примаат пофалби и почит. Исполнети со чувство на моќ, тие не можеле да сочувствуваат со своите ближни ниту да станат соработници на понизниот Назареќанец. На неуките галилејски рибари им бил упатен повикот: „Појдете по мене и јас ќе ве направам ловци на луѓе” (Матеј 4,19). Тоа биле понизни луѓе, готови да се поучуваат. Колку помалку биле под влијание на лажното учење на своето време, Христос можел поуспешно да ги поучува и да ги приготвува за својата служба. Така било и во деновите на големата реформација. Главните реформатори биле луѓе од народот, луѓе кои не биле обземени од желба за чест и од религиозниот фанатизам на своето време. Бог се служи со понизни орудија за да постигне големи успеси. Тогаш славата не им се припишува на луѓето туку на Оној кој работи преку нив да „сакаат и да го сторат она што му е угодно”. GCMkd 131.1

Неколку седмици по раѓањето на Лутера, во колибата на еден саксонски рудар се родил Улрих Цвингли во куќичка на еден овчар во Алпите. Околината на Цвингли во неговото детство и неговото прво воспитување биле добра подготовка за неговата подоцнежна мисија. Воспитан среде сцените на величествената природна убавина, бил проникнат со чувство на Божјата моќ, со страхопочит кон неговата големина и величество. Историјата на јуначките дела на неговите сонародници кај него ги запалила неговите младешки стремежи. Од својата побожна баба слушал свети стории што таа ги напаберкувала од библиската историја и од црковните преданија. Со голем интерес слушал за делата на патријарсите и пророците, за овчарите што ги паселе стадата на палестинските ритчиња, каде што ангелите разговарале со нив за Детето од Витлеем и за Човекот од Голгота. GCMkd 131.2

Исто како и Ханс Лутер, така и татко му на Цвингли сакал да го школува синот и момчето морало рано да го напушти својот роден крај. Неговото напредување било толку брзо што наскоро се поставило прашање каде да се најде за него учител кој би бил способен да го поучува? Кога имал тринаесет години, пошол во Берн, каде што постоела тогаш најдобрата школа во Швајцарија. Тука се појавила опасност што се заканувала да ја расжпе неговата иднина. Имено, калуѓерите постојано го наговарале да стапи во манастир. Доминиканците и фрањевците се натпреварувале кој ќе задобие поголема наклоност кај народот. Тоа сакале да го постигнат со богатството и со украсите на своите цркви, со сјајот на своите церемонии, со привлечноста на славните реликвии и со чудотворните слики. GCMkd 131.3

Доминиканците во Берн виделе дека, доколку го придобијат тој млад и надарен ученик, ќе си обезбедат себеси добивка и чест. Неговата необична младост, неговата вродена дарба како говорник и како писател, неговиот талент за музика и поезија би биле повлијателни отколику сиот нивни сјај и раскош да го привлечат народот кон својата црква и да ги зголемат приходите на својот ред. Со итрина и ласкање наетојувале да го придобијат Цвингли да стапи во нивниот манастир. Лутер како студент се закопал во ќелија на манастир; тој би бил загубен за човештвото кога Божјето провидение не би го избавило оттаму. Цвингли не смеел да оди по патот на истата опасност. Неговиот татко со Божје провидение бил известен за намерите на калуѓерите. Тој не сакал неговиот син да појде по патот на денгубниците и на безвредниот калуѓерски живот. Видел дека неговата иднина е во опасност па му наредил веднаш да се врати дома. GCMkd 132.1

Момчето ја послушало заповедта, но не можело долго да остане во својата родна долина; по извесно време пошло да ги продолжи своите студии во Базел. Тука Цвингли првпат слушнал проповед за доброволниот дар на Божјата милост. Професорот по стари јазици, Витембах, студирајќи го еврејскиот и грчкиот јазик, дошол во врска со Светото писмо и така зраците на божествената вистина го осветлиле умот на неговите ученици, Тој учел дека постои постара вистина, многу повредна од теориите на научниците и филозофите. Таа стара вистина е сознанието дека Христовата крв е единствен откуп за грешниците. За Цвингли тоа било исто како и првите зраци што и претходат на зората. GCMkd 132.2

Набргу Цвингли бил повикан да го напушти Базел и да го прифати своето животно звање. Негово прво место на работа била една парохија во Алпите, недалеку од неговата родна долина. Откако примил свештеничко посветување, „тој со цела душа се посвети на проучување на божествената вистина, свесен”, кажува еден негов соработник, „колку многу мора да знае оној на кого му е доверено Христовото стадо” (Wylie, b. 8, ch. 5). Колку повеќе го истражувал Писмото, се појасно ја забележувал разликата меѓу библиските вистини и заблудите на Рим. Ја прифатил Библијата како Божја реч, како единствено целосно и непогрешно правило на верата и животот. Сфатил дека Божјата реч мора да биде самата себеси толкувач. He се осмелил да се служи со Светото писмо за да поддржи некоја однапред измислена теорија, туку го сметал за своја должност да ја запознае неговата непосредна и јасна наука. Се служел со сите средства што му стоеле на располагање за целосно и вистински да го разбере Писмото, и барал помош од Светжот Дух кој, како самиот што рекол, ќе му ја открие вистинската смисла на Божјата реч на секого што го бара тоа искрено и со молитва. GCMkd 132.3

„Светото писмо”, рекол Цвингли, „потекнува од Бога, а не од човек. Бог, кој просветлува, ќе ти даде да разбереш дека неговиот говор е од Бога. Божјата реч... не може да погреши; таа просветлува, поучува, издигнува, ја осветлува душата со спасение и со милост, ја тепти во Бога, ја прави понизна, така што заборава на себе и го прифаќа Бога.” Цвингли сам ја искусил вистинитоста на овие зборови. Зборувајќи за своето искуство од тоа време, тој подоцна пишувал: „Кога почнав да ја проучувам Божјата реч, постојано ме вознемируваа филозофијата и сколастиката. На крај дојдов до заклучок: треба сето тоа да го оставам и Божјата светлина да ја барам единствено во неговата Реч. Тогаш почнав да се молам на Бога да ми прати светлина и проучувањето на Писмото ми стана многу полесно” (Ието, b. 8, ch. 6). GCMkd 133.1

Науката што ја проповедал Цвингли не ја примил од Лутера. Тоа била Христова наука. „Ако Лутер го проповедал Христа”, рекол швајцарскиот реформатор, „тој го правел она што го правам и јас. Бројот на оние што ги довел тој кај Христа е поголем од бројот на оние што сум ги довел јас. Но тоа не е важно. Јас нема да носам друго име освен Христовото, чијшто војник сум, и Тој е мој единствен Водач. Никогаш не сум му напишал на Лутера ниту еден збор, ниту тој мене. А и зошто би му напишал?... За да се види како Божјиот Дух не си противречи самиот себеси, обајцата едногласно сме ја проповедале Христовата доктрина” (D’Aubigne, b. 8, ch. 9). GCMkd 133.2

Bo 1516 година Цвингли е повикан да биде проповедник во манастирот во градот Ајнзиделн. Овде требало да добие можност подобро да се запознае со расипаноста на Рим и да изврши влијание пгго ќе се чувствува далеку од неговите родни Алпи. Меѓу главните привлечности на Ајнзиделн се вбројува една слика на дева Марија за која се тврдело дека има чудотворна моќ. Над влезната врата на манастирот стоел натпис: „Овде може да се добие потполно проштавање на гревовите!” (Исто, b. 8, ch. 5). Во секое годишно време доаѓале поклоници да се поклонат пред сликата на дева Марија, но на големиот годишен празник, посветен во нејзина чест - од сите краишта на Швајцарија и дури од Франција и Германија, доаѓало мноштво поклоници. Мошне ожалостен со таа сцена, Цвингли ја искористил можноста на овие робови на празноверието да им ја проповеда слободата што ја донесува евангелието. GCMkd 133.3

„Немојте да мислите”, им зборувал тој од проповедалната, „дека Бог е повеќе во овој храм отколку на друго место. Во кое било место да живеете, Бог е околу вас и ве слуша... Можат ли бесполезните дела, долгите поклоненички патувања, даровите, сликите, дева Марија и светците да ви прибават Божја милост? Каква корист имате од мноштвото зборови со кои ги украсувате своите молитви? Колку ќе помогне сјајната одежда, избричената глава, долгата и набрана облека или со злато извезените влечки? Бог гледа на срцето, а нашите срца се далеку од него.” „Христос, кој некогаш се жртвувал на крст, е вистинска Жртва и Страдалник, и Тој ги исплатил гревовите на верниците за сета врчност” (Исто, b. 8, ch. 5). На многу слушатели ова учење не им било по волја. Горко се разочарале кога чуле дека нивниот напорен пат е напразен. He можеле да го сфатат проштавањето што им го нуди Христос бесплатно. Биле задоволни со стариот пат кон небото што им го обележал Рим. Тие се плашеле од тешкотиите што би ги снашле при барањето на подобар пат. Полесно им било своето спасение да му го доверат на свештеникот или на папата отколку да бараат чистота на срцето. GCMkd 134.1

Меѓутоа, други со радост ја примиле веста на спасението во Христа. Обредите што ги пропишал Рим не им донеле душевен мир и тие со вера ја примиле крвта на Спасителот како средство за свое исчистување. Се вратиле во својот роден крај и на другите да им ја откријат драгоцената светлина што ја примиле. Така вистината се пренесувала од село во село, од град во град и се повеќе се намалувал бројот на поклониците на дева Марија. Се намалиле исто така и даровите, а според тоа и приходите на Цвингли што потекнувале од тие дарови. Но тој не се жалостел поради тоа; напротив, се радувал кога видел како се руши моќта на фанатизмот и празноверието. GCMkd 134.2

Црковните достоинственици не биле слепи за делото што го вршел Цвингли. Се надевале дека ќе го придобијат за себе со ласкање и затоа за миг се воздржале од судир. Во меѓувреме вистината ги задобивала срцата. GCMkd 134.3

Работата на Цвингли во Ајнзиделн го приготвила за поголемо поле на работа во кое набргу требало да стапи. По три години бил повикан за проповедник во катедралата во Цирих. Овој град тогаш бил најголем во швајцарската федерација, и се што се случувало таму имало далекусежно влијание. Духовните лица, на чијшто повик дошол Цвингли во Цирих, се потрудиле да му објаснат дека не сакаат новотии и го упатиле на неговите должности. GCMkd 134.4

,Зложете крајни напори”, му рекле „да ги зголемите приходите за црквата и немојте да ги занемарувате ситниците. Советувајте ги верните од проповедална и во исповедалната да ги плаќаат своите десетоци и приноси и со даровите да ја покажат својата љубов кон црквата. Трудете се да го зголемите приходот од болните, од мисата и оптттто од секоја црковна дејност,” ,Зо вашите должности спаѓа уште делењето на свети тајни, проповедањето и грижата за стадото”, додал неговиот старешина. „Но вие можете да земете помошник за овие различни служби, а особено за проповедање. Вие ќе делите свети тајни само на угледни личности и тоа кога ќе ве повикаат; ви се забранува да му делите секому, не оеврнувајќи се на неговата положба” (Исто, b. 8, ch. 6). GCMkd 135.1

Цвингли мирно слушал и, откако се заблагодарил за честа што е повикан на толку важна служба, почнал да им го изложува планот што мислел да го спроведе. „Христовиот живот”, рекол тој, „долго бил скриен од народот. Јас особено ќе го проповедам Евангелието според Матеја, една по една глава, изнесувајќи се од изворот на Писмото, испитувајќи ги неговите длабини, споредувајќи одделни делови и барајќи разбирање со постојана и сесрдна молитва. Јас ќе ја посветам мојата служба во слава на Бога, во слава на неговиот единороден Син, за вистинско спасение на душите и за нивно утврдување во вистинската вера” (Исто, b. 8, ch. 6). GCMkd 135.2

Иако некои од свештениците не го одобрувале неговиот план и се обидувале да го одвратат, Цвингли останал непоколеблив. Изјавил дека нема намера да се служи со некоја нова метода, туку само со старата, што ја употребувала црквата порано, во поранешните, почисти времиња. GCMkd 135.3

Веќе вистините што ги проповедал тој разбудиле интерес и големо мноштво народ доаѓал да ги слуша неговите проповеди. Меѓу неговите слушатели имало и такви кои веќе подолго време не доаѓале во црква. Својата служба ја почнувал со отворање на евангелието, читајќи и толкувајќи им ги на своите слушатели вдахновените извештаи за Христовиот живот, за неговата наука и за неговата смрт. Овде, како и во Ајнзиделн, ја истакнувал Божјата реч како единствен непогрешен авторитет и смртта на Спасителот како единствена целосна жртва. „Сакам да ве доведам кај Христа”, зборувал тој, „кај Христа, кај вистинскиот извор на спасението” (Исто, b. 8, ch. 6). Околу Цвингли се собирале луѓе од сите сталежи, од државници и научници, па до занаетчии и селани. Со длабоко интересирање ги слушале неговите зборови. Тој не само што проповедал за дарот на спасението што се дава бесплатно, туку бестрашно ги жигосал и пороците на своето време. Мнозина при враќањето од катедралата го фалеле Бога, велејќи: „Овој човек е вистински проповедник на вистината.” „Тој ќе биде наш Мојсеј кој ќе не изведе од египетската темнина” (Исто, b. 8, ch. 6). GCMkd 135.4

По одушевувањето во првите мигови, почнало да се јавува противење. Монасите се подигнале да ја спречат неговата работа и да ја осудат неговата наука. Мнозина му се подбивале и му се заканувале. Но Цвингли сето тоа го поднесувал стрпливо, велејќи: „Ако сакаме да ги задобиеме грешните за Исуса Христа, тогаш мораме да ги затвориме очите пред многу работи” (Исто, b. 8, ch. 6). GCMkd 136.1

Отприлика во тоа време стигнала нова помош да го унапреди делото на реформата. Еден пријател на реформираната вера од Базел во Цирих го пратил ЈТуцијана со ЈТутеровите списи. Тој мислел дека продавањето на тие списи би можело да биде силно средство за пшрење на светлината, и затоа му напишал на Цвингли: „Видете дали Луцијан е доволно паметен и вешт? Ако е, тогаш нека ги разнесува Лутеровите списи од град во град, од село во село, од куќа во куќа, а особено напишаното разјаснување на Господовата молитва за лаиците. Колку повеќе ќе бидат познати тие списи, се повеќе купувачи ќе се јавуваат за нив, но нека не разнесува други книги. Ако носи само Лутерови книги, тогаш повеќе и ќе продава од нив” (Исто, b. 8, ch. 6). Така светлината си го расчистувала себеси патот. GCMkd 136.2

Кога Бог се приготвува да ги скрши оковите на незнаењето и на празноверието, сатаната уште повеќе се труди луѓето да ги покрие со темнина и уште посилно да ги стегне нивните окови. Во часовите кога Бог во разни земји подигнувал луѓе да објават проштавање на гревовите и оправдување со Христовата крв, Рим ги удвоил своите напори во сите христијански земји да отвори трговија со индулгенции (прошталници), нудејќи проштавање за пари. GCMkd 136.3

Секој грев имал своја одредена цена и на луѓето со тоа им било дозволено да прават злосторства, само ако ја полнат римската благајна, Така оделе две наспоредни движења: едното нудело проштавање за пари, а другото проштавање во Христа. Рим го дозволувал гревот, правејќи од него извор за своите приходи, a реформаторите го осудувале гревот, укажувајќи на Христа како Откупител и Избавител. GCMkd 136.4

Во Германија продавањето на прошталници им било доверено на домикиканските калуѓери. На чело на таа трговија стоел Тецел. Во Швајцарија трговијата со прошталници им била доверена на фрањевците, под контрола на еден италијански калуѓер, Самсон. Самсон веќе на црквата и направил големи услуги, донесувајќи од Германија и Швајцарија огромни суми пари во папската благајна. Сега поминувал низ Швајцарија; привлекувал големо мноштво, лишувајќи ги сиромашните селани од нивните скромни приходи и измамувајќи од богатите големи дарови. Но влијанието на реформацијата веќе се чувствувало. Иако оваа трговија со прошталници не била целосно осуетена, сепак, била значително ослабена. Цвингли уште бил во Ајнзиделн кога Самсон ја почнал евојата дејност во еден соседен град. Кога слушнал за неговата мисија, реформаторот веднаш станал против него. Обајцата противници не се сретнале, но успехот на Цвингли во разоткривањето на трговијата на калуѓерот бил толку голем што тој морал да замине во друго место да бара среќа. GCMkd 137.1

Во Цирих Цвингли огнено проповедал против трговијата со прошталници; и кога Самсон се приближил до градот, градскиот совет пратил пред него пратенжк со молба да не влегува во градот. Успевајќи со итрина да добие дозвола и да влезе во него, еепак, бил вратен назад, не продавајќи ниту една единствена прошталница и набргу потоа ја напуштил Швајцарија. GCMkd 137.2

Реформата добила силен поттик кога се појавила чума, наречена ,дрна смрт”, која во 1519 година пустела во Швајцарија. Гледајќи и на смртта во очи, мнозина се сетиле на ништожноста и на безвредноста на проштавањето што го купиле за пари, и посакале нивната вера да почива на поцврст темел. Цвингли во Цирих се разболел; болеста била толку тешка, што мнозина загубиле надеж дека ќе оздрави и веќе кружеле вести дека Цвингли умрел. Во тој критичен час, неговата надеж и храброст не го напуштиле. Тој со вера гледал на крстот на Голгота, надевајќи се дека Христовата жртва е доволна за проштавање на гревовите. Избегнувајќи ја смртта, почнал да го проповеда евангелието со поголема ревност од кога и да е порано, и неговите зборови имале непреодолива сила. Народот со радосно срце го поздравувал својот мил проповедник кој се вратил од работ на гробот. Бидејќи самите бдееле крај креветот на болните и на оние што умирале, подобро од кога и да е порано ја чувствувале вредноста на евангелието. GCMkd 137.3

Цвингли појасно ја сфатил вистината и подобро ја почувствувал во себе нејзината преродбенска сила. Падот на човекот и планот на спасението биле негова омилена тема. „Во Адама”, зборувал тој, „сите сме мртви, потонати во расипаност и проклетство” (Исто, b. 8, ch. 6). „Христос... платил за нас бескрајно голема откупнина... Неговото страдање е ... вечна жртва и вечно успешна да лекува; таа за секогаш ја задоволува божествената правда во полза на сите кои со цврста и непоколеблива вера се потпираат на неа.” Меѓутоа, тој јасно учел дека Христовата благодат не ни дава право и понатаму да живееме во грев. Секаде каде што постои вера во Бога, таму е и Бог, а каде што е Бог, таму е и ревност што не гони да правиме добри дела” (D’Aubigne, b. 8, ch. 9). GCMkd 137.4

Интересот за проповедите на Цвингли бил толку голем, што катедралата била полна со слушатели кои доаѓале да го чујат. Малку по малку, колку што можеле да разберат, им ја откривал на своите слушатели вистината. Бил внимателен и веднаш од почеток не им ги откривал точките што би можеле да ги збунат и кај нив да создадат предрасуди. Негова цел била да ги задобие нивните срца за Христовата наука, да ги трогне со неговата љубов и пред нивните очи да го оживее Христовиот пример. Кога ќе ги прифатат начелата на евангелието, нивното суеверие и нивните празноверни обичаи ќе исчезнат. GCMkd 138.1

Чекор по чекор реформацијата во Цирих напредувала. Непријателите подигнале силен отпор. Една година порано еден калуѓер од Витенберг на папата и на царот во Вормс им го кажал своето решително „не”, а сега се чинело дека папските интереси ќе наидат на слично противење во Цирих. Цвингли бил изложен на постојани напади. Повремено во папските кантони учениците на евангелието биле спалувани на ломача, но тоа не било доволно: учителот на кривоверството требало наполно да се замолкне. За таа цел епископот од Констанца пратил во Цирих тројца пратеници да го обвинат Цвингли дека народот го учи да ги гази црковните закони и со тоа го доведува во опасност мирот и добриот ред на општеството. Ако се презира црковната власт, порачал тој, ќе настане општа анархија. Цвингли одговорил дека веќе четири години го проповеда евангелието во Цирих и дека тој град „е потивок и помирен од кој и да е друг град во Швајцарија”. „Поради тоа, нели христијанството” заклучил тој, „е најдобар чувар на општата сигурност?” (Wylie, b. 8, ch. 11). GCMkd 138.2

Пратениците на епископот им советувале на градските одборници да останат во црквата, бидејќи, како што изјавиле, надвор од неа нема спасение. Цвингли одговорил: „Ова обвинување против мене нека не ве вознемирува! Темел на црквата е истата Карпа, истиот Христос кој на Петар му го дал неговото име, зашто тој верно го признал. Секој, кој со цело срце верува во Христа, секаде и во секој народ, ќе биде спасен. Тоа е онаа вистинска црква и надвор од неа никој не може да биде спасен” (D’Aubigne, London ed., b. 8, ch. 11). GCMkd 138.3

Како резултат на тој разговор, еден од пратениците на епископот ја примил евангелската вера. GCMkd 139.1

Градскиот совет не сакал да стане против Цвингли и Рим се приготвил за нов напад. Дознавајќи за заговорот на своите непријатели, реформаторот извикнал: „Нека дојдат! Јас се плашам од нив исто толку колку и карпата што се плаши од брановите што бучат на нејзиното подножје” (Wylie, b. 8, ch. 11). GCMkd 139.2

Вистината се ширела понатаму. Приврзаниците на реформацијата во Германија, обесхрабрени со Лутеровото исчезнување, пак се охрабриле кога слушнале за напредокот на евангелието во Швајцарија. GCMkd 139.3

Реформацијата во Цирих се повеќе се зацврстувала, а со тоа се посилно се забележувало нејзиното влијание во намалувањето на пороците и во одржувањето на редот и слогата. „Во нашиот град се насели мир”, пишувал Цвингли; „нема веќе караници, завист, лицемерство и неслога. Од каде може да дојде таква хармонија ако не од Господа и од нашата наука што не исполнува со родови на мир и побожност?” (Исто, b. 8, ch. 15). GCMkd 139.4

Победите што ги извојувала реформацијата ги поттикнала приврзаниците на Рим на уште порешителни чекори да ја уништат. Гледајќи колку малку успеале со прогонство да го ограничат делото на Лутера, решиле реформацијата да ја уништат со нејзиното сопствено оружје. Била одредена расправа со Цвингли. За да бидат сигурни во победа, си го задржале себеси правото да го одредат местото каде што ќе се води расправата како и судиите што ќе решаваат кој има право. А кога еднаш ќе го имаат Цвингли во свои раце, ќе се погрижат да не им побегне веќе. Штом водачот ќе биде замолкнат, си мислеле тие, движењето на реформацијата бргу ќе биде задушено. Сепак, овој договор се држел во најголема тајност. GCMkd 139.5

Било одредено расправата да се одржи во Баден, но Цвингли не бил таму присутен. Градскиот совет му забранил на својот проповедник да се изложува на оваа опасност, зашто немал доверба во намерите на приврзаниците на папата, спомнувајќи си за ломачите што тие ги подигале за следбениците на евангелието во сите папски кантони. Цвингли бил готов да ги дочека сите пратеници што би ги пратил Рим во Цирих, но да оди во Баден, каде што неодамна била пролеана крв на маченици на вистината, би значело да оди во пресрет на сигурна смрт. Еколампад и Халер биле избрани да ја застапуваат реформацијата, додека д-р Ек, поддржан од мноштво учени доктори и виши свештеници, бил бранител на Рим. GCMkd 139.6

Иако Цвингли не бил присутен на состанокот, неговото влијание се чувстувувало. За писари биле одбрани се само приврзаници на папата, додека на другите им било забрането под закана на смртна казна да прават прибелешки. Наспроти тоа, Цвингли секој ден примал точен извештај за се што се зборувало во Баден. Еден студент, кој присуствувал на расправата, секоја вечер составувал извештај за она што се случувало преку денот. Двајца други студенти преземале на себе обврска овие извештаи да му ги праќаат на Цвингли заедно со секојдневните писма на Еколампад. Реформаторот одговарал давајќи совети и упатства. Неговите писма се пишувани ноќе, а студентите рано изутрина се враќале со нив во Баден. Овие, за да не предизвикаат сомневање кај стражарите на градската порта, на главите носеле кошници со пилиња и така непречено влегувале во градот. GCMkd 140.1

На овој начин Цвингли се борел со своите лукави непријатели. „Тој повеќе сторил”, вели Миконие, „со своето размислување, со своите непроспиени ноќи, со своите совети и упатства отколку лично да бил присутен на расправата со своите непријатели” (D’Aubigne, b. 11, ch. 13). GCMkd 140.2

Приврзаниците на папата, напумпани со сигурност во победа, дошле во Баден облечени во своите најубави облеки и најсјајни накити. Живееле раскошно; се хранеле со бирана и изобилна храна; нивните трпези биле полни со најскапоцени разновидни слатки и со одбрани вина. Товарот на своите црковни должности го олеснувале со забави и гозби. Реформаторите покажувале сосем спротивна слика. Со својата едноставна надворешност на народот им изгледале одвај подобри од питачи, а нивната скромна храна била слична на храната на аскетите. Домаќинот, кај кого отседнал Еколампад, го проверувал својот гостин во неговата соба и секогаш го затекувал како проучува и се моли и со чудење известил дека „тој еретик е мошне побожен”. GCMkd 140.3

При отворањето на конференциј ата, „Ек горделиво се качил на сјајно накитена говорница, додека понизниот Еколампад, облечен едноставно, морал да заземе место наспроти својот горделив противник на еден прост стол” (Исто, b. 11, ch. 13). GCMkd 140.4

Ек имал ѕвонлив глас и неограничена сигурност. Златото и славата го поттикнувале на ревност, а за одбраната на верата очекувал да биде богато награден. Кога немал доволно докази, се служел со навреди и дури со клевети. GCMkd 140.5

Еколампад, по природа воздржлив и скромен, долго се колебал да земе учество во расправата, но кога решил да проговори, однапред дал свечена изјава: „Јас за правило на верата ја признавам само Божјата реч” (Исто, b. 11, ch. 13). Благ и учтив, тој исто така се покажал учен и решителен. Додека бранителите на црквата постојано се повикувале на црковните обичаи, реформаторот цврсто се држел за Светото писмо. „Обичаите”, рекол тој, „немаат важност во Швајцарија, освен ако се во согласност со уставот; а во прашањата на верата Библијата е наш устав” (Исто, b. 11, ch. 13). GCMkd 140.6

Разликата меѓу двајцата говорници не останала без дејство. Мирното и јасно докажување на реформаторот и неговиот љубезен и екромен начин на излагање ги пленил слушателите кои со негодување ги отфрлиле горделивите и фаленички тврдења на Ек. GCMkd 141.1

Расправата траела осумнаесет дена. На крај приврзаниците на папата себеси се прогласиле за победници. Бидејќи повеќето делегати биле приврзаници на Рим, соборот реформаторите ги прогласил за победени и ги исклучил од црквата заедно со нивниот водач Цвингли. Но плодовите на расправата покажале кој имал право. Оваа расправа и дала уште поголем поттик на реформацијата и набргу важните градови Берн и Базел ја прифатиле реформацијата. GCMkd 141.2

*****