ГОЛЕМАТА БОРБА

8/43

7—ЛУТЕР ГО НАПУШТА РИМ

_______________

Мартин Лутер стоел на чело на големите луѓе кои биле повикани да ја изведат црквата од темнината на папството и да ја поведат кон светлината на чистата вера. Ревносен, одушевен и побожен, боејќи се само од Бога, признавајќи го како темел на верата само Светото писмо, Лутер се појавил во времето определено од Бога да ја реформира црквата и да го осветли светот. GCMkd 91.1

Како и првите весници на евангелието, Лутер се родил во сиромаштво. Своите први години ги поминал во скромниот дом на еден германски селанец. Татко му, како рудар, со секојдневен тежок труд ги заработувал средствата за неговото образование. Тој сакал неговиот син да биде правник, но Бог решил да биде градител на големиот храм што полека се подигнувал во текот на вековите. Тешкиот живот, откажувањето и строгата дисциплина биле школа низ која бесконечната Мудрост го приготвувала Лутера за важното дело на неговиот живот. GCMkd 91.2

Татко му на Лутера бил човек со силна и активна интелигенција и со силен карактер, чесен, решителен и искрен. Бил секогаш верен кон своето чувство на должноста, не плашејќи се од последиците. Неговиот здрав ум со недоверба гледал на калуѓерскиот живот. Затоа бил мошне огорчен кога неговиот син стапил во манастир без негово одобрение; две години поминале додека таткото се помирил со својот син, па дури и тогаш останал при своето уверување. GCMkd 91.3

Родителите на Лутера големо внимание обрнувале на воспитувањето и образованието на своите деца. Се труделе да ги научат да го познаваат Бога и да ги извршуваат хриетијанските должности. Момчето често го слушало татка си како во молитва бара неговиот син да си спомнува за Божјето име и еден ден да работи на унапредување на вистината. Неговите родители користеле секоја можносг што им се укажувала во нивниот напорен живот за морално и интелектуално издигнување. Со сериозни и постојани напори ги приготвиле своите деца за побожен и корисен живот. Во својата решителност и цврстина на карактерот понекогаш покажувале преголема строгост, но реформаторот, иако бил свесен дека тие во тоа понекогаш грешат, повеќе ја одобрувал нивната дисциплина отколку што ја осудувал. GCMkd 91.4

Во училиштето, што почнал да го посетува мошне рано, со Лутера се постапувало мошне грубо, речиси сурово. Сиромаштвото на неговите родители било толку големо што, оставајќи го родителскиот дом за да посетува училиште во друг град, бил присилен со пеење од врата до врата да заработува малку храна, но сепак, често останувал гладен. Мрачните и празноверни сфаќања за верата што преовладувале тогаш го исполнувале со страв. Навечер легнувал со тажно срце, гледајќи со страв во темната иднина и тресејќи се при помислата на Бога, кого повеќе го познавал како строг и безмилосен судија и како свиреп тиран, отколку како добар небесен татко. GCMkd 92.1

Но, наспроти безбројните и големи обесхрабрувања, Лутер сепак решително се стремел кон повисок и подуховен идеал што толку многу го привлекувал, Бил жеден за знаење и неговиот сериозен и практичен дух го барал повеќе она што е трајно и корисно отколку она што е привидно и површно. GCMkd 92.2

Во својата осумнаесетта година, кога стапил на универзитетот во Ерфурд, неговата положба била поповолна и изгледите за иднината посветли од оние во поранешните години. Бидејќи неговите родители со труд и со штедливост си ги обезбедиле себеси потребните средства за живот, сега можеле и нему да му дадат се што му било неопходно потребно; влијанието на разумните пријатели донекаде го ублажило мрачниот впечаток на неговото поранешно воспитување. Сега Лутер почнал ревносно да ги проучува добрите писатели, го збогатувал својот ум со нивните најдобри мисли и ја прифаќал мудроста на мудреците. Уште додека бил под строги стеги на своите поранешни учители, покажувал надеж дека еднаш ќе се иетакне; а сега, под поволни околности, неговиот ум бргу се развивал. Доброто паметење, бујната мечта, здравото расудување и неуморниот труд, набргу го издигнале во прв ред меѓу неговите другари. Школата му помогнала интелектуално да созрее и разбудила кај него духовна активност и остроумност, што го приготвило за подоцнежната борба во неговиот живот. GCMkd 92.3

Срцето на Лутера го исполнувал Господен страв. Тој го оспособувал да ја сочува цврстината на своите намери и го водел во длабока понизност пред Бога. Постојано чувствувал зависност од Божјата помош и секој ден го почнувал со молитва, барајќи од Господа водство и помош. Имал обичај да каже: „Ако се молиш сесрдно, тоа е повеќе отколку половина проучување” (D’Aubigne, b. 2, ch. 2). GCMkd 92.4

Еден ден, кога Лутер ги прегледувал книгите на универзитетот во универзитетската библиотека, пронашол една латинска Библија. Нихогаш порано не видел таква книга; дури не знаел дека таа постои. Пред тоа слушал делови од евангелијата и посланијата што му се читале на народот на јавното богослужение и мислел дека тоа е целата содржина на Божјата реч. Сега првпат видел цела Библија. Со страв и со чудење ги прелистувал нејзините свети страници; со забрзан здив и со треперливо срце сам ги читал зборовите на животот, прекинувајќи го на мигови читањето со извикот: „О кога Бог би мж дал една ваква книга!” (Исто, b. 2, ch. 2). GCMkd 93.1

Небесните ангели биле крај него и зраците на светлината од Божјиот престол му го откривале на неговиот ум богатството на вистината. Секогаш се плашел дека ќе го ожалости Бога, а сега, како никогаш порано, го обзело длабоко сознание за неговата лична грешност. GCMkd 93.2

Искрената желба да се ослободи од гревот и да се помири со Бога го натерала да стапи во манастир и да му се посвети на калуѓерскиот живот. Овде од него се барало да извршува најниски и најтешки работи и да пита од куќа до куќа. Бил во години кога човек најмногу сака да биде почитуван и ценет, и овие ниски работи длабоко ги навредувале неговите вродени чувства, но стрпливо го поднесувал понижувањето, верувајќи дека тоа е потребно заради неговите гревови. GCMkd 93.3

ЈТутер користел за учење секој миг што можел да го издели од своите вообичаени секојдневни работи; откинувал време од спиењето, па дури и време од скромните оброци. Повеќе од се се радувал кога ја проучувал Божјата реч. Нашол една Библија што била врзана со синџири за манастирскиот ѕид и често доаѓал кај неа. Колку повеќе се вознемирувал поради своите гревови, се повеќе настојувал да добие проштавање и мир со свои сопствени дела. Водел најстрог живот, настојувајќи со пост, со неспиење и со камшикување себеси да ги победи лошите нагони на својата природа од кои не можел да го ослободи калуѓерскиот живот. GCMkd 93.4

He се откажувал од никаква жртва само да постигне чистота на срцето што би го оспособила да му стане угоден на Бога. Подоцна го напишал следното: „Јас навистина бев побожен калуѓер; ги исполнував сите правила на мојот ред со толкава строгост, што можам да кажам: ако некогаш некој калуѓер можел да го добие небото со калуѓерски дела, тогаш сигурно јас би имал право на тоа... Да продолжев малку подолго, моите мачења би ме одвеле во смрт” (Исто, b. 2, ch. 3). Последица на неговото испосншптво и измачување - ја загубил силата и се разболел од грчеви, од кои никогаш веќе не закрепнал потполно. Наспроти сите негови напори, неговата измачена душа не нашла олеснение. Конечно паднал во очај. GCMkd 93.5

Кога на Лутера му се чинело дека загубил се, Бог му подарил еден пријател и помошник. Побожниот Штаупиц го расветлил Лутеровиот ум со Божјата реч и му советувал да го одврати својот поглед од самиот себе, да прекине да размислува за бесконечната казна поради газењето на Божјиот закон и да гледа на Исуса, на својот Спасител, кој ги проштава гревовите. „Наместо да се мачиш себеси поради своите гревови, фрли се во прегратките на Спасителот. Надевај се во него, во неговата праведност и во откупот со неговата смрт... Слушај го Божјиот Син. Тој станал човек за да те увери во божествената милост. Љуби го Оној кој прв тебе те љубел!” (Исто, b. 2, ch. 4). Така зборувал овој весник на милоста. Неговите зборови врз Лутера оставиле длабок впечаток. По долгите борби против вкоренетите заблуди, најпосле созреал да ја разбере вистината и во неговата вознемирена душа завладеал мир. GCMkd 94.1

Лутер бил посветен за свештеник и повикан од манастирот да заземе катедра на професор на Витенбершкиот универзитет. Тука се посветил на проучување на Светото писмо на изворните јазици. Почнал да држи предавања за Библијата и на одушевените слушатели им ги толкувал псалмите, евангелијата и посланијата. Неговиот пријател и старешина на манастирот, Штаупиц, му советувал да стапи на проповедална и да ја проповеда Божјата реч, ЈЃутер се колебал, сметајќи се за недостоен да ја проповеда Божјата реч во Христово име. Дури по подолго опирање попуштил пред молбите на својот пријател и се согласил со тоа. Тој веќе бил вешт во познавањето на Писмото, и врз него почивала Божја милост, Неговата речитост ги одушевувала слушателите; јасноста и моќта со која ја изнесувал вистината го уверувала нивниот ум, а неговата побожност ги освојувала нивните срца. GCMkd 94.2

Лутер се уште бил предан син на папската црква и не помислувал дека некогаш ќе биде нешто друго. Божјето провидение му дало можност да го посети Рим. Патувал пеш, а на патот ноќевал по манастирите. Пристигнувајќи во еден италијански манастир, се зачудил на богатството, на сјајот и раскошот што ги видел таму. Снабдени со кнежевски приходи, калуѓерите живееле во сјајни станови, се облекувале во најскапи и најраскошни облеки, а се хранеле со најизобилна трпеза. Лутер со болна загриженост ги споредувал овие сцени со својот живот на самооткажување и напорен труд. Тоа што го видел го збунило. GCMkd 94.3

Најпосле во далечината го забележал градот на седум ритчиња, Длабоко трогнат, се фрлил на земја и извикнал: „Те поздравувам, свети Риме!” (Исто, b. 2, ch. 6). Влегол во градот, ги посетувал црквите, слушал чудни прикаски што ги повторувале свештениците и калуѓерите и ги извршувал сите пропишани обреди. Наеекаде неговите очи забележувале сцени што го исполнувале со чудење и со ужас. Видел дека во сите редови на свештенството владее беззаконие. Слушал непристојни шеги од вишите свештеници и се згрозувал на нивната страшна безбожност што ја покажувале дури и за време на мисата. Кога се помешал меѓу свештениците и граѓаните, насекаде сретнувал расипаност и разврат. Каде и да се свртел, насекаде наидувал на безбожност наместо на светост. Подоцна пишувал: „Никој не може и да замисли какви гревови и какви безбожни дела се прават во Рим; човек треба тоа да го види и да го слушне за да може да поверува, Затоа со право некои велат: ,Ако постои пекол, тогаш врз него е изграден Рим; тоа е бездна од каде што излегуваат сите гревови’” (Исто, b. 2, ch. 6). GCMkd 94.4

Еден нов декрет на папата им ветил проштавање на сите кои на колена ќе се искачат на врвот на „Пилатовата скала”, за која се тврди дека по неа слегувал нашиот Спасител кога ја напуштил римската судница и која на чуден начин е пренесена од Ерусалим во Рим. Еден ден ЈТутер побожно се качувал по таа скала, кога одненадеж слушнал глас, сличен на грмотевица, кој му рекол: „Праведникот ќе живее од верата” (Римјаните 1,17). Скокнал на нозе и се оддалечил од тоа место усрамен и вчудовиден. Тие зборови никогаш не го загубиле влијанието врз неговата душа. Од тој миг, појасно од кога и да е порано, сфатил колкава е заблудата ако се потпира врз човечките дела за да добие спасение и ја увидел потребата од непоколеблива вера во Христовите заслуги. Неговите очи се отвориле и никогаш повеќе не се затвориле пред заблудите на папството. Свртувајќи го своето лице од Рим, го свртил од него и своето срце, и од тоа време одделувањето од Рим станувало се посилно, додека најпосле не прекинал секаква врска со папството. GCMkd 95.1

По своето враќање од Рим, Лутер добил од универзитетот во Витенберг диплома на доктор по теологија. Сега можел, како никогаш порано, да се посвети на проучување на Писмото, кое толку многу го сакал. Дал свечен завет дека во сите денови на својот живот внимателно ќе ја проучува и верно ќе ја проповеда Божјата реч, а не прикаски и папска наука. Лутер не бил повеќе обичен калуѓер и професор, туку ополномоштен весник на Библијата. Бил повикан како пастир да го храни Божјето стадо кое било гладно и жедно за вистината. Решително изјавувал дека христијаните не треба да примаат други науки, туку само оние што се темелат на авторитетот на Светото писмо. Со овие зборови удрил во темелот на папската власт. Тие ги содржеле главните начела на реформацијата. GCMkd 95.2

Лутер видел колку е опасно да се издигнуваат човечките теории над Божјата реч. Храбро ја нападнал вешто бранетата неверност на учените и им се противставил на филозофијата и теологијата што толку долго имале доминантно влијание врз народот, Таквите проучувања ги прогласил не само за бесполезни, туку и за штетни, и настојувал мислите на своите слушатели да ги одврати од лажните заклучоци на филозофите и теолозите и да ги насочи кон вечните вистини што ги изнесуваат пророците и апостолите. GCMkd 96.1

Драгоцена била веста што им ја носел на жедните души. Никогаш порано не допрела до нивните уши таква наука. Радосната вест за љубовта на Спасителот и сигурноста на проштавањето и мирот преку неговата пролеана крв ги израдувале нивните срца и кај нив разбудиле бесмртна надеж. Во Витенберг се запалила светлина чиишто зраци допреле до најоддалечените краишта на земјата и чијшто сјај ќе се зголемува до крајот на светот. GCMkd 96.2

Но светлината и темнината не можат да одат заедно. Меѓу вистината и заблудата постои непомирлив судир. Да се чува и да се брани едното, значи да се отфрли и да се уништи другото. Нашиот Спасител рекол: „Не дојдов да донесам мир, туку меч” (Матеј 10,34). Неколку години откако почнала реформацијата, Лутер рекол: „Бог не само што ме води, туку ме гони напред. Тој ме носи; јас не сум свој господар. Јас би сакал да живеам во мир, но сум фрлен среде буни и револуции41 (D’Aubigne, b. 5, ch. 2). Токму требало да биде повикан во битка. GCMkd 96.3

Римската црква тргувала со Божјата милост. Покрај олтарите биле поставени маси на менувачи и низ воздухот се разнесувале викотниците на купувачите и продавачите. Под изговор дека се собираат прилози за градење на црквата Свети Петар во Рим, по налог на папата, јавно се продавале прошталници за гревовите. Со цената на злосторствата се подигал храм на Бога, чијшто темелен камен почивал врз беззаконие! Токму средствата со кои се служел Рим за да се издигне себеси, им задале смртен удар на неговата сила и големина. Токму оваа трговија со прошталници подигнала еден од најрешителните и најуспешни непријатели на папството; тоа ја предизвикало битката што го потресла папскиот престол и ја разнишала трикратната круна на главата на понтифексот. GCMkd 96.4

Калуѓерот, по име Тецел, одреден да продава прошталници во Германија, бил обвинет за најподли злосторства против општеството и против Божјиот закон; но, избегнувајќи ја заслужената казна за своите злосторства, поставен е да ги застапува папските користољубиви и несовесни планови. Со голема дрекост повторувал очигледни лаги и чудни приказни со кои го заведувал неукиот, лековерен и суеверен народ. Кога би имале Божја реч, не би биле толку лесно измамени. Но Светото писмо било забрането за народот за да остане под контрола на папството и со тоа да ја зголеми силата и богатството на честољубивите водачи(види: John С. L, Gieseler, A Compendium of Ecclesiastical History, per. 4, sec. 1, par. 5). GCMkd 96.5

Kora Тецел влегувал во некој град, пред него одел гласник кој велел: „Пред вашите порти е Божјата милост и милоста на светиот отец!” (D’Aubigne, b. 3, ch. 1). Народот го поздравувал лукавиот богохулнжк како сам Бог да слегол од небото меѓу нив. Во црквата се вовлекла бесрамна трговија, а Тецел од проповедална го издигнувал продавањето на прошталници како најскапоцен Божји дар. Тврдел дека врз основа на неговите писмени потврди за купено проштавање ќе им се простат сите гревови, без оглед на тоа дали ги сториле порано или ќе ги сторат допрва, и дека „не е неопходно ниту покајание” (Исто, b. 3, ch. 1). Уште повеќе, ги уверувал слушателите дека прошталниците имаат моќ „да ги спасат не само живите, туку и мртвите”, и дека „во истиот миг, кога на дното на неговото сандаче ќе ѕвекнат парите, душата, во чијашто корист се дадени парите, излегува од чистилиштето и заминува на небото” (види: К. R. Hagenbach, History of the Reformation, vol. 1, p. 96). GCMkd 97.1

Kora маѓесникот Симон им понудил на апостолите пари за да добие власт да прави чуда, Петар му одговорил: „Нека одат во неврат твоите сребреници заедно со тебе, зашто си наумил да го добиеш Божјиот дар со пари” (Дела 8,20). GCMkd 97.2

Но понудата на Тецела со радост ја прифатиле илјадници луѓе. Во неговата благајна се слевало злато и сребро. Спасението што може да се добие за пари било повеќе барано од она за кое е потребно покајание, вера и решителен напор човекот да му се противстави на гревот и да го победи (види: Додаток, забелешка за 59. страница). GCMkd 97.3

Науката за прошталници наишла на отпор кај побожните и учени луѓе во Римската црква. Имало многу такви кои не верувале во тврдењата што се противеле на разумот и на божественото откровение. Ниеден епископ не се осмелил да го подигне својот глас против таа одвратна трговија, но почнала да се чувствува вознемиреност и мнозина во страв се прашувале дали можеби Бог нема да подигне едно орудие да ја очисти својата црква. GCMkd 97.4

Лутер, иако уште ревен католик, бил полн со ужас поради богохулните изјави на трговците со прошталници. Мнозина од неговите верници, кои купиле прошталници, набргу почнале да доаѓаат кај својот духовен пастир, исповедајќи му ги своите различни гревови и барајќи разрешување не затоа што се покајале и што сакале да го поправат својот живот, туку врз основа на купените потврди за проштавање. Лутер одбил да ги разреши од гревот и ги предупредил дека ќе загинат во своите гревови ако не се покаат и ако не го поправат својот живот. Мошне возбудени се вратиле кај Тецела и му кажале дека нивниот исповедник не ги признава неговите потврди; некои дури имале смелост да бараат да им се вратат парите. Тоа калуѓерот го исполнило со гнев. Изрекол најстрашни проклетства, наредил на јавниот плоштад да се запали оган и рекол дека од папата добил власт да ги запали како еретици сите што ќе се осмелат да ги негираат неговите најсвети прошталници (D’Aubigne, b. 3, ch. 4). GCMkd 97.5

Тогаш Лутер решително го почнал своето дело како борец за вистината. Неговиот глас грмел од проповедалната како сериозна и свечена опомена. На народот му ја прикажувал одвратноста на гревот и го учел дека на човекот не му е можно со своите дела да ја намали својата вина или да ја избегне казната. Човекот може да се спаси само со покајание и со вера во Христа. Божјата милост не може да се купи; таа е слободен дар. Му советувал на народот да не купува прошталници, туку со вера да гледа во распнатиот Откупител. Им го раскажувал своето болно искуство, како напразно се обидувал себеси да си осигури епасение со понижување и со дела на покајание и своите слушатели ги уверувал дека мир и радост нашол дури тогаш кога го одвратил својот поглед од себе и поверувал во Христа, GCMkd 98.1

Бидејќи Тецел и понатаму продолжил со својата трговија и со безбожните тврдења, Лутер решил најенергично да протестира против овие дрски злоупотреби. Набргу за тоа му се дала можност. Дворската црква во Витенберг имала многу реликвии кои во одредени свечени денови биле изложени пред народот, и на сите кои тогаш би ја посетиле црквата и би се исповедале, сите гревови би им биле простени. Поради тоа, народот тие денови во големо мноштво ја посетувал црквата. Се приближувал еден од најголемите празници, празникот „Сите свети”. Непосредно пред тој празник Лутер, придружувајќи им се на оние на пат кон црквата, прикачил на црковната порта список кој содржел деведесет и пет точки против науката за проштавање. Изјавил дека е готов следниот ден да ги брани на универзитетот овие тези од нападите на сите што сметаат дека нивна должност е да ги нападнат. GCMkd 98.2

Неговите тези привлекле сеопшто внимание. Народот ги читал и за нив расправал низ целиот крај. На универзитетот и во целиот град настанала голема возбуда. Овие тези покажале дека право на проштавање на гревот и ослободување од казната не му е дадено ниту на еден човек па дури ниту на папата. Продавањето прошталници е само една комедија, средство да се измамат пари од народот, да се искористи неговата лековерност - лукавство на сатаната што има за цел да ги упропасти душите на оние што ќе поверуваат во неговите лажни ветувања. Лутер го покажал и тоа дека Христовото евангелие е најскапоценото богатство на црквата и дека Божјата милост, откриена во него, му се дава бесплатно на секого што бара со покајание и со вера. GCMkd 98.3

Тезите на Лутера предизвикале расправии, но никој немал смелост да го прифати тој предизвик. Прашањата што ги поставил се рашириле за неколку дена низ цела Германија, а за неколку седмици се одгласувале низ целиот хриетијански свет. Многу побожни католици, кои во црквата виделе беззаконие и го осудувале, а не знаеле како да му застанат на пат, сега ги читале овие тези со голема радост и признавале дека од нив им зборува Божјиот глас. Чувствувале дека Господ милостиво им подал рака да ја задржи поплавата на расипаноста што извирала од римската столица. Кнезовите и поглаварите потајно се израдувале што најпосле ќе биде зауздана дрската сила која тврдела дека никој не смее да стави приговор на нејзините одлуки. GCMkd 99.1

Но мнозина што го сакале гревот и суеверието се исплашиле кога виделе дека се уриваат заблудите и лагите што го смирувале нивниот страв. Лукавите свештеници, спречени да ги одобруваат престапите и гледајќи дека се заканува опасност за нивните приходи, полни со гнев, се обединиле да ги одбранат своите тврдења, Реформаторот требало да се бори против жестоки тужители. Едни го обвжнувале дека работи нагло и непромислено. Други тврделе дека не го води Бог, туку дека работи поттикнат од својата суета, гордост и дрскост. Тој одговорил: „Човек ретко изнесува некоја нова мисла а тоа да не изгледа како горделивост и да не биде обвинет дека предизвикува кавги. Зошто Христос и сите негови маченици биле осудени на смрт? Затоа што се чинело дека горделиво ја презираат мудроста на своето време и дека шират новотии, не прашувајќи ги понизно за совет претставниците на старите надзори.” GCMkd 99.2

Потоа додал: „Се што правам, сакам да правам не по човечка мудрост, туку во согласност со Божјиот совет. Ако ова дело е од Бога, кој ќе го запре? Ако не е од Бога, кој може да го унапреди? Нека биде не мојата, не нивната, не вашата, туку твојата волја, о свети Оче, кој си на небото!” (Исто, b. 3, ch. 6). GCMkd 99.3

Иако Лутер го почнал ова дело поттикнат од Светиот Дух, сепак, не можел да го продолжи без жестоки борби. Hero како поплава го нагрвалиле неговите непријатели со префрлања, со извртување на неговите намери, со неправедни и злобни забелешки на сметка на неговиот карактер и на неговите побуди, и тоа не било без успех. Тој се надевал дека народните водачи во црквата и во школите доброволно ќе му се придружат нему во полза на реформацијата. Зборовите со кои го храбреле високите личности го исполнувале со радост и со надеж. Веќе гледал како осамнува посветол ден за црквата. Меѓутоа, охрабрувањето се претворило во прекори и обвинувања. Многу црковни и државни великодостојници биле уверени во вистинитоста на неговите тези, но набргу увиделе дека прифаќањето на тие вистини би предизвикало големи промени, Да се просвети и да се реформира народот би значело да се поткопа авторитетот на Рим, да се запрат илјадници потоци што се влеваат во неговите ризници, а тоа би ја намалило расипаноста и раскошот на папските водачи. Потоа, да се учат луѓето да мислат и да работат како одговорни суштества и само од Христа да го очекуваат своето спасение, би значело да се поткопа престолот на врховниот свештеник и на крај да се урнат бранителите на неговиот авторитет. Поради тоа го отфрлиле сознанието што им го понудил Бог и, противејќи му се на човекот што го пратил Бог да ги просветли, станале против Христа и против неговата вистина. GCMkd 99.4

Помислувајќи на себе, Лутер се стресол, свееен дека стои сам наспроти најмоќните земни сили. Понекогаш бил во недоумица дали навистина го води Бог при противставувањето на авторитетот на црквата. Тој пишувал: „Кој бев јас да и се противставам на папската големина пред која се тресат кнезовите и цел свет?... Никој не знае колку претрпи моето срце во текот на овие две години и во какво сомневање, дури и очај, често паѓав” (Исто, b. 3, ch. 6). Ho тој не се обесхрабрил наполно. Кога му недостигала човечка потпора, гледал на Бога и учел да се потпира врз неговата силна десница. GCMkd 100.1

На еден пријател на реформацијата Лутер му пишал: „Јасно е дека Писмото не може да се разбере ниту со проучување ниту со разумот. Твоја прва должност е да почнеш со молитва. Моли се на Бога тој со својата голема милост да ти помогне вистински да ја разбереш неговата Реч. Нема друг толкувач на Божјата реч освен Писателот на таа Реч кој самиот рекол: ,Сите ќе бидат научени од Бога.’ He очекувај ништо од својот труд, од својот разум; надевај се само на Бога и на влијанието на неговиот Дух. Верувај им на зборовите на човекот кој го искусил тоа” (Исто, b. 3, ch. 7). Тоа е поука од голема важност за сите што чувствуваат дека Бог ги повикал на другите да им ја објават свечената вистина за ова време. Овие вистини ќе произведат непријателство од страна на сатаната и на неговите приврзаници кои ги сакаат приказните што ги измислил тој. Во борбата со силите на злото потребно е нешто повеќе од моќта на разумот и од човечката мудрост. GCMkd 100.2

Кога противниците се повикувале на обичаите или на традицијата, на изјавите и на власта на папата, Лутер им одговарал повикувајќи се на Писмото, само на Писмото. Тука нашол докази што не можеле да се побијат; затоа робовите на формализмот и празноверието ја барале неговата крв, како Евреите што ја барале Христовата крв. „Тој е еретик!” - викале ревнителите на Рим. „Да му се дозволи на еретик да живее час подолго е најголемо предавство против црквата. Веднаш нека се подигне ломача за него!” (Исто, b. 3, ch. 9). Ho Лутер не станал плен на нивниот гнев. Бог нему му одредил дело што требало да го изврши и ги пратил небесните ангели да го штитат. Мнозина пак, кои од Лутера ја примиле драгоцената светлина, станале предмет на сатански гнев и поради вистината храбро поднеле страдања и смрт. GCMkd 101.1

Лутеровата наука во цела Германија го привлекувала вниманието на мисловните луѓе. Од неговите проповеди и списи извирале зраци на светлина што разбудиле и расветлиле многу срца. Мртвиот формализам во кој црквата толку долго дремела бил заменет со жива вера. Народот се повеќе го напуштал празноверието на Рим. Урнати се предрасудите. Божјата реч, со која Лутер испитувал секоја наука и секое тврдење, била меч со две остриди кој си го расчистувал себеси патот до човечките срца. Насекаде се забележувало будење и желба за духовен напредок. Насекаде се чувствувал глад и жед за правда како никогаш порано. Очите на народот, толку долго насочени кон човечките обреди и земни посредници, сега со покајание и со вера се пренасочиле кон Христа, и тоа кон Христа распнатиот. GCMkd 101.2

Овој голем интерес за науката на спасението уште повеќе разбудил страв кај папските претставници. Лутер примил повик да дојде во Рим, таму да одговара на обвинувања поради кривоверство. Овој налог многу ги исплашил неговите пријатели. Тие мошне добро знаеле каква опасност му се заканува во тој расипан град, кој веќе бил пијан од крвта на Христовите маченици. Затоа се противеле тој да оди во Рим, барајќи да биде сослушан во Германија. GCMkd 101.3

Најпосле овој предлог е прифатен и папата именувал еден легат кој ќе претседава на расправата. Во упатствата што му ги дал папата на својот претставник било истакнато дека Лутер веќе е прогласен за еретик. Потоа на легатот му е наредено „да го прогонува и без одлагање да го присили на покорност”. Ако Лутер остане упорен и ако пратеникот на папата не може да го држи под своја власт, бил овластен „да го прогонува низ сите краишта на Германија и да ги проколне и исклучи сите што ќе му останат приврзани” (Исто, b. 4, ch. 2). Понатаму, за целосно да ја искорени оваа „заразна ерес”, папата го овластил својот пратенжк да ги исклучи сите, освен царот, без оглед на нивното државно и црковно достоинство, кои не би биле готови да го фатат Лутера и неговите следбеници и кои не би му ги предале на Рим да им се одмазди. GCMkd 101.4

Овде се открил вистинскиот дух на папството. Во целиот тој документ нема ниту трага од христијанските начела, ниту трага од обична човечка праведност. Лутер бил далеку од Рим и немал можност својот став да го објасни или да го одбрани; сепак, пред да биде испитано неговото дело, бил прогласен за еретик и истиот ден предупреден, обвинет и осуден, и сето тоа од оној што се нарекува свети отец, единствен врховен непогрешен авторитет на црквата и државата. GCMkd 102.1

Во тоа време, кога на Лутера му требало најмногу пријателски совет и љубов, Божјето провидение во Витенберг го пратило Меланхтона. Млад, скромен, воздржлив во своето однесување, со здраво расудување, со големо знаење, со изразит дар на говор, а покрај тоа чист и честит, Меланхтон со овие особини на евојот карактер придобил општ восхит и почит. Неговиот благороден карактер не помалку се истакнувал од неговите сјајни таленти. Набргу станал сериозен ученик на евангелието и Лутеров најверен пријател и помошник. Неговата љубезност, разборитост и точност ја надополнувале Лутеровата храброст и енергичност во работата. Нивната соработка на реформацијата и дала нова сила и за Лутера била голем извор на охрабрување. GCMkd 102.2

Аугзбург е избран како место на сослушувањето, и реформаторот се упатил таму пеш. Некои сериозно се уплашиле за неговиот живот. Слушнале јавни закани дека тој на патот ќе биде фатен и убиен и неговите пријатели го молеле да не се изложува на опасност. Дури го молеле извесно време да го напушти Витенберг и да побара заштита кај оние што биле подготвени да го штитат. Но тој не сакал да го напушти местото што му го одредил Бог. Наспроти луњата што беснеела со сета сила, тој се чувствувал должен да ја брани вистината. Си велел: „Јас сум како Еремија, човек против кого секој вика; но колку повеќе непријатели ми се закануваат, мојата радост е поголема... Тие веќе ја озлогласија мојата чест и моето добро име. Ми остана уште едно: моето бедно тело; и него нека го земат; со тоа ќе ми го скусат животот за неколку часа, но душата не можат да ми ја одземат. Оној што сака на светот да му ја објави Христовата реч, мора секој час да биде готов да умре” (Исто, b. 4, ch. 4). GCMkd 102.3

Веста за Лутеровото доаѓање во Аугзбург го исполнила срцето на папскиот пратеник со големо задоволство. Бунтовниот еретик, кој разбудил интерес речиси кај цел свет, сега бил под власт на Рим и легатот на папата решил да не дозволи да му побегне. Реформаторот не се погрижил да си прибави себеси гарантно писмо. Неговите пријатели го молеле да не се појавува пред легатот на папата без гарантно писмо и самите ги презеле сите потребни мерки да му го набават од царот. Намера на легатот била Лутера, ако е некако можно, да го присили да се откаже, а ако тоа не му успее, да го одведе во Рим за таму да ја подели судбината на Хус и Јероним. Затоа легатот преку своите пратеници се обидел да го наговори Лутера да излезе пред него без гарантно писмо и на тој начин да падне под негова милост. Лутер решително одбил и не се појавил пред пратеникот на папата се додека не го добил документот со кој царот му загарантирал своја заштита. GCMkd 103.1

Намера на католиците била да се обидат да го придобијат Лутера со привидна благонаклоност. Во своите разговори со Лутера легатот се покажал мошне љубезен, но барал Лутер безусловно да и се покори на власта на Римската црква и да напушти секоја точка на своето учење без докажување или какво и да е прашање. Тој уште не го познавал човекот со кој требало да расправа. Во својот одговор Лутер ја нагласил својата почит кон црквата, својот стремеж кон вистината, готовноста да одговори на сите забелешки во врска со својата наука и истата да ја подложи на одлуката на некои главни универзитети. Во исто време не го прифатил барањето на пратеникот на папата кој барал да го негира своето учење без никаков доказ дека бил во заблуда. GCMkd 103.2

Единствен одговор што го добил бил: „Негирај, негирај!” Реформаторот докажал дека неговото гледиште е основано на Светото писмо и решително изјавил дека не може да се откаже од вистината. Легатот, неспособен да одговори на доказите на Лутера, го опсипал со порој прекори, со потсмев и ласкања помешани со цитати од преданијата и од црковните отци, не давајќи му на реформаторот да дојде до збор. Гледајќи дека нивниот разговор, воден на таков начин, е сосем некорисен, Лутер најпосле добил дозвола да го изнесе одговорот писмено, GCMkd 103.3

Подоцна му напишал на својот пријател: „Видов дека е најразумно да му се одговори писмено; прво, она што е напишано може да се подложи на проверка од страна на други луѓе; второ, со тоа може полесно да се влијае врз стравот, ако веќе не врз совеста на еден горделив и брблив тиран, кој инаку би можел да победи со својот заповеднички јазик” (Martyn, The Life and Times of Luther, pages 271,272). GCMkd 103.4

Ha следниот состанок Лутер јасно, концизно и силно ги изнел своите погледи, поткрепувајќи ги со многу цитати од Светото писмо. Откако го прочитал својот состав гласно, му го дал на кардиналот кој со презир го фрлил на страна, велејќи дека тоа се само празни зборови и безвредни цитати. Лутер, на кого очите му се отвориле, сега ја прифатил борбата со горделивиот кардинал на неговото сопствено подрачје - служејќи се со преданието и со учењето на црквата - и така целосно ги оборил неговите тврдења. GCMkd 104.1

Кога пратеникот на папата видел дека Лутеровите докази се непобитни, загубил секоја власт над себе и гневно извикнал: „Негирај, или ќе те пратам во Рим, каде што ќе дојдеш пред судии на кои им е наредено да се запознаат со твоето дело. Ке те исклучат од црквата тебе, твоите следбеници и сите што ти помагаат или што ќе ти помагаат во иднинаНајпосле изјавил со горделив и гневен глас: „Откажи се, или немој повеќе да се појавуваш!” (D’Aubigne, London ed., b. 4, ch. 8). GCMkd 104.2

Реформаторот веднаш ce повлекол co своите пријатели, со што дал јасен знак дека од него не може да се очекува никакво откажување. Тоа кардиналот најмалку го очекувал. Мислел дека со строгост ќе го натера Лутера да се откаже. Сега, кога останал сам со своите истомисленици, погледот го префрлал од еден на друг, мошне нерасположен поради неочекуваниот неуспех на своите планови. GCMkd 104.3

Напорите на Лутера во овој судир не биле безуспешни. Мноштвото што присуствувало на оваа расправа имало можност да ги спореди овие два човека и да просуди каков дух ги води и во што се состои силата и вистинитоста на нивните гледишта. Колку значајна разлика! Реформаторот, едноставен, понизен, решителен, стоел во Божја сила со вистината на своја страна; a папскиот претставник, вообразен, дрзок, горделив и неразумен, без никаков доказ од Светото писмо, викал гласно: „Откажи се, или ќе те пратам во Рим да те казнат!” GCMkd 104.4

He водејќи сметка за гарантното писмо што го имал реформаторот, неговите непријатели сковале заговор да го фатат и да го стават во затвор. Бидејќи неговиот натамошен престој во Аугзбург бил бесполезен, неговите пријатели настојувале тој веднаш да се врати во Витенберг, но со најголема претпазливост и во најголема тајност. Затоа Лутер го напуштил Аугзбург в зори, на коњ, во придружба на само еден водич кој му го дал началникот на градот. Исполнет со мрачни претчувства, поминувал низ тишината на темните и тивки улици на градот. Будните и свирепи непријатели демнеле над неговата глава. Дали ќе ги избегне поставените стапици? Тоа биле часови на страв и сериозна молитва. Стигнувајќи до градскиот ѕид, забележал малечка врата која се отворила пред него и тој без пречки со својот водич излегол од градот. Кога се нашле надвор од градските ѕидови, бегалците брзале, и пред легатот да дознае за Лутеровото заминување, тој веќе бил надвор ш од дофатот на своите прогонувачи. Пропаднале плановите на сатаната и на неговите пратеници. Човекот, за кого сметале дека е во нивни раце, побегнал како птица од мрежата на птичарот. GCMkd 104.5

Таа новост легатот го вџашила и го разгневила. Очекувал да биде пофален заради својата мудрост и решителност во врска со својата постапка кон овој нарушувач на црковниот мир; но неговата надеж го изневерила. Својот гнев го стивнал со тоа што му упатил писмо на изборниот саксонски кнез Фридрих, во кое Лутера тешко го наклеветил, барајќи од Фридриха реформаторот да го прати во Рим или да го протера од Саксонија. GCMkd 105.1

Лутер во својата одбрана навел дека е готов да се откаже од своето учење ако легатот или папата му ги докажат од Писмото неговите заблуди и ако покажат дека неговото учење е спротивно на Божјата реч. Исто така му заблагодарил на Бога што го удостоил да страда за тоа толку свето дело. GCMkd 105.2

Изборниот кнез до сега слабо ја познавал науката на реформаторот, но бил длабоко трогнат со искреноста, со силата и со јасноста на Лутеровите зборови. Додека не се докаже дека реформаторот е во заблуда, Фридрих решил да биде негов заштитник. Одговарајќи на барањето на легатот, тој напишал: „Бидејќи доктор Мартин Лутер се појави пред вас во Аугзбург, со тоа треба да бидете задоволни. Ние не очекувавме да го присилувате да се откаже без да го соочите со неговите заблуди. Ниту еден од учените луѓе во моето кнежевство не ме извести дека науката на Мартина е безбожна, антихристијанска или еретичка!” Кнезот одбил Лутера да го прати во Рим или да го протера од својата држава (D’Aubigne, b. 4, ch. 10). GCMkd 105.3

Изборниот кнез видел дека моралот во општеството паднал многу ниско. Била потребна голема реформа. Увидел дека напразен е секој обид да се запрат или да се казнат злосторетвата ако секој не ги признае и не ги прифати Божјите наредби и ако не живее според една просветлена совест. Видел дека Лутер работи токму на тоа подрачје и потајно се радувал што во црквата почнало да се чувствува подобро влијание. GCMkd 105.4

Изборниот кнез исто така забележал дека Лутер има голем успех и како професор на универзитетот. Поминала само една година откако реформаторот ги прикачил своите тези на вратата на црквата и веќе можело да се забележи дека во значителна мера се намалил бројот на поклониците кои при празникот „Сите свети” ја посетувале црквата. Рим немал веќе толку почитувачи и не примал толку дарови како порано, но, наместо тоа, се појавиле други луѓе кои сега доаѓале во Витенберг не како поклоници да ги обожаваат реликвиите, туку како студенти да ги исполнат универзитетските сали. Лутеровите списи насекаде разбудиле нов интерес за Светото писмо и, не само од Германија, туку и од другите земји доаѓале студенти на Витенбершкиот универзитет. Младите луѓе, гледајќи го првпат Витенберг, „ги подигале рацете кон небото и го фалеле Бога што дозволил светлината да свети од тој град, како од Сион во старо време, и оттаму да се рашири до најдалечните земји” (Исто, b. 4, ch. 10). GCMkd 105.5

До сега Лутер само делумно ги напуштил заблудите на Рим, но кога го споредувал Светото писмо со одлуките и со наредбите на папата, бил вџашен, „Ги читам папските декрети”, му пишувал на Спалатин, „и ти велам дека не знам дали можеби папата е антихрист или негов пратеник; толку лажно Христос е прикажан во тие декрети - и дури распнат” (Исто, b. 5, ch. 1). Сепак, Лутер во тоа време уште бил предан син на Римската црква и не помислувал дека кога и да е ќе ја напушти неа. GCMkd 106.1

Списите на реформаторот и неговата наука се рашириле низ целиот христијански свет. Делото стигнало во Швајцарија и во Холандија. Одделни примероци на Лутеровите списи си го расчистиле себеси патот во Франција и во Шпанија. Во Англија неговото учење било примено како животна реч. Вистината навлегла во Белгија и во Италија. Илјадници се разбудиле од своето духовно мртвило во радосен живот што ни го даваат надежта и верата. GCMkd 106.2

Рим се повеќе се лутел поради Лутеровите напади и некои од неговите фанатични противници, дури и некои професори на католичките универзитети, изјавиле дека, оној што би го убил тој бунтовен калуѓер, со тоа не би згрешил. Еден ден на реформаторот му пристапил некој странец со скриен револвер под наметката и го прашал зошто насекаде се движи сам. Лутер одговорил: „Јас сум во Божјата рака. Тој е моја сила и штит. Што ми може човек?” (Исто, b. 6, ch. 2). Kora ги слушнал овие зборови, странецот побледел и побегнал од него како тука да било присутно некое небесно суштество. GCMkd 106.3

Рим сакал да го уништи Лутера, но Бог бил негова одбрана. Неговата наука се слушала насекаде: „Во колибите и во манастирите, во дворците на благородниците, на универзитетите и во царските палати.” На сите страни станувале благородни луѓе да ги поддржат неговите напори (Исто, b. 6, ch. 2). GCMkd 106.4

Отприлика во тоа време Лутер, читајќи ги делата на Хус, пронашол дека чешкиот реформатор учел на големата вистина за оправдување со вера што самиот тој ја истакнувал и ја проповедал. „Сите ние”, извикнал тој, „Павле, Августин и јас сме хусити и не знаејќи за тоа!” „Бог сигурно ќе го казни светот затоа што вистината му била откриена пред еден век, но тој ја запалил” (Wylie, b. 6. ch. 1). GCMkd 107.1

Во едно пиемо, упатено до царот и до германското благородништво, ЈТутер пишувал за папата: „Страшно е да се гледа оној што тврди дека е Христов намесник како живее во поголем раскош од царот. Дали со тоа е сличен со сиромашниот Исус или со понизниот Петар? Тој, велат некои, е господар на светот. Но Христос, за чијшто намесник се смета, рекол: ,Моето царство не е од овој свет.’ Може ли власта на намесникот да биде поголема од власта на неговиот господар?” (D’Aubigne, b. 6, ch. 3). GCMkd 107.2

За универзитетите Лутер пишувал: „Се плашам дека универзитетите ќе станат пшрока врата на пеколот ако таму трудољубиво не се објаснува Светото писмо и ако истото не се всадува во срцата на младите. Никому не му советувам своето дете да го праќа онаму каде што мерило на животот не е Светото писмо. Секоја установа во која не се проучува постојано Божјата реч, ќе се изопачи” (Исто, b. 6, ch. 3). GCMkd 107.3

Овој спис со секавична брзина се раширил низ цела Германија и оставил длабок впечаток врз народот. Цел народ се разбранил, и мнозина почнале да се собираат под знамето на реформацијата. Горејќи од желба за одмазда, Лутеровите непријатели го поттикнувале папата да преземе против него решителни мерки. Решено е неговото учење веднаш да се осуди. На Лутера и на неговите следбеници им се дадени шеесет дена да се откажат; во спротивно сите ќе бидат исклучени од црквата. GCMkd 107.4

Тоа бил страшен миг за реформацијата. Со векови римските осуди за исклучување биле ужас за многу силни владетели; тие фрлиле во несреќа и очај големи царства. Сите со ужас ги гледале нивните жртви. Со нив се постапувало како со луѓе што се ставени надвор од законот, биле избегнувани и прогонувани до истребување. Лутер добро ја видел луњата што се приготвувала да го уништи, но бил постојан, наполно сигурен дека Исус ќе биде негов помошник и заштитник. Со таква вера и храброст на маченик, пишувал: „Што ќе биде, не знам, ниту сакам да знам... Ударот нека падне каде што сака, јас не се плашам. Ниту еден лист од дрвото не паѓа без волја на нашиот Отец, а колку повеќе Тој се грижи за нас! Лесно е да се умре за Речта, кога Речта, која станала тело, умрела за нас. Ако умреме со него, со него и ќе живееме; кога ќе поминеме низ она низ што поминал Тој пред нас, ќе бидеме таму каде што е и Тој и ќе живееме засекогаш со него” (Исто, 3d London ed., Walther, 1840, b. 6, ch. 9). GCMkd 107.5

Kora му стигнало на Лутера папското послание, тој рекол: „Јас го презирам и го отфрлам како безбожно и лажно... Во него се осудува лично Христос. Се радувам што можам да поднесам такви зла за напредокот на делото. Сега веќе сум помирен, зашто знам дека папата е антихрист и дека седи директно на сатанскиот престол” (D’ Aubigne, b. 6, ch. 9). GCMkd 108.1

Сепак, папската пресуда не останала без дејство. Темниците, измачувањата и мечот биле силни орудија со кои можело да се натера на покорност. Слабите и празноверни се треселе пред папскиот декрет. Иако мнозинството сочувствувало со Лутера, сепак, мнозина толку го ценеле својот живот, што не би го жртвувале за делото на реформацијата. Судејќи по се, реформацијата се приближувала кон својот крај. GCMkd 108.2

Но Лутер се уште бил бестрашен. Рим ги фрлил врз него своите анатеми и светот бил уверен дека тој ќе мора или да загине или да се покори. Но со страшна жестокост реформаторот му ја вратил осудата на проклетството на нејзиниот автор и јавно ја прогласил својата одлука дека за секогаш прекинува со Рим. Во присуство на мноштво студенти, професори и граѓани од сите сталежи, Лутер ја запалил папската була заедно со канонските закони, декреталжи и со некои списи што ја поддржувале папската власт. Тој рекол: „Со спалувањето на моите списи, моите непријатели можеа да му наштетат на делото на вистината во мислите на обичните луѓе и да ги упропастат душите, затоа и јас сега ги спалувам нивните книги. Почна сериозна борба. До сега само си се играв со папата. Ова дело го почнав во Божје име; тоа ќе се заврши без мене, со негова сила” (D’Aubigne, b. 6, ch. 10). GCMkd 108.3

На прекорите од своите непријатели, кои ја исмевале слабоста на неговите работи, Лутер одговорил: „Кој знае, можеби Бог ме избрал и ме повикал да го извршам ова дело? Зар не би требало да се плашат дека, презирајќи ме мене, го презираат лично Господа. Мојсеј бил сам при излегувањето од Египет. Илија бил сам во времето на владеењето на царот Ахав; Исаија бил сам во Ерусалим; Езекил сам во Вавилон... Бог никогаш не избрал за пророк некој поглавар свештенички или некоја друга голема личност; Тој обично бирал едноставни и презрени луѓе, еднаш дури пастирпастирот Амос. Во сите векови, светите биле присилени да ги караат големите, царевите, кнезовите, свештениците и учените луѓе, изложувајќи го со тоа на опасност својот живот... He велам дека и јас сум пророк, но велам дека многу повеќе треба да се плашат затоа што јас сум сам, а нив ги има многу. Сигурен сум дека Божјата реч е со мене, а не со нив” (Исто, b. 6, ch. 10). GCMkd 108.4

Сепак, Лутер не решил да се одвои од црквата без страшна внатрешна борба со самиот себе. Во тоа време пишувал: „Секој ден се повеќе чувствувам колку е тешко да се напуштат обичаите што сме ги примиле во детството. О колку болки поднесов додека не зазедов став наспроти папата и додека не го прогласив за антихрист, иако на своја страна го имам Светото писмо!... Колку страдаше моето срце! Колку пати себеси си го поставував горкото прашање, кое толку често го повторуваа следбениците на папата: „Зар само ти си мудар? Зар е можно сите други да се во заблуда? Што ќе биде ако ти, наспроти се, си во заблуда, и во својата заблуда вовлекуваш толку души кои на крај засекогаш ќе пропаднат? Така се борев со себе и со сатаната, додека Христос со својата непогрешна Реч го охрабри моето срце наспроти сите сомневања” (Martyn, pages 372, 373). GCMkd 109.1

Папата му се заканил на Лутера со исклучување од црквава ако не се откаже, и сега оваа закана се исполнила. Објавено е ново послание на папата, кое Лутера засекогаш го прогласило за исклучен од црквата и за проклет од небото, а исто такво проклетство паднало и врз сите што би го прифатиле неговото учење. Големата борба почнала со сета жестокост. GCMkd 109.2

Сите што ги повикал Бог да ја објават вистината за своето време секогаш наидувале на противење. Во деновите на Лутера една вистина имала посебна важност за тоа време; и денеска постои вистина за нашето време. Оној, кој постапува според својата мудрост, предвидел луѓе за различни прилики и им доверил должности што одговараат на времето во кое живеат и на околностите во кои се наоѓаат. Ако ја ценат дадената светлина, ним ќе им биде дадено поголемо видело. Но денеска повеќето луѓе исто толку малку се стремат кон вистината колку и следбениците на папата кои се подигнале против Лутера. Како и во минатите векови, и денеска постои наклоност да се примаат човечките традиции и теории. Сите што ја изнееуваат вистината за сегашното време не треба да очекуваат да наидат на подобар прием отколку реформаторите во поранешните векови. Големата борба меѓу вистината и заблудата, меѓу Христа и сатаната, се повеќе ќе се заострува до крајот на светската историја. GCMkd 109.3

Исус им рекол на своите ученици: „Да бевте од овој свет, светот ќе ги љубеше своите; но бидејќи не сте од светот, туку јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!1 Ако ме прогонуваа мене, ќе ве прогонуваат и вас; ако ја пазеа мојата реч, ќе ја пазат и вашата” (Јован 15,19.20). Од друга страна, нашиот Господ изјавува: „Тешко вам кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас, зашто нивните татковци им правеа така на лажните пророци” (Лука 6,26). Духот на денешниот свет не е поблизу до Христовиот Дух отколку во поранешните времиња. Оние што денеска ја проповедаат Божјата реч во нејзината чистота, нема да бидат примени со поголема наклоност од оние во минатите времиња. GCMkd 109.4

Вистината еекогаш има противници. Тоа противење може да го измени својот облик; непријателството не мора да биде толку отворено, зашто е полукаво; но истото противење постои и ќе постои до крај. GCMkd 110.1

*****