ГОЛЕМАТА БОРБА
40—БОЖЈИОТ НАРОД ИЗБАВЕН
_______________
На оние што го почитуваат Божјиот закон ќе им биде одземена заштитата на човечките закони. Едновремено во разни земји ќе се организира движење за нивно уништување. Кога ќе наближи времето утврдено во наредбата^ луѓето ќе направат заговор да ја истребат омразената секта. Ке решат преку ноќ да извршат решителен напад кој за секогаш ќе го замолкне гласот на поделби и прекор. GCMkd 497.1
Божјиот народ - некои во затворски ќелии, а други скриени во осамени засолништа по шуми и гори - се уште пека за Божја заштита, додека насекаде групи вооружени луѓе, поттикнувани од чети демони, се приготвуваат за смртоносното дело. И токму сега, во мигот на крајна опасност, ќе се вмеша Бог Израелов да ги избави своите избрани. Бог рекол: „Тогаш песната ќе ви биде како во празничните ноќи, кога срцата се веселат како кај оној кој се искачува... кон Израеловата Карпа. Господ ќе загрми со величествен глас и ќе ја покаже својата рака што удира во јаросен гнев, среде гибелен оган, од буроносен пороен дожд и од крупен град” (Исаија 30,29.30). GCMkd 497.2
Со извици на победа, со подбиви и клетви, четите на злосторниците се упатуваат да се нафрлат врз својот плен; но, на земјата паѓа густ мрак, погуст од најтемната ноќ. Тогаш над целото небо се појавува виножито, одблеснувајќи ја славата од Божјиот престол и опкружувајќи секоја група на оние што се молат. Наеднаш разбеснетите толпи се запираат. Нивните подбивни извици замолкнуваат. Тие ги забораваат своите жртви. Со страшно претчувство го гледаат симболот на Божјиот завет и сакаат што побргу да побегнат од неговиот силен сјај. GCMkd 497.3
Божјиот народ слуша јасен, милозвучен глас, кој кажува: „Погледнете!” Подигајќи ги очите кон небото, тие го гледаат заветното виножито. Црните, заканувачки облаци што го прекриваат небесниот свод се разделуваат и, како некогаш Стефан, тие без здив гледаат во небото и ја посматраат Божјата слава и Синот човечки како седи на својот престол. На неговата божествена појава забележуваат траги од неговото понижување, а од неговите усни слушаат молба што му ја упатува на својот Отец пред светите ангели: „Оче, сакам оние што ми ги даде да бидат со мене таму каде што сум јас” (Јован 17,24). И пак се слуша мелодичен, победоносен глас, кој зборува: „Еве ги! Доаѓаат! Свети, невини и чисти. Тие ја одржаа речта на моето трпение; тие ќе живеат меѓу ангелите” а оние што цврсто се придржувале кон својата вера, со бледи, треперливи усни, изговараат извик на победа. GCMkd 497.4
Точно е полноќ кога Бог ја открива својата моќ да го ослободи својот народ. Сонцето се појавува со сиот свој сјај. Бргу и последователно се редат знаци и чуда. Грешниците со страв и ужас ги гледаат овие сцени, а праведниците со свечена радост ги посматраат знаците на своето ослободување. Во природата се чини дека се излегло надвор од својот ред. Реките престануваат да течат. Се искачуваат и се судруваат тешки мрачни облаци. Среде гневното небо се гледа едно место на неопишана слава од каде што доаѓа Божјиот глас како бучава на силни води, изјавувајќи: „Се сврши!” (Откровение 16,17). GCMkd 498.1
Овој глас ги потресува небесата и земјата. Настанува страшен замјотрес, каков „што немало откако постојат луѓе на земјата, толку голем, толку силен” (Откровение 16,17.18). Се чини како небото да се отворило и се затворило. Славата од Божјиот престол како да свети слично на молња. Горите се повиваат како трска на ветер, а на сите страни паѓаат одронети карпи. Се слуша татнеж на бура што иде. Морето удира бесно. Се слуша завивање на луња како глас на демони кога тргнуваат во поход да уништуваат. Сета Земја се издига и се набира како морски бранови. Нејзината површина пука. Се чини како нејзините темели да попуштаат. Тонат планински синџири. Исчезнуваат населени острови во разбеснетите бранови и морските пристаништа кои по злото се прочуле како Содом. Пред Бога се споменува големиот Вавилон „за да му биде дадена чашата со виното на неговиот јаросен гнев” (Откровение 16,19.20). Ова разурнување го довршува страшен град „тежок околу еден талант” (стих 20, потежок од 30 килограми, заб. на прев.). Најгордите градови на земјата стануваат толпа урнатини. Раскошните палати, на кои световните големци го растурале своето богатство за да се прослават, се распаѓаат пред нивни очи. Ѕидовите на затворите се уриваат и Божјиот народ, кој бил таму затворен заради својата вера, е ослободен. GCMkd 498.2
Гробовите се отвораат „и мнозина од оние што спијат во земниот прав се будат - едни за живот вечен, а други за укор и за вечен срам” (Даниел 12,2). Сите што умреле верувајќи во веста на третиот ангел, излегуваат прославени од своите гробови да го слушнат заветот на Божјиот мир заедно со оние што го држат неговиот Закон, А оние „што го прободоа” (Откровение 1,7), како и оние што му се подбивале на Христа во неговите претсмртни маки и го исмевале, и најогорчените противници на неговата вистина и на неговиот народ, стануваат да го видат во неговата слава и да ги посматраат почестите што ќе им се дадат на верните и послушните. GCMkd 498.3
Небото уште го покриваат густи облаци, но наместа пробива сонце слично на Господовото одмаздничко око. Густите облаци ги сечат разјарени молњи, обвивајќи ја земјата во пламена обвивка. Над страшните татнежи на громовите, таинствени и страшни гласови ја објавуваат судбината на грешниците. Сите нема да ги разберат изговорените зборови, но лажниот учител добро ќе ги разбере. Оние кои до пред малку уште беа толку небрежни, фаленици и пркосни, кои ликуваа во својата свирепост спрема народот што ги држи Божјите заповеди, сега се вчудовидени, совладани и се тресат од страв. Нивните лелеци се слушаат над бучавата на елементите. Демоните го признаваат Христовото божество и се тресат пред неговата моќ, додека луѓето преколнуваат за милост и од страв ползат по правот. GCMkd 499.1
Кога го посматрале во видение Господовиот ден, пророците во старо време извикнувале: „Липајте, зашто денот Господов е близу; иде како разурнувачка сила од Семожниот” (Исаија 13,6). „Влези меѓу пештерите, скриј се во правот, пред Господовиот ужас, пред славата на неговото величество кога ќе стане да ја растресе земјата. Гордиот поглед ќе биде скршен, и човечкото високоумие ќе биде понижено. Само Господ ќе стои високо во тој ден. Зашто иде денот на Господа Саваот против се што е гордо и надуено и против се што е превознесено, и тоа ќе биде понизено.” „Во тој ден човекот ќе ги фрли своите сребрени и своите златни идоли што ги направил за да им се клања, и ќе влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господа и од славата на неговото величие, кога ќе се крене Тој да ја разруши земјата” (Исаија 2,10-12.20.21). GCMkd 499.2
Низ отвор во облаците блескоти ѕвезда чијшто ејај е четирикратно посилен поради темнината што ја опкружува. Таа на верните им ветува надеж и радост, а на престапниците на Божјиот закон строгост и гнев. Оние што жртвувале се за Христа, сега се сигурни, скриени во Господовата сенка. Тие се проверени, и пред светот и пред противниците на вистината ја докажале својата верност кон Оној кој умрел за нив. Кај оние што ја сочувале својата чистота се до смртта се случила прекраена преобразба. Одненадеж тие се ослободени од мрачниот и страшен гнев на луѓето претворени во демони. Нивните лица, до пред малку бледи, загрижени и премалени, сега се озарени од восхит, од вера и љубов. Нивните гласови се слеваат во радосна и победоносна песна: „Бог ни е закрила и сила, секогаш присутна помош во неволја! Затоа, не се плашиме! Па макар и земјата да се разниша, и планините среде морето да пропаднат, и да бучат и да се пенат неговите води, и горите да се тресат од нивните бранови” (Псалм 46Д-3). GCMkd 499.3
Додека се издигнуваат овие зборови на света доверба кон Бога, облаците се повлекуваат и се укажува ѕвездено небо со неискажлива убавина, а на двете страни мрачен и гневен свод. Низ отворените капии блескоти славата на небесниот град. На небото се појавува рака која ги држи двете составени плочи, Пророкот кажува: „Тогаш небесата ја објавија неговата правда, зашто сам Бог е Судија” (Псалм 50,6). Овој свет Закон, Божјата правда, кој е објавен на Синај среде грмежи и пламен за да биде животен водич, сега на луѓето им се открива како мерило на судот. Плочите ги отвора рака, и се гледаат прописите на Десетте заповеди, како да се напишани со пламено перо. Зборовите се толку јасни, што можат сите да ги читаат. Се буди сеќавањето, од секое срце исчезнува темнината на неверувањето и кривоверството, а Десетте кратки, разбирливи, значајни Божји зборови, стојат пред очите на сите жители на земјата. He е можно да се опише стравот и очајот на оние што ги газеле светите Божји прописи. Господ им го дал својот Закон и тие можеле со него да го споредуваат својот карактер и да ги запознаат своите гревови додека уште имало можност за покајание и поправање. Но тие, за да ги почитува светот, ги отстраниле неговите прописи и другите ги учеле да ги престапуваат. Настојувале да го присилат Божјиот народ да ја оскверни неговата сабота. Сега се осудени со оној Закон што го презирале. Со страшна сигурност увидуваат дека немаат никакво оправдување. Самите си избрале на кого ќе му служат и на кого ќе му се клањаат. „И тогаш повторно ќе ја видите разликата меѓу праведникот и безбожникот, меѓу оној кој му служи на Бога и оној кој не му служи” (Малахија 3,18). GCMkd 500.1
Непријателите на Божјиот закон, од свештениците па се до најмалечкиот меѓу нив, сега имаат нов поим за вистината и должноста. Премногу доцна увидуваат дека саботата од четвртата заповед е печат на живиот Бог. Премногу доцна стануваат свесни за вистинската природа на својот лажен ден за одмор и на песочната почва на која ѕидале. Сега им е јаено дека се бореле против Бога. Верските учители душите ги воделе во пропаст, велејќи им дека ги водат кон капиите на рајот. He порано, туку дури на денот на конечната пресметка ќе можат да сфатат колку е голема одговорноста на луѓето кои се во света служба и колку се страшни последиците на нивната неверност. Само во вечноста ќе можеме правилно да ја процениме загубата на една единствена душа. Страшна ќе биде судбината на оној на кого Господ ќе му каже: Оди од мене, зол слуго! GCMkd 500.2
Од небото се слуша Божјиот глас, објавувајќи го денот и часот на Христовото доаѓање и го прогласува вечниот завет со својот народ. Неговите зборови се одгласуваат над земјата како удари на најсилен гром. Божјиот Израел стои и слуша со очи насочени нагоре. Нивните лица се осветлени со неговата слава и светат како лицето на Мојсеја кога слегувал од Синај. Грешниците не можат да гледаат во нив. И кога ќе биде изречен благослов над оние што го почитувале Господа празнувајќи ја неговата сабота, се слуша силен извик на победа. GCMkd 501.1
Набргу на исток се појавува малечок црн облак, со големина на половина човечка дланка. Тоа е облак што го опкружува Спасителот и кој оддалеку изгледа како да е обвиен во мрак, Божјиот народ знае дека тоа е знакот на Синот човечки. Во свечена тишина тие без здив гледаат во него како се приближува кон земјата и станува се појасен и поубав, прераснувајќи во голем бел облак, чијашто основа личи на оган кој уништува, а над него се надвива заветното виножито. Исус оди напред како силен победник. Тој сега не доаѓа како човек на болката, да ја испие горчливата чаша на срамот и маките, туку како победник на небото и земјата, да им суди на живите и мртвите. „Тој се вика Верен и Вистинит; Тој суди и војува праведно.” „А него го придружуваа небесни војски на бели коњи” (Откровение 19,11.14). Со химни на небесни мелодии светите ангели, огромно и безбројно мноштво, го придружуваат на неговиот пат. Небесниот свод изгледа како да е преполн со суштества што блескотат, „десет илјади по десет илјади, и илјада илјади”. Ниту едно човечко перо не може да ја опише оваа глетка; ниту еден ум на смртен човек не е способен да ја сфати неговата слава. „Величеството негово ги покри небесата, и славата негова ја исполни земјата. Болскотот му е како сончева светлина” (Авакум 3,3.4). Кога живиот облак ќе дојде поблизу, секое око ќе го види Кнезот на животот. Неговата возвишена глава не ја нагрдува веќе трнов венец; на неговото свето чело почива славен дијадем. Неговото лице свети посилно од блескотното пладневно Сонце. GCMkd 501.2
„А на неговата наметка и на неговото бедро има напишано име: ‘Цар на царевите и Господар на господарите’” (Откровение 19,16). GCMkd 501.3
Пред неговата појава „лицата на сите им се бледи”. Оние што ја отфрлиле Божјата милост ги обзема страв на вечен очај. „Срцето се топи, колената треперат... а лицата им се потемнети” (Еремија 30,6; Наум 2,10). Праведниците извикуваат тресејќи се: „Кој може да опстане?” Песната на ангелите престанува и настанува време на свечена тишина, Тогаш се слуша Исусовиот глас кој кажува: „Доста ти е мојата благодат.” Лицата на праведниците се озарени и секое срце се исполнува со радост, а ангелите, приближувајќи се кон земјата, пак почнуваат да пеат се посилно. GCMkd 501.4
Царот над царевите слегува на облак, опкружен со огнен пламен. Небесата се виткаат како свиток, земјата се тресе пред него, а сите гори и острови се поместуваат од своите места. „Доаѓа нашиот Бог и не молчи! Пред него врви оган што голта, а околу него - страотна бура! Ги прозива небото и земјата за да му суди на својот народ” (Псалм 50,3.4). „Земните цареви, големците, војсководците, богатите, силните, секој роб и секој слободен човек, се засолнија во пештерите и по горските камењари, велејќи им на горите и на карпите: ‘Паднете врз нас и скријте не од лицето на Оној кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде великиот ден на нивниот гнев и кој може да се одржи?’” (Откровение 6,15-17). GCMkd 502.1
Подбивното исмевање престанува. Замолкнуваат усните што лажеле. Замолкнува ѕвекотот на оружјето и борбениот вик; „облеката натопена со крв ќе изгори” (Исаија 9,5). Сега не се слуша ништо, освен молитва, лелеци и редење. Од усните на оние што пред малку се подбиваа се отима извикот: „Дојде големиот ден на неговиот гнев и кој може да опстане?” Грешниците повеќе сакаат да паднат врз нив горските карпи отколку да се сретнат лице в лице со Оној што го презреле и го отфрлиле. GCMkd 502.2
Тие го познаваат тој глас кој проникнува до ушите на мртвите. Колку пати неговиот благ и нежен глас ги повикувал на покајание! Колку пати го слушнале во трогателните молби на пријателот, на братот, на Откупителот! За оние што ја отфрлиле неговата милост, ниту еден друг глас не ќе биде толку тажен и полн со осуда како оној кој толку долго ги преколнувал: „Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умрете?” (Езекил 33,11). О кога тоа за нив би бил глас на туѓинец! Исус кажува: „Колку пати ве повикував, но вие ме отфрлавте, рака ви подавав, но вие ја одбивавте; моите совети ги отфрлавте, моите укори не ги примавте14 (Мудри изреки 1,24.25). Овој глас буди сеќавања што тие радо би сакале да ги избришат - презрените опомени, одбиените повици и занемарените предимства. GCMkd 502.3
Тука се оние што му се подбивале на Христа во неговото понижување. Со непреодолива сила им доаѓаат на ум зборовите на Маченикот кога го заколнал поглаварот свештенички и кога свечено изјавил: „Отсега ќе го гледате Синот човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа на небесните облаци” (Матеј 26,64). Сите тие го гледаат во неговата слава, и уште ќе го видат како седи од десната страна на Величеството. GCMkd 502.4
Оние што се подбивале на неговите зборови дека е Божји Син, сега се неми. Тука е горделивиот Ирод кој го исмевал неговото царско име и им заповедал на војниците кои му се подбивале да го крунисаат како цар. Тука се истите оние луѓе кои со своите безбожнички раце го облекле во црвена облека, кои ставиле на неговото свето чело трнов венец, а во неговите раце подбивна палка и кои се клањале пред него изговарајќи богохулни зборови. Луѓето што го удирале и го плукале Царот на животот сега се кријат од неговиот прониклив поглед и сакаат да побегнат од големата слава на неговото присуство. Оние што ги приковале неговите раце и нозе со клинови и војникот што ги пробол неговите ребра, овие знаци ги гледаат со страв и со грижа на совеста. GCMkd 503.1
Со ужасна јасност свештениците и старешините се сеќаваат за настаните на Голгота. Морничаво и со ужас си споменуваат како со сатанска радост ги вртеле главите и му довикувале: „Спасуваше други, а не може да се спаси себеси. Ако е Тој цар јудејски, нека слезе од крстот па ќе му поверуваме! Тој се надеваше на Бога, нека го избави сега, штом толку го љуби” (Матеј 27,42.43). GCMkd 503.2
Живо си споменуваат за споредбата на Спасителот за лозарите што одбиле да му го предадат на својот гоеподар плодот на лозјето, кои ги малтретирале неговите слуги и го убиле неговиот Син. Си споменуваат исто така и за зборовите што самите ги изговориле: Господарот на лозјето „злосторниците ќе ги погуби” (Матеј 21,41). Во гревот и казната на тие неверни луѓе свештениците и старешините ја гледаат својата сопствена постапка и својата лична праведна осуда. И сега се слуша извик на смртен страв. Посилно од извикот: „Распни го, распни го!”, кој се разнесувал низ улиците на Ерусалим, се слуша страшен и очаен лелек: „Тој е Син Божји! Тој е виетински Месија!” Тие настојуваат да побегнат од присуството на Царот над царевите. Напразно се обидуваат да се скријат во длабоките пештери на земјата што се создале сред нарушувањата на елементите во природата. GCMkd 503.3
Во животот на сите што ја одбиваат вистината има мигови кога совеста ќе се разбуди, кога сеќавањето ги изнесува на виделина мачните спомени на животот полн со лицемерство, а душата ја мачи залудно каење. Но што е сето тоа споредено со грижата на совеста во оној ден кога „несреќа како бура ќе ве потопи и пропаст како виор ќе ве зграби, кога тешка мака ќе ве уништи” (Мудри изреки 1,27). Оние што решиле да го убијат Христа и неговиот верен народ, сега ја гледаат славата што ги опкружува. Среде своите стравотии тие ги слушаат гласовите на светите во радосен фалбоспев: „Ете, Тој е нашиот Бог, во него се надевавме, Тој не спаси” (Исаија 25,9). GCMkd 503.4
Среде лулањето на земјата, молскањето на молњите и татнежите на громовите, гласот на Божјиот Син ги повикува светите што спијат. Тој својот поглед го насочува кон гробовите на праведниците и тогаш, подигајќи ги рацете кон небото, извикнува: „Разбудете се, разбудете се, разбудете се, вие, што спиете во правот и станете!” По целата Земја мртвите ќе го слушнат овој глас и, оние што ќе го чујат, ќе оживеат. Сега земјата татни од чекорите на огромното мноштво од секое племе, колено, јазик и народ. Тие доаѓаат од темнжната на смртта, облечени во бесмртна слава, триумфирајќи: „О гробе, каде ти е победата? О смрт, каде ти е осилото?” (1. Коринќаните 15,55). А живите праведници и воскреснатите свети, своите гласови ги соединуваат во долг, радосен триумф на победа. GCMkd 504.1
Сите излегуваат од своите гробови исти по раст како што влегле во него. Адам, кој стои среде воскреснатото мноштво, се истакнува по височина и по својот величествен изглед, по раст само малку понизок од Божјиот Син. Неговата става покажува очигледна разлика со луѓето од подоцнежните поколенија; тука се гледа колку човечкиот род се дегенерирал. Но сите стануваат со свежина и сила на вечна младост. Во почетокот човекот бил создаден според Божјиот лик не само по карактерот, туку и по ликот и по изгледот. Гревот ја расипал божествената слика во човекот и речиси ја избришал. Но Христос дошол пак да го воспостави она што е загубено. Тој ќе го преобрази нашето понижено тело и ќе го направи слично на своето прославено тело. Смртното, распадливо тело, лишено од убавината, некогаш опогането со грев, станува совршено, убаво и бесмртно. Сите мани и недостатоци се оставени во гробот. Бидејќи ќе имаат пристап кон плодовите на дрвото на животот од долго загубениот Едем, откупените ќе растат (Малахија 4,2) до мерата на висината на човечкиот род во неговата првобитна слава. Ке бидат отстранети последните преостанати траги на проклетството на гревот, а Христовите верни ќе се појават во слава на нашиот Господ Бог, одразувајќи го совршениот лик на својот Господ со умот, со душата и телото. О прекрасен откуп, за кој толку долго сме разговарале, сме се надевале, сме размислувале, и толку топло сме го очекувале, но кој никогаш не сме го сфатиле потполно! GCMkd 504.2
Живите праведници „наеднаш, за миг”, се преобразени. Со Божјиот глас тие се прославени; сега стануваат бесмртни и со воскреснатите свети се земени во пресрет на Господа на небото. Ангелите ги собираат „своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото” (Марко 13,27). Малечките деца светите ангели ги носат во прегратките на нивните мајки. Пријателите, кои толку долго ги разделила смртта, пак се соединети за никогаш повеќе да не се разделат и со радосни песни се искачуваат заедно во Божјиот град. GCMkd 504.3
Од секоја страна на колата од облак се наоѓаат крилја, а под нив живи тркала, и штом колата ќе крене, тркалата викаат: „Свет”, и крилјата додека се движат, викаат: „Свет”, и придружбата на ангелите вика: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот!” И додека колата се движи кон новиот Ерусалим, избавените извикуваат: „Алелуја!” GCMkd 505.1
Пред да влезат во светиот град, Спасителот своите следбеници ги чести со победнички признанија и ги облекува во знаци на царско достоинство. Околу нивниот Цар, чијашто величествена става е многу повисока од ставата на светите и на ангелите, a лицето му зрачи неискажлива љубов, се поставени сјајни редови во вид на празен четириаголник. Секој поглед на ова безбројно мноштво спасени е насочен кон него; секое око ја гледа славата на Оној чиешто лице „беше нечовечки обезобразено та не личеше повеќе на човек” (Исаија 52,14). На главата на секој победник Исус со својата десница става славна круна што го носи неговото лично „ново име” (Откровение 2,17) и натпис: „Посветен на Господа!” GCMkd 505.2
На секоја рака ii се дава победничка палма и блескотна харфа. A потоа, на знак на ангелот кој дава интонација, секоја рака вешто свири на жиците на харфата, измамувајќи од нив слатка музика, богати и мелодични акорди. Секое срце трепери од неискажлива милина, и секој глас се слева во заедничка песна на благодарноет: „Нему, кој не љуби и кој не ослободи од нашите гревови преку својата крв, и не направи царство, свештеници на својот Бог и Отец - нему слава и власт во вечни векови! Амин” (Откровение 1,5.6). GCMkd 505.3
Пред спасените стои светиот град. Исус ширум ја отвора бисерната порта, и народот што ја одржал вистината влегува во него. Таму тие го гледаат Божјиот рај, татковината на Адама додека уште не згрешил. Тогаш се слуша глас, почудесен од секоја музика што кога и да е слушнало смртното уво: „Вашата борба е завршена!” „Дојдете, благословени од мојот Отец, примете го царството што ви е приготвено од создавањето на светот.” GCMkd 505.4
Сега се исполнува молитвата на Спасителот за своите ученици: „Сакам и оние што си ми ги дал да бидат со мене каде што сум јас.” Христос му ги претставува на Отецот откупените со својата крв, „без грев и без мана... пред својата слава во радост”, и вели: „Еве ме мене и децата што ми ги даде.” „Оние што ми ги даде ги сочував!” О прекрасна спасоносна љубов! О каква радост кога вечниот Отец, гледајќи ги откупените, пак ќе го види својот лик, кога ќе види дека е отстранета нехармонијата што ја предизвикал гревот, кога неговото проклетство е избришано и човекот пак е доведен во целосна хармонија со Бога! GCMkd 505.5
Со неискажлива љубов Исус ги поздравува своите верни во „радоста на нивниот Господар”; радоста на Спасителот се состои во тоа што во царството на славата ги гледа душите кои се спасени со неговото страдање и понижување. А откупените ќе учествуваат во неговата радост кога меѓу спасените ќе ги видат оние што ги задобиле за Христа со своите молитви, со својот труд и пожртвувана љубов. Собрани околу големиот бел престол, нивните срца ќе бидат исполнети со неискажлива радост кога ќе ги видат душите што ги задобиле за Христа и кога ќе видат дека тие задобиле други, а овие пак други, и сите се доведени во пристаништето на мирот, тука да ги положат своите круни пред Исусовите нозе и да го слават во бесконечните времиња на вечноста. GCMkd 506.1
Кога спасените ќе бидат поздравени со добредојде во Божјиот град, низ воздухот се разнесува радосен извик на восхит и слава на Бога. Сега се сретнуваат првиот и вториот Адам. Божјиот Син стои со раширени раце да го пречека таткото на нашиот род - суштеството што го создал Тој, што згрешило против својот Творец и поради чијшто грев Спасителот ги носи знаците на распнувањето. Кога Адам ќе ги забележи трагите од страшните клинови, тој не паѓа на градите на својот Господ, туку понизно се фрла пред неговите нозе, извикнувајќи: „Достојно, достојно е Јагнето што е заклано!” Спасителот нежно го подига и го повикува повторно погледот да го насочи кон Едем од кој толку долго бил истеран. GCMkd 506.2
По неговото изгнанство од Едем, животот на Адама на земјата бил исполнет со тага. Секој овенат лист, секоја принесена жртва, секое несовршенство во ггриродата, која некогаш била толку убава, секоја дамка во човековиот карактер, постојано го потсетувале на неговиот грев. Страшна била болката на каење кога видел како беззаконието се умножува, и кога упатувал опомени добивал како одговор само прекор дека тој го предизвикал гревот. Речиси илјада години со стрплива понизност ја поднесувал казната на својот престап, Искрено се каел за својот грев и се потпирал врз заелугите на ветениот Спасител и така умрел со надеж во воскресение. Божјиот Син го откупил човековиот неуспех и пад, и сега Адам, исчистен од гревот, пак ја добива својата прва власт. GCMkd 506.3
Силно одушевен, тој ги посматра дрвјата што некогаш му создавале радост - истите дрвја од кои некогаш кинел плод во деновите на својата невиност и среќа. Ги гледа лозите што ги одгледувале неговите раце, истото цвеќе што го негувал некогаш со љубов. Неговиот дух ја сфаќа сета стварност на сцените. Тој увидува дека ова навистина е обновениот Едем, само сега многу поубав отколку кога бил истеран од него. Спасителот го води кон дрвото на животот, кине прекрасен плод и му нуди да јаде. GCMkd 506.4
Тој гледа околу себе и забележува мноштво од своето спасено семејство во Божјиот рај. Тогаш својата сјајна круна ја полага пред Исусовите нозе и, фрлајќи се на неговите гради, го прегрнува Откупителот. Тој ја зема во раце златната харфа и низ небесниот свод се ори победоносна песна: „Достојно, достојно, достојно е Јагнето што е заклано, и пак живее!” Адамовото семејство ја прифаќа мелодијата и, полагајќи ги своите круни пред нозете на Спасителот, сите се поклонуваат пред него, оддавајќи му слава. GCMkd 507.1
Ова повторно соединување го посматраат ангелите кои плачеле кога Адам паднал и се радувале кога Исус, по своето воскресение, се вознел на небото, отворајќи излез од гробот за сите што ќе веруваат во него. Сега тие го гледаат делото на спасението довршено и своите гласови ги соединуваат во песна на благодарност. GCMkd 507.2
На кристалното море пред престолот - на стакленото море, кое во толкава мера ја одблеснува Божјата слава, што се чини како од него да пламти оган - собрано е мноштво на оние „што го победија ѕверот и неговата икона, неговиот жиг и бројот на неговото име”. Сто четириесет и четири илјади, кои се откупени од луѓето, стојат на гората Сион со Јагнето, „имајќи Божји харфи”; и „како бучава на силни води, како татнеж на силна грмотевица”, се слуша „глас на харфисти што свират на харфи”. Тие „пееја нова песна” пред престолот, песна што не може никој да ја научи, освен оние сто четириесет и четири илјади. Тоа е песната на Мојсеја и на Јагнето, песна на ослободувањето. Никој, освен оние сто четириесет и четири илјади не може да ја научи таа песна, зашто во неа се внесени нивните искуства - такви искуства какви што немала ниту една друга група. „Тие го придружуваат Јагнето секаде каде што ќе појде.” Земени од земјата меѓу живите, тие се сметаат како „првенци на Бога и на Јагнето” (Откровение 15,2.3; 14,15). „Тие дојдоа од големата неволја”; тие поминале низ времето на страдање какво што никогаш не постоело на земјата откако постојат луѓе; го вкусиле стравот на маките на Јакова. За време не последното излевање на Божјите судови биле без посредник. Но тие се ослободени, зашто „својата облека ја испраа и ја избелија во крвта на Јагнето”. „Во нивната уста не се најде лага; тие се непорочни” (Откровение 14,5). „Затоа се пред Божјиот престол и му служат дење и ноќе во неговиот храм; а Оној што седи на престолот, ќе слезе и ќе живее меѓу нив.” Тие ја виделе земјата опустена со глад, со чума и сонцето кое ги печело луѓето со силна жега, а и самите претрпеле страдања, глад и жед. Но „нема веќе да огладнат, ниту да ожеднат, ниту сонцето ќе ги пече, ниту, пак, некаква жега, зашто Јагнето, кое е среде престолот, ќе ги пасе и ќе ги води на извори на жива вода, а Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи” (Откровение 7,14-17). GCMkd 507.3
Во сите времиња избраниците на Спасителот биле воспитувани и поучувани во школа на неволји. Тие на земјата оделе по тесна патека. Се исчистиле во печката на неволјите. Заради Исуса поднесувале напади, омраза и клевети. Го следеле него низ жестоки борби; поднесувале самооткажување и преживувале горки разо чарувања. Од своето сопствено мачно искуство го запознале злото на гревот, неговата моќ и неговите кобни последици и го гледале со одвратност. Свеста за неизмерната жртва што е принесена за нивното исцелување ги прави малечки во нивните сопствени очи и нивните срца ги исполнува со благодарност и фалба што оние кои никогаш не згрешиле не можат тоа да го сфатат. Тие многу сакаат, зашто многу им е простено. Бидејќи биле учесници во Христовите маки, сега можат да учествуваат во неговата слава. GCMkd 508.1
Божјите наеледници дошле од затвори, од ломачи, од колиби, од подземни пештери, од губилишта, од планините, од пустините и од морските длабини. На земјата живееле „во сиромаштво, во неволја, во срам”. Милиони заминале во гроб жигосани со срам затоа што решително се противеле да им попуштат на измамните барања на сатаната. Човечките судови ги вбројувале меѓу најлошите злосторници. Но сега „судија е Бог” (Псалм 50,6). Сега земните пресуди се оборени. Бог „ќе го укине срамот на својот народ” (Исаија 25,8). „Тие ќе се викаат свет народ, откупеници Господови11 (Исаија 62,12). Тој одредил да им „даде венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух” (Исаија 61,3). Тие не се повеќе бедни, мачени, растурени и угнетувани. Од сега секогаш ќе бидат со Господа. Сега стојат пред престолот, облечени во скапоцена облека каква што никогаш не носеле ниту најугледнжте луѓе на земјата. Накитени се со прекрасни круни, какви што никогаш не се ставени на челата на земните владетели. Деновите на болка и плачење засекогаш поминале. Царот на славата ги избришал солзите од сите лица; отстранета е секоја причина на болката. Под брануваните палмови гранки сега се разлеваат милозвучни и хармонични песни благодарници. Сите ја прифаќаат мелодијата и набргу под небесниот свод се ори химната: „Спасение од нашиот Бог кој седи на престолот и од Јагнето!” А сите небесни жители одговараат во хор: „Амин! Благослов, слава, мудрост, благодарност, чест, моќ и сила на нашиот Бог во сите векови” (Откровение 7,10.12). GCMkd 508.2
Во овој живот само почнуваме да го сфаќаме прекрасното дело на спасението. Со нашиот огранжчен ум можеме највнимателно да ги посматраме срамот и славата, животот и смртта, праведноста и милоста што се сретнале на крстот, па сепак, ни со најголемиот напор на нашите духовни сили не можеме да го сфатиме неговото целосно значење. Должината и ширината, висината и длабината на спасоносната Љубов човекот може само донекаде да ја разбере. Планот на спасението откупените нема потполно да го сфатат ниту тогаш кога ќе гледаат како што се видени и кога ќе познаат како што се познати; низ вечните времиња пред нивниот восхитен дух постојано ќе се откриваат нови вистини. Иако настапил крај на земните грижи, страдања и искушенија, и иако сите причини за нив се отстранети, Божјиот народ секогаш јасно и правилно ќе ја вреднува високата цена што е платена за нивниот откуп. GCMkd 509.1
Христовиот крст ќе биде главен предмет на проучување и песна на откупените низ сета вечност. Во прославениот Христос го гледаат распнатиот Христос. Никогаш нема да заборават дека Оној, чијашто моќ ги создала и ги одржува безбројните светови во вселената, Божјиот мил Син, небесното Величество, Оној пред KOTO се клањале херувимите и светите серафими - се понизил себеси за да го подигне паднатиот човек; дека ја зел на себе кривицата и срамот на гревот и доживеал лицето на Отецот да се скрие од него и болката за еден загубен свет да го скрши неговото срце на крстот на Голгота. Сознанието дека Оној што ги создал сите светови и кој е Судија на сите созданија, ја напуштил својата слава и се понизил од љубов кон човекот, секогаш ќе буди чудење и восхит во вселената. Кога спасените ќе го видат својот Избавител и кога ќе ја забележат на неговото лице вечната слава на Отецот, кога ќе го посматраат неговиот престол, кој е од вечноста, и кога ќе помислат дека неговото царство нема крај, одушевено ќе ја запеат песната: „Достојно, достојно е Јагнето што е заклано и не помири со Бога со својата драгоцена крв!” GCMkd 509.2
Тајната на крстот ги објаснува сите други тајни. Во светлината што свети од Голгота, Божјите особини што не исполнувале со страв и почит ќе изгледаат убави и привлечни. Милоста, нежноста и татковската љубов се соединуваат со еветоста, со праведноста и со вистината. Посматрајќи го Величеството на неговиот висок и возвишен престол, го гледаме неговиот карактер во неговата најнежна љубов и, како никогаш порано, го сфаќаме значењето на она мило ословување: „Оче наш!” GCMkd 509.3
Ќе се види дека Оној, кој е безмерен во мудроста, не можел да создаде ниеден друг план за нашето спасение освен да го жртвува својот Син. Награда за оваа жртва е радоста што земјата ќе ја наследат откупени, свети, среќни и бесмртни суштества. Радоста на откупените што се разнесува во Божја слава низ сета вечност е резултат од борбата на нашиот Спасител со силите на темнината. Вредноста на само една човечка душа е толку голема, што Отецот е задоволен со цената што е платена, а и сам Христос е задоволен гледајќи ги плодовите на својата голема жртва. GCMkd 510.1
*****