ГОЛЕМАТА БОРБА

40/43

39—BPEME HA ГОЛЕМА НЕВОЛЈА

_______________

„Во тоа време ќе се крене големиот кнез, Михаел, кој ги брани синовите на твојот народ. Тоа ќе биде време на страдање какво што немало откако постојат луѓе па се до тогаш. Во тоа време ќе се спаси твојот народ - сите што ќе се најдат запишани во книгата” (Даниел 12,1). GCMkd 480.1

Кога ќе заврши проповедањето на третата ангелека вест, милоста нема веќе да посредува за грешните жители на Земјата. Божјиот народ го завршил своето дело. Тој го примил „позниот дожд”, „освежување од Господовото лице”, и подготвен е за часот на искушението што е пред него. Ангелите брзаат насекаде на небото. Еден ангел, враќајќи се од земјата, објавува дека неговото дело е завршено. На светот настапило последното искушение и сите што се покажале верни кон Божјите прописи примиле „печат на живиот Бог”. Тогаш Исус престанува со својата посредничка служба во небесното Светилиште. Тој ги подига рацете и гласно изговара: „Се сврши!”, а сите ангелски чети ги симнуваат своите круни додека Исус свечено објавува: „Оној кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е осквернет, нека се осквернува уште, и кој е праведен нека врши уште праведност; и кој е свет, нека станува уште посвет” (Откровение 22,1). Секој случај е решен за живот или за смрт. Христос го извршил помирувањето за својот народ и ги избришал неговите гревови. Бројот на неговите приврзаници е пополнет; „царството, власта и величеството под сето небо” ќе им бидат дадени на наследниците на спасението, а Исус ќе владее како Цар над царевите и Господар над господарите. GCMkd 480.2

Кога Исус ќе го напушти Светилиштето, земните жители ќе ги покрие темнина. Во тоа страшно време праведниците мора да живеат без посредник пред светиот Бог. Силата која до сега ги задржувала грешните е отстранета, и сатаната има целосна власт над грешниците кои не се покајале. Божјето трпение е завршено. Светот ја отфрлил неговата милост, ја презрел неговата љубов и го погазил неговиот Закон. Грешните ги пречекориле границите на времето на милоста што им било дадено. Божјиот Дух, на кого толку упорно му се противеле, најпосле се повлекол од нив. Незаштитени co Божјата милост, тие се без заштита пред нечестивиот. Тогаш сатаната земните жители ќе ги турне во голема, последна неволја. Кога Божјите ангели ќе престанат да ги задржуваат страшните луњи на човечките страсти, ќе бидат одврзани сите елементи на судирот. Цел свет ќе биде вовлечен во пропаст што ќе биде пострашна од онаа што некогаш го снашла Ерусалим. GCMkd 480.3

Еден единствен ангел ги убил сите првенци на Египќаните и сета земја ја исполнил со лелек. Кога Давид му згрешил на Бога пребројувајќи го народот, еден ангел го предизвикал она страшно пустење со кое е казнет неговиот грев. Истата разурнувачка моќ што ја покажале светите ангели кога Бог заповедал, ќе ја покажат и лошите ангели кога Тој ќе го дозволи тоа. Тие сили сега се подготвени и само чекаат божествена дозвола насекаде да сеат пустење. GCMkd 481.1

Оние што го почитуваат Божјиот закон ќе бидат обвинети дека ги предизвикале казните што го погодиле светот и ќе бидат сметани како причина за страшните нарушувања во природата, за судирите и крвопролевањата меѓу луѓето, што земјата ја исполнуваат со лелек. Силата којашто ја следи последната опомена ги разгневува грешните. Нивниот гнев се распалува против сите што ја прифатиле веста, а сатаната со уште поголема жестокост разгорува дух на омраза и прогонство. GCMkd 481.2

Кога Божјето присуство конечно се повлекло од еврејскиот народ, ниту свештениците ниту народот не го знаеле тоа. Иако под власт на сатаната и проникнати со најстрашни и најлоши страсти, тие се уште себеси се сметале за Божји избраници. Службата во храмот и натаму се вршела. На оеквернетите олтари се принесувале жртви и врз народот, кој бил виновен за крвта на Божјиот Син и кој се обидувал да ги убие неговите слуги и апостоли, повикуван е божествен благослов. Така, кога ќе биде изречена неотповиклива одлука во небесното Светилиште и кога судбината на светот засекогаш ќе биде запечатена, земните жители за тоа нема ништо да знаат. Народот, од чијашто средина Божјиот Дух конечно се повлекол, ќе продолжи да ги извршува своите верски формалности, а сатанската ревност со која ќе ги исполни кнезот на злото за да ги извршат неговите пеколни намери, ќе наликува на ревност за Божјето дело. GCMkd 481.3

Бидејќи празнувањето на седмичниот ден за одмор, саботата, станало предмет на судир во целото хриетијанство, и бидејќи верските и световните авторитети се обединиле за да наметнат законска обврска за празнување на неделата, упорното одбивање на незначителното малцинство да се покори на барањето на мнозинството, неговите припадници ќе ги изложи на презир. Сите ќе истакнуваат дека малцинството, кое им се противи на Црквата како установа и на законот на државата, не заслужува никаков обѕир и дека ќе биде подобро да страдаат неговите припадници отколку цели народи да бидат турнати во збрка и беззаконие. Со истиот аргумент се послужиле еврејските старешини против Христа пред деветнаесет векови (пишувано кон крајот на 19 век, заб. на прев,). „Подобро за нас е” рекол лукавиот Кајафа, „да умре еден човек за народот, отколку сиот народ да пропадне” (Јован 11,50). Оваа причина ќе им се стори уверлива, па конечно ќе биде издаден декрет против оние кои го празнуваат денот за одмор сообразно со четвртата заповед, обвинувајќи ги како злосторници кои заслужуваат најтешка казна, и давајќи им на луѓето слобода по истекот на одредено време да ги убијат. Римското свештенство на стариот свет и отпаднатиот протестантизам на новиот свет ќе постапуваат на ист начин кон оние кои ги почитуваат сите Божји прописи. GCMkd 481.4

Тогаш за Божјиот народ ќе настапи време на жалост и очај, кое пророкот го опишува како време на Јаковови маки: „Вака вели Господ: слушам глас на ужас; тоа се стравотии, а не мир... Зошто сите лица се изобличени и бледи? Леле, голем е овој ден, нема сличен на него; тоа е време на Јаковови маки, но сепак, ќе се избави од нив” (Еремија 30,5-7). GCMkd 482.1

Ноќта на стравот на Јакова, кога се молел за избавување од рацете на Исава (1. Мојсеева 32,24-30), го претставува искуството на Божјиот народ во времето на големата неволја. Поради измамата што ја извршил за да го добие благословот на својот татко, кој бил одреден за Исава, Јаков, уплашен од смртните закани на својот брат, побегнал за да го спаси животот. Бидејќи многу години живеел како изгнаник, по Божја заповед тргнал на пат со своите жени, деца и стада, да се врати во родниот крај. Пристигнувајќи до границата на својата татковина, страшно се уплашил кога слушнал дека Исав се приближува со чета борци, без сомнение со намера да му се одмазди. Се чинело дека невооружената и незаштитена придружба на Јакова ќе падне како беспомошна жртва на насилство и колеж. Кон овие грижи и страв додатно и тешко бреме било сознанието за сопствената вина, зашто причина за оваа опасност бил неговиот личен грев. Негова единствена надеж била Божјата милост. Негова единствена одбрана била молитвата. Сепак, тој од своја страна не пропуштил ништо за да ја поправи неправдата сторена на неговиот брат и да ја одврати опасноста што му се заканувала. Така треба и Христовите следбеници, додека се приближуваат кон времето на неволјата, да сторат се пред народот да се покажат во вистинска светлина, да ги разоружаат предрасудите и да ја одвратат опасноста што it се заканува на слободата на совеста. GCMkd 482.2

Откако го пратил своето семејство на другата страна на потокот за да не ја види неговата мака, Јаков останува сам да се моли на Бога. Тој ги исповеда своите гревови и со благодарност ја признава Божјата милост кон себе, повикувајќи се во длабока понизност на заветот направен со неговите татковци и на ветувањето што му е дадено онаа ноќ во видението во Ветил и во земјата на прогонството. Настапил решавачки миг во неговиот живот; се стоело на коцка. Во мрак и во самотија тој продолжува да се моли и да се понизува пред Бога. Одненадеж некој спушта рака врз неговото рамо. Си помислува дека некој непријател сака да му го одземе животот и со сета сила, очајно почнува да се бори со напаѓачот. Кога почнало да осамнува, странецот употребил натчовечка сила. При допирот со него, силниот човек изгледал како парализиран и плачејќи, како немоќен молител, паднал околу вратот на својот таинствен противник. Сега Јаков дознал дека оној со кого се борел е заветниот Ангел. Иако бил онеспособен за борба и поднесувал силни болки, тој не ја напуштал својата намера. Долго поднесувал немир, грижа на совеста и болка поради својот грев; сега морал да се увери дека му е простено. Се чинело небесниот посетител како да сакал да си замине, но Јаков цврсто го држел молејќи го за благослов. Ангелот инсистирал: „Пушти ме, зора е!” Но патријархот извикнал: „Нема да те пуштам додека не ме благословиш!” Каква сигурност, каква решителност и истрајност се открива овде! Да било тоа фаленичко и дрско барање, Јаков веднаш би бил уништен. Но тој зборувал со таква сигурност каква што може да има само оној што ја признава својата слабост и недостојност, а сепак, се надевал во милоста на Бога кој го држи својот завет. GCMkd 483.1

„Се бореше со Ангел и го совлада” (Осија 12,5). Со понизност, со покајание и со преданост, овој грешен, заблуден смртник, го победил небесното Величество. Тој, треперејќи, се потпрел врз Божјите ветувања, а срцето на неизмерната љубов не можело да ја одбие молбата на грешникот. Како доказ за неговата победа и за охрабрување на другите да го следат неговиот пример, неговото име, кое потсетувало на неговиот грев, променето е во друго, кое потсетува на неговата победа. А фактот дека Јаков се борел со Бога и победил бил гаранција дека и луѓето ќе победат. Тој не се плашел повеќе од гневот на својот брат, зашто Господ бил негова заштита. GCMkd 483.2

Сатаната го обвинил Јакова пред Божјите ангели истакнувајќи дека има право да го уништи поради неговиот грев. Тој го насрчил Исава да појде против него; и додека патријархот се борел цела ноќ, сатаната настојувал да го засили кај него чувството на вината за да го обесхрабри и да го скрши неговото надевање во Бога. Јаков западнал речиси во очај, но знаел дека без помош од небото ќе пропадне. Искрено се покајал поради својот голем грев и се потпрел врз Божјата милост. He дозволил сатаната да го одврати од целта, туку цврсто го прегрнал Ангелот и продолжил да ја изнесува својата молба сериозно, болно пекајќи, додека не победил. GCMkd 483.3

Како што го разјарил Исава да тргне против Јакова, исто така сатаната во времето на големата неволја ќе ги насрчува грешните да го уништат Божјиот народ. И како што го обвинил Јакова, така ќе го обвинува и Божјиот народ. Тој светот го смета за свои приврзаници, но малечката група што ги држи Божјите заповеди не ја прифаќа неговата превласт. Кога би можел да ја избрише од земјата, неговата победа би била целосна. Тој гледа дека светите ангели ги чуваат и сфаќа дека нивните гревови ее простени, но не знае дека нивните случаи се решени во небесното Светилиште. Тој точно ги познава гревовите на кои ги навел и ги изнесува пред Бога во зголемена светлина, тврдејќи дека тој народ заслужува да биде лишен од Божјата милост како и самиот тој. Тој тврди дека Господ не може во својата праведност да им ги прости гревовите ним, а него и неговите ангели да ги уништи. Тој полага право над нив како на свој плен и бара да бидат предадени во негови раце да ги уништи. GCMkd 484.1

Додека сатаната го обвинува Божјиот народ поради неговите гревови, Господ му дозволува да ги искушува до крајни граници. Нивната сигурност во Бога, нивната вера и решителност, ќе бидат тешко искушани. Кога гледаат во минатото, нивната надеж паѓа, зашто во целиот свој живот можат да видат само малку добро. Потполно се свесни за својата слабост и недостојност. Сатаната се труди да ги уплаши со мислата дека нивниот случај е безнадежен и дека дамката на нивната нечистота не може никогаш да се испере. Се надева дека во толкава мера ќе ја уништи нивната вера, што тие ќе попуштат во неговите искушенија и дека ќе се откажат од својата преданост кон Бога. GCMkd 484.2

Иако Божјиот народ ќе биде опкружен со непријатели кои ќе настојуваат да го уништат, сепак, стравот што го поднесува тој не е страв од прогонетвата заради вистината; тој се плаши од тоа дека можеби не се покајал за секој свој грев и дека поради некоја своја грешка ќе биде лишен од ветувањето на Спасителот според кое ќе го „сочува од часот на искушението што ќе дојде врз целиот свет”. Кога би знаеле сигурно дека гревовите им се простени, не би ce плашеле од измачувањата и од смртта; но, ако бидат недостојни и ако го загубат својот живот поради некоја грешка во својот карактер, тогаш Господовото свето име ќе биде осрамотено. GCMkd 484.3

Од сите страни слушаат за заговори од предавниците и гледаат буни; кај нив се јавува силна желба, сериозен копнеж на душата да се сврши веќе тој голем отпад и да и се стави крај на злобата на грешните. Но, додека се молат на Бога да го спречи бунтот, тие самите себееи си префрлаат што немаат сила да и се противстават на моќната струја на злото и да ја запрат. Кога сите свои способности би ги употребиле во Христовата служба и кога постојано би напредувале во силата, тие чувствуваат дека силите на сатаната не би имале толкава моќ да ги напаѓаат - тоа се мисли кои прогонуваат. GCMkd 485.1

Тие ги мачат своите души пред Бога укажувајќи на поранешното покајание за мноштвото свои гревови и повикувајќи се на ветувањето на Спасителот: „Нека се стави под моја заштита, нека склучи мир со мене, нека склучи мир со мене” (Исаија 27,5). Нивната вера не се колеба затоа што нивните молитви не се веднаш примени. Иако поднесуваат најголем страв, ужас и неволја, сепак, не престануваат да се молат. Тие се фаќаат за Божјата сила како и Јаков цврсто што го држел Ангелот, зашто и молитвата на нивната душа гласи: „Нема да те пуштам додека не ме благословиш!” GCMkd 485.2

Кога Јаков не би се покајал за својот грев што го направил кога со измама го добил првенството, Бог не би ја примил неговата молитва и не би го сочувал милостиво неговиот живот. Така и Божјиот народ, за време на големата неволја би бил победен кога би имал непокајани гревови од минатото што би излегувале пред него додека го мачи страв. Очај би ја задушил нивната вера и тие не би биле сигурни да се борат со Господа за избавување. Но, иако длабоко се свесни за својата недостојност, сепак, не можат да откријат ниту еден скриен грев. Нивните гревови уште порано биле изнесени пред судот и избришани и затоа тие не се сеќаваат веќе на нив. GCMkd 485.3

Сатаната мнозина наведува да веруваат оти Бог не обрнува внимание на нивното неверство во малечките работи; но во своето постапување со Јакова Господ покажува дека Тој во никој случај не го одобрува ниту го трпи злото. Сите што се трудат своите гревови да ги оправдаат или да ги прикријат и што дозволуваат да стојат во небесните книги непризнати и непростени, ќе бидат победени од сатаната. Колку повеќе се сметаат побожни и колку заземаат повисока положба, толку потежок е нивниот случај во Божјите очи и посигурна победата на нивниот непријател. Оној што ги одложува своите подготовки за Господовиот ден, не може да го постигне тоа во времето на големата неволја ниту во кое и да е подоцнежно време. Неговиот случај е безнадежен. GCMkd 485.4

Христијаните по име, кои ќе влезат неподготвени во онаа страшна последна борба, во очај и со голем страв ќе ги признаат своите гревови, додека грешните ќе се радуваат за нивната мака. Овие признавања се слични на признавањата на Исава и на Јуда. Тие што постапуваат така, плачат поради последиците на престапот, а не поради својата вина. Тие не чувствуваат никакво вистинско каење ниту одвратност кон гревот. Тие го признаваат својот грев од страв од казна; но, како и фараонот некогаш, тие пак би му се противеле на Бога кога казните би биле повлечени. GCMkd 486.1

Случајот на Јакова исто така е доказ дека Бог нема да ги отфрли оние што биле измамени, искушани и наведени на грев, но се обратиле на Бога со искрено каење. Додека сатаната се обидува да ги уништи овие луѓе, Бог ги праќа своите ангели да ги тешат и да ги заштитат за време на опасноста. Нападите на сатаната се остри и решителни и неговите измами страшни, но окото Господово бдее над неговиот народ и неговите уши го слушаат нивниот вик. Нивната неволја е голема; се чини дека ќе ги голтне пламен на огнена печка; но Бог, како леар, ќе ги спроведе низ огнот, како скапоцено злато што се пречистува во оган. Божјата љубов кон неговите деца за време на нивното најтешко искушение е исто толку силна и нежна како и во деновите на нивната најголема благосостојба, но заради нив потребно е да поминат низ огнена печка. Се што е земно во нив мора да изгори за да можат целосно да го одблеснуваат Христовиот лик. GCMkd 486.2

Времето на неволја и стравот што е пред нас ќе бара вера што може да поднесе маки, откажувања и глад, вера што нема да се поколеба иако ќе биде тешко искушана. Времето на милоста им се дава на сите за да се приготват за тоа време. Јаков победил зашто бил истраен и решителен. Неговата победа е доказ за силата на истрајната молитва. Сите што се потпираат врз Божјето ветување на ист начин, кои се сериозни и истрајни како него, ќе постигнат ист успех. Оној што не е подготвен да се откаже од самиот себе, да се понизи пред Бога и долго и сериозно да се моли за негов благослов, нема ни да го добие. Да се бориш со Бога - малцина знаат што значи тоа! Колку малку се оние кои кога било излегле нред Бога со длабок копнеж кој силно ги поткренал сите сили на нивното битие! Кога душата на молителот ќе ја преплават бранови на очај, кои никакви зборови не можат да ги изразат, колку ретки се оние кои со непоколеблива вера се потпираат врз Божјите ветувања! GCMkd 486.3

Тие што сега имаат само малку вера, се наоѓаат во голема опасност да потклекнат пред силата на сатанските измами и декретот кои ќе извршат насилството над совеста. Па дури и ако ги издржат искушенијата, сепак, во времето на големата неволја ќе поднесуваат длабока жалост и страв, зашто не навикнале да се потпираат врз Бога. Лекциите на верата што не ги научиле на време, ќе мора да ги учат под страшен притисок на обесхрабрување. GCMkd 487.1

Сега треба да се запознаеме со Бога и да ги провериме неговите ветувања. Ангелите запишуваат секоја сериозна и искрена молитва. Побргу треба да се откажеме од себичните задоволства, отколку да ја занемариме заедницата со Бога. Најголемото сиромаштво и самооткажување со него се подобри од сите богатства, од честа, од удобноста и од сите пријателства без него. Мораме да најдеме време за молитва. Ако дозволиме световните интереси да го окупираат нашиот дух, Бог можеби ќе ни даде време така што ќе ни ги одземе нашите идоли кои се состојат од злато, од куќи и од плодна земја. GCMkd 487.2

Младината не би била наведена на грев кога би одбила да следи кој било друг пат освен оној на кој може да бара Божји благослов, Кога весниците што му ја објавуваат на светот последната свечена опомена би барале Божји благослов - не студено, рамнодушно и немарно, туку срдечно и со вера како Јаков - тогаш често би имале прилика да кажат: „Бога го видов лице в лице и мојата душа се избави” (1. Мојсеева 32,30). Небото би ги сметало за кнезови, зашто би имале сила да победат во својата борба со Бога и со луѓето. GCMkd 487.3

Наскоро ќе настапи „време на страдање какво што не постоело никогаш”, и тогаш ќе ни биде потребно искуство што сега го немаме, а кое мнозина занемаруваат да го стекнат, Често очекуваните неволји ги преувеличуваме, но тоа не е случај со неволјата што е пред нас. Најбујната мечта не може да замисли колку тешко ќе биде искушението. Во тоа време на искушение секоја душа ќе мора да стои сама за себе пред Бога. „Ако Ное, Даниел и Јов би биле во неа, жив да сум јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души” (Езекил 14,20). GCMkd 487.4

Сега, додека нашиот Поглавар свештенички врпш помирување за нас, треба да настојуваме да бидеме совршени во Христа. Дури ниту со една единствена мисла натпиот Спасител не попуштил пред силата на искушението. Сатаната наоѓа во човечките срца некое место што може да го искористи како свое упориште. Се одгледува по некоја грешна наклоност во која неговите искушенија ја покажуваат својата сила. Но Христос рекол за себе: „Иде кнезот на овој свет, но тој нема ништо со мене” (Јован 14,30). Сатаната не можел да најде во Божјиот Син ништо што би му овозможило да извојува победа над него. Исус ги одржал заповедите на својот Отец и кај него немало грев со кој сатаната би можел да се послужи во своја корист. Тоа е состојба во која мора да се најдат сите што сакаат да се одржат во времето на големата неволја. GCMkd 487.5

Уште во сегашниот живот мораме со вера во Христовата крв на помирување да го отстраниме од нас гревот. Нашиот драгоцен Спасител не повикува да се соединиме со него, нашите слабости да ги здружиме со неговата сила, нашето незнаење со неговата мудрост, нашата недостојност со неговите заслуги. Божјето провидение е школа во која мораме да ја научиме Христовата кротост и понизност. Господ секогаш пред нас ја става вистинската животна цел, а не патот што би сакале да го избереме ние, кој ни изгледа полесен и поугоден. Наша должност е да соработуваме со орудијата што ни ги става Небото на располагање за нашиот карактер да го изградиме според Христовиот. Секој што ќе го занемари или ќе го одложи ова дело, евојата душа ја изложува на страшна опасност. GCMkd 488.1

Апостол Јован слушнал во видение глас од небото кој извикнал: „Тешко вам, на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе кај вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време” (Откровение 12,12). Страшни се сцените што го предизвикале овој извик. Гневот на сатаната расте сообразно со скусувањето на неговото време, a неговото дело на измама и разурнување ќе го постигне својот максимум во времето на големата неволја. GCMkd 488.2

Наскоро на небото ќе се покажат страшни појави со натприроден карактер како доказ на моќта на демоните кои прават чуда. Духовите ѓаволски ќе одат кај земните цареви низ цел свет да ги измамат и да ги поттикнат да се здружат со сатаната во неговата последна битка против небесното владеење. Така со помош на овие орудија владетелите и нивните приврзаници ќе бидат измамени. Ке се подигнат луѓе кои ќе тврдат дека се христоси и ќе бараат чест и обожавање што му припаѓаат на Откупителот на светот. Тие ќе извршат чудесни исцелувања и ќе тврдат дека од небото добиле откровенија што им противречат на сведоштвата на Светото писмо. GCMkd 488.3

Во завршниот чин на големата измама, лично сатаната ќе се прикаже како Христос. Црквата долго тврдела дека го чека доаѓањето на Спасителот да ги исполни нејзините надежи. Сега големиот измамник ќе создаде впечаток дека Христос веќе дошол. Во разни краишта на светот сатаната ќе се појави меѓу луѓето како величествено суштество со блескотен сјај, кое ќе биде слично на описот на Божјиот Син во Откровението на апостол Јован (Откровение 1,13-15). Славата што ќе го опкружува ќе надмине се што кога и да е видело смртно око. Низ воздухот ќе се разнесува триумф на победа: „Христос дошол, Христос дошол!” Народот ќе паѓа ничкум пред него обожавајќи го; тој ќе ги подигне рацете и ќе ги благослови како Христос што ги благословувал своите ученици кога живеел на земјата. Неговиот глас ќе биде мек и придушен, но мелодичен. Со благ и чувствителен тон ќе изнесува некои прекрасни небесни вистини што ги изнесувал Спасителот. Ке лекува болести кај народот и ќе тврди, како да е христос, дека саботата ја променил со недела и на сите ќе им заповеда да го празнуваат денот што тој го благословил. Ке каже дека оние кои упорно го празнуваат седмиот ден, го обесчестуваат неговото име, зашто одбиваат да ги слушаат неговите ангели што ги пратил кај нив со светлина и вистина. Ова ќе биде силна, речиси непреодолива измама. Како Самарјаните што ги измамил Симон вражарот, народот, од малечко до големо, ќе ја прифати оваа измама и ќе вели: „Ова е голема Божја сила” (Дела 8,10). GCMkd 488.4

Но Божјиот народ нема да биде заведен. Учењата на овој лажен христос не се во согласност со Светото пттсмо. Неговиот благослов ќе биде изречен над почитувачите на ѕверот и на неговата икона - токму над оние луѓе за кои Библијата кажува дека врз нив ќе биде излеан целосен Божји гнев. GCMkd 489.1

Меѓутоа, на сатаната нема да му биде дозволено да го имитира начинот на Христовото доаѓање. Спасителот својот народ го предупредил во овој поглед и точно го опишал своето доаѓање: „Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ќе покажат големи знаци и чуда за да ги прелажат, ако е можно, и избраните... И така, ако ви речат: ‘Ене го в пустина!’ - не излегувајте! ‘Ене го во тајни соби! ‘ - не верувајте. Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, такво ќе биде доаѓањето на Синот човечки” (Матеј 24,24-27.31; 25,31; Откровение 1,7; 1. Солуњаните 4,16.17). He е можно да се имитира ова доаѓање. Тоа ќе биде сеопшто познато - сите ќе го видат. GCMkd 489.2

Само оние кои ревносно го истражуваат Светото писмо и кои имаат љубов кон вистината, ќе бидат заштитени од големата измама што ќе го зароби сиот свет. Со помош на сведоштвата на Светото писмо тие ќе го откријат престорениот измамник. За сите луѓе ќе наетапи време на проверка. Вистинските христијани ќе се откријат со просејување (решетење) што ќе го предизвика ова искушение. Дали Божјиот народ денеска е толку цврсто утврден на неговата Реч за да не се потпира врз своите сетила? Дали во овој решавачки час ќе се потпира врз Библијата, само врз Библијата? Сатаната ќе се обидува да ги спречи да се приготват за да се одржат во оној ден. Тој ќе преземе се на Божјите деца да им го затвори патот, да ги зароби со земни богатства, да ги натовари со тежок и мачен товар со цел срцето да го преоптоварат со световни грижи и денот на искушението да ги затече како крадец. GCMkd 489.3

Бидејќи декретот, издаден од разни христијански владетели против оние што ги држат Божјите заповеди ќе ги лиши од заштита на властите и ќе ги препушти во рацете на оние што сакаат да ги уништат, Божјиот народ ќе ги напушти градовите и селата, ќе се собира во групи и ќе живее во пусти и осамени места. Мнозина ќе најдат прибежиште во планините. Како христијаните на пиемонтските долини, високите гори ќе ги претворат во свои светињи и ќе му благодарат на Бога за засолништата „на карпите” (Исаија 33,16). Но мнозина, од сите народи и сите сталежи, виеоки и ниски, богати и бедни, црни и бели, ќе бидат фрлени во најнеправедно и најсвирепо ропство. Божјите галеници ќе поминуваат тешки денови, врзани во синџири, во затвор, осудени на смрт, a некои во мрачни и одвратни ќелии, привидно препуштени на смрт од глад. Ниедно уво не ќе сака да ги слушне нивните пекања; ниту една човечка рака не ќе биде подготвена да им помогне. GCMkd 490.1

Дали Бог ќе го заборави својот народ во овој час на искушение? Дали го заборавил верниот Ное кога претпотопниот свет бил погоден со казни? Дали го заборавил Лот кога од небото паднал оган да ги спали градовите во низината? Дали го заборавил Јосифа, опкружен со незнабошци во Египет? Дали го заборавил Илија кога Езавела му се заканила дека ќе ја подели судбината на Валовите пророци? Дали го заборавил Еремија во мрачната и страшна јама? Дали ги заборавил тројцата храбри момчиња во огнената печка? Или Даниела во лавовската јама? GCMkd 490.2

„Сион рече: ‘Me остави Господ, мојот Бог ме заборави/ Може ли жена да го заборави своето доенче, да не се смилува на чедото на својата утроба? А и кога би го заборавила, јас тебе нема да те заборавам. Ете, на своите дланки сум те врежал” (Исаија 49,14-16). „Запгго, кој гиба во вас, гиба во зеницата на моето око” (Захарија 2,8). GCMkd 490.3

Иако непријателите можат да ги фрлат во затвори, сепак, ѕидовите на затворите не можат да ја прекинат врската меѓу нивните души и Христа. Еден, кој познава секоја нивна слабост, кој е запознат со сите нивни искушенија, е повисок од сите земни сили, и ангелите ќе ги посетат во нивните осамени ќелии и ќе им донесат небесна светлина и мир. Затворот ќе биде како палата, зашто тука ќе престојуваат оние што се богати со вера, и мрачните ѕидови ќе бидат осветлени ео небесна светлина како тогаш кога Павле и Сила се молеле и пееле песни благодарници онаа ноќ во затворот во Филипа. GCMkd 490.4

Божји судови ќе ги погодат сите што ќе се обидат да го угнетуваат или да го уништат неговиот народ. Големото Божје трпение кон грешните ги охрабрило луѓето да прават зло, но нивната казна, иако толку долго одложувана, нема поради тоа да биде помалку сигурна и страшна. „Зашто Господ ќе се крене, како на гората Ферасим; ќе се разгневи како во Гаваонската долина за да го изврши своето дело, своето необично дело, и да ја заврши својата работа, својата чудна работа” (Исаија 28,21). На нашиот милостив Бог казнувањето му е нешто туѓо. „Кажи им, жив сум јас, вели Господ Бог: He мие мила смртта на грешникот” (Езекил 33,11). Господ е „милосрден и милоетив”. Тој ги проштава „беззаконијата, неправдите и гревот”. Сепак, Тој не го остава виновникот без казна. „Господ е бавен во гневот, но силен во моќта. He, Господ не го пушта виновникот неказнет” (2. Мојсеева 43,6.7; Наум 1,3). Со страшна праведност ќе го одбрани авторитетот на својот погазен Закон. Строгата казна што ги чека престапниците се гледа од Господовото одложување да го изврши судот. Народот со кој имал долго трпение и кого не сака да го удри додека не ја наврши мерката на неправдата пред Бога, најпосле ќе мора да ја испие чашата на гневот неразреден со милост. GCMkd 491.1

Кога Христос ќе ја заврши евојата посредничка служба во небесното Светилиште, врз оние што му се клањаат на ѕверот и на неговата икона, и кои го примиле неговиот жиг, ќе се излее неразреден гнев (Откровение 14,9.10). Казната што се излеала врз Египет, кога Бог имал намера да го ослободи Израел, е слична по карактерот на оние страшни и поголеми казни што ќе го снајдат светот токму пред конечното ослободување на Божјиот народ. Писателот на Откровението, опишувајќи ги овие страшни казни, вели: „Се појави лоша и лута рана на луѓето кои го имаа жигот на ѕверот и кои се поклонуваа на неговата икона.” „Морето стана како крв од мртовец и умре секое живо суштество во него...” Реките и водните извори „станаа крв”. Колку и да се страшни овие судови, сепак, Божјата правда е наполно оправдана. Божјиот ангел кажува: „Праведен си Господе... што им пресуди така; зашто тие ја пролеаја крвта на светите и на пророците, а ти крв им даде да пијат; тоа и го заслужуваат” (Откров. 16,2-6). GCMkd 491.2

Осудувајќи го Божјиот народ на смрт, навлекле на себе кривица за нивната крв како да ја пролеале со свои раце. На ист начин Евреите во свое време Христос ги прогласил виновни за сета крв на светите што е пролеана од деновите на Авела, зашто тие имале ист дух како и убијците на пророците и сакале да го извршат истото дело. GCMkd 491.3

Во казната што следи, на Сонцето ќе му биде дадена сила „да ги пече луѓето со оган. И луѓето гореа од силна жега” (Откровение 16,8.9). Еве како ја опишуваат пророците состојбата на земјата во тоа страшно време: „Опустошено е полето, тагува земјата, оти е уништено житото.” „Сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и радоста кај синовите човечки исчезна.” „Изгниени се зрната во своите лушпи, запустени се житниците.” „Ете, стенка добитокот, нажалени одат стадата говеда, зашто нема за нив пасиште... бидејќи секна водата во потоците и оган ги изгоре пасиштата во пустината.” „Песните црковни во оној ден ќе се претворат во ридање, вели Господ Бог; ќе има многу трупови, ќе ги фрлаат насекаде молчешкум” (Јоил 1,10-12.17-20; Амос 8,3). GCMkd 492.1

Овие зла нема да бидат сеопшти, зашто инаку сите земни жители би биле уништени. Сепак, тие ќе бидат најстрашен камшик што кога и да е им бил познат на смртните луѓе. Сите казни што ги снаоѓале луѓето пред крајот на времето на милоста биле помешани со милост. Христовата крв ги штитела грешниците да не ја примат полната мерка на казната за својата вина. Но на последниот суд Божјиот гнев ќе се излее неразреден со милост. GCMkd 492.2

Во оној ден мнозина ќе посакаат заштита од божествената милост што толку долго ја презирале. „Ете, настапуваат дни, вели Господ Бог, кога ќе испратам на земјата глад - не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање на зборовите Господови. И ќе скитаат од море до море, талкајќи од север до исток, барајќи ја Речта Господова, но нема да ја најдат” (Амос 8,11.12). GCMkd 492.3

Божјиот народ нема да биде поштеден од страдања. Но, иако ќе биде прогонуван и малтретиран, иако ќе поднесува скудност и ќе страда од недостиг на храна, сепак, нема да изгине. Бог, кој се погрижил за Илија, нема да заобиколи ниту едно од своите самопожртвувани деца. Оној што ја изброил косата на нивната глава, ќе се грижи за нив, и за време на гладот нема да чувствуваат недостиг. Додека грешните ќе умираат од глад и од чума, ангелите ќе ги штитат праведните и ќе ги задоволуваат сите нивни потреби. На оној што „оди во правда” му е дадено ветување: „Ќе има доста леб и водата негова нема да пресуши.” „Немоќните и бедните бараат вода, а неа ја нема! Јазикот им се исуши од жед. Јас, Господ, ќе ги чујам, јас, Бог Израелов, нема да ги оставам” (Исаија 33,15.16; 41,17). GCMkd 492.4

„Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозјата, макар маслината и да откаже, и полињата да не дадат плод, макар и стадото да е истребено од трлото, и да нема говеда во оборите, јас и тогаш ќе се радувам во Господа и ќе се веселам во Бога на моето спасение” (Авакум 3,17.18). GCMkd 492.5

„Господ бдее над тебе, Господ ти е заклон оддесно; сонцето нема да ти наштети дење, ниту месечината ноќе. Од секакво зло ќе те чува Гоепод. Тој ќе бдее над твојот живот.” „Тој ќе те избавува од стапици и од смртоносни болести; со своите крилја ќе те покрива, со неговите крилја ќе те засолнува, а неговата верност ќе ти биде штит и одбрана. Нема да те плашат старвотиите на ноќта, ниту стрелата што преку денот лета, ниту чумата што во мракот коси, ниту пак поморот што на пладне пустоши. Ќе паѓаат илјадници покрај тебе, и десетици илјади оддесно, но до тебе нема да допре! Само со свои очи ќе гледаш и казната на безбожниците ќе ја набљудуваш. Ако Севишниот ти е прибежиште - Господ, моето засолниште - никакво зло нема да те порази, несреќа до твојот дом нема да се доближи” (Псалм 121,5-7; 91,3-10). GCMkd 493.1

Сепак, од човечка гледна точка, се чини дека Божјиот народ наскоро ќе мора да го запечати своето сведоштво со крв, како некогаш што го сториле тоа мачениците. Лично Божјиот народ ќе почне да се плаши мислејќи дека Бог го оставил да падне во рацете на своите непријатели. Тоа е време на ужасен душевен страв. Дење и ноќе ќе пекаат пред Бога за избавување. Грешните ќе ликуваат и со презир ќе им довикуваат: „Каде е сега вашата вера? Зошто сега Бог не ве ослободи од натпите раце ако навистина сте негов народ?” Но тие што чекаат, ќе се сетат како поглаварите свештенички и старешините подбивно му довикувале на Исуса кога умирал на крстот на Голгота. „Спасуваше други, а не може да се спаси себеси. Ако е Тој цар јудејски, нека слезе сега од крстот, па ќе му поверуваме” (Матеј 27,42). Како и Јаков, сите тие ќе се борат со Бога. Нивните лица ќе ја покажуваат нивната внатрешна борба. Сите лица ќе побледат, но тие нема да престанат со своите сериозни молитви. GCMkd 493.2

Кога луѓето би можеле да гледаат со небесни очи, би виделе чети силни ангели како ги опкружуваат оние што ја одржале речта на Христовото трпение. Со нежност полна со сочувство, ангелите ги гледаат нивните неволји и ги слушаат нивните молитви. Тие чекаат заповед од својот Заповедник да ги истргнат од опасностите. Но треба да чекаат уште малку. Божјиот народ мора да ја испие чашата и да биде крстен со страдалничко крштавање. Токму ова мачно одложување е најдобар одговор на нивната молба. Додека се трудат со сигурност да го чекаат Господа Тој да работи, тие со тоа ја засилуваат својата вера, својата надеж и трпение, што во својот религиозен живот многу малку го правеле. Но заради избраните, ќе се скрати времето. „Та нема ли Бог да ги заштити своите избраници кои го повикуваат дење и ноќе, и ќе ги остави ли долго да чекаат? Ви велам, брзо ќе ги заштити” (Лука 18,7.8). Крајот ќе дојде побргу отколку што го очекуваат луѓето. Пченицата ќе се собере и ќе се врзе во снопови за Божјите амбари, а каколот ќе биде собран за оган на уништување. GCMkd 493.3

Верни на својата должност, невидливите стражари и понатаму стражарат. Иако со сеопшта наредба ќе биде утврдено време кога треба да се истребат сите што ги држат Божјите заповеди, сепак, нивните непријатели во некои случаи и предвреме ќе се обидат да им го одземат животот. Но никој не ќе може да помине меѓу силните чувари кои ја пазат секоја верна душа. Некои, бегајќи од градовите и селата, ќе бидат нападнати, но мечевите што ќе се подигнат против нив ќе се скршат и ќе паднат на земјата како сламки. Други ангелите ќе ги штитат како видливи борци. GCMkd 494.1

Бог во сите времиња му помагал на својот народ и го ослободувал преку своите свети ангели. Небесните суштества секогаш имале живо учество во животот и во работата на луѓето. Ангелите се појавувале во облека што блескотела како молња или доаѓале облечени како патници. Тие им се јавувале во човечка лика на Божјите луѓе. На пладне се одморале под дабја како да се уморни, прифаќале гостопримство на човечките домови. Ноќе како водичи им служеле на задоцнети патници. Со свои раце палеле оган на олтар. Отворале врати на затвори и изведувале на слобода Божји слуги. Наметнати со небесен сјај дошле да го отстранат каменот од гробот на Спасителот. GCMkd 494.2

Ангелите често се наоѓаат на собирите на праведниците како луѓе и ги посетуваат собирите на грешниците, како што отишле во Содом за да направат извештај за нивните дела и да утврдат дали ја пречекориле границата на Божјето трпение. Господ ја сака милоста; и заради неколкумина кои навистина му служат, Тој ја отстранува несреќата и му го продолжува мирот на мноштвото. Колку малку знаат оние што грешат против Бога дека за својот живот треба да им заблагодарат на малечкиот број верни што тие често ги исмеваат и угнетуваат! GCMkd 494.3

Иако владетелите на овој свет не го знаат тоа, сепак, на нивните советувања ангелите често ја воделе речта, Човечки очи ги гледале; човечки уши ги слушале нивните молби; човечка уста се противела на нивните предлози и ги исмевала нивните совети; човечки раце ги навредувале и малтретирале. На советите и во судниците овие небесни весници покажувале дека точно ја познаваат човечката историја; тие подобро ги застапувале угнетените отколку нивните најспособни и најречити застапници. Тие осуетиле многу намери и го задржале злото што во голема мера би го пречело Божјето дело и би предизвикало многу страдања на неговиот народ. За време на неволјите „ангелот Господов се улогорува околу оние кои него го почитуваат и ги закрилува” (Псалм 34,7). GCMkd 494.4

Со голем копнеж Божјиот народ го очекува знакот на доаѓањето на својот Цар. Кога стражарите ќе бидат прашани: „Стражару, која доба на ноќта е?”, ќе дадат јасен одговор: „Доаѓа утро, но и ноќ” (Исаија 21,11.12). Облаците над високите планини блескотат со светлина. Наскоро ќе се открие неговата слава. Набргу ќе блесне Сонцето на правдата. Утрото и ноќта веќе се тука - осамнување на бесконечниот ден за праведните и почеток на вечна ноќ за грешните. GCMkd 495.1

Додека тие што се борат му упатуваат на Бога молитви, завесата што ги дели од невидливиот свет се чини дека речиси е отстранета. Небесата пламтат од мугрите на вечниот ден, и слично на мелодија на небесен хор, до нивните уши допираат овие зборови: „Стојте цврсто во својата верност! Доаѓа помош!” Семожниот Победник, Христос, на своите уморни борци им дава круни на непомшшива слава, а низ полуотворената врата се слуша неговиот глас: „Јас сум со вас! He бојте се! Јас ги познавам сите ваши неволји; ги носев вашите грижи. Вие не се борите против непобедлив непријател. Јас извојував победа заради вас и во мое име вие сте повеќе отколку победници!” GCMkd 495.2

Спасителот ќе ни прати помош токму тогаш кога таа ќе ни биде потребна. Патот кон небото е посветен со неговите стапки. Секој трн што ја ранува нашата нога, ја ранил неговата. Секој крст што сме повикани да го носиме ние, го носел Тој пред нас. Господ дозволува борби за да ја приготви душата за мир. Времето на големата неволја е страшно огнено искушение за Божјиот народ; но за секој вистински верник тоа е време да го подигне погледот и со вера да го види виножитото на ветувањето што е над него. GCMkd 495.3

, Де се вратат оние што ги ослободи Господ, и со радосни извици ќе дојдат на Сион. Вечна веселба ќе им се рее над главите, ќе ги придружуваат триумф и радост, а ќе ги снема тагата и воздишките. Јас сум вашиот Утешител. Кој си ти да се боиш од смртен човек и од човечки син, кој е како трева? Го заборави Господа, својот Творец..., непрекратно трепериш, секој ден, од гневот на угнетувачот, како да се приготвува да те уништи. Но каде е сега гневот на угнетувачот? Скоро ќе биде слободен заробеникот, нема да умре во јама, ниту ќе му недостига леб. Зашто јас сум Господ, твојот Бог, кој го раздвижувам морето за да му бучат брановите. Името ми е Господ над војските. Свои зборови ставив во твојата уста, во сенката на својата рака те скрив... Затоа, чуј го ова беднику, пијан, но не од вино. Вака зборува Господ, твојот Бог, бранителот на твојот народ: Еве, од твојата рака ја земам опојната чаша, чашата на својот гнев: не ќе го пиеш веќе. Ќе ја ставам во рацете на твоите угнетувачи, на оние кои ти зборуваа: ‘Наведни се за да поминеме!1 И ти им ги подметнуваше плеќите како почва, како пат за минувачи” (Исаија 51,11-16.21-23). GCMkd 495.4

Божјето око, кое гледа низ вековите, било насочено кон часот на одлуката што мора да го преживее Божјиот народ кога сите земни сили ќе се устремат против нив. Слично на протерани заробеници, тие ќе се плашат од смрт од глад и од насилство. Но Бог, кој го раскинал Црвеното Mope пред Израелците, и сега ќе ја покаже својата голема сила и ќе го укине нивното ропство. „Тие ќе бидат мои, вели севишниот Господ, моја сопственост. Во денот што го подготвувам ќе им бидам милостив како таткото што му е милостив на синот кој му служи” (Малахија 3,17). GCMkd 496.1

Кога крвта на Христовите верни сведоци би била пролеана во тоа време, таа не би можела, како крвта на мачениците некогаш, да биде семе што е посеано да донесе плод за жетва на Божја слава. Нивната верност не би била сведоштво што би ги уверило другите во вистината, зашто брановите на милоста се одбиле од окоравените срца за никогаш веќе да не се вратат. Кога праведните сега би паднале како плен на своите непријатели, тоа би значело победа за кнезот на темнината. Псалмистот вели: „Зашто, во кобен ден, под својот кров ќе ме засолни, под покривот на својот шатор ќе ме скрие, на висока карпа ќе ме крене” (Псалм 27,5). Христос рекол: „Ајде, народе мој, влези во клед и затвори ја вратата зад себе. Скриј се за миг, додека не помине јароста. Зашто Господ ќе излезе од своето живеалиште да ги казни земните жители за нивното беззаконие” (Исаија 26,20.21). Славно ќе биде ослободувањето на оние кои стрпливо го чекале неговото доаѓање и чиишто имиња се запишани во Книгата на животот! GCMkd 496.2

*****