ГОЛЕМАТА БОРБА
41—ПУСТОШЕЊЕ HA ЗЕМЈАТА
_______________
„Зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините беззаконија... во чашата во која таа ви налеваше вам, налејте и двојно! Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, дајте и толку маки и тага, зашто во своето срце вели: ‘Седам како царица и не сум вдовица и нема никогаш да видам тага.’ Затоа во еден ден ќе ја сполетаат нејзините маки: помор, тага и глад, и ќе биде изгорена со оган; зашто е силен Господ Бог кој што ја суди. И кога ќе го видат димот од нејзиното горење, ќе заплачат и ќе залелекаат по неа земните цареви, кои блудствуваа и живееја раскошно со неа,... велејќи: ‘Тешко, тешко, голем граду, Вавилону, силен граду, зашто во еден час дојде твојата пресуда!’” GCMkd 511.1
„Земните трговци”, кои „се збогатија од нејзиниот изобилен раскош” ... „ќе стојат далеку заради страв од нејзините маки и ќе плачат и лелекаат, велејќи: ‘Тешко, тешко, голем граду, ти кој беше облечен во лен, во пурпур и во црвена ткаенина, и украеен со злато, со скапоцени камења и со бисери, зашто во еден миг пропаднатолкаво големо богатство’” (Откровение 18,5-10.3.15-17). GCMkd 511.2
Тоа се судовите што се уриваат врз Вавилон на денот на Божјиот гнев. Тој ја наполнил мерката на својата неправда; неговото време дошло; тој узреал за уништување. GCMkd 511.3
Кога Божјиот глас ќе го ослободи неговиот народ од ропство, тогаш настанува големо будење кај оние што загубиле се во големата борба на животот. Додека траело времето на милоста, биле заслепени со измамите на сатаната и го оправдувале својот грешен живот. Богатите се гордееле со своето богатство пред оние што биле сиромаеи и бедни; но тие своето богатство го стекнале со престапување на Божјиот закон. Пропуштиле да ги нахранат гладните, да ги облечат голите, да постапуваат праведно и да го љубат милосрдието. Постојано настојувале да се извишат и да постигнат посебна почит кај своите ближни. Сега се лишени од се што ги правело големи и стојат бедни и немоќни. Со страв гледаат како се уништуваат нивните идоли што ги ценеле повеќе отколку својот Творец. Тие своите души ги продале за земните богатства и радости и не се труделе да се збогатат во Бога. Последица - промашен живот, нивните уживања се претворени во бигор, a нивното богатство во гнилеж. Добивките на целиот нивни живот исчезнале во еден миг. Богатите липаат што се разурнати нжвните раскошни куќи и растурено нивното сребро и злато. Но нивното липање е замолкнато поради стравот дека и самите ќе пропаднат со своите идоли. GCMkd 511.4
Грешниците чувствуваат жалост, но не поради занемарувањето на своите должности кон Бога и кон ближните, туку затоа што Бог победил. Липаат поради последиците што настанале, a не се каат поради своите гревови. Би употребиле секое средство да победат, само кога би можеле. GCMkd 512.1
Светот ги гледа токму оние на кои им се подбивал и им се потсмевал и кои сакал да ги уништи, како неповредени поминуваат низ епидемиите, бурите и земјотресите. Оној кој за престапниците на својот Закон е оган што уништува, за својот народ е сигурно засолниште. GCMkd 512.2
Проповедникот што ја напуштил вистината за да биде ценет од луѓето, ги увидува карактерот и влијанието на своето учење. Сега му е јасно дека го следело окото на Семожниот кога стоел на проповедална, кога одел низ улиците и кога во разни околности доаѓал во врска со луѓето. Секоја активност на душата, секој напишан ред, секој изговорен збор, секоја постапка што ги успивала луѓето во засолништето на лагата - сето тоа било посеано семе; а сега кај бедните, загубени души околу себе, гледа жетва. GCMkd 512.3
Господ кажува: „Неодговорно ја лекуваат раната на мојот народ, велејќи: ‘Мир, мир!‘, а мир нема„Вие со лага го жалостевте срцето на праведникот кого јас не сакав да го жалостам, а ги закрепивте рацете на грешникот да не се одврати од својот грешен пат за да го спаси животот” (Еремија 8,11; Езекил 13,22). GCMkd 512.4
„Тешко на пастирите што ги упропастуваат и ги растураат овците на моето стадо... Затоа јас ќе ве казнам за вашите лотии дела, вели Господ.” „Плачете, пастири, и офкајте, посипете се со пепел, водачи на стадото, зашто ви се исполнија деновите за да бидете заклани, ќе испопаѓате како одбрани овнови... Нема повеќе прибежиште за пастирите, ниту спас за водачите на стадото” (Еремија 23,1.2; 25,34.35). GCMkd 512.5
Проповедниците и народот гледаат дека немале правилен однос кон Бога. Увидуваат дека се бунеле против Творецот на сите добри и праведни закони. Отстранувањето на божествените прописи било повод за илјадници зла: караници, омраза, неправедност, така што земјата станала една огромна сцена на судири, бариште на расипаност. Тоа е сликата што се простира сега пред оние што ја отфрлиле вистината и ја избрале лагата. Ниеден јазик не може да го изрази копнежот што го чувствуваат непослушните и неверните по она што за секогаш го загубиле - за вечниот живот. Луѓето што ги обожавал светот заради нивните способности и нивната речитост сега сето ова го гледаат во неговата виетинска светлина. Увидуваат што загубиле со престапот и, паѓајќи пред нозете на оние чијашто верност ја презирале и ја исмевале, признаваат дека Бог ги сакал. GCMkd 512.6
Народот увидува дека бил заведен. Луѓето се обвинуваат едни со други за пропаста; но сите се соединуваат во најогорчено проколнување на проповедниците. Неверните пастири преткажувале само мили работи. Тие своите слушатели ги поттикнувале да го отфрлат Божјиот закон и да ги прогонуваат оние што се труделе да го држат. Сега, во својот очај, овие учители ја признаваат пред светот својата измама. Народот, исполнет со гнев, вика: „Ние сме загубени, а вие сте причина за нашата пропаст!” Тие стануваат против своите лажни пастири, Токму оние, кои некогаш најмногу им се восхитувале, ќе изговараат против нив најстрашни клетви. Истите раце што некогаш ги крунисале со ловорики, ќе се подигнат да ги уништат. Мечевите со кои требало да се убие Божјиот народ, сега се употребени против неговите непријатели. На сите страни настанува судир и крвопролевање. GCMkd 513.1
„Боен вик допира - до накрај светот - бидејќи Господ има спор со народите, излегува на суд со секое тело, безбожниците ќе ги предаде под меч” (Еремија 25,31)Шест илјади години трае големата борба. Божјиот Син и неговите небесни весници биле во судир со силите на злото за да ги опоменат, да ги просветлат и да ги спасат синовите човечки. Сега е донесена конечна одлука за сите; грешниците потполно се соединиле со сатаната во неговата борба против Бога. Настапило време Бог да го оправда авторитетот на својот погазен Закон. Сега не се води борба само со сатаната, туку и со луѓето. „Господ има спор со народите”, „безбожниците ќе ги предаде под меч”. GCMkd 513.2
Знак за ослободување е ставен на оние „кои жалат, кои воздивнуваат поради гадотиите што се прават”. Сега излегува ангел на смртта кој во видението на Езекил е претставен како луѓе со смртно оружје во раката на кои им е заповедано: „Убијте ги старците, младичите, девојките, децата и жените; истребете ги сите до последен. Но не гибајте ниту еден на кого има знак; и почнете од мојата светиња.” Пророкот вели: „И тие почнаа од старешините што стоеја пред домот” (Езекил 9,1-6). Уништувањето почнува од оние што тврделе дека се духовни чувари на народот. Лажните чувари се први што ќе паднат. Нема никого да сожалуваат или да поштедат. Мажи, жени, девојки и деца - сите ќе изгинат. GCMkd 513.3
„Зашто, ете, Господ излегува од своето живеалиште да ги казни земните жители за нивното беззаконие, што му згрешија нему. Земјата ќе ја открие сета крв што е пролеана на неа и нема да ги крие оние што се поклани на неа” (Исаија 26,21). „Еве со која рана Господ ќе ги удри сите народи кои ќе завојуваат против Ерусалим: месото ќе им се распаѓа додека се уште на нозе; очите ќе им пресушат во очните празнини, јазикот ќе им гние во устата. Во тој ден меѓу нив ќе завладее голем смут од Господа; ќе се фаќаат еден со друг за рака, и сечија рака ќе се подига против друг” (Захарија 14,12.13). Во таа ужасна борба, распалени со своите страсти и среде страшното излевање на Божјиот нестивнат гнев, ќе паѓаат грешните земни жители - свештеници, старешини и народ, богати и сиромаси, големи и малечки. „Во оној ден ќе бидат поразени од Господа од едниот до другиот крај на земјата. Тие нема да бидат оплакани, ни прибрани ниту погребани” (Еремија 25,33). GCMkd 514.1
При Христовото доаѓање грешниците ќе бидат истребени од целата земја - убиени со духот на неговата уста и уништени со славата на неговото доаѓање. Христос својот народ ќе го поведе во Божјиот град и земјата ќе остане без своите жители. „Ете, Господ ја урива земјата, ја уништува, ја обезобразува, ги растура нејзините жители.” „Земјата ќе биде опустена, наполно ограбена, зашто Господ рече така.” „Земјата е осквернета од нејзините жители, зашто го престапија Законот, ја погазија уредбата, го раскинаа вечниот сојуз. Затоа проклетство ја јаде земјата и ќе се сотрат нејзините жители; затоа ќе изгорат нејзините жители” (Исаија 24,1.3.5.6). GCMkd 514.2
Цела земја се претвора во оголена пустина. На површината на земјата лежат расфрлени урнатини од градовите и селата разурнати од земјотреси, искорнати дрвја, карпи исфрлени од морето или одронети од планините, додека огромни бездни ги обележуваат местата каде што стоеле планините. GCMkd 514.3
И сега почнува настанот кој симболички бил претставен со последната свечена служба на Денот на чистењето. Откако била завршена службата во светињата над светињите, а гревовите на Израел отстранети од неа со крвта на жртвата за грев, бил доведен живиот јарец пред Господа и, во присуство на народот, поглаварот свештенички ги исповедал над него „сите беззаконија на синовите Израелови, и сите нивни престапи” (3. Мојсеева 16,21), и ги пренел врз главата на живиот јарец. Исто така, кога ќе заврши делото на помирување во небесното Светилиште, во присуство на Бога, на светите ангели и на мноштвото откупени, гревовите на Божјиот народ ќе бидат пренесени врз сатаната. Тој ќе биде прогласен за одговорен за сите зла на кои ги навел. И како живиот јарец што бил одведен в пустина, така и сатаната ќе биде протеран на опустената Земја, ненаселена и гола пустина. GCMkd 514.4
Писателот на Откровението преткажува прогонство на сатаната како и состојба на хаос и пустош во која ќе се наоѓа земјата и кажува дека оваа состојба ќе трае илјада години. По опишувањето на второто Господово доаѓање и по пропаста на грешниците, пророштвото продолжува: „И видов ангел кој слегуваше од небото и имаше во својата рака клуч од бездната и голема верига. Тој ја фати ламјата, старата змија, која е ѓаволот и сатаната, го врза за илјада години, па го фрли во бездната и ја заклучи и запечати над него за да не ги мами народите додека не се навршат илјада години; потоа треба да биде одврзан за кратко време” (Откровение 20,1-3). GCMkd 515.1
Дека изразот „бездна” ја означува земјата во состојба на безредие и мрак, потврдуваат други места во Светото писмо. Во врска со состојбата на земјата „во почетокот” библискиот извештај кажува дека таа „беше безоблична и празна и темнина се простираше над бездната” (1. Мојсеева 1,2). Пророштвото не учи дека земјата, барем делумно, ќе се врати во таква состојба. Гледајќи го однапред големиот Божји ден, пророкот Еремија кажува: „Ја гледам земјата: пуста е, еве, и празна; небесата: светлината им ја нема. Ги гледам горите: ете, се тресат, а сите ридови се нишаат. Гледам: ете, нема човек, и сите небесни птици одлетале. Гледам: ете, плодното поле опусти и сите градови ги разурна Господ со жестокоста на својата јарост” (Еремија 4,23-26). GCMkd 515.2
Тука ќе престојуваат сатаната и неговите лоши ангели за време на тие илјада години. Ограничен само на земјата, тој ќе нема пристап на другите светови да ги искушава и да ги вознемирува оние што никогаш не згрешиле. Во оваа смисла тој е врзан; нема повеќе никој над кого би можел да владее. Во никој случај тој не може повеќе да мами и да упропастува, што со векови била негова единствена дејност. GCMkd 515.3
Пророкот Исаија, гледајќи го денот кога сатаната паднал, извжкнува: „Како падна од небесата, светлоносецу, сине на зората? Како си кутнат на земјата, ти владетелу на народите? Во срцето свое си велеше: ‘Ќе се искачам на небесата, ќе подигнам свој престол над Божјите ѕвезди... Ке бидам еднаков со Севишниот/ А се урна во подземјето, во длабините на бездната. Оние што те гледаат, за тебе размислуваат: Тоа ли е оној што ја тресеше земјата и ги нишаше царствата, кој светот го претвораше во пустина и со земјата ги срамнуваше градовите, кој своите робови никогаш не ги пушташе дома” (Исаија 14,12-17). GCMkd 515.4
Шест илјади години земјата се тресела од буните на сатаната. Тој е оној кој „светот го претвораше во пустина и со земјата ги срамнуваше градовите”. Тој е оној кој „своите робови никогаш не ги пушташе дома”. Шест илјади години неговата темница го примала Божјиот народ и тој за секогаш би го држел во ропство кога Христос не би ги искинал нивните окови и кога не би ги ослободил заробените. GCMkd 516.1
Дури и грешниците сега се надвор од моќта на сатаната. Сам со своите демони, сатаната може да ги согледа последиците на проклетството што го донел гревот. „Сите цареви на народите почиваат во чест, секој во својата гробница. А ти си исфрлен од гробот како одвратно ѓубре... Нема да се здружиш со нив во гробот, зашто ја уништи својата земја и го покла својот народ” (Исаија 14,18-20). GCMkd 516.2
Илјада години сатаната ќе талка на опустената Земја да ги посматра последиците на својот бунт против Божјиот закон. Во тоа време тој многу ќе страда. Од својот пад, неговиот живот, исполнет со постојана активност, не му давал време за размислување. Но сега тој е лишен од својата сила и оставен е да размислува за улогата што ја имал откако првпат се побунил против владеењето на небото и со страв и трепет да гледа во страшната иднина кога ќе мора да пати поради сето зло што го создал и да биде казнет за сите гревови што ги предизвикал. GCMkd 516.3
На Божјиот народ ропството на сатаната ќе му донесе радост и веселба. Пророкот кажува: „Во оној ден, кога Господ ќе те ослободи од твоите страдања, од немирот и од тешкото ропство со кое те притиснаа, ќе му ја запееш оваа подбивна песна на вавилонскиот цар (кој го претставува сатаната): ‘Како исчезна силникот? Како го снема угнетувачот?... Господ го скрши стапот злосторнички и владетелскиот жезол кој јаросно ги биеше народите со бескрајни удари, кој гневно владееше над народите прогонувајќи ги безмилосно’” (Исаија 14,3-6). GCMkd 516.4
За време на овие илјада години, меѓу првото и второто воскресение, се одржува суд над грешниците. Апостол Павле предупредува на овој суд како настан што се одигрува по Христовото повторно доаѓање. „Не судете ништо предвреме, пред да дојде Господ, кој ќе го изнесе на видело скриеното во темнина и ќе ги открие намерите на срцата” (1. Коринќаните 4,5). Даниел кажува дека, кога ќе дојде Прадревниот, ќе им го даде „судот на светците на Севишниот” (Даниел 7,22). Во ова време праведниците ќе владеат како цареви и свештеници на Бога. Јован во Откровението кажува: „И видов престоли, а на оние кои седеа на нив им беше дадено да судат... Ке бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со него илјада години” (Откровение 20,4.6). Во ова време, како што преткажал Павле, „светите ќе му судат на светот” (1. Коринќаните 6,2). Заедно со Христа тие ќе им судат на грешниците споредувајќи ги нивните дела со Книгата на законот, со Библијата, и ќе решат секој случај според делата што се направени во тело. Тогаш казната што мора да ја искусат грешниците ќе биде одмерена според нивните дела и запишана покрај нивното име во Книгата на смртта. GCMkd 516.5
Христос и неговиот народ исто така ќе им судат на сатаната и на неговите лоши ангели. Павле кажува: „Не знаете ли дека ние ќе им судиме на ангелите?” (1. Коринќаните 6,3). А апостол Јуда изјавува: „Па и ангелите, кои не го зачуваа своето достоинство, туку го оставија своето живеалиште, ги чува во вечни окови под мрак, за судот на великиот ден” (Јуда 6). GCMkd 517.1
На крајот од тие илјада години ќе настапи второто воскресение. Тогаш од мртвите ќе воскреснат грешниците и ќе се појават пред Бога за да се изврши над нив изречената пресуда. Така пиеателот на Откровението, откако го опишал воскресението на праведниците, кажува: „А другите мртовци не оживеаја додека не се навршија илјада години” (Откровение 20,5). А Исаија, во врска со грешниците, кажува: „Ке бидат собрани и заточени во јама, затворени во темница, и по многу денови казнети” (Исаија 24,22). GCMkd 517.2
*****