Воспитување

63/65

Поднесување на дисциплината на животот

По дисциплината во домот и училиштето, сите мораат да се соочат со строгата дисциплина на животот. На секое дете и на секое младо суштество мораме да му објасниме како мудро да се соочи со неа. Вистина е дека Бог нё љуби, дека се труди да нё усреќи, и дека ние никогаш не би морале да го запознаеме страдањето ако секогаш сме го почитувале Неговиот закон; но не помала е и вистината дека на овој свет, како последици од гревот, секој мора да поднесува страдања, неволји и товари. На децата и младината цел живот ќе им служи на добро ако ги научиме храбро да се соочат со сите неволји и потешкотии. Иако мораме кон нив да покажеме сочувство, тоа никогаш не смее да биде такво што ќе ги наведе да се самосожалуваат. Ним им е потребно нешто што ќе ги поттикне и зајакне, а не нешто што ќе ги ослабне. EdM 311.1

Тие мораат да научат дека овој свет не е место за одржување свечени паради, туку бојно поле. Сите се повикани, како добри војници, да поднесуваат тешкотии. Мораат да бидат силни и да се однесуваат како луѓе. Учете ги дека вистинската сила на карактерот се тестира преку подготвеноста да носат товар, да издржат на тешко место, да извршат работа која мора да биде извршена, иако не донесува никакво земско признание или награда. EdM 311.2

Вистинскиот начин на соочување со проверката не е нејзино одбегнување, туку преобразување. Тоа се однесува на целата дисциплина, као онаа во пораните, така и онаа во подоцнежните години. Запоставувањето на најраното воспитување на детето и со тоа поврзаното засилување на неговите зли тенденции, многу го отежнува неговото подоцнежно образование, а често, од дисциплината прави болен процес. Тој процес секако ќе биде болен за пониската природа, бидејќи доаѓа во судир со вродените желби и склоности; но таа болка исчезнува пред поголемата радост. EdM 311.3

Детето и младото суштество треба да научат дека секоја грешка и секоја мана, секоја тешкотија што сме ја совладале, станува скала кон она што е подобро и повозвишено. Со такви искуства постигнале успех сите кои некогаш живееле живот вреден за живеење. EdM 312.1

„Височината што човек ја досегнува,
со ненадеен скок не се постигнува;
Тој работел вредно, па дури и во ноќдодега другите биле потонати во сон.”

„За да станеш висок да имаш мора темел што е цврст и не се колеба”
Не дозволувај му на светот да те врзе,
гордост и себичност да те обземе.”

„Обичните нешта, настаните на секој ден,
Со кои часот почнува и на крај е завршен;
Задоволствата и незадоволствата во тебе
Како скалила прават горе да се вивнеш.”
EdM 312.2

Ние треба да „гледаме не на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите нешта се поминливи, а невидливите се вечни” (2. Коринќаните 4,18). Отфрлувајќи ги себичните желби и склоности, ние го заменуваме она што е безвредно и минливо за она што е скапоцено и трајно. Тое не е жртва, туку непроценлива добивка. EdM 312.3

„Нешто подобро!” е лозинката на образованието, закон на секое вистинско живеење. На местото на она што бара да го отфрлиме, Христос ни нуди нешто што е многу подобро. Младите често се стремат кон цели, потфати и уживања кои не мораат да водат кон лошо, но на кои им недостасува највозвишеното добро. Тоа го застранува животот од неговата најблагородна цел. Самоволните мерки или директните закани можеби нема да успеат да ги наведат младите да се откажат од она што им е свето. Да ги насочиме кон она што е подобро од истакнувањето и себеугодувањето. EdM 312.4

Да ги поврземе со вистинска убавина, со повозвишени принципи и поблагороден живот. Да ги наведеме да гледаат во Оној кој „сиот е од љубезност”. Кога погледот еднаш ќе се насочи кон Него, животот наоѓа свое средиште. Восхитот, благородната посветеност и огнената ревност на младите тука ја наоѓаат својата вистинска цел. Должноста станува уживање, а жртвата задоволство. Да се слави Христос, да се стане сличен на него, да се работи за него, тоа е најголемата животна амбиција и најголема радост. EdM 313.1

„Зашто Христовата љубов нё опфаќа” (2. Коринќаните 5,14) EdM 313.2