ГОЛЕМАТА БОРБА
23— ШТО Е ТОА СВЕТИЛИШТЕ?
_______________
Библискиот текст што беше темел и главен столб на верата во второто Христово доаѓање гласи: „Уште две илјади и триста вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе се очисти” (Даниел 8,14). Тие зборови им беа добро познати на сите што веруваа во скорашното Христово доаѓање. Илјадници усни го повторуваа ова пророштво како лозунг на својата вера. Сите чувствуваа дека од настаните преткажани во ова пророштво зависат нивните најубави очекувања и нивните најмили надежи. Покажано е дека овие пророчки денови завршуваат есента 1844 година. Тогаш чекателите на Христовото доаѓање веруваа, како и другиот христијански свет, дека земјата, или еден нејзин дел, е Светилиште (светиња). Мислеа дека чистењето на Светилиштето значи чистење на земјата со оган во последниот голем ден и дека тоа ќе се случи во времето на второто Христово доаѓање. Оттаму и заклучокот дека Христос ќе се врати на земјата во 1844 година. GCMkd 319.1
Но одреденото време помина, а Господ не се појави. Верните знаеја дека Божјата реч не може да згреши и дека мора да е погрешно нивното толкување на пророштвото. Но каде е грешката? Мнозина веднаш го пресекоа јазолот на тешкотиите со тоа што негираа дека пророчките 2300 дни се исполниле во 1844 година. Но тие за тоа не можеа да наведат никакви докази, освен што Христос не дојде во времето кога го очекуваа. Од тоа заклучија дека, кога тие 2300 дни би се исполниле во 1844 година, Христос веќе би дошол да го исчисти Светилиштето - да ја исчисти земјата со оган. Но бидејќи не дојде, ни овие пророчки денови тогаш не завршиле. GCMkd 319.2
Да се прифатеше овој заклучок, ќе значеше да се напушти дотогашното сметање на пророчките времиња. Беше утврдено дека периодот од 2300 дни почнува со стапувањето во сила на едиктот на Артаксеркс за обнова и повторно ѕидање на Ерусалим есента 457. година пред Христа. Ако тој датум стане појдовна точка, тогаш сите преткажани настани совршено се вклопуваат во толкувањето на тој период даден во Книгата на пророк Даниел 9,25-27. Шеесет и деветте седмици, или првиот дел од периодот од 2300 години, во траење од 483 години, требало да допре до Помазаникот, Месија, па Христовото крштавање и помазание со Светиот Дух во 27-та година од нашата ера совршено се вклопува во системот. Три и пол години по своето крштавање, есента 31та година од нашата ера, Христос бил распнат. Седумдесетте седмици или 490-те години биле посебно одредени за еврејскиот народ. Кога поминал тој период, еврејскиот народ го запечатил своето отфрлање на Христа со прогонство на неговите ученици, па апостолите во 34-та година од нашата ера се свртиле кон незнабошците и почнале ним да им го проповедаат евангелието. Тогаш завршил првиот период од 490 години од големиот синџир од 2300 години, а останале уште 1810 години. Од 34-та година на нашата ера, тие 1810 години допираат до 1844 година. Ангелот рекол: „Тогаш Светилиштето ќе се очисти!” Без сомнение, сите наведени подробности од пророштвото до тогаш се исполниле во одредено време. GCMkd 319.3
Ако биде прифатено ова толкување, станува јасно и усогласено се, освен што во 1844 година не се случил ниеден настан кој би можел да биде прогласен за чистење на Светилиштето. Да се отфрли фактот дека периодот завршува во тоа време, би значело да се предизвика општа збрка; тоа би значело да се отфрлат становиштата кои се темелеа на несомнено исполнетите пророштва. GCMkd 320.1
Но Бог го водеше својот народ во текот на големото движење на чекателите на второто Христово доаѓање; ова дело го придружуваа неговата сила и слава и Тој не сакаше да дозволи тоа да се заврши во темнина и со разочарување и да се озлоглаеи како лажна и фанатична возбуда. Тој не можеше да дозволи да се сомнева во неговата Реч и истата да се смета за несигурна. Иако мнозина го напуштија своето поранешно сметање на пророчките времиња и ја негираа исправноста на движењето засновано врз него, имаше и такви кои не беа подготвени да ги напуштат оние точки на верата и искуството што беа поткрепени со Светото писмо и со сведоштвото на Божјиот Дух. Веруваа дека во своето проучување на пророштвата прифатиле здрави начела на толкување и дека нивна должност е цврсто да ја држат до сега усвоената вистина и да продолжат со библиските истражувања. Со сериозна молитва повторно го испитуваа својот став и го проучуваа Светото писмо за да ја откријат својата грешка. Бидејќи не можеа во своето сметање на пророчките времиња да пронајдат грешки, почнаа подлабоко да го испитуваат предметот на Светилиштето. GCMkd 320.2
Со ова истражување дојдоа до заклучок дека нема библиски докази што би го поткрепиле општото мислење оти земјата е Светилиште. Ho во Библијата најдоа објаснение за прашањето во врска со Светилиштето, за неговата природа, за местото и за службата во него; а сведоштвото на Светото писмо беше толку јасно и опширно, што беше исклучено секое натамошно сомневање. Во посланието до Евреите Павле кажува: „Секако, и првиот сојуз (завет) имаше уредби за богослужение и за Светилиште, но земно. Имено, беше направен шатор, Во неговиот прв дел, наречен светиња, се наоѓаше светилник и трпеза со принесени лебови. A зад втората завеса беше вториот дел на шаторот, наречен светиња над светињите (најсвето место), во која се наоѓаа златен кадилен жртвеник и ковчегот на заветот, сиот опкован во злато, во кој беше златен сад со мана и Ароновата палка која процутела, и плочите на сојузот. Над ковчегот стоеја херувими на Божјата слава со раширени крилја над местото за помирување” (Евреите 9,1-5). GCMkd 320.3
Светилиштето на кое упатува апостолот овде бил оној шатор за состанок што го направил Мојсеј по Божја наредба за да биде земно престојувалиште на Севишниот. „Нека ми направат Светилиште за да можам да престојувам меѓу нив” (2. Мојсеева 25,8), гласело упатството дадено на Мојсеја за време додека бил со Бога на гората. Израелците патувале низ пустина, а шаторот за состанок бил направен така што можел да се пренесува од едно на друго место; еепак, тоа била величествена градба. Неговите ѕидови се состоеле од исправени штици обложени со злато што биле вглавени во сребрени подножја, додека покривот бил направен од низа завеси или покривки. Надворешните покривки биле изработени од кожа, а внатрешните од фино платно со прекрасно извезени херувими. Освен тремот, во кој се наоѓал жртвеникот за жртви паленици, шаторот за состанок се состоел од две одделенија, од светиња и од светиња над светињите, меѓусебно одделени со скапоцена и прекрасна завеса; слична завеса го затворала и влезот во првото одделение. GCMkd 321.1
Во светињата, на јужната страна, се наоѓал светилник со седум светилки кои дење и ноќе ја осветлувале светињата; на северната страна се наоѓала трпеза за обредни лебови; пред завесата што ја делела светињата од светињата над светињите стоел златен кадилен олтар (жртвеник) од кој секој ден се издигнувал кон Бога облак од мирисен темјан со молитвите на Израел. GCMkd 321.2
Во светињата над светињите стоел ковчегот на заветот, ковчег од скапоцено дрво оковано во злато во кој биле двете камени плочи на кои Бог го напишал законот, Десетте заповеди. Над ковчегот се наоѓал поклопец - престол на милоста (помирувалиште) - величествено уметннчко дело од злато, наткрилен со два херувима изработени од злато, секој на едниот крај на поклопецот. Во ова одделение се откривало Божјето присуство во вид на слава (посебна светлина) меѓу двата херувима. GCMkd 321.3
Кога Евреите се населиле во Ханан, шаторот за состанок бил заменет со Соломоновиот храм кој, иако трајна и поголема градба, сепак, го задржал истиот план и бил наполно слично уреден. Светилиштето постоело во ист облик - освен во времето на Даниел кога лежело во урнатини - се до разурнувањето од страна на Римјаните 70-та година по Христа. GCMkd 322.1
Тоа е единственото Светилиште што кога и да е постоело на земјата, а за кое Библијата дава податоци. Павле го нарекува Светилиште на првиот завет (сојуз). А зар Новиот завет нема Светилиште? GCMkd 322.2
Кога истражувачите на вистината повторно почнаа да го проучуваат посланието до Евреите, најдоа дека постоењето на друго, или новозаветно Светилиште, е опфатено со следните зборови на апостол Павле: „Секако, и првиот сојуз (стариот завет) имаше уредби за богослужение и за Светилиште, но земно.” Употребата на сврзникот „но” укажува на тоа дека Павле веќе порано го спомнал ова Светилиште. Враќајќи се на почетокот на претходната глава, читаме: „Главно од она што беше кажано е ова: имаме таков Првосвештеник (врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител во Светилиштето и во вистинскиот шатор, во оној што го подигна Господ, а не човек” (Евреите 8Д.2). GCMkd 322.3
Овде е откриено Светилиштето на Новиот завет. Светилиштето на првиот (стариот) завет го направил човек. Hero го изградил Мојсеј; а ова, второво, го направил Бог, а не човек. Во првото Светилиште вршеле служба земни свештеници, а во второто служи Христос, нашиот врховен Поглавар свештеничи (Првосвештеник), од десната страна на Бога. Првото Светилиште било на земјата, а второто е на небото. GCMkd 322.4
Понатаму, Светилиштето што го направил Мојсеј е направено според одредена мостра. Господ му рекол: „При градењето на престојувалиштето (Светилиштето, шаторот) и на се што е во него, постапи точно според мострата што ќе ти ја покажам” (2. Мојсеева 25,9). И пак му наредил: „Внимавај! Направи ги според мострата што ти беше покажана на гората” (2. Мојсеева 25,40). И Павле објаснува дека првото Светилиште „е симболички приказ за сегашното време, според кој се принесуваат дарови и жртви”, дека светите места на шаторот биле „слика и сенка на небесните стварности”, дека свештениците што принесувале жртви според законот служеле на „сликата и сенката на небесните стварности” и дека „Христос не влезе во ракотворената светиња над еветињите (во второто одделение на Светилиштето), која е само слика на вистинската, туку во самото небо, да посредува за нас пред Божјето лице” (Евреите 9,9.23; 8,5; 9,24). GCMkd 322.5
Светилиштето на небото, во кое служи Христос, за нас е голем т оригинал, додека Светилиштето што го направил Мојсеј е само копија. Бог им дал свој Дух на градителите на земното Светилиште. Големата уметничка вештина и дарба што дошле до израз при градењето на Светилиштето всушност биле манифестација на божествената мудрост. Ѕидовите изгледале како да се направени од чисто злато и на сите страни ја одблеснувале светлината што доаѓала од седумте светилки на златниот светилник. Трпезата за обредни лебови и кадилниот олтар светеле како измазнето злато. Богато украсената завеса што го сочинувала таванот, извезена со слики на ангели во сина, пурпурна и црвена боја, уште повеќе ја разубавувала глетката. А зад втората завеса се наоѓала света Шекжна, видлива манифестација на Божјата слава, пред која смеел да стапи само поглаварот свештенички. GCMkd 323.1
Неспоредливиот сјај на земниот шатор пред човечкиот поглед ја откривал славата на небесниот храм во кој нашиот Застапник, Христос, служи за нас пред Божјиот престол. Местото каде што престојува Царот над царевите, каде што му служат илјадници, а десет илјади по десет илјади стојат пред него (Даниел 7,20) - небесниот храм, полн со слава на вечниот престол, каде што неговите свети чувари, серафимите, го покриваат своето лице кога му се поклонуваат - можел само минијатурно да ја открие својата големина и слава во оваа прекрасна градба што кога и да е ја подигнале човечки раце. Но, сепак, со помош на земното Светилиште и со службата во него се проповедани големите вистини за небесното Светилиште и за големото дело што се врши во него за спасение на човекот. GCMkd 323.2
Светите места на небесното Светилиште се прикажани со помош на две одделенија во Светилиштето на земјата. Кога на апостол Јован во видение му било дозволено да го погледне Божјиот храм на небото, тој видел „седум огнени светила што гореа пред престолот” (Откровение 4,5). Видел ангел „со златна кадилница кој застана пред жртвеникот. И му беше дадено многу темјан да го принесе во прилог на молитвите на сите свети на златниот жртвеник (олтар) пред престолот” (Откровение 8,3). Тука на пророкот му било дозволено да го види првото одделение на Светилиштето на небото каде што видел „седум огнени све415 тила” и „златен олтар (жртвеник)”, кои биле претставени со златниот светилник и со кадилниот олтар во Светилиштето на земјата. Понатаму, видел како се „отвори Божјиот храм на небото” (Откровение 11,19), и тој погледнал во внатрешноста зад втората завеса, во светињата над светињите. Таму го видел „ковчегот на заветот”, претставен со светиот ковчег што го направил Мојсеј во него да се чува Божјиот закон. GCMkd 323.3
Така, оние што го проучуваа овој предмет најдоа непобитни докази за постоење на Светилиште на небото. Мојсеј го направил земното Светилиште според мострата што му ја покажал Бог. Павле не учи дека оваа мостра била вистинското Светилиште кое е на небото, а Јован сведочи дека тоа го видел на небото. GCMkd 324.1
Во небесниот храм, каде што престојува Бог, се наоѓа Божјиот престол утврден врз правда и суд. Во светињата над светињите се наоѓа неговиот закон, големото мерило на правдата, според кое Бог ќе им суди на сите луѓе. Ковчегот на заветот, во кој се чуваат плочите на законот, е покриен со поклопец на милоста, пред кој Христос ги изнесува заслугите на својата крв за спасение на грешниците. Вака е претставено соединувањето на правдата и милоста во планот за откуп на човекот. Вакво единство можела да замисли само неизмерната мудрост, а да ја изврши само неизмерната моќ; тоа е единство што го исполнува целото небо со восхит и почит. Херувимите, кои со стравопочит гледаат во поклопецот на милоста во земното Светилиште, го претставуваат интересирањето со кое небесната војска го посматра делото на спасението. Ова е тајна на милоста во која сакаат да загледаат и ангелите: дека Бог може да остане праведен кога го правда покајаниот грешник и пак да воспоставува врска со паднатиот род; дека Христос можел да се понизи за да извлече безбројно мноштво од бездната на пропаста и да ги облече во чиста облека на својата праведност за да можат да се соединат со ангелите кои никогаш не паднале и вечно да живеат во Божје присуство. GCMkd 324.2
Христовото дело - посредувањето за луѓето - е претставено со убавото пророштво на Захарија за Оној „чиешто име е Никулец”. Пророкот вели: „Тој ќе создаде Светилиште Господово и ќе се прослави. Тој ќе седи и ќе владее на престол, а до него на престол ќе седи свештеник. Меѓу нив ќе владее совршена хармонија” (Захарија 6,12.13). GCMkd 324.3
„Тој ќе создаде Светилиште (црква) Господово.” Со својата жртва и со своето посредување Христос е темел и градител на Божјата црква. Апостол Павле упатува на него како темелен камен „врз кој целата стројно зглобена зграда расте во свет храм во Господа, врз кој и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божје живеалиште” (Ефесците 2,20-22). GCMkd 324.4
„И ќе се прослави...” Славата за спасението на паднатиот човечки род му припаѓа на Христа. Низ сите времиња на вечноста спасените ќе пеат: „Кој не љуби и не изми од нашите гревови со својата крв... нему слава и власт во вечни векови. Амин” (Откровение 1,5.6). GCMkd 324.5
„Тој ќе седи и ќе владее на престол, а до него на престол ќе седи свештеник.” Сега уште не е на престолот на својата слава, зашто царството на славата уште не е воспоетавено. Дури кога ќе го заврши своето дело како посредник, „Господ Бог ќе му го даде престолот на неговиот татко Давид... и неговото царство не ќе има крај” (Лука 1,32.33). Како свештеник, Христос сега седи со Отецот на неговиот престол (Откровение 3,21). На престолот со Вечниот, кој има во себе живот, седи Оној кој „ги понесе нашите болести и ги зеде на себе нашите немоќи”, „кој е искушан во се како и ние само што не згреши”, „дека може да им помогне на оние што се искушаваат.” „Ако некој згреши, имаме Застапник кај Отецот” (Исаија 53,4; Евреите 4,15; 2,18; 1. Јованово 2,1). Неговото посредување се темели на неговото прободено и скршено тело и на неговиот безгрешен живот. Ранетите раце, прободените ребра и прикованите нозе зборуваат во прилог на паднатиот човек чиешто спасение е откупено со толку безмерно висока цена. GCMkd 325.1
„Меѓу нив ќе владе совршена хармонија ” Љубовта на Отецот, не помалечка од љубовта на Синот, е извор на спасението за паднатиот човечки род. Пред своето заминување, Исус им рекол на своите ученици: „И не ви велам дека јас ќе го молам Отецот за вас, оти Отецот сам ве љуби” (Јован 16,26.27). „Оти Бог го помири светот со себе преку Христа” (2. Коринќаните 5,19). А во службата на небесното Светилиште „меѓу нив владее совршена хармонија”. „Зашто Бог толку го милее светот, што го даде и својот единороден Син за ниеден кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен” (Јован 3,16). GCMkd 325.2
На прашањето што е Светилиште, Светото писмо дава јасен одговор. Изразот „Светилиште”, како што се употребува во Библијата, се однесува прво на шаторот за состанок (каде што се состанувал Бог со својот народ) што го направил Мојсеј според мострата на небесното Светилиште, а потоа на вистинекиот шатор на небото, на кој упатувало земното Светилиште. Со Христовата смрт престанало симболичкото Светилиште. „Вистинското Светилиште” на небото е Светилиште на Новиот завет. А бидејќи пророштвото во Даниел 8,14 се исполнило во Новиот завет, мора и Светилиштето, на кое се однесува тоа, да биде Светилиште на Новиот завет. На крајот од пророчките 2300 дни, односно во 1844 година, веќе многу векови на земјата немало никакво Светилшпте. Според тоа, пророштвото „Уште две илјади и трисга вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе се очисти”, без сомнение се однесува на Светилиштето на небото. GCMkd 325.3
Меѓутоа, ни останува уште да одговориме на најважното прашање: Што е тоа чистење на Светилиштето? Дека таква служба постоела во земното Светилиште, ни потврдува Стариот завет. Но, зар на небото има нешто што треба да се чисти? Во Евреите 9. глава јасно се зборува за чистење на земното како и на небесното Светилиште. „Според законот, речиси се се чисти со крв и без пролевање на крв нема проштавање. Значи, ако со тоа се чистат небесните копии што се на земјата, потребно е небесните стварности да се чистат со поуспешни жртви”, односно со скапоцената Христова крв. Чистењето во симболот и во вистинската служба мора да биде извршено со крв: во земното Светит лшттте со крв на животни, а во небесното со Христовата крв. Павле ни ја дава причината зошто ова чистење мора да се изврши со крв: затоа што без пролевање на крв нема проштавање. Проштавањето или отстранувањето на гревот е дело што треба да се изврши, Но како може гревот да се поврзе со Светилиштето, било тоа да е на небото или на земјата? Ова можеме да го дознаеме со помош на земната служба, зашто свештениците што ја вршеле својата служба на земјата им служеле на „сликите и сенката на небесните стварности” (Евреите 8,5). GCMkd 326.1
Службата во земното Светилиште се состоела од два дела. Свештениците секој ден служеле во светињата, додека поглаварот свештенички еднаш годишно во светињата над светињите вршел посебно дело на помирување за исчистување на Светилиштето. Покајаните грешници секој ден ги доведувале своите жртви пред вратата на шаторот за состанок и, полагајќи рака врз главата на животното за жртва, ги признавале своите гревови. На овој начин гревовите сликовито ги пренесувале од себе на невината жртва. Потоа животното е заклано. „Без пролевање на крв”, вели апостолот, „нема проштавање.” „Зашто животот на живото суштество е во крвта” (3. Мојеева 17,11). Прекршениот Божји закон го барал животот на престапникот. Крвта, што го претставувала животот на грешникот, чијашто вина го носело животното за жртва, свештеникот ја внесувал во светињата (во првиот дел од Светилиштето) и со неа прскал пред завесата зад која се наоѓал ковчегот на заветот во кој бил сместен законот што го престапил грешникот. Со овој обред сликовито гревот, заедно со крвта, е пренесен во светињата. Во некои случаи крвта не е внесувана во светињата, но тогаш свештеникот го јадел месото на жртвата, како што им кажал Мојсеј на синовите Аронови, велејќи: „Господ ви ја даде за да го носите вие гревот на сиот народ” (3. Мојсеева 10,17). Обата овие обреди еднакво го претставувале пренесувањето на гревот од покајникот во Светилиштето. GCMkd 326.2
Тоа била служба што се вршела секој ден во текот на целата година. На овој начин гревовите на Израелците се пренесувани во Светилиштето и била потребна посебна служба со која тие (гревовите) ќе се отстранат оттаму. Бог заповедал да се исчисти секое одделение во Светилиштето. „Така ќе изврши обред на чистење на Светилиштето поради нечистотиите на Израелците, поради нивните престапи и сите нивни гревовиМорал да се исчисти и олтарот - „и ќе го исчиети од нечистотиите на Израелците и ќе го посвети” (3. Мојсеева 16,16.19). GCMkd 327.1
Еднаш годишно, на големиот Ден на чистење, поглаварот свештенички влегувал во светињата над светињите (во второто одделение на Светилиштето, кое се викало и „најсвето место”) за да го исчисти Светилиштето. Со ова дело се завршувала годишната низа на служби. На Денот на чистење пред вратата на шаторот за состанок биле доведени два јарца. За нив се фрлала ждрепка - „едниот Арон нека го одреди со ждрепка за Господа, а другиот за азазела” (3. Мојсеева 16,8). Јарецот што би бил одреден за Господа требало да биде принесен за народот како жртва за грев. Свештеникот неговата крв ја внесувал зад завесата и со неа прскал над поклопецот на милоста и пред него. Со крвта требало да се пороси и кадилниот олтар што стоел пред завесата. GCMkd 327.2
„Потоа да ги положи Арон двете раце врз главата на живиот јарец, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израелови, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и истите да ги положи врз главата наживиот јарец, и одреден човек јарецот да го одведе в пустина. Така јарецот на себе ќе ги однесе сите нивни гревови во пустината” (3. Мојсеева 16,21.22). Азазеловиот јарец за грев не се вратил веќе во логорот на Израел, а човекот што го одвел морал да се измие и да ја испере својата облека пред да влезе во логорот. GCMkd 327.3
Целиот обред бил одреден со цел на Израелците да им всади во срцето свест за светоста на Бога и за неговата одвратност кон гревот и да им покаже дека не можат да бидат во допир со гревот а да не се осквернат со него. Додека се вршела оваа служба на чистење, секоја душа морала да се кае. Сите работи морале да бидат запрени, а целиот израелски народ овој ден морал да го по минува во свечено каење пред Бога во молитва, во пост и во искрено испитување на срцето. GCMkd 327.4
Со оваа симболичка служба се прикажани важните вистини за помирувањето. Наместо грепшикот, примена е неговата замена. Но со крвта на животното за жртва гревот не бил уништен. Со ова е предвиден начинот како гревот ќе биде пренесен во Светилиштето. Со принесувањето на крвта грешникот го признал авторитетот на законот, ја исповедал својата кривица поради престапот и покажал желба за проштавање и вера во идниот Откупител; но уште не бил наполно ослободен од проклетството на законот. На денот на чистење, поглаварот свештенички, откако ја презел од народот жртвата, со нејзината крв влегувал во светињата над светињите и со неа го поросувал поклопецот на милоста, непосредно над законот во ковчегот за да ги задоволи неговите барања, На тој начин тогаш тој како посредник ги примил гревовите на себе и ги изнел од Светилиштето. Положувајќи ги рацете врз главата на живиот јарец, ги признал над него сите гревови, и така симболички од себе ги пренел врз јарецот. Потоа јарецот гревовите ги однел в пустина, со што се сметало дека засекогаш се одземени од народот. GCMkd 327.5
Ваквата служба била „слика и сенка на небесните стварности”. А она во службата на земното Светилиште што е извршено „во слика”, всушност се случува во службата на небесното Светилиште. По своето вознесување, нашиот Спасител ја почнал евојата служба како наш Поглавар свештенички. Апостолот вели: „Христос не влезе во ракотворено Светилиште, кое е само копија на вистинското, туку во самото небо за да се јави сега пред Божјето лице за нас” (Евреите 9,24). GCMkd 328.1
Службата на свештеникот во текот на целата година во првото одделение на Светилиштето, во внатрешноста „зад завесата”, што служела како врата и го делела Светилиштето од тремот, го претставувала делото што го почнал Христос по своето вознесување. Задача на свештеникот за време на секојдневната служба била да му принесува на Бога крв од жртвите за грев и темјан чијшто дим се издигнувал со молитвите на Израелците. Така Христос ги изнесува пред Отецот заслугите на својата крв за спасение на грешниците и со скапоцениот темјан на својата сопствена праведност му ги принесува молитвите на покајаните верни. Тоа била служба што се одвивала во првото одделение на небесното Светилиште. GCMkd 328.2
Таму верата на Христовите ученици го следела својот Спасител кога се вознел на небото од пред нивниот поглед. Овде се наоѓал темелот на нивната надеж, како што кажува Павле, „којашто ја имаме како сигурна и цврста котва на душата која навлегува и зад завесата каде што Исус влезе за нас како претходник откако стана вечен првосвештеник.” „Ниту со крв јарешка и јунешка, туку со својата крв влезе еднаш за секогаш во Светилиштето и ни прибави вечен откуп” (Евреите 6,19.20; 9,12). GCMkd 328.3
Осумнаесет векови е вршена оваа служба во првото одделение на Светилиштето. Христовата крв ги застапувала покајаните грешници, прибавувајќи им проштавање и примање кај Отецот, но нивните гревови се уште останале запишани во небесните книги. Во рамките на земната служба на крајот од годината било извршено чистење - така, пред Христос да го заврши откупот, треба исто да се изврши чистење, да се отстранат гревовите од Светилиштето. Тоа е онаа служба што почна кога истекоа предвидените 2300 денови и ноќи. Како што преткажал пророк Даниел, во тоа време нашиот Поглавар свештенички влегол во светињата над светињите да го изврши последниот дел од својата свештеничка служба - да го исчисти Светилиштето. GCMkd 328.4
Во старо време гревовите на народот со вера биле пренесувани прво врз жртвата за грев, а потоа со нејзината крв, симболички, во земното Светилиште; така и во новиот завет гревовите на оние што се каат, со вера се пренесени врз Христа и со него, вистински, во небесното Светилиште. Во земното Светилиште е извршено отстранување на гревовите што го сквернавеле него; сега на ист начин мора да биде извршено и вистинско чистење на небесното Светилиште, да се отстранат или да се избришат гревовите што се запишани таму. Но, пред да може да се изврши тоа, мора да се испитаат книгите за да се утврди кој стекнал право со покајание и со вера во Христа да биде учесник во милоста на чистењето. Затоа чистењето на Светилиштето содржи извесно дело на истражување, дело на суд. Ова дело мора да биде извршено пред Христос да дојде да го избави својот народ зашто, кога Тој ќе дојде, со себе ја носи и својата награда „за да му даде секому според неговите дела” (Откровение 22,12). GCMkd 329.1
Така, оние што бараа светлина, дознаа од пророчката Реч дека Христос на крајот од пророчките 2300 дни, односно во 1844 година, не дојде на земјата, туку влезе во светињата над светињите на небесното Светилиште за да го изврши конечното дело на чистење како подготовка за своето доаѓање. GCMkd 329.2
Го сфатија и тоа дека жртвата за грев укажувала на Христа како жртва, дека поглаварот свештенички го претставувал Христа како посредник, додека азазел го претставувал сатаната, причината на злото, врз кого на крај ќе бидат ставени гревовите на искрените покајници. Кога поглаварот свештенички ги отстранувал гревовите од Светилиштето со крвта на жртвата за грев, тој истите ги положувал врз азазела. На крајот од својата служба, кога Христос со својата крв ќе ги отстрани гревовите на својот народ од небесното Светилиште, ќе ги положи врз сатаната кој, при извршувањето на пресудата, мора да ја сноси конечната казна. Јарецот за грев бил одведен в пустина за никогаш веќе да не се врати во друштво на Израелците. Така сатаната засекогаш ќе биде протеран од Божја близина и од близина на неговиот народ и ќе биде уништен при конечното уништување на гревот и грешниците. GCMkd 329.3
*****