ГОЛЕМАТА БОРБА
22—ИСПОЛНЕТИ ПРОРОШТВА
_______________
Кога помина времето во кое првпат се очекуваше Христовото доаѓање - пролетта 1844 година - оние кои со вера го очекуваа неговото доаѓање извесно време живееја со сомневање во срцето и во неизвесност. Додека светот нив ги гледаше како поразени и разочарани луѓе и им докажуваше дека сето тоа било заблуда, извор на нивна утеха се уште беше Светото писмо. Мнозина продолжија да го истражуваат Писмото. Повторно ги испитуваа доказите за својата вера и внимателно ги проучуваа пророштвата за да дојдат до поголема светлжна. Се чинеше дека Библијата јасно и решително го потврдуваше нивното гледиште. Знаците што не можеа да бидат погрешно сфатени упатуваа на скорашното Христово доаѓање. Изобилните Господови благослови, како при преобраќањето на грешниците така и при будењето на духовен живот меѓу христијаните, посведочија дека веста за Христовото доаѓање е од небото. И иако верните не можеа да го објаснат своето разочарување, сепак, чувствуваа сигурност дека Бог ги водеше во нивното минато искуство. GCMkd 305.1
Во пророштвата што упатуваа на скорашното Христово доаѓање се наоѓаа и поуки кои одговараа токму на нивната состојба на неизвесност и очекување и ги храбреа стрпливо да истраат, верувајќи дека она што сега им се чинеше темно, во одредено време ќе стане јасно. GCMkd 305.2
Меѓу овие пророштва беше и она од Авакум 2,1-4: „Застанав на стража и, стоејќи на кулата, внимавав да видам што ќе ми каже Тој, и што да одговорам на мојот укор. Тогаш Господ ми одговор и рече: ‘Запиши го видението, врежи го на плочки за поминувачот лесно да го чита.’ Зашто видението се однесува на определено време; ќе се исполни и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто навистина тоа ќе дојде и нема да се забави. Ете, на горделивиот душата нема да му се успокои, а праведникот ќе живее од својата вера.” GCMkd 305.3
Упатството во пророштвото: „Запиши го видението, врежи го на плочки за поминувачот лесно да го чита”, го поткрена Чарлс Фич уште во 1842 година да направи пророчка карта и сликовито да ги изнесе виденијата на пророк Даниел и на Откровението. Објавувањето на оваа карта се сметаше како исполнување на заповедта дадена преку пророкот Авакум. Меѓутоа, тогаш никој не забележа дека во ова пророштво е спомнато некое одложување при исполнувањето на ова видение, некое време на очекување. GCMkd 305.4
По разочарувањето, овој дел на пророштвото изгледаше мошне значаен: „Зашто видението се однесува на определено време; ќе се исполни и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто навистина тоа ќе дојде и нема да се забави..., а праведникот ќе живее од својата вера.” GCMkd 306.1
За верните исто толку извор на сила и утеха беше еден дел од пророштвото на Езекил: „Добив реч од Господа: ‘Сине човечки, какви ви се тие приказни за Израеловата земја?’ Се зборува: ‘Ете, деновите минуваат а од пророштвото ништо!’ Затоа кажи им, вака вели Господ Бог:... ‘Деновите веќе наближуваат и сите мои пророштва ќе се исполнат! Зашто она што ќе го кажам јас, Господ, тоа и ќе се исполни и нема да биде одложено.1... Еве што се зборува во Израеловиот дом: ‘Видението што го виде овој е за далечни времиња.’ Ниеден мој збор нема веќе да се одложи. Што реков, речено е и се ќе се исполни! - Говори Господ Бог.” (Езекил 12,21-25.27.28). GCMkd 306.2
Оние што чекаа се израдуваа со овие зборови, верувајќи дека Оној, кој од почеток го знае крајот, гледа низ вековите и Тој, бидејќи однапред го видел нивното разочарување, им упати зборови со кои ги охрабри и им влеа надеж. Кога не би имало во Светото писмо такви места што ги храбреа стрпливо да чекаат и цврсто да се надеваат во Божјата реч, нивната вера ќе се угасеше во оној тежок миг на искушение. GCMkd 306.3
Споредбата со десетте девојки во Евангелието според Матеј 25. глава исто така го прикажува искуството на оние што го чекаат Христовото доаѓање. Во Матеј 24. глава Господ на прашањето на своите ученици во врска со знаците на неговото доаѓање и крајот на светот истакнал некои од најважните настани во историјата на светот и црквата што ќе се одиграат меѓу неговото прво и второ доаѓање, како што се разурнувањето на Ерусалим, големата неволја што ќе ја снајде Божјата црква за време на многубожечките и папските прогонства, затемнувањето на сонцето и месечината и паѓањето на ѕвездите. Потоа зборувал за своето доаѓање во своето царство и им ја изнел споредбата за два вида слуги што различно гледале на неговото доаѓање. Дваесет и петтата глава почнува со зборовите: „Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки.” Овде станува збор за истата црква која живее во последните денови, а на која се укажува и на крајот од 24. глава. Во споредбата за ориенталната свадба се прикажува нејзиното искуство. GCMkd 306.4
„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот. GCMkd 307.1
Пет од нив беа мудри, а пет неразумни. Неразумните зедоа со себе светилки, но не понесоа масло; а мудрите, заедно со светилките, зедоа во садови и масло. А бидејќи младоженецот се забави, сите ги фати дремка и заспаа. А на полноќ се чу викање: ‘Ете го младоженецот, излезете да го пречекате’” (Матеј 25,1-6). GCMkd 307.2
Христовото доаѓање, како што го објавила првата ангелска вест, е прикажано со доаѓањето на младоженецот. Ширењето на реформацијата, помогнато со проповедањето на веста за второто Христово доаѓање, е претставено со излегувањето на девојките во пресрет на младоженецот. Во оваа споредба, како и во онаа во Матеј 24, ни се прикажуваат два вида луѓе. Сите девојки зеле светилки, Библијата, и со нејзината светлина пошле во пресрет на младоженецот. „Неразумните зедоа со себе светилки, но не понесоа масло; а мудрите, заедно со светилките, зедоа во садови и масло.” Во нашиот случај оваа последна група ја прими Божјата милост, преродбенската и просветувачката сила на Светиот Дух, што неговата Реч ја прави видело на нозете и светлина што го осветлува патот. Тие со Божји страв го истражуваа Светото писмо за да ја дознаат вистината и сериозно се стремеа кон чистота на срцето и животот. Овие мудри девојки имаа лично искуство, вера во Бога и во неговата Реч, што разочарувањето и одолжувањето не можеа да ја надвладеат. Другите „зедоа со себе светилки, но не понесоа масло”. Нив ги водеа нивните чувства. Свечената вест кај нив разбуди страв, но тие се потпираа врз верата на своите браќа, задоволни со треперливата светлина на добрите побуди, без темелно сфаќање на вистината и без вистински род на милоста во своите срца. Тие излегоа во пресрет на Господа, полни со надеж во скорашна награда, но не беа приготвени за одолжувањето и за разочарувањето. Кога наидоа искушенија, нивната вера ослабе и нивните светилки почнаа да се гаснат. GCMkd 307.3
„Бидејќи младоженецот се забави, сите ги фати дремка и заспаа.” Одолжувањето на младоженецот го претставуваше времето кога Господ се очекуваше, го претставуваше разочарувањето и привидното задоцнување. Во ова време на неизвесност, површните и неутврдените почнаа да се колебаат; нивните напори попуштија. Но оние, чијашто вера се темелеше на лично познавање на Библијата, под своите нозе имаа карпа која брановите на разочарувањето не можеа да ја однесат. Сите „ги фати дремка и заспаа” - една група рамнодушно ја напушта својата вера, a друга стрпливо очекува појасна светлина. Но, се чини дека и оваа, последнава група, во нокта на искушението во извесна мера ja загуби својата ревност и побожност. Површните и неутврдените не можеа повеќе да се потпираат врз верата на своите браќа. Секој мораше за себе да стои или да падне. GCMkd 307.4
Отприлика во исто време се појави фанатизам. Некои што тврдеа дека цврсто веруваат во веста ја отфрлија Божјата реч како единствен сигурен водич. Тврдејќи дека се водени од Духот, тие целосно им се предадоа на своите сопствени чувства, на своите впечатоци и на својата мечта. Некои покажуваа слепа и лжцемерна ревност, осудувајќи ги сите што не ја одобруваа нивната постапка. Нивните фанатични поими и поетапки не наидоа на одобрување кај поголемото мнозинство на чекателите на Христовото доаѓање, но му послужија на сатаната делото на вистината да го изложи на презир. GCMkd 308.1
Сатаната на овој начин се обиде да стане против Божјето дело и да го поткопа. Луѓето многу се возбудија поради проповедањето за второто Христово доаѓање; илјадници грешници се обраќаа, а верните луѓе ревносно ја објавуваа вистината дури и по првото разочарување. Кнезот на злото ги губеше своите приврзаници. Но, за да го осрамоти Божјето дело, настојуваше да ги измами оние што веруваа и да ги вовлече во фанатизам. Сатанските орудија секогаш биле подготвени секоја заблуда, секоја грешка и секоја невешта постапка да му ја прикажат на народот во најцрна боја за да ги понижат чекателите и нивната вера. Затоа, колку се зголемуваше бројот на оние што сатаната ги наведе привидно да веруваат во повторното доаѓање, а всушност во нивните срца владееше тој, имаше се поголема корист од нив, насочувајќи го кон нив вниманието како претставници на сите верни, GCMkd 308.2
Сатаната е „обвинител на браќата”; неговиот дух ги инспирира луѓето да бараат грешки и мани кај Божјиот народ за да ги изнесат на виделина, додека неговите добри дела и не ги спомнуваат. Тој секогаш е мошне ревносен кога Бог работи за спасението на душите. Кога Божјите деца доаѓаат да се јават пред Господа, тогаш и сатаната доаѓа со нив. Во секое духовно будење тој е подготвен да доведе луѓе со непосветено срце и со неурамнотежен дух. Кога тие ќе прифатат некои точки на вистината и ќе добијат место меѓу верните, тогаш сатаната работи преку нив за да воведе теории што ќе ги измамат невнимателните. He значи дека некој е добар христијанин ако може да се види во друштво на Божјите деца и во Божјиот дом, или дури на Господовата трпеза. Сатаната често е присутен и при најсвечените пригоди во лицата на оние што може да ги употреби како свое орудие. GCMkd 308.3
Кнезот на злото се бори за секоја стапка на земјата по која чекори Божјиот народ на својот пат кон небесниот град. Во целата историја на црквата никогаш не е спроведена некоја реформација што не наидувала на сериозни пречки, Така било во деновите на Павле. Секаде каде што апостолот основал некоја црква имало такви кои тврделе дека ја прифаќаат верата, а сепак, внесувале во неа лажна наука која, да била прифатена, би ја потиснала љубовта кон вистината. И Лутер имал големи тешкотии и неприлики со постапките на фанатиците кои тврделе дека Бог зборува непосредно преку нив. Тие своите лични мислења и сфаќања ги ставиле над сведоштвата на Светото писмо. Мнозина, на кои им недостигала вера и искуство, но кои за себе имале високо мислење и сакале да слушнат и да проповедаат нешто ново, биле измамени со учењето на овие нови учители и се здружиле со сатанското орудие да го урнат она што го изградил Лутер поттикнат од Бога. Двајцата браќа Весли и други, кои со своето влијание и со својата вера за светот биле од голем благослов, на секој чекор наидувале на сатанска злоба која, премногу ревносните, непостојаните и непосветените, ги туркала во секој можен фанатизам. GCMkd 309.1
Вилијам Милер не беше наклонет кон овие влијанија што водеа во фанатизам. Тој, како и Лутер, изјави дека секој дух треба да биде испитан со Божјата реч. „Сатаната”, рече Милер, „во нашето време над некои има голема моќ. А како ќе знаеме чиј дух имаат тие? Библијата одговара: ,Ќе ги познаете според нивните родови...4 Многу духови излегоа на светот, и нам ни е наредено да ги испитуваме духовите. Оној дух што не не упатува да живееме трезвено, праведно и побожно, не е Христов Дух. Се повеќе сум осведочен дека во овие диви движења е вмешан сатаната. Мнозина меѓу нас, кои тврдат дека се потполно посветени, следат човечки обичаи и очигледно не знаат за вистината повеќе од оние што не се фалат дека ја познаваат44 (Bliss, pages 236,237). GCMkd 309.2
„Духот на заблудата не одвраќа од вистината, а Божјиот Дух не води во вистината. Но, вие велите - човекот може да биде во заблуда и да мисли дека ја има вистината. Што тогаш? Ние одговараме: Духот и Божјата реч се во хармонија. Ако човекот себеси се споредува со Божјата реч и ако Речта ја прифаќа во целост, тогаш мора да верува дека ја има вистината. Но ако утврди дека духот што го води не е во хармонија со духот на целиот Божји закон или со Божјата книга, тогаш треба да биде внимателен за да не биде фатен во сатанска стапица” (The Advent Herald and Signs of the Times Reporter, vol. 8, No. 23; Jan. 15,1845). „Јас често повеќе бев уверуван во нечија внатрешна побожноет кога гледав солзни очи, влажни образи и зборови на каење отколку кога слушав бучно фалење на овие божемни христијани44 (Bliss, page 282). GCMkd 309.3
Во времето на реформацијата нејзините непријатели сите зла на фанатизмот ги ставале на товар токму на оние што најенергично му се противеле на фанатизмот. Слично постапуваа и оние кои стануваа против чекателите на Христовото доаѓање. He се задоволија со тоа лошо да ги претставуваат и да ги зголемат заблудите на екстремните фанатици, туку ширеа мошне неповолни вести што ниту малку не наликуваа на виетината. Овие луѓе беа исполнети со предрасуди и со омраза. Нивниот мир беше нарушен со објавата дека Христос е пред врата. Тие се плашеа дека тоа би можело да биде вистина, но сепак, се надеваа дека не е така, и тоа беше причината за нивната борба против чекателите на Христовото доаѓање и нивната вера. GCMkd 310.1
Фактот што во редовите на чекателите на Христовото доаѓање се вовлекоа некои фанатици не може да биде причина за тврдењето дека движењето не е од Бога, како и присуството на фанатиците и измамниците во црквата во времето на Павле и Лутер што не било доволно оправдание да се осуди нивната работа. Божјиот народ нека се разбуди од сон и сериозно нека почне дело на покајание и реформа; нека го истражува Писмото за да ја запознае вистината онаква каква што е во Исуса; наполно нека му се предаде на Бога; ако постапува така, тогаттт бргу ќе се покаже дека сатаната се уште е буден и активен. Со сите можни измами тој ќе ја открива својата моќ, повикувајќи ги на помош сите паднати ангели на своето царство. GCMkd 310.2
Фанатизам и раздор не создаде објавувањето на повторното Христово доаѓање. Тие се појавија летото 1844 година кога чекателите беа во неизвесност и забуна во врска со своето вистинско становиште. Проповедањето на првата ангелска вест и на „полноќниот вик” непосредно беше насочено против фанатизмот и поделбата. Оние што учествуваа во тие свечени потфати беа сложни; нивните срца беа исполнети со меѓусебна љубов и со љубов кон Исуса, зашто очекуваа наскоро да го видат. Заедничката вера и заедничката блажена надеж ги издигна над секое човечко влијание, и тоа им беше штит против сите сатански напади. GCMkd 310.3
„А бидејќи младоженецот се забави, сите ги фати дремка и заепаа. А на полноќ се чу викање: ‘Ете го младоженецот, излезете да го пречекате! ‘ Тогатп сите девојки станаа и ги приготвија своите светилки” (Матеј 25,5-7). Летото 1844 година, во средината на времето кога првпат се очекуваше Христовото доаѓање, и есента истата година, кога навистина помина времето од 2300 дни, како што се докажа подоцна, буквално се проповедаше веста на Светото писмо: „Ете го младоженецот, пречекајте го!” GCMkd 310.4
Ова движење се појави врз основа на откритието дека наредбата на Артаксеркс за обнова на Ерусалим, што беше појдовна точка на пророчкото време од 2300 дни, стапила во сила есента 457 година пред Христа, а не на почетокот на таа година, како што се мислеше порано. Ако овие 2300 години почнуваат есента 457 година пред Христа, тогаш овој период завршува есента 1844 година (види: Додаток, забелешка за 329. страница). GCMkd 311.1
Доказите од старозаветната симболичка служба во Светилиштето упатува исто така на есента како време кога ќе се одигра настанот означен како „чистење на Светилиштето”. Ова стана мошне јасно кога вниманието беше обрнато на начинот како сеисполниле сликите што се однесувале на првото Хрисгово доаѓање. GCMkd 311.2
Жртвувањето на пасхалното јагне било претслика на Христовата смрт. Павле вели: „Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас” (1. Коринќаните 5,7). Снопот од првината на жетвата, што бил претставен пред Господа за време на празникот Пасха, бил претслика на Христовото воскресение. Зборувајќи за Господовото воскресение и за воскресението на целиот негов народ, Павле кажува: „Христос како првина, a потоа оние кои се Христови, во времето на неговото доаѓање” (1.Коринќаните 15,23). Слично на прикажаниот сноп, кој бил прво зрело жито пожнеано пред жетвата, и Христос е првенец на онаа бесмртна жетва на спасените што ќе биде собрана во Божјите амбари при идното воскресение. GCMkd 311.3
Овие претслики се исполниле не само во врска со настаните, туку и во врска со времето. Четиринаесеттиот ден во првиот еврејски месец, истиот ден и месец, во кој за време на долгите петнаесет векови се колело пасхално јагне, Христос, јадејќи ја со своите ученици пасхалната вечера, воспоетавил свечена уредба што требало да биде спомен на неговата сопствена смрт како „Божје јагне кое ги зема на себе гревовите на светот” (Јован 1,29). Истата ноќ тој паднал во безбожните раце кои го распнале и убиле. И, слично на пораката што ја носел во себе прикажаниот сноп, нашиот Спаеител третиот ден воскреснал од мртвите и станал „првенец на умрените”. Тој е слика на сите воскреснати праведници чиешто „понижено тело” ќе се „сообрази со неговото славно тело” (1. Коринќаните 15,20; Филипјаните 3,21). GCMkd 311.4
Исто така мора да се исполнат претсликите што се однесуваат на второто Христово доаѓање во времето преткажано сосимболичката служба во Светилиштето. Според старозаветната служба, големиот Ден на чистење или чистењето на Светилиштето, се совпаѓал со десеттиот ден во седмиот еврејски месец (3. Мојсеева 16,29-34). Кога поглаварот свештенички го извршил чистењето за цел Израел и со тоа ги отстранил од Светилиштето нивните гревови, излегол надвор и го благословил народот. Така се верувало дека нашиот Поглавар свештенички, Христос, ќе дојде да ја исчисти земјата со уништување на гревот и грешниците и дека на својот народ ќе му даде бесмртност. Десеттиот ден во седмиот месец - времето на чистење на Светилиштето и големиот Ден на чистење - кој во 1844 година се совпадна со 22 октомври, се сметаше за ден на повторното Христово доаѓање. Тоа беше во согласност со веќе изнесените докази дека 2300 дни ќе завршат таа есен. Овој заклучок се чинеше сигурен. GCMkd 311.5
Во споредбата од Евангелието според Матеј 25, по времето поминато во чекање и спиење, огласено е доаѓањето на младоженецот. Тоа се соглаеуваше токму со изнесените докази од пророштвото и од симболите. Верниците беа длабоко уверени во нивната веродостојнот, и „полноќниот вик” одекнуваше од илјадници грла. GCMkd 312.1
Ова движење ја прекри земјата како плима. Преминуваше од град во град, од село во село, се додека Божјиот народ, кој го чекаше Христовото доаѓање, не беше наполно разбуден. Пред ова објавување исчезна фанатизмот како ран мраз кога се појавува сонце. Кај верните исчезнаа сомневањето и збунетоста, а нивните срца ги исполнуваше надеж и храброст. Делото беше ослободено од сите крајности што се појавуваат секогаш кога ќе дојде до израз човечката возбуда неконтролирана од Божјата реч и од Божјиот Дух. Ова дело по својот карактер беше слично на оние мигови на понизност и враќање кај Господа низ кои поминувал некогашниот Израел по укорите што му ги праќал Бог преку своите слуги. GCMkd 312.2
Тоа имаше исти белези што го означувале Господовото дело во сите времиња. Тука имаше помалку одушевување, а повеќе темелно испитување на срцето, признавање на гревот и откажување од светот. Цел на овие души што се бореа со Бога беше да се приготват за средба со Господа. Верните беа постојано на молитва и безрезервно му се предаваа на Бога. GCMkd 312.3
Опишувајќи го ова дело, Милер рече: „Нема голем излив на радост; се чини дека тоа е задржано за идната пригода кога сето небо и сета земја, полни со слава, ќе се радуваат со неискажлива радост. He се слушаат ниту радосни извици; и тоа е сочувано за часот кога ќе се слушне небесниот триумф. Пеачите молчат; тие чекаат да и се придружат на ангелската војска, на небесните хорови... Нема спротивности во чуветвата; сите имаат едно срце и една мисла” (Bliss, pages 270,271). GCMkd 312.4
Друг учесник во ова движење сведочи: „Ова движење насекаде поттикнуваше темелно испитување на срцето и понизно каење пред возвишениот небесен Бог. Тоа ги наведе сите луѓе да ги презрат световните работи, споровите беа средени, грешките признати, а скршеното и покајничко срце пекаше пред Бога за милост и проштавање. Тоа произведе лична понизност пред Бога и каење какво што никогаш порано не сме виделе. Истото беше слично со она што го кажал Бог преку пророкот Јоил за часот кога ќе се приближи Господовиот ден, кога ги искинале срцата a не облеката и му се приближиле на Господа со пост, со плачење и тага. Како што рекол Бог преку Захарија: врз неговите деца е излеан дух на милост и молитва; погледале во Оној што го проболе; тогаш настанала голема жалост во земјата... а оние што го чекале Господа ги мачеле пред него своите души” (Bliss, in Advent Shield and Review, vol. I, p. 271; January, 1845). GCMkd 312.5
Од сите големи движења од времето на апостолите, ниедно не било почисто од човечко несовршенство и од сатански измами од она есента 1844 година. И сега, по толку години, сите што учествуваа во движењето и што останаа цврсти на темелот на вистината, го чувствуваат влијанието на тоа Господово дело и сведочат дека тоа дело беше од Бога. GCMkd 313.1
На повикот: „Ете го младоженецот, пречекајте го!”, станаа сите што чекаа и „ги приготвија своите светилки.” Тие ја проучуваа Божјата реч со до тогаш непозната ревност. Ангелите беа пратени од небото да ги разбудат оние што беа обесхрабрени и да ги приготват да ја прифатат веста. Ова дело не се темелеше врз човечко знаење и мудрост, туку врз Божјата моќ. He најнадарените, туку наједноставните и најпреданите беа тие што први го слушнаа повикот и го прифатија. Земјоделците го оставија своето жито на полето, занаетчиите својот алат и појдоа со солзи во очите и со голема радост да ја објават опомената. Поранешните водачи беа меѓу последните што му се придружија на ова движење. Црквите насекаде ii ја затвораа вратата на оваа вест, а голем број од оние што ја прифатија излегоа од нив. Со Божјето провидение оваа вест се соедини со втората ангелска вест и на ова дело му даде посебна сила. GCMkd 313.2
Веста: „Ете го младоженецот”, не се ширеше толку врз основа на докази, иако доказите од Светото писмо беа јасни и уверливи. Неа ја придружуваше непреодолива сила што ги движеше душите. Тука немаше сомневање ниту прашање. При победоносното Христово влегување во Ерусалим, народот што се собрал од еите страни на земјата да празнува празник, побрзал кон Маслинската гора, и кога се помешал со мноштвото што го придружувало Исуса, сите ги освоило сеопштото одушевување и заедно го засилиле триумфот: „Благословен е Тој кој доаѓа во Господово име!” (Матеј 21,9). Исто така и неверните, кои побрзаа на собирите на чекателите - некои од љубопитство, а други да се изнаподбиваат - ја чувствуваа силата на осведочувањето што ја придружуваше веста: „Ете го младоженецот, пречекај те го!” GCMkd 313.3
Во тоа време верните се одликуваа со вера што ја прима Бог, со вера што чека награда. Како пороен дожд што ја освежува жедната земја, Духот на милоста слезе врз оние што сериозно ја истражуваа Божјата реч. Тие што очекуваа наскоро да го видат својот Откупител лице в лице, чувствуваа света радост што не може да се опише. Силата на Светиот Дух, што смекнува и потчинува, ги растопи срцата кога Божјиот благослов обилно се излеа врз верните. GCMkd 314.1
Оние што ја прифатија веста се приближуваа внимателно и свечено кон времето кога се надеваа дека ќе го сретнат својот Господ. Секое утро чувствуваа дека нивна прва должност е де се уверат оти Бог ги прима. Нивните срца беа тесно поврзани и тие многу се молеа заедно и едни за други. Често се состануваа на осамени места да се молат на Бога. Молитви кон небото се издигнуваа од полињата и кориите. Сигурноста дека ја уживаат наклоноста на Спасителот ја сметаа за поважна од својата секојдневна храна; а ако некаков облак ќе ги затемнеше нивните души, не мируваа додека истиот не беше отстранет. Чувствувајќи го доказот на милоста што проштава, тие копнееја да го видат Оној што нивната душа толку го љубеше. GCMkd 314.2
Но, требаше пак да доживеат разочарување. Времето на очекување помина, а нивниот Спасител не дојде! Со непоколеблива доверба го очекуваа неговото доаѓање, а сега го почувствуваа она што го почувствувала и Марија кога дошла кај гробот на Спасителот и го нашла празен. Таа со солзи извикала: „Го однеле мојот Господ и не знам каде го положиле” (Јован 20,13). GCMkd 314.3
Чувството на стравопочит и стравот дека веста би можела да биде виспшита, извесно време го задржуваа неверниот свет, а кога времето пошша, тоа чувство не можеше веднаш да исчезне. Тие не можеа веднаш да триумфираат над жртвите на разочарувањето. Но кога не се покажаа знаци на Божји гнев, се закрепнаа од стравот и почнаа одново со своите исмевања и подбивања. Голем број од оние што тврдеа дека веруваат во скорашното Господово доаѓање ја напуштија својата вера. Некои што беа мошне самоуверени, во својата горделивост беа толку повредени што сакаа да исчезнат од светот. Тие се жалеа на Бога како Јона, и повеќе сакаа смрт отколку живот. Оние што својата вера ја темелеа врз мислењето на други а не врз Божјата реч, беа готови да ги изменат своите погледи. Подбивачите ги придобија слабаците и страшливците во своите редови, а потоа сите се соединија и изјавија дека не треба повеќе да стравуваат или нешто да очекуваат. Времето помина, Господ не дојде, и светот може да остане ист за илјадници години. GCMkd 314.4
Сериозните и искрени верни се откажаа од се заради Христа и ја чувствуваа неговата близина како никогаш порано. Тие беа уверени дека на светот му ја објавија последната опомена и, очекувајќи наскоро да бидат примени во друштво на својот божествен Учител и на небесните ангели, речиси наполно се повлекоа од заедницата на оние пгго не ја прифатија веста. Со топол копнеж се молеа: „Да, дојди Господе Исусе!” Но Тој не дојде. А сега пак да се преземе тешкиот товар на грижите и тешкотиите на овој живот, да се поднесува исмевање и подбивање од страна на светот - навистина беше тешко искушение за нивната вера и трпение. GCMkd 315.1
Меѓутоа, ова разочарување не беше толку големо како она што го доживеале учениците во времето на првото Христово доаѓање. Кога Исус со слава влегол во Ерусалим, неговите ученици мислеле дека Тој има намера да седне на Давидовиот престол и да го ослободи Израел од неговите угнетувачи. Со големи надежи и со радосно очекување се натпреварувале како на својот Цар да му укажат поголема почит. Мнозина своите згорништа ги простирале како килжм на неговиот пат илж пред него ставале палмови гранки. GCMkd 315.2
Во своето одушевување се соединиле во радосен извик: „Осана на синот Давидов!” Кога фарисеите, вознемирени и лути поради оваа радост, барале Исус да ги укори своите ученици, Тој одговорил: „Ако замолкнат тие, камењата ќе викаат” (ЈТука 19,40). GCMkd 315.3
Пророштвото морало да се исполни. Учениците ја исполнувале Божјата намера, па сепак, морале да искусат горко разочарување. Поминале само неколку дена од тој настан и тие биле сведоци на маченичката смрт на Спасителот, а потоа го положиле в гроб. Нивните очекувања не биле исполнети ниту во една подробност, а нивните надежи умреле заедно со Исуса. Дури тогаш, кога нивниот Господ славно воскреснал од гробот, сфатиле дека сето тоа во пророштвата порано било објавено „дека Христос требаше да настрада и да воскресне од мртвите” (Дела 17,3). GCMkd 315.4
Петстотини години пред тоа Гоепод преку пророкот Захарија рекол: „Ликувај од радост, ќерко сионска! Воскликнувај, ќерко ерусалимска. Еве, твојот Цар ти се враќа; праведен е и победоносен, понизен јава на магаре, на младо магаре” (Захарија 9,9). Кога учениците би знаеле дека Христос ќе оди на суд и во смрт, не би можеле да го исполнат ова пророштво. GCMkd 315.5
Слично Милер и неговите другари го исполнија пророштвото и ја објавија веста што ја преткажала Божјата реч. Но тие не ќе можеа да ја објават кога во целост ќе ги разбереа пророштвата што се однесуваа на нивното разочарување, а кои едновремено ја содржат втората вест што требаше да им се проповеда на сите народи пред Господовото повторно доаѓање. Првата и втората ангелска вест беа објавени во вистинско време и го извршија делото што Бог имаше намера да го изврши со нивна помош. GCMkd 315.6
Светот очекуваше и претпоставуваше дека целиот систем на науката за Христовото доаѓање ќе биде отфрлен ако времето помине а Христос не дојде. Но, додека едни, притиснати од тешки искушенија, ја напуштија својата вера, други и понатаму останаа цврсти. Плодовите на ова движење на чекателите на Христовото доаѓање - понжзноста и испитувањето на сопственото срце, откажувањето од светот и промената на животот - што беа белези на ова дело, сведочеа дека тоа е од Бога. Непријателите не се осмелуваа да кажат дека проповедањето на пораката за второто доаѓање не го придружуваше сила на Светиот Дух, но не успеаја ниту да најдат некоја грешка во нивното пресметување на пророчкиот период. Ниту најспособните противници не беа во состојба да го урнат нивниот систем на толкување на пророштвата. Затоа чекателите не можеа да одлучат без соодветни библиски докази да ги отфрлат сознанијата до кои дојдоа со сериозно и предано проучување на Писмото придружувано со молитва, просветлени со Божјиот Дух и со срце кое пламтеше со неговата жива сила. He можеа да ги напуштат сознанијата што и преодолеваа на најострата критика и на најогорчените напади од страна на познатите верски учители и на мудрите луѓе на овој свет; кои опстанаа во борбата против здружените напори на ученоста и речитоста, и пред шегите и подбивите на луѓето од повисоките и пониските слоеви. GCMkd 316.1
Навистина, очекуваниот настан не се исполни, но дури ни тоа не можеше да ја поколеба нивната вера во Божјата реч. Кога Јона на улиците на Ниневија објавувал дека градот во рок од четириееет дни ќе биде уништен, Бог го примил покајанието на жителите на Ниневија и го продолжил нивното време на милост; сепак, веста на Јона била пратена од Бога, а Ниневија испитана според неговата волја. Чекателите на Христовото доаѓање веруваа дека Бог и нив ги водеше при објавувањето на пораката за судот. Велеа: „Тој ги провери срцата на еите што ја слушнаа и кај нив разбуди љубов кон Господовото доаѓање или, од друга страна, предизвика повеќе или помалку забележлива, но на Бога добро позната омраза против тоа доаѓање. Тој повлече граница, така што оние кои сакаа да ги испитуваат своите срца можеа да знаат на која страна би се наоѓале кога Господ би дошол тогаш; дали би извикнале: „Еве, ова е нашиот Бог, него го чекавме, и ќе не спаси!”, или би им викале на горите и камењата да паднат врз нив и да ги скријат од лицето на Оној што седи на престолот и од гневот на Јагнето. Верувавме дека Бог на овој начин ги испитуваше своите деца, ја проверуваше нивната вера дали ќе се повлечат во мигот на искушенијата од своите места на кои ги поставил и дали ќе се откажат од овој свет и ќе покажат безусловно надевање во Божјата реч” (The Advent Herald and Signs of the Times Reporter, vol. 8, No, 14; Nov 13,1844). GCMkd 316.2
Чувствата на оние кои се уште веруваа дека Бог ги водеше во нивните минати искуства, Милер ги изразува со зборовите: „Кога уште еднаш би живеел со истите докази што ги имав во првиот 407 живот, и во вториот живот би го сторил она што го сторив во првиот за да бидам чесен пред Бога и пред луѓето.” „Се надевам дека мојата облека ја исчистив од крвта на душите. Верувам дека, колку што ми беше можно, се ослободив од секоја вина во врска со нивната осуда„Иако бев два пати разочаран”, пишува овој Божји човек, „сепак, уште не сум поразен и обесхрабрен. Мојата надеж во Христовото доаѓање е посилна од кога и да е порано. Јас го правев само она што, по многу години на сериозно размисливање, го сметав за своја света должност. Ако сум згрешил, тоа беше од христијанска љубов кон моите ближни и од уверување за мојата должност кон Бога.” „Едно знам: го проповедав само она во што верував. Со мене беше Божјата рака. Неговата сила се откри во делото и направени се многу добра.” „Со проповедањето на пророчкото време се поттикнати многу илјаднжци да го проучуваат Светото писмо и со негова помош и со Христовата крв се помирени со Бога” (Bliss, pages 256,255,277,280,281). GCMkd 317.1
„Јас никогаш не се трудев да стекнам милост од страна на горделивите луѓе, но и не се обесхрабрив ниту тогаш кога светот ми се закануваше. Ни сега нема да ја купувам нивната наклоност ниту ќе предизвикувам нивна омраза пречекорувајќи ја мојата должност. Никогаш нема да го барам мојот живот од нивните раце ниту пак, се надевам, ќе одбијам да го жртвувам ако одреди така Бог во своето добро провидение” (Ј. White, Life ofWm. Miller, page 315). GCMkd 317.2
Бог не ce откажа од својот народ; неговиот Дух беше со оние што не се откажаа од светлината што ја примија, ниту станаа против надежта во Христовото доаѓање. Во посланието до Евреите се напишани зборови што охрабруваат и опомена за оние кои во ова време на неволја беа проверени: „И така, не отфрлајте ја вашата доверба која има голема награда. Имено, вам ви е потребно трпение, па откако ќе ја исполните Божјата волја, да го добиете ветеното. Зашто уште малку, мошне малку, и ќе дојде Оној кој доаѓа и нема да се забави. А мојот праведник ќе живее од верата; а ако отстапи, на мојата душа нема да и биде по волја. Но ние не сме од оние кои се повлекуваат за погибел, туку од онже кои имаат вера за зачувување на душата” (Евреите 10,35-39). GCMkd 317.3
Дека оваа опомена и е упатена на црквата во последните денови јасно се гледа од зборовите што укажуваат на близината на Господовото доаѓање: „Уште малку, мошне малку, и ќе дојде Оној кој доаѓа и нема да се забави.” Од ова јасно произлегува дека треба да настане некакво привидно задоцнување и дека Господ навидум се колеба со своето доаѓање. Оваа поука мошне добро одговара на искуството на чекателите на ова време. Сите, на кои им се упатени овие зборови, беа во опасност да доживеат бродолом на својата вера. Тие ја извршуваа Божјата волја прифаќајќи го водството на неговиот Дух и на неговата Реч, но не можеа да ја сфатат неговата намера во своето минато искуство ниту да го видат патот пред себе, и затоа беа во искушение да се посомневаат дали навистина ги водеше Бог. На тоа време се однесуваа зборовите: „Мојот праведник ќе живее од верата.” На нивниот пат засвети јасната светлина на „полноќниот вик” и тие го отпечатија пророштвото и кога видоа дека бргу се исполнуваат знаците што им зборуваа за скорашното Христово доаѓање, навистина живееја така како да го гледаа Христовото доаѓање. Но сега, скршени со неисполнетите надежи, можеа да се одржат само со верата во Бога и во неговата реч. Светот, кој се подбиваше, рече: „Измамени сте! Откажете се од вашата вера и признајте дека сатаната го поттикна движењето на чекателите на Христовото доаѓање.44 Но и Божјата реч зборуваше: „А ако отстапи, на мојата душа нема да и биде по волја.” Да ја напуштат сега својата вера и да се откажат од силата на Светиот Дух што ја придружуваше оваа вест, би значело да се вратат во пропаст. Зборовите на апостол Павле ги поттикнуваа кон истрајност: „И така, не отфрлајте ја вашата доверба која има голема награда. Имено, вам ви е потребно трпение... Зашто уште малку, мошне малку, и ќе дојде Оној кој доаѓа и нема да се забави.” Единствена нивна сигурност беше и понатаму да ја негуваат светлината што ја примија од Бога и цврсто да се држат за неговите ветувања, да продолжат да го истражуваат Светото писмо и стрпливо да чекаат и да бдеат додека не добијат повеќе светлина. GCMkd 318.1
*****