ГОЛЕМАТА БОРБА

12/43

11— ПРОТЕСТ НА КНЕЗОВИТЕ

_______________

Едно од најблагородните сведоштва што кога било е објавено во прилог на реформацијата бил протестот на христијанските кнезови во Германија изнесен на државниот собор во Тпаер во 1529 година. Храброста, верата и решителноста на овие Божји луѓе, на подоцнежните векови им донеле слобода на мислата и совеста. На припадниците на реформираната црква нивниот протест им дал назив „протестанти” Начелата изразени во него биле „јатка на протеетантизмот” (D’Aubigne, b. 13, ch. 6). GCMkd 152.1

За реформацијата настапил мрачен ден, полн со закани. Наспроти Вормскиот едикт, кој Лутера го ставил надвор од законот и го забранил неговото учење, сепак, во царството и понатаму постоела религиозна подносливост. Божественото провидение ги зауздувало силите што ii се противеле на вистината. Карло V решил да ја задуши реформацијата, но секојпат кога би подигнал рака против неа, околностите би го присилиле тој удар да го задржи. Повеќепати изгледало дека им се заканува неизбежна пропаст на оние што се осмелиле да му се противстават на Рим; но во критичните мигови - на источната граница се појавувала турска војска, или францускиот крал, па дури и самиот папа, кои, љубоморни поради напредокот на германското царство, почнале војна против него; и така, овие судири и меѓународни прилики придонеле реформацијата да се засили и да се прошири. GCMkd 152.2

Најпосле папските кралеви ги решиле своите спорови и така можеле заеднички да станат против реформацијата. Соборот во Шпаер во 1526 година на секоја држава и дал целосна слобода во верските работи до свикување на нов општ собор. Но штом поминале опасностите што го присилувале царот на оваа отстапка, тој во 1529 година свикал друг собор во Шпаер со цел да го искорени ересот. Кнезовите требало по можност на пријателски начин да се наведат да и се противстават на реформацијата; а ако тој план не успее, Карло V бил готов да употреби меч. GCMkd 152.3

Папистите ликувале од радост. Тие дошле во голем број во Шпаер и отворено ја покажувале својата омраза кон протестантите и кон нивните заштитници, Меланхтон пишувал: „Ние сме подбив и сметлиште на целиот свет, но Христос ќе погледне на својот народ во неволја и ќе го спаси” (Исто, b. 13, ch. 5). Дури оделе дотаму што на протестантските кнезови, кои биле присутни на соборот, им наредувале да го забранат проповедањето на евангелието во своите покраини. Но народот на Шпаер бил жеден за Божјата реч и, наспроти забраната, илјадници слушатели доаѓале на службата што се одржувала во капелата на саксонскиот изборен кнез. GCMkd 152.4

Тоа го забрзало пресудниот миг. Со една царска одлука, на соборот му било соопштено дека решението за верска слобода предизвикува многу нереди и дека поради тоа царот бара истото да се поништи, Тој самоволен чин предизвикал огорчување и вчудовидување во редовите на евангелистичките христијани. Еден од нив извикнал: „Христос пак падна во рацете на Кајафа и ПилатаПриврзаниците на Рим станале уште пожестоки. Некој фанатичен приврзаник на Рим рекол: „Турците се подобри од лутераните, зашто Турците држат постови, а лутераните ги сквернават. Ако треба да избереме меѓу Светото писмо, што го дал Бог, и црковните заблуди, ние ќе го отфрлиме она, првото.” Меланхтон пишувал: „Секој ден, пред полна црква, Фабер фрла по некој нов камен на нас” (Исто, b. 13, ch. 5). GCMkd 153.1

Верската толеранција била воспоставена со закон и евангелистичките држави решиле да ги бранат своите права. Лутер, кој се уште се наоѓал под проклетство на Вормскиот едикт, не можел да дојде во Шпаер; но него го застапувале неговите соработници и кнезови што ги подигнал Бог да го бранат делото на евангелието во тие пригоди. Поранешниот Лутеров заштитник, благородниот Фридрих Саксонски, умрел, но неговиот брат и наследник, војводата Јохан, со радост ја примил евангелската вистина; и, иако пријател на мирот, покажувал силна енергија и храброст кога станувало збор за прашањето на верата. GCMkd 153.2

Свештенжците барале државите што ја ггримиле реформацијата да ја прифатат римската црковна управа. Но реформаторите се повикувале на слободата што им била дадена порано. He можеле да се согласат со Рим под своја власт да ги стави државите што толку радосно ја пригрлиле Божјата реч. GCMkd 153.3

Најпосле е предложен следниот компромис: „Таму каде што реформацијата уште не е спроведена, треба строго да се применува Вормскиот едикт, а таму каде што народот го одбил и каде што не би му се потчинил без опасност да дојде до востание, нека се спречи натамошното ширење на реформацијата, нека не се гиба во спорните прашања, нека не се спречува службата на мисата и нека не им се дозволува на римокатолиците да го примат лутеранството” (Исто, b. 13, ch. 5). Ова решение соборот го изгласал на големо задоволство на папските свештеници и прелати. GCMkd 153.4

„Кога би стапил овој едикт во сила, реформацијата не би можела да се шири во местата каде што уште била непозната, ниту би се зацврстила таму каде што веќе постоела” (Исто, b. 13, ch. 5). Слободата на говор била забранета. Преобраќања не би биле дозволени. Од пријателите на реформацијата се барало веднаш да ги прифатат тие забрани и ограничувања. Се чинело дека надежта на светот веќе се гасне. „Повторното воспоставување на власта на Римската црква... неминовно би водело кон воспоставување на старите злоупотреби”, и лесно би се нашла можност да биде „уништено делото што веќе било растресено со фанатизмот и раздорите” (Исто, b. 13, ch. 5). GCMkd 154.1

Kora евангелистичката партија се состанала на советување, нејзините членови збунети се гледале еден со друг. Се прашувале: „Што да се прави?” Многу важните предимства за светот биле во опасност. „Дали водачите на реформацијата да се покорат?” Дали да го прифатат едиктот? Во овој критичен миг лесно можело да се направи погрешен чекор. Колку добри изговори и прифатливи причини би можеле да се најдат за одлука да се покорат! На лутеранските кнезови им е ветена гаранција дека ќе можат слободно да ја исповедаат својата вера. Исто право им се ветувало на нивните приврзаници кои ја прифатиле реформацијата пред овој едикт. Зар тоа не е доста? Колку опасности би избегнале ако би се покориле. А во колкави опасности и судири би можел да ги вовлече отпорот! Кој знае дали во иднина ќе им се даде таква поволна можност? Да го прифатиме мирот, да го земеме маслиновото гранче што ни го подава Рим и на тој начин да ги зацелиме раните на Германија. Со овие и со слични причини реформаторите можеле да го оправдаат прифаќањето на условите што набргу би му донеле целосна пропаст на нивното дело. GCMkd 154.2

„Но, за среќа, реформаторите го забележале начелото што било основа на предложениот договор и постапиле според верата. Какво било тоа начело? Тоа било право на Рим да врши притисок, да ја присилува совеста и да ја забранува слободата на истражување. Но, зар слободата на совеста не им е загарантирана ним и на нивните приврзаници? Да, но како милост, а не како право. А што се однесува до оние што не се вклучени во оваа одредба, за нив требало да биде меродавно и понатаму начелото на сила; совеста не е земена во обѕир. Рим би останал непогрешен судија на верата. Да се прими предложеното примирје би значело согласување со тоа слободата да биде дозволена само во реформираната Саксонија и за целото друго христијанство слободното истражување и исповедање на реформираната вера да значи престап што се казнува со затвор и со ломачи. Зар смеат тие да поставуваат географски граници на религиозната слобода? Можат ли да објават дека реформацијата го задобила последниот обратеник, дека ја освоила последната стапка на земјата? Треба ли власта на Рим да остане вечна таму каде што таа постои сега? Дали потоа реформаторите се уште ќе можат да тврдат дека се невини за крвта на стотици и илјадници верници кои поради усвојувањето на оваа спогодба во папските земји ќе мораат да го положат својот живот? Во овој најсудбоносен миг тоа би значело предавство на делото на евангелието и на слободата на христијанството” (Wylie, b. 9, ch. 15). He, тие биле готови побргу да жртвуваат се, дури и своите кнежевства, евоите круни и своите животи!” (D’Aubigne, b. 13, ch. 5). GCMkd 154.3

„Да го отфрлиме овој едикт”, рекле кнезовите. „Во прашањето на совеста мнозинството нема никаква власт.” Пратениците изјавиле: „Благодарение на декретот од 1526 година, државата ужива мир, но укинувањето на тој декрет Германија би ја исполнило со немири и судири. Државниот собор нема друго право освен да ја сочува религиозната слобода до свикување на нов собор” (Исто, b. 13, ch. 5). Должност на државата е да ја штити слободата на совеста, и тука е границата на нејзиниот авторитет во религиозните работи. Секоја световна власт што се обидува да одредува или да наметнува верски прописи го гази оној прицип за кој толку благородно се бореле евангелистичките христијани. GCMkd 155.1

Приврзаниците на папата решиле да го скршат она што го нарекувале „дрска тврдоглавост”. Се обиделе да предизвикаат расцеп меѓу приврзаниците на реформацијата и да ги заплашат сите што уште не се изјасниле отворено во нејзина корист. Најпосле пред државниот собор биле повикани претставници на слободните градови и од нив се барало да се изјаснат дали се согласуваат со дадените предлози или не. Тие побарале да им се даде рок, но напразно. Кога така биле ставени на искушение, речиси половината од нив се изјасниле за реформаторите. Оние што одбиле на овој начин да ја жртвуваат слободата на совеста и правото на лично мислење, добро знаеле дека во иднина ќе бидат предмет на критика, на осуда и прогонство. Еден од делегатите рекол: „Ние мораме да се откажеме од Божјата реч или ќе бидеме спалени” (Исто, b. 13, ch. 5). GCMkd 155.2

Царевиот застапник на државниот собор, кралот Фердинанд, видел дека едиктот ќе предизвика сериозни раздори ако не биде можно да се наговорат кнезовите да го прифатат или да го поддржат. Се обидувал тоа да го постигне со убедување, знаејќи добро дека ако употреби сила тие луѓе ќе станат уште по- решителни, „Ги молел кнезовите да го прифатат едиктот, уверувајќи ги дека царот за тоа ќе им биде благодарен.” Но овие храбри луѓе познавале една повисока власт од земните цареви и затоа мирно одговориле: „Ние ќе му се покориме на царот во се што служи за одржување на мирот и за прослава на Бога” (Исто, b. 13, ch. 5). GCMkd 155.3

Најпосле пред целиот собор кралот изјавил дека „едиктот дефинитивно е прифатен и дека ќе биде издаден во вид на царски декрет. Потоа му рекол на Саксонскиот изборен кнез и на неговите пријатели дека не им преостанува ништо друго освен да му се покорат на мнозинствотоКога го рекол тоа, го напуштил собранието, не давајќи им на реформаторите можност да му одговорат. Напразно тие пратиле кај кралот делегација со молба да се врати. „Ова прашање е решено; се што ви преостанува е да се покорите” (Исто, b. 13, ch. 5). GCMkd 156.1

Приврзаниците на царот биле длабоко уверени дека христијанеките кнезови решиле да се придржуваат кон Светото писмо како кон повисок авторитет од човечките науки и прописи; а го знаеле и тоа дека прифаќањето на ова начело на крај ќе го урне папството. Но, „гледајќи само на она што се гледа”, како што го правеле тоа илјадници пред и по нив, и тие себеси си ласкале дека моќта е на страна на папата и царот, а дека реформаторите се слаби. Кога протестантите би сметале на човечка поддршка, навистина би биле слаби, како што мислеле приврзаниците на папата. Но, иако малобројни и скарани со Рим, тие сепак биле силни. Против „одлуките на државниот собор се повикувале на Божјата реч, а против царот Карло на Исуса Христа, Царот над царевите и Господарот над господарите” (Исто, b. 13, ch. 6). GCMkd 156.2

Бидејќи Фердинанд одбил да го уважи уверувањето на нивната совест, кнезовите решиле, не водејќи сметка за неговото отсуство, без одлагање својот протест да го изнесат пред државниот собор. GCMkd 156.3

„Со ова писмо ние протестираме пред Бога, пред нашиот единствен Творец, Бранител, Откупител и Спасител, кој еднаш ќе ни суди, и изјавуваме пред сите луѓе и созданнја дека ние, и нашите приврзаници, во никој случај не се согласуваме со предложениот декрет во точките што се против Бога, против неговата света Реч, против нашата чиста совест и спасението на нашите души.” GCMkd 156.4

„Што! Зар да го потврдиме тој декрет! Кога Семожниот Бог ќе повика еден човек да го запознае, зар да признаеме дека тој човек нема слобода да го запознае Бога?” „Нема друга здрава наука освен онаа што се согласува со Божјата реч... Господ забранува проповедање на друга наука... Светото писмо мора да се објаснува со помош на други појасни негови делови. Оваа света Книга е лесно разбирлива за христијанинот во се што му е потребно и дадена е да ја растера темнината. Затоа решивме, со Божја милост, да го сочуваме чистото проповедање на неговата реч, така како што е дадена во библиските книги на Стариот и Новиот завет, не додавајќи ништо што би било против неа. Оваа реч е единствена вистина. Таа е сигурно правило на науката на животот. Таа не може да згреши ниту да измами. Оној што гради на нејзиниот темел, ќе се одржи против сите сили на пеколот; сите човечки суети што и се противат на Божјата реч, нема да се одржат пред Божјето лице.” GCMkd 156.5

„Загоа го отфрламе јаремот што ни се наметнува.” „Во исто време очекуваме неговото царско величество да постапи со нас како што му прилега на еден христијански кнез кој го љуби Бога над се. Од своја страна изјавуваме дека, и кон него, и кон вас, благородна господа, ќе негуваме целосна љубов и внимание, што го сметаме за своја праведна и законита должност” (Исто, b. 13, ch. 6). GCMkd 157.1

Оваа изјава оставила длабок впечаток врз државниот собор. Храброста на кнезовите што протестирале предизвикала чудење и вознемиреност кај мнозинството присутни. Иднината им изгледала темна и несигурна. Насетувале раздори, караници и крвопролевања. Но реформаторите, сигурни во праведноста на своето дело и потпирајќи се на десницата на Семожниот Бог, „биле исполнети со храброст и решителност”. GCMkd 157.2

„Начелата на овој прочуен протест ја сочинуваат еуштината на протестантизмот... Овој протест бил насочен против две човечки злоупотреби во врска со верата: против вплеткувањето на цивилните власти во прашањата на верата и против самоволниот авторитет на црквата. Наместо овие злоупотреби, протестантизмот ја издигнува моќта на совеста над световната власт и авторитетот на Божјата реч над авторитетот на црквата. Пред се, тој го отфрла мешањето на граѓанските власти во божествените работи и кажува како што кажале апостолите и пророците: „Повеќе треба да му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.” He противејќи и се на царската круна, тој над неа ја издигнува круната на Исуса Христа. Но оди и понатаму: Тој тврди дека секое човечко учење мора да биде подложено на судот на Божјата реч” (Исто, b. 13, ch. 6). Протестантите не барале само право да можат да веруваат и да ја исповедаат својата вера, туку да можат и слободно да го проповедаат она што го сметаат за вистина. Тие го негирале правото на свештениците и на световната власт да ги спречуваат во тоа. Протестот во Шпаер бил свечена изјава против религиозната нетрпеливост и решителна одбрана на правото на секој човек да може да му служи на Бога според својата совест. GCMkd 157.3

Изјавата била дадена. Таа се врежала во памтењето на илјадници луѓе и запишана е во небесните книги, од каде што никакво човечко насилство не може да ја избрише. Цела евангелистичка Германија овој протест го примила како израз на својата вера. Секој во таа изјава видел ветување за едно ново и подобро време. Еден од кнезовите им рекол на протестантите во Шпаер: „Семожниот Бог, кој ви даде милост да го признаете отворено, слободно и без страв, нека ве сочува во таа христијанска решителност до денот на вечноста!” (Исто, b. 13, ch. 6). GCMkd 158.1

Kora реформацијата, откако постигнала извесен успех би се обидела да се прилагоди кон приликите заради наклоност на светот, би го изневерила Бога и себеси и со тоа самата би предизвикала своја пропаст. Искуството на овие благородни реформатори содржи поука за сите идни векови. Тактиката на сатаната против Бога и против неговата Реч не се изменила; сатаната се противи и денеска, како и во шеснаесеттиот век, Божјата реч да биде правило на верата и животот. И во нашите денови постои силна тенденција да се напушти вистинската вера и нејзините прописи и затоа е потребно да се вратиме на големото протестантско на чело: Библијата, и само Библијата, треба да биде правило на верата и должностите. Сатаната се обидува со сите средства да ја задуши религиозната слобода. Антихристијанската сила, што ја отфрлиле протестантите во Шпаер, сега работи со нова сила пак да ја воспостави својата загубена врховна власт. Истата непоколеблива преданост кон Божјата реч, што ја покажале реформаторите во тоа време на криза за реформацијата, е единствена надеж за реформа во нашето време. GCMkd 158.2

Имало знаци на опасност за протестантите; но имало и знаци што покажувале дека божествената рака е подадена да ги заштити верните. Отприлика во тоа време „Меланхтон брзал со својот пријател Гринеус низ улиците на Шпаер кон Рајна и го терал што побргу да се префрли преку реката. Бидејќи Гринеус се чудел зошто брзаат, Меланхтон му раскажал: ,Еден старец, со сериозен и со свечен изглед, за мене непознат, се појави пред мене и ми рече: За миг овде ќе дојде судски чиновник, пратен од Фердинанд, да го уапси Гринеуса.’” GCMkd 158.3

Тој ден Гринеус се соблазнил од една проповед на водечкиот католички учител Фабер; отитттол кај него и го укорил што брани „некои одвратни заблуди”. Фабер го прикрил својот гнев, но веднаш потоа отишол кај кралот и добил од него овластување да го уапси хајделбершкиот професор. Меланхтон цврсто верувал дека сам Бог го спасил неговиот пријател, праќајќи еден од своите свети ангели да го опомене. GCMkd 158.4

„Стоејќи стаписано на брегот на Рајна, Меланхтон чекал реката да го спаси Гринеуса од неговите прогонувачи. ,Најпосле‘, воздивнал Меланхтон кога го видел на другиот брег, ,ти си оттргнат од челуста на оние што се жедни за невина крв.’ Кога се вратил дома, Меланхтон дознал дека стражарите, во потрага по Гринеуса, куќата ја претресле од кров до темел” (Исто, b. 13, ch. 6). GCMkd 159.1

Реформацијата требало да се изнесе пред големците на оваа земја на уште повеличествен начин. Кралот Фердинанд одбил да ги сослуша протестантските кнезови; но ним им е дадена можност своето дело да го изнесат пред царот и пред собраните црковни и државни великодостојници. За да ги смири несогласијата, една година по протестот во Шпаер, Карло V свикал државен собор во Аугзбург, изјавувајќи дека има намера лично да претседава со него. Таму се повикани и протестантските водачи. GCMkd 159.2

На реформацијата и се заканувале големи опасности, но нејзините бранители го предале своето дело во Божји раце и се заветувале дека решително ќе го бранат евангелието. Изборен саксонски кнез неговите советници го наговарале да не оди на соборот. Рекле дека царот ги повикува кнезовите за да ги фати во стапица. „Не значи ли се да се стави на коцка ако отиде и ако се затвори меѓу ѕидовите на градот на еден моќен непријател?” A други му советувале: „Кнезовите нека бидат храбри, и Божјето дело ќе биде спасеноЛутер рекол: „Бог е верен; Тој нема да не напушти” (Исто, b. 14, ch, 2). Изборниот кнез со својата придружба се упатил на пат кон Аугзбург. Сите знаеле какви опасности му се закануваат на овој кнез и мнозина дошле на соборот со возбудено срце и со мрачни претчувства. Но Лутер, кој ги придружувал до Кобург, ја засилил нивната поколебана вера, пеејќи им ја прочуената песна што ја напишал на тој пат: „Најјака крепост е Бог наш!” Со мелодијата на оваа бесмртна песна исчезнале многу мрачни претчувства и оживеале многу обесхрабрени срца. GCMkd 159.3

Протестантските кнезови решиле својата вера да ја претстават пред државниот собор со едно систематско излагање на своите погледи, поткрепено со стихови од Светото писмо. Составувањето на тоа излагање им било доверено на Лутера, на Меланхтона и на нивните соработници. Ова излагање протестантите го примиле како израз на своето верско убедување и се собрале да ги стават своите потписи на тој важен документ. Тоа бил свечен и критичен час. Реформаторите топло сакале нивното дело да не се меша со политиката, нагласувајќи дека реформацијата треба да врши само влијание што произлегува од Божјата реч. Кога христијанските кнезови пристапиле да ја потпишат својата Вероисповед, Меланхтон се вмешал и рекол: „Овие работи треба да ги предлагаат теолозите и проповедниците, а авторитетот на земните водачи да го сочуваме за други работи.” „Вие не би требало да ме исклучите!” рекол изборниот кнез Јохан Саксонски. „Јас решив да го правам она што е право, без оглед на мојата круна; јас сакам да го исповедам Христа. Мојот изборен шешир и мојот хермелин не мн се толку мили колку кретот на Исуса Христа. Овие знаци на мојата големина ќе ги оставам на земјата, но Христовиот крст ќе ме придружува до ѕвездите.” Кажувајќи го тоа, го ставил својот потпис на документот. Еден друг кнез, земајќи го в рака перото, рекол: „Ако го бара тоа честа на Исуса Христа, на мојот Спасител, готов сум да се откажам од мојот имот и од мојот живот„Побргу ќе се откажам од моите приврзаници и од моето кнежевство, со задоволство ќе ја напуштам мојата татковина со стап в рака, радо ќе заработувам средства за мојот опстанок бришејќи прав од обувките на странците, отколку да прифатам поинаква наука од онаа што ја содржи оваа изјава” (Исто, b. 14, ch. 6). Таква била верата и бестрашноста на овие Божји луѓе. GCMkd 159.4

Најпосле настапил часот да излезат пред царот. Карло V, седејќи на својот престол, опкружен со изборните кнезови и војводи, ги примил протестантските реформатори. Прочитана е изјавата за нивното верување. На овој славен собор јасно се прикажани вистините на евангелието и откриени се заблудите на папската црква. Со право тој ден е наречен „најголем ден на реформацијата и еден од најславните во историјата на христијанството и на човештвото” (Исто, b. 14, ch. 7). GCMkd 160.1

Поминале само неколку години откако калуѓерот од Витенберг стоел сам пред соборот во Вормс. Сега на неговото место стоеле најмоќните кнезови на царството. На Лутера му било забрането да дојде во Аугзбург, но тој бил присутен со своите зборови и молитви. „Јас многу се радувам”, пишувал тој, „што го доживеав овој час кога Христос јавно е прославен од страна на толку угледни исповедници на верата и на толку славен собор” (Исто, b. 14, ch. 7). Така се исполнило она што го кажало Писмото: „За твоите уредби пред цареви ќе зборувам и нема да се срамам” (Псалм 119,46). GCMkd 160.2

Благодарение на оковите на апостол Павле, во негово време евангелието им било објавено на кнезовите и на благородниците на царскиот град. Така и во оваа бележита пригода: бидејќи кралот забранил евангелието да се проповеда од проповедална, тоа се проповедало во палатата; она што мнозина го сметале како незгодно да го слушаат слугите, со чудење го слушале големците и кнезовите на царството. Кралот и големците биле слушатели, круниеаните кнезови проповедници, додека проповед била возвишената Божја вистина. „Од апостолските денови”, вели еден писател, „немало поголем настан ниту повеличествено исповедање на верата” (D’Aubigne, b. 14, ch. 7). GCMkd 160.3

„Се што кажаа приврзаниците на Лутера е вистина; ние не можеме тоа да го побиеме”, рекол еден папски бискуп. „Можете ли со разумни докази да ја оборите Вероисповедта што ја составиле изборниот кнез и неговите сојузници?” - го прашал друг д-р Ек, „Со списите на апостолите и пророците не”, одговорил овој, „но со списите на отците и соборите, да!” „Сфаќам”, рекол оној што прашал, „според вашите зборови, лутераните се во Светото писмо, а ние сме надвор од него” (Исто, b. 14, ch. 8). GCMkd 161.1

Некои од германските кнезови биле придобиени за реформацијата. Лично царот изјавил дека протестантските докази се чиста вистина. Нивната Вероисповед била преведена на многу јазици, реширена низ цела Европа и многу милиони во подоцнежните поколенија ја примиле како свое исповедање на верата. GCMkd 161.2

Верните Божји слуги не работеле сами. Додека поглаварствата, властите и лошите духови под небото се здружиле против нив, Господ не го заборавил својот народ. Кога нивните очи би биле отворени, би можеле да видат исто толку јасни знаци на Божјето присуство и помош како што го видел тоа стариот пророк. Кога слугата на Елисеј му ја покажал на својот господар непријателската војска што ги опкружувала и спречувала секаква можност за бегство, пророкот му се обратил на Бога во молитва: „Господе, отвори му ги очите да види... и тој виде, а тоа, целата гора полна со коњи и огнени коли” (2. Царевите 6,17). Небесните чети стоеле тука да го бранат Божјиот човек. Исто така ангелите бдееле над работниците во делото на реформацијата. GCMkd 161.3

Едно од начелата што посебно го истакнувал Лутер било: „Не треба да се употребува световна сила ниту оружје за одбрана на Божјето дело.” Се радувал што кнезовите на царството го прифаќаат евангелието, но кога му предложиле да склучат еден одбранбен сојуз, тој изјавил „дека евангелската наука треба да ја брани Бог. Колку помалку луѓето ќе се вплеткуваат, се поочигледно ќе биде Божјето посредување. Сите политички мерки на претпазливост ги сметал за последица на плашливоста и на грешната недоверба” (D’Aubigne, London ed., b. 10, ch. 14). GCMkd 161.4

Kora непријателските сили ce здружиле да ja оборат реформираната вера и кога се чинело дека илјадници мечеви се извлечени од кориците за да ја уништат, Лутер пишувал: „Сатаната збесни, безбожниот понтифекс направи заговор; ни се закануваат со војна. Советувајте го народот јуначки да се бори пред Божјиот престол со вера и со молитва, така што нашите непријатели, победени со Божјиот Дух, да бидат присилени на мир. Наша главна потреба, наша прва задача е молитвата; народот нека знае дека сега е изложен на острицата на мечот и на гневот на сатаната и затоа мора да се моли” (D’Aubigne, b. 10, ch. 14). GCMkd 161.5

Подоцна, мислејќи на предложениот сојуз на евангелистичките држави, Лутер рекол дека единствено оружје што треба да се употреби во таа војна е „мечот на Духот”. На изборниот саксонски кнез му пшпувал: „Ние не можеме против нашата совест да го одобриме сојузот што ни се предлага. Побргу десет пати ќе умреме отколку да видиме нашето дело на евангелието да биде причина за крвопролевање. Нашиот удел е - да бидеме како овци одредени за клање. Треба да го носиме Христовиот крст. Вашето височество нека не се плаши. Ние ќе сториме повеќе со нашите молитви, отколку нашите непријатели со своите фалби. Само нашите раце нека не се осквернат со крвта на нашите браќа. Ако царот бара да излеземе пред суд, ние сме готови да излеземе. Вие не можете да ја браните нашата вера. Секој мора сам да се изложи на опасност поради својата вера” (Исто, b. 14, ch. 1). GCMkd 162.1

Од тајното место за молитва излегла сила која во времето на големата реформација го потресла светот. Таму, со надеж, застанале Божјите слуги на карпата на неговите ветувања. За време на борбата во Аугзбург, Лутер не пропуштил секој ден да посвети три часа на молитва и тоа во време што е најпогодно за учење. Во тајноста на својата соба ја излевал својата душа пред Бога со зборови полни со доверба и со надеж како кога човек разговара со својот пријател. „Јас знам дека ти си наш Татко и Бог”, велел реформаторот, „и дека ти ќе ги растуриш прогонувачите на твоите деца, зашто ти, заедно со нас, си во опасност. Ова е твое дело и ние го почнавме зашто тоа беше твоја волја. Одбрани не, о Оче!” (Исто, b. 14, ch. 6). GCMkd 162.2

На Меланхтона, потиштен од товарот на грижи и страв, му пишувал: „Милост и мир во Христа! - во Христа, велам, не во светот. Амин. Силно ги мразам овие тешки грижи што те јадат. Ако е делото неправедно, да го оставиме; ако е праведно, зошто да се сомневаме во ветувањата на Оној што ни налага мирно да спиеме? Христос нема да се откаже од делото на правдата и вистината. Тој живее и владее; од што уште да се плашиме?” (Исто, b. 14, ch. 6). GCMkd 162.3

Бог ги слушнал воплите на своите слуги. Тој им дал на кнезовите и проповедниците сила и храброст да ја одбранат вистината против кнезот на темшшата на овој свет. ,£ве, поставувам на Сион Камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во него, нема да се засрами” (1. Петрово 2,6). Протестантските реформатори ѕидале на Христа, и вратата пеколна не можела да ги надвладее. GCMkd 162.4

*****