ГОЛЕМАТА БОРБА
35—СЛОБОДАТА HA СОВЕСТА - ЗАГРОЗЕНА!
_______________
Протестантите денеска католицизмот го гледаат во многу поповолна светлина отколку во минатото. Во земјите каде што католицизмот е во малцинство и каде што католиците заземаат помирлив став за да го прошират своето влијание, се забележува се поголема рамнодушност во врска со науките што ги разделуваат протестантските цркви од папската хиерархија. Се повеќе преовладува мислењето дека разликите за важните прашања не се толку големи како што се сметало и дека само малку попуштање од страна на протестантите може да доведе до подобри односи со Рим. Имало време кога протестантите високо ја ценеле слободата на совеста што била скапо платена. Своите деца ги учеле да се гнаеат од папството и секој стремеж кон пријателство со Рим го сметале за неверство кон Бога. Но колку поинакви се чувствата што се покажуваат денеска! GCMkd 439.1
Бранителите на папството тврдат дека Католичката црква е наклеветена и протестантскиот свет е наклонет да го прифати ова тврдење. Мнозина сметаат дека е неправедно што денешната Римска црква се проценува според стравотиите и безумноста што ја обележувале нејзината власт за време на вековите на незнаењето и духовната темнина, Тие ја оправдуваат нејзината страшна свирепост, прикажувајќи ја како резултат на дивјаштвото во тоа време и тврдат дека влијанието на модерната просветеност ги изменило нејзините чувства. GCMkd 439.2
Зар овие луѓе го заборавиле барањето на Рим на непогрешност кое оваа горделива власт ја истакнувала во текот на повеќе од осумстотини години? Далеку од тоа да го напушти своето барање, таа - во деветнаесеттиот век - го истакнува со уште поголема решителност од кога и да е порано. Рим тврди дека Католичката црква „никогаш не згрешила, ниту пак, според Светото писмо, кога и да е ќе згреши” (John L. von Mosheim, Institutes of Ecclesiastical History, book 3, century II, part 2, chapter 2, section 9, note 17). - Тогаш како може да ce откаже од начелата кои во текот на минатите векови управувале со неа? GCMkd 439.3
Римската црква никогаш нема да отстапи од своето барање за непогрешност. Таа смета дека имала право во се што сторила кога ги прогонувала оние што ги отфрлиле нејзините догми. Зар таа не би ги повторила истите дела кога би и се дала можност за тоа? Само нека се отстранат ограничувањата што сега ги поставуваат световните власти и Рим повторно нека ја задобие својата некогашна власт - набргу ќе оживее неговото насилство и прогонство. GCMkd 440.1
Еден познат писател зборува вака за ставот на папската власт кон слободата на совеста и за опасностите што посебно им се закануваат на Соединетите Американски Држави ако таа успее да ги спроведе своите цели: GCMkd 440.2
„Мнозина стравот од католицизмот во Соединетите Држави го сметаат за ограниченост или детинење. Тие не гледаат во карактерот и во ставот на католицизмот ништо што би било противречно со нашите слободарски установи, ниту во неговото јакнење наоѓаат нешто што би било опасно. Затоа најпрво да споредиме некои од главните начела на американската државна управа со начелата на Католичката црква. GCMkd 440.3
Уставот на Соединетите Држави гарантира слобода на совеста. Тоа е нешто најскапоцено и најважно. Папата Пие IX рекол во своето послание од 19 август 1854 година: ,Бесмислените и погрешни учења и празното филозофирање за одбрана на слободата на совеста се крајно гибелна заблуда - чума - која најмногу и се заканува на една држава/ Истиот папа во своето послание од 8 декември 1864 година изрекува проклетство над ,оние што ја бранат слободата на совеста и верата1, како и над ,сите што го поддржуваат мислењето дека црквата не смее да употребува сила‘. GCMkd 440.4
Мирољубивиот тон на Рим во Соединетите Држави во никој случај не значи промена на духот. Рим е толерантен само кога е немоќен. Бискупот 0‘Конер кажува: ,Слободата на вероисповедта само се трпи додека не може да се постапи поинаку без опасност за католичкиот свет...’ Надбискупот на св. Луј во една пригода рекол: „Кривоверството и неверувањето се злосторства; и во христијанските земји, како на пример во Италија и Шпанија, каде што целото население е католичко, и каде што католичката религија е битен дел на државните закони, тие се казнуваат како секој друг престап...’ GCMkd 440.5
Секој кардинал, надбискуп и бискуп во Католичката црква пред папата полага заклетва на верност која ги содржи овие зборови: ,Ветувам дека со сите мои сили ќе ги прогонувам кривоверците, отпадниците и бунтовниците против нашиот rope именуван господар, папа, или против неговите споменати наследници, и дека најенергично ќе им се противставувам”‘ (Josiah Strong, Our Country, ch. 5, pars. 2-4). GCMkd 440.6
Вистина e дека и во Римокатоличката црква има вистински христијани. Постојат илјадници такви кои му служат на Бога според светлината што ја имаат, Тие не ја читаат Божјата реч и затоа не можат да ја запознаат вистината. Тие никогаш не ја забележале разликата меѓу живата служба на срцето и низата вообичаени форми и обреди. Бог со нежно сочувство ги гледа овие души кои се одгледувани во верата што е полна со измами и што не може да ја задоволи душата. Тој ќе стори зраците на светлината да проникнат низ густата темнина што ги опкружува. Ке им ја открие вистината онаква каква што е во Исуса и мнозина ќе се придружат на неговиот народ. GCMkd 441.1
Католицизмот како верски систем ни денеска не е поблизу до Христовото евангелие отколку што бил во кој и да е поранешен период на својата историја. Протестантските цркви се во голема темнина, зашто инаку би ги забележале знаците на времето. Римската црква има далекусежни планови. Таа се бори со сите средства да го прошири своето влијание и да ја зголеми својата сила; таа се приготвува за жестока и решавачка битка повторно да ја задобие превласта во светот, повторно да воведе прогонство и да го урне се она што го изградил протестантизмот. Католицизмот освојува терен на сите страни. Погледнете го се поголемиот број негови цркви и капели во протестантските земји. Видете колкава е во Америка популарноста на неговите високи тпколи и семинари што ги посетуваат протестанти во голем број. Видете како напредува во Англија ритуализмот и колку чести се преминувањата во редовите на католицизмот. (Ритуализам е верско движење основано во Оксфорд во 1833 година кое се труди Англиканската црква да ја приближи кон католичката). Ова треба да ги вознемири сите што ги ценат чистите начела на евангелието. GCMkd 441.2
Протестантите се поврзале со папството и го штитат. Направиле спогодби и отстапки што ги изненадуваат дури и самите католици кои не можат тоа да го сфатат. Ги затвораат очите пред вистинскиот карактер на Римската црква и пред опасностите што им се закануваат од нејзината превласт. Народот треба да стане и да му се противстави на јакнењето на овој најопасен непријател на граѓанските и верските слободи. GCMkd 441.3
Многу протестанти мислат дека католичката религија не е привлечна и дека нејзиното богослужение е здодевна и бесмислена церемонија. Тие се лажат. Иако католицизмот е основан на измами, измамата не е груба и невешта. Богослужението на Римската црква, со своите церемонии, остава најдлабок впечаток. Нејзшшот блескотен раскош и нејзините свечени обреди ги зашеметуваат сетилата и го замолкнуваат гласот на разумот и совеста. Окото е восхитено. Раскошните храмови, величествените процесии, златните олтари, со скапоцено камење украсените ковчези со реликвии на светците, одбраните слики и уметничките кипови - сето тоа буди естетско чувство, И увото е восхитено. Музиката е ненадминлива. Кога ќе зазвучат богатите тонови на оргулите, придружувани со мелодии на многу гласови, и кога ќе се разнесат низ високите куполи и колонади на величествените катедрали, душата се исполнува со страв и почит. GCMkd 441.4
Овој надворешен сјај, раскош и церемонија, кои само ги измамуваат стремежите на душите оптоварени со грев, е доказ за внатрешната расипаност. На Христовата вера не и е потребен ваков раскош за да и служи како препорака. Во светлината што свети од крстот, вистинското христијанство изгледа толку чисто и привлечно, што никакви надворешни украсувања не можат да ја зголемат неговата вистинска вредност. Кроткиот и мирен дух, кој пред Бога е многу ценет, е онаа света убавина. GCMkd 442.1
Сјајниот стил не е секогаш доказ за чистите и возвишени мисли, Смисла за уметност и префинет вкус често се сретнува и кај луѓе чиишто мисли се земни и телесни. Сатаната често се служи со нив да ги наведе луѓето да ги заборават потребите на својата душа, да го загубат од вид идниот, вечен живот, да се одвратат од својот силен Помагач и да живеат само за овој свет. GCMkd 442.2
Религијата, полна со церемонии и со надворешен сјај, е привлечна за непрероденото срце. Раскошот и церемониите на католичкото богослужение имаат заводлива, волшебна сила која мнозина прелагала Католичката црква да ја гледаат како вистинска небесна врата. Само оние што цврсто стојат на темелите на вистината, чиишто срца се обновени со Божјиот Дух, се заштитени од нејзиното влијание. Илјадници кои немаат живо искуство со Христа ќе бидат заведени да ја прифатат надворешната побожност која нема никаква сила. Таквата религија е токму она што го бараат мнозина. GCMkd 442.3
Бидејќи црквата тврди дека има право да ги проштава гревовите, многу католици сметаат дека можат слободно да грешат. Исповедувањето, без кое црквата не дава проштавање, исто така во голема мера го помага злото. Оној што ги превиткува своите колена пред грешен човек, и во исповедта му ги открива своите тајнж мисли и побудите на своето срце, го понижува своето човечко достоинство и го изопачува секое благородно чувство на својата душа. Откривајќи му ги своите гревови на свештеникот - на грешен и смртен човек, кој често се оддава на пиење и пороци - човекот го слабее и го расипува својот карактер. Неговото сфаќање за Бога е сведено на лик на паднат човек, зашто тука свештеникот се јавува како Божји намесник. Ова понижувачко исповедување на човекот пред човек е таен извор од кој излегуваат многу зла што го поганат светот и го приготвуваат за конечно уништување. Но на оној кој е попустлив кон самиот себеси поугодно му е да му се исповеди на смртен човек отколку своето срце да му го отвори на Бога. На човечката природа повеќе it одговара да доживее срам и покор отколку да се откаже од гревот. Полесно му е да го мачи своето тело со коприви и со остри синцири отколку да ги распне телесните желби. Телесното срце повеќе сака да носи тешки окови отколку да го прими Христовиот јарем. GCMkd 442.4
Постои видна сличност меѓу римската и еврејската црква во времето на првото Христово доаѓање. Додека Евреите тајно газеле секое начело на Божјиот закон, надворешно мошне строго се придржувале кон неговите прописи. Народот го оптоварувале со разни прописи и преданија кои послушноста ја правеле мачна и здодевна. Како Евреите што тврделе дека го обожаваат Законот, така католиците тврдат дека го обожаваат крстот. Тие го издигнуваат симболот на Христовите маки, а во својот живот се откажуваат од Оној кого тој крст го претставува. GCMkd 443.1
Католиците крстот го ставаат на своите цркви, на олтарите и свештеничките облеки. Насекаде се гледаат крстови што се почитуваат и издигнуваат јавно, но Христовата наука е закопана под мноштво бесмислени преданија, под лажни толкувања и строги прописи. Христовите зборови, упатени до фанатичните Евреи, во уште поголема мера можат да се применат на водачите на Римокатоличката црква: „Тие врзуваат тетттки и неподносливи бремиња” (Матеј 23,4). Совесните души во крилото на Католичката црква постојано стравуваат плашејќи се од гневот на еден одмаздлив Бог, додека многу достоинственици на оваа црква живеат во раскош и во сетилни задоволства. GCMkd 443.2
Клањањето пред слики и реликвии, призивањето на светците и извишувањето на папата се стапици на сатаната што имаат за цел да го одвратат вниманието на народот од Бога и од неговиот Син. За да ги упропасти душите, сатаната се труди нивното внимание да го сврти од Оној во кого единствено можат да најдат спасение. Сака нивното внимание да го насочи кон нешто што би го заменило Оној кој рекол: „Дојдете кај мене сите кои сте уморни и натоварени и јас ќе ве одморам” (Матеј 11,28). GCMkd 443.3
Сатаната постојано се труди погрешно да го претстави Божјиот карактер, природата на гревот и вистинскиот резултат на големата борба. Неговите измислици го заслабнуваат чувството на обврска кон божествениот Закон и на луѓето им дозволува да грешат. Во исто време сатаната им помага да негуваат грешни сфаќања за Бога, така што Бога повеќе да го гледаат со страв и омраза отколку со љубов, Свирепоста, што е составен дел на неговиот карактер, сатаната му ја припишува на Творецот. Таа е олицетворена во верските системи и се гледа во начинот на богослужението. Така човечките души стануваат затемнети и сатаната ги употребува како свои орудија да војуваат против Бога. Прифаќајќи ги изопачените сфаќања за божествените особини, незнабожечките народи биле наведени да поверуваат дека им се неопходни човечки жртви за да ја задобијат божествената наклоност; овие луѓе направиле страшни суровости едни на други, следејќи разновидни облици на идолопоклонството. GCMkd 443.4
Римокатоличката црква, која го соединила многубоштвото со христијанството и, слично на многубоштвото, погрешно го претставила Божјиот карактер, исто така прибегнувала кон свирепи и грозоморни постапки. Во времето на превласта на папскиот Рим постоеле разни ередства за мачење со чија помош луѓето биле присилувани да се согласат со неговите науки. Оние што не се согласиле со неговите барања биле осудувани на ломача. Имало многу колежи за кои никогаш нема да се дознае додека не бидат откриени на судниот ден. Достоинствениците на црквата научиле од својот учител, сатаната, да измислат такви средства што ќе предизвикаат најсилни маки, а при тоа нивните жртви сепак, да останат живи. Во многу случаи пеколната постапка се повторувала до крајни граници на човековата издржливост се додека човечката природа не попуштила во борбата, а маченикот смртта ја поздравувал како мил ослободител. GCMkd 444.1
Таква била несреќата на оние што му се опирале на Рим. Над своите приврзаници Рим применувал по потреба строгост на камшик, гладување и сите можни телесни казни. За да стекнат небесна наклоност, покајниците, прекршувајќи ги природните закони, ги кршеле Божјите закони. Биле поучувани да ги раскинат врските што му ги дал Бог на човекот за да го разубави и да го благослови неговиот живот на земјата. По гробиштата се наоѓаат милиони жртви кои своите животи ги поминале во залудни настојувања да ги задушат своите природни стремежи, да ги потиснат како нешто грешно пред Бога сите мисли и чувства на наклоност кон своите ближни. GCMkd 444.2
Ако сакаме да ја сфатиме страшната суровост на сатаната што јасно се откривала со векови, и тоа не меѓу оние кои никогаш не слушнале за Бога, туку во самата средина на христијанството, треба само да ја читаме историјата на Католичката црква. Со помош на својот голем систем на измами, кнезот на злото ја остварил својата намера да го осрамоти Бога и да му зададе болка на човекот. И кога ќе видиме како тој успева да се престори и да ја оствари својата цел преку водачите на оваа црква, тогаш можеме подобро да разбереме зошто тој има толку голема одвратност кон Библијата. На оној што ја чита Библијата Бог ќе му ја открие својата милост и љубов. Тој ќе види дека Бог не става врз луѓето ниту еден од овие тешки товари. Се што бара Тој е кротко и понизно срце, покајан и послушен дух. GCMkd 444.3
Христос во својот живот не ни оставил пример мажите и жените да се затворат во манастири за да се оспособат за небото. Никогаш не учел дека љубовта и сочувството треба да се задушуваат. Срцето на Спасителот било полно со љубов. Колку човекот повеќе се приближува кон моралното совршенство, неговите чувства се се посилни, неговото забележување на гревот поостро, а неговото сочувство кон бедните подлабоко. Папата тврди дека е Христов заменик, но како може неговиот карактер да се спореди со карактерот на нашиот Спасител? Дали Христос некогаш ги осудувал луѓето на затвор или на мачење затоа што не сакале да го почитуваат како небесен цар? Дали Тој некогаш барал да се осудат на смрт оние што не го примиле? Кога жителите на едно самариско село одбиле да го примат Исуса, апостол Јован, полн со гнев, го прашал: „Господе, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби како што направи Илија?” Исус со жалење го погледнал својот ученик и го укорил неговиот немилостив дух, велејќи: „Синот човечки не дојде да ги уништи човечките души, туку да ги спаси” (Лука 9,54.56). Каква разлика меѓу духот што го покажал Христос и духот на неговиот таканаречен заменик! GCMkd 445.1
Римската црква сега се прикажува пред светот како мирољубива; таа се обидува да го оправда извештајот за своите суровости. Се облекла во руво на побожност, но не се изменила. Секое начело со кое се раководело папството во минатите векови постои и денеска. Тоа се уште се држи за науката што е воведена во мрачниот среден век. Никој нека не се лаже! Папството што протестантите сега се подготвени да го почитуваат е истото она што владеело со светот во деновите на реформацијата кога Божјите луѓе станале, по цена на својот живот, да го објават неговото беззаконие. Тоа се одликува со горделивост и со дрско барање да владее над царевите и кнезовите и да ги присвојува правата што ги има само Бог. Неговиот дух е исто толку суров и деспотски и сега како и тогаш кога ја газел човечката слобода и ги предавал на смрт светите на Севишниот. GCMkd 445.2
Папството е токму она што го кажало пророштвото: отпад на последното време (2. Солуњаните 2,3-4). Дел на неговиот план е да изгради карактер кој најдобро ќе послужи на неговите намери, но под променливата надворешност на камелеон се крие непроменлив отров на старата змија. Тоа вели: „Не треба да се држи зборот даден на еретик и на оние што се осомничени за ерес!” (Lenfant, vol. 1. р. 516). Дали оваа сила, чијашто историја во текот на илјада години е пишувана со крвта на еветите, денеска треба да се признае како дел на Христовата црква? GCMkd 446.1
Во протестантските земји не се истакнува без причина дека сега католицизмот не се разликува толку многу од протестантизмот како во поранешните времиња. Се случила промена, но не во папството. Всушност, католицизмот е мошне сличен на денешниот протестантизам затоа што протестантизмот во голема мера се изопачил од времето на реформаторите. GCMkd 446.2
Бидејќи протестантските цркви бараат наклоност од светот, нивните очи го заслепило лажно човекољубие. Зошто не би било добро, велат тие, да се верува дека од секое зло може да излезе и нешто добро? Но на крај, како неминовна последица од тоа ќе настапи и верување дека во секое добро има и по нешто зло. Наместо да ја бранат верата „која еднаш засекогаш им е предадена на светите”, тие сега речиси се извинуваат пред Рим поради своето неповолно мислење за него и молат за прошка поради својата слепа ревност. GCMkd 446.3
Голем број луѓе, дури и оние што немаат поволно мислење за папството, не се плашат од неговата сила и влијание. Мнозина истакнуваат дека духовната и моралната темнина што владеела за време на средниот век поволно влијаела врз ширењето на неговите догми, на неговите суеверија и на угнетувањето, но дека поголемата просветеност на новото време, сеопштата раширеност на знаењето и се поголемата слобода во верските работи, не дозволуваат повторно да завладее нетрпеливост и тиранија. Самата помисла дека би можела пак да се врати ваквата состојба наидува на потсмев. Вистина е дека на ова поколение му свети голема духовна, морална и верска светлина. Од отворените страници на светата Божја реч се излева на земјата небесна светлина. Но не треба да се заборави дека колку е поголема светлината, толку е поголема и темнината на оние што ја изопачуваат и ја отфрлаат. GCMkd 446.4
Проучувањето на Библијата со молитва би им го покажало на протестантите вистинскиот карактер на папството и тоа би сторило да го презрат и да го одбегнуваат. Но мнозина сметаат дека се толку мудри, што не чувствуваат потреба понизно да бараат од Бога да ги води вистината. Иако се фалат со својата просветеност, сепак, не го познаваат ниту Светото писмо ниту Божјата сила. Сакајќи со нешто да ја смират својата совест, тие го бараат она што е најмалку духовно и што изискува најмалку понижување. Она што сакаат тие е да го заборават Бога, но да се чини како уште да се сеќаваат на него. Папството е мотпне погодно да ги задоволи желбите на таквите луѓе. Тоа им одговара на стремежите на двете групи луѓе што го опфаќаат речиси цел свет: оние што сакаат да бидат спасени со свои лични заслуги и оние што сакаат да бидат спасени во своите гревови. Тука е тајната на неговата моќ. GCMkd 446.5
Иеторијата докажува дека времето на големата духовна темнина било поволно за успех на папството. Иднината ќе покаже дека времето на големата духовна светлина е исто толку поволно за неговиот успех. Во минатите векови, кога луѓето биле без Божјата реч и кога не ја познавале неговата вистина, нивните очи биле заслепени и илјадници паднале во мрежите, зашто не ги виделе стапиците што им биле поставени. Во ова поколение има многу такви чиишто очи се заслепени со блескотот на човечките теории, со таканареченото „лажно знаење”. Тие не ја забележуваат мрежата и паѓаат во неа како очите да им се врзани. Бог сака умните способности да ги сметаме за дар на Творецот и да ги употребуваме во служба на правдата и вистината. Но кога се негуваат горделивост и честољубие и кога луѓето своите лични теории ги издигнуваат над Божјата реч, тогаш разумот може да направи поголема штета отколку незнаењето. Така лажната наука на нашето време што ја поткопува верата во Библијата ќе се покаже како мошне успешна во приготвувањето на патот за прифаќање на папството со сите негови привлечни церемонии како и ограничувањето на знаењето во средниот век што придонело за неговото издигање. GCMkd 447.1
Во движењата што се развиваат во ова наше време во Соединетите Држави, а кои настојуваат установите и црковните обичаи да добијат поддршка од државата, протестантите одат по стапките на католиците. Уште повеќе, тие му ја отвораат вратата на папството тоа во протестантска Америка повторно да ја задобие врховната власт што ја загубило во Стариот свет. А на ова движење уште поголемо значење му дава фактот што негова главна цел е да го наметне празнувањето на неделата - обичајот што потекнува од Рим и што, според неговото сопствено тврдење, е знак на неговата моќ. Духот на папството - духот на прилагодување кон световните обичаи и прифаќањето на човечките преданија наместо Божјите заповеди - навлегува во протестантеките цркви и ги гони да ја издигнуваат неделата како што правело папството пред нив. GCMkd 447.2
Ако читателот сака да ги разбере силите што ќе дејствуваат во борбата што ќе избие наскоро, тој треба само да го проучи извештајот за средствата што ги употребувал Рим со иста цел во минатото. Ако сака да знае како ќе постапуваат заеднички католиците и протестантите со оние што ќе ги отфрлаат нивните догми, нека обрнат внимание на духот што го покажал Рим против саботата и против нејзините бранители. GCMkd 448.1
Царските едикти, општите собори и црковните наредби, поддржани од световните власти, биле скалила со чија помош овој многубожечки празник е издигнат на својата почесна положба во христијанскиот свет. Прва јавна наредба што наложувала празнување на неделата бил законот на Константина од 321 година по Христа (види: Додаток). Овој едикт барал од жителите на градовите да се одмораат во „чесниот ден на Сонцето”, но на селаните им било дозволено да ги извршуваат полските работи. Иако ова бил првенствено многубожечки закон, царот го спровел откако самиот формално го прифатил христијанството. GCMkd 448.2
Бидејќи царската наредба не се покажала доволно силна да го замени божествениот авторитет, епископот Евзебиј, кој барал наклоност од кнезовите и бил голем Константинов пријател и ласкавец, тврдел дека Христос саботата ја заменил со недела. Како доказ за оваа нова наука не е наведено ниту едно единствено место од Библијата. Сам Евзебиј, не сакајќи, признава дека неговото тврдење е лажно и укажува на вистинските автори на оваа промена: „Се што требаше да се први во сабота”, кажува тој, „ние го пренесовме на денот Господен” (Robert Cox, Sabbath Laws and Sabbath Duties, page 538). Ho овој доказ во прилог на неделата, колку и да бил без основа, на луѓето им послужил да ги охрабри да ја погазат саботата Господова. Сите што сакале да бидат почитувани од светот го прифатиле овој општо признат празник. GCMkd 448.3
Со засилувањето на папството се зацврстувал и авторитетот на неделата. Извесно време народот ги извршувал земјоделските работи кога не присуствувал на богослужение, додека саботата се уште се сметала како ден за одмор. Но постепено настанувала промена. На сите што имале црковни должности им било забрането во недела да се занимаваат со граѓански спорови. Набргу е издадена заповед за луѓето на сите сталежи, под закана на парична казна за слободните, а со казна шибање за робовите, во недела да се воздржуваат од секојдневната работа. Подоцна е наредено богатите да се казнуваат со конфискување на половина од нивниот имот, а ако останат упорни во престапувањето на неделата, да се прогласат за робови. Пониските сталежи требало да се казнуваат со доживотно прогонство. GCMkd 448.4
Се зборувало и за чуда што се случувале во полза на таа заповед. Меѓу другото се зборувало и тоа дека на еден селанец, кој во недела сакал да ја оре нивата, парче железо цврсто му се забило во раката кога со него го чистел плугот и морал да го носи насекаде со себе две години, „со голема болка и срам” (Francis West, Historical and Practical Discourse on the Lord’s Day, page 174). GCMkd 449.1
Подоцна папата наредил свештеникот во својата парохија да ги предупредува оние што ја престапуваат неделата и да бара од нив да одат во црква да се молат за да не навлечат голема несреќа на себе и на своите соседи. Еден црковен собор изнел доказ, кој од тоа време толку често се наведувал, дури и од страна на протестантите, дека неделата мора да биде ден за одмор, зашто луѓето што работеле во тој ден биле погодени од гром. „Очигледно е”, велеле бискупите, „дека Бог многу се гневи на оние што го презираат тој денТогаш е упатен повик до свештениците, проповедниците, кралевите, кнезовите и сите верници „да вложат најголеми напори и сета грижа, на овој ден повторно да му се врати честа и во иднина да биде поревносно празнуван за добро на христијанството” (Thomas Morer, Discourse in Six Dialogues on the Name, Notion, and Observation of the Lord’s Day, page 271). GCMkd 449.2
Бидејќи одлуките на црковните собори се покажале недоволни, побарано е од световните власти да издадат наредба која кај народот ќе натера страв и ќе го присили во недела да се воздржува од работа. На еден синод, одржан во Рим, повторно се потврдени со уште поголема сила и свеченост сите поранешни одлуки, потоа се придружени кон црковните закони и со помош на граѓанските власти наметнати на целиот христијански свет (види: Heylyn, History of the Sabbath, pt. 2, eh. 5, sec. 7). GCMkd 449.3
Покрај сето тоа, недостигот од библиски докази во прилог на празнувањето на неделата бил причина за голема забуна. Народот им го оспорувал правото на своите учители да ја отфрлат јасната Господова изјава: „А седми ден е сабота, починка посветена на твојот Господ Бог”, за да го празнуваат денот на Сонцето. За да се потполни празнината поради недостигот од библиски докази, биле потребни други средства. Еден ревносен бранител на неделата, кој кон крајот на дванаесеттиот век ги посетил црквите во Англија, наишол на отпор кај вернжте сведоци на вистината. Неговиот труд бил безуспешен и за извесно време ја напуштил Англија за да пронајде некој подобар доказ со кој би го поткрепил своето учење. Кога се вратил, го имал она што му било потребно. Сега во својата работа имал поголем успех, зашто донел со себе свиток хартија за кој тврдел дека паднал од небото, а кој ги содржел саканите прописи во врска со празнувањето на неделата и страшните закани упатени до непокорните. Овој драгоцен спис - исто така беден фалсификат како и самата установа што ја поддржувал - се тврдело дека паднал од небото и дека бил најден во Ерусалим, на олтарот на свети Симеон, на Голгота. Всушност, папската палата во Рим била местото од каде што излегол тој. За да се зголеми силата и успехот на црквата, папската хиерархија во сите времиња сметала дека е дозволено да се служи со лаги и измами. GCMkd 449.4
Овој спис забранува секаква работа од девет часот, односно од три часот во сабота попладне, па се до изгревање на сонцето во понеделник. Се тврдело дека вистинитоста на овој спис е потврдена со многу чуда. Се зборувало дека луѓето кои работеле во забранетото време биле парализирани. Еден воденичар, кој се обидел да меле жито, видел дека, наместо брашно, тече крв, a воденичното тркало не се вртело наспроти силната водна струја. Една жена, која ставила тесто во печка, го нашла непечено кога го извадила иако печката била силно усвитена. Една друга жена, која приготвила тесто да го пече во еабота по три часот попладне, но сепак, решила да го остави до понеделник, следниот ден утврдила дека Божјата сила направила од тестото лебови и ги испекла. Еден човек, кој во сабота по три часот попладне печел леб, следното утро, кога го скршил, забележал дека од него тече крв. Со вакви смешни и празноверни измислнци борците на неделата настојувале да ја докажат нејзината светост (види: Roger de Hoveden, Annals , vol. 2, pp, 526-530). GCMkd 450.1
Bo Шкотска и во Англија e обезбедено поголемо почитување на неделата со тоа што со неа се соединил дел на старата сабота. Но времето што требало да се празнува се користело различно. Со еден декрет на шкотскиот крал е наредено „саботата да се смета за света од дванаесет часот на пладне” и никој, се до понеделник изутрина, не смее да се занимава со еветовна работа (Morer, pages 290,291). GCMkd 450.2
Ho, и покрај сите овие напори да се утврди светоста на неделата, самите папски приврзаници јавно го потврдувале божествениот авторитет на саботата и човечкото потекло на неделата што ја заменила. Во шеснаесеттиот век, еден папски собор јасно изјавил: „Сите христијани треба да се сетат дека седмиот ден Бог го посветил, и дека го прифатиле и го празнувале не само Евреите, туку и сите што тврделе дека го почитуваат Бога. Што се однесува до нас, христијаните, ние нивната сабота сме ја замениле со Господовиот ден (со недела, заб. на прев.)” (Исто, pages 281,282). GCMkd 450.3
Оние што се осмелиле да го променат Божјиот закон, навистина биле свесни за сериозноста на своето дело. Тие свесно се издигнале над Бога. GCMkd 450.4
Во крвавите и долги прогонства на валденжаните, од кои некои ја празнувале саботата, јасно излегла на виделина политиката на Рим против оние што не се согласувале со него. Други поднесувале слични страдања заради својата верност кон четвртата заповед. Во тој поглед карактеристична е историјата на христијанската црква во Етиопија. Среде мракот на средниот век светот ги загубил од вид овие христијани на централна Африка. Светот нив ги заборавил и тие повеќе векови уживале слобода на верата. Но најпосле Рим дознал за нивното постоење и етиопскиот цар со измама бил наведен да го признае папата како Христов заменик, Настанале и други отстапки. Излегла наредба која под закана на најстроги казни го забранувала празнувањето на саботата (види: Michael Geddes, Church History of Ethiopia , pages 311, 312). GCMkd 451.1
Меѓутоа, папската тиранија набргу станала толку тежок јарем, што Етиопјаните решиле да го симнат од својот врат. По една страшна борба приврзаниците на Рим биле протерани од своите поседи и повторно е воспоставена старата вера. Црквите пак ја уживале својата слобода и никогаш веќе не го заборавиле искуството што го стекнале во врска со измамата, со фанатизмот и со насилствата на Рим. Биле задоволни со својата осаменост и би сакале да останат непознати за другиот христијански свет. GCMkd 451.2
Африканските цркви ја празнувале саботата како што ја празнувала Римската црква пред својот целосен отпад. Иако го празнувале седмиот ден сообразно со Божјиот закон, африканските цркви се воздржувале од работа и во недела во согласност со обичаите на црквата. Кога задобил врховна власт, Рим ја погазил Божјата сабота за да го извиши својот ден за одмор, но овие цркви во Африка, скриени речиси илјада години, не учествувале во овој отпад. Кога потпаднале под власт на Рим, биле присилени да ја напуштат вистинската сабота и да го празнуваат лажниот ден за одмор. Но штом ја постигнале својата независност, пак се вратиле на послушноста на четвртата заповед (види: Додаток). GCMkd 451.3
Овие настани од минатото јасно го покажуваат непријателството на Рим кон саботата и кон нејзините бранители, како и ередствата што ги употребувал тој да го наметне почитувањето на установата што самиот ја воспоставил. Божјата реч не учи дека сите овие сцени ќе се повторат кога католиците и протестантите ќе се здружат да ја издигнат неделата. GCMkd 451.4
Пророштвото од 13. глава на Откровението објавува дека силата што е прикажана во симболот на ѕверот со два рога како кај јагне ќе стори „земјата и нејзините жители” да му се поклонат на папството - кое е прикажано со „леопард”. Ѕверот со два рога ќе им советува на „земните жители да му направат икона на ѕверот”. Понатаму, тој ќе стори „сите - малечки и големи, богати и бедни, слободни и робови” - да примат „жиг на ѕверот” (Откровение 13,11-16). GCMkd 451.5
Веќе беше спомнато дека ѕверот „со два рога како кај јагне” ги претставува Соединетите Држави и дека ова пророштво ќе се исполни кога Соединетите Држави со сила ќе го наметнуваат празнувањето на неделата, што Рим го смета за посебно признание на својата превласт. Но во ова почитување на папството Соединетите Држави нема да бидат сами. Влијанието на Рим во земјите што некогаш ја признавале неговата власт уште не е уништено. И пророштвото преткажува обнова на неговата власт: „И видов една од неговите глави смртно ранета, но неговата смртоносна рана беше исцелена. И сета земја се восхити и тргна по ѕверот” (Откровение 13,3). Смртната рана укажува на падот на папството во 1798 година. Укажувајќи на ова време, пророкот кажува: „Но неговата смртоносна рана беше исцелена. И сета земја се восхити и тргна по ѕверот” (Откровение 13,3). Павле јасно тврди дека „човекот на беззаконието” ќе постои се до второто Христово доаѓање (2. Солуњаните 2,3.8). Тој ќе продолжи со своите измами се до последното време. Писателот на Откровението кажува: „Ке му се поклонат сите кои живеат на земјата, чие име не е запишано во книгата на животот на Јагнето” (Откровение 13,8). На папството ќе му биде укажана почит во Новиот како и во Стариот свет со тоа што ќе биде воспоставено празнување на неделата, зашто таа (неделата) иочива единствено врз авторитетот на Римската црква. GCMkd 452.1
Од средината на деветнаесеттиот век истражувачите на пророштвата во Соединетите Држави на светот му го објавуваат ова сведоштво. Во настаните што се одигруваат сега јасно се гледа брзиот напредок во исполнувањето на пророштвото. И протестантските учители го истакнуваат божествениот авторитет на неделата иако немаат никаков библиски доказ за тоа, како и папските водачи кои измислуваат чуда за да ја заменат Божјата заповед. Тврдењето дека луѓето ќе ги погоди Божји суд поради престапувањето на неделата, што е поставена на местото на саботата, ќе се повтори. Веќе се појавува движење што работи на тоа да ги присили луѓето да празнуваат недела. Тоа движење се повеќе расте. GCMkd 452.2
Римската црква особено се истакнува со своето лукавство и препреденост. Таа може да преткаже што ќе се случи. Гледајќи дека протестантските цркви ја почитуваат со тоа што ја прифаќаат лажната сабота и што се приготвуваат да ја наметнат со истите средства што ги употребила таа во минатото, таа може мирно да го чека својот час. Оние што ја отфрлаат светлината на вистината, ќе бараат помош од оваа самонаречена непогрешна сила за да ја извишат установата што самата таа ја основала. He е тешко да се наслути колку подготвено Католичката црква ќе им даде помош на протестантите во оваа работа. Кој знае подобро од папските водачи како се постапува со оние пгго не и се послушни на црквата? GCMkd 452.3
Римската црква, со своите ограноци по цел свет, еочинува огромна организација што се наоѓа под водство на папската столица и it служи на нејзиниот интерес. Милжони нејзини членови во сите земји на светот се поучуваат дека се должни да покажат поданичка покорност на папата. На која било народност да и припаѓаат, и каков било облик да има нивната влада, тие треба авторитетот на црквата да го сметаат за поголем од секој друг. Иако ii се заколнуваат на државата на верност, сепак, над се стои заветот на послушност кон Рим кој ги ослободува од секоја обврска што не е во согласност со неговите интереси. GCMkd 453.1
Историјата ни сведочи за вештината и за упорните напори на папството да се вовлече во државните работи и, обезбедувајќи си поддршка, да настојува да ги оствари своите цели дури и по цена на пропаст на принцови и народи. Во 1204 година папата Иноќентие III изнудил од арагонскиот крал Петар II да ја ттоложи оваа необична заклетва: „Јас, Петар, крал арагонски, го признавам и му ветувам на мојот господар, папата Иноќентие, на неговите католички наследници и на Римската црква, постојана верност и послушност. Верно ќе го чувам моето кралство, покажувајќи послушност кон него, ќе ја бранам скапоцената вера, а ќе ја гонам еретичката расипаност” (John Dowling, The History of Romanism , b. 5, ch. 6, sec. 55). GCMkd 453.2
Ова ce согласува co тврдењето во врска co моќта на римскиот првосвештеник дека тој има „законско право да ги соборува царевите” и дека „може да ги ослободи поданиците од нивната заклетва на верност кон неправедниот владетел” (Mosheim, b. 3, cent. 11, pt. 2, ch. 2, sec. 9, note 17 - види: Додаток). GCMkd 453.3
Нека не се заборави дека Рим се фали токму со тоа што никогаш не се менува. Принципите на Гргур VII и на Иноќентие III се уште се принципи на Католичката црква. Кога би имала сила, црквата тие принципи би ги спроведувала со истата енергија со која го правела тоа во минатите векови. Протестантите малку знаат што прават кога ја прифаќаат помошта на Рим за да ја извишат неделата. Додека тие гледаат да ја постигнат својата цел, Рим се стреми да ја зацврсти својата сила за да ја поврати својата загубена власт. Ако Соединетите Држави го прифатат начелото црквата да може да се послужи со авторитетот на државата, или дури да го надгледува, верските празници и обичаи да можат да се наметнат со граѓански закони, накратко, авторитетот на црквата и државата да имаат право над совеста, победата на Рим во оваа земја ќе биде обезбедена. GCMkd 453.4
Божјата реч предупредила на непосредната опасност што се приближува; ако се отфрли оваа опомена, протестантскиот свет ќе искуси какви се вистинските намери на Рим, но тогаш ќе биде предоцна да се избегне неговата стапица. Моќта на Рим незабележано расте. Неговите учења имаат големо влијание врз законодавните собранија, врз црквите и врз човечките срца. Тој подига високи и огромни градби, во чиишто тајни подземни простории ќе се повторат неговите поранешни прогонства. Тајно и незабележано тој ги зајакнува силите за да ги оствари своите цели и да изврши напад кога ќе настапи решавачкиот миг. Се што сака тој е да има погодна положба, а таа веќе му се укажува. Набргу ние ќе видиме и ќе почувствуваме каква намера има Рим. Оној што сака да верува и да им биде послушен на Божјите зборови, со тоа ќе навлече на себе подбив и прогонство. GCMkd 454.1
*****