ГОЛЕМАТА БОРБА

31/43

30—НЕПРИЈАТЕЛСТВО МЕЃУ ЧОВЕКОТ И САТАНАТА

_______________

„Јас ставам непријателство меѓу тебе и жената, меѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој ќе ти ја сотира главата, a ти ќе го каснуваш во петата” (1. Мојсеева 3,15). Божествената пресуда изречена над сатаната по човековиот пад била исто така пророштво што ги опфаќа сите векови до крајот на овој свет. Тоа укажува на големата борба во која ќе учествуваат сите човечки поколенија што ќе живеат на земјата. GCMkd 394.1

Бог вели: „Ставам непријателствоОва непријателство не е нешто природно. Кога човекот го престапил Божјиот закон, неговата природа станала грешна и тој стапил во хармонија со сатаната, а не во непријателство со него. По природа не постои непријателство меѓу грешниот човек и зачетникот на гревот. Обајцата станале зли поради отпадот. Отпадникот нема мир додека не најде разбирање и поддршка кај оние што успеал да ги заведе да го следат неговиот пример. Од оваа причина паднатите ангели и безбожните луѓе се здружуваат во една очајна заедница. Кога не би се вмешал Бог, сатаната и луѓето би склучиле сојуз против небото; и наместо да одгледува непријателство кон сатаната, целото човечко семејство би се соединило во бунтот против Бога. GCMkd 394.2

Сатаната го навел човекот на грев, како ангелите што ги вовел во бунт, и со тоа себеси да си обезбеди помагачи во војната против небото. Што се однесува до нивната омраза кон Христа, постоело потполно единство меѓу сатаната и паднатите ангели. Иако во сите други точки владеела неслога, сите биле цврсто соединети во својот отпор против врховната власт на Господарот на вселената. Но кога сатаната ја слушнал изјавата дека ќе постои непријателство меѓу него и жената и меѓу неговото потомство и нејзиното потомство, знаел дека ќе бидат осуетени неговите напори да ја расипе човечката природа и дека со некое средство човекот ќе биде оспособен да и се противстави на неговата сила. GCMkd 394.3

Непријателството на сатаната кон човечкиот род настанало затоа што луѓето преку Христа станале предмет на Божјата љубов и милост. Тој настојува да го осуети божествениот план за спасение на човекот и на Бога да му нанесе срам со тоа што ќе го изопачи и ќе го опогани делото на Божјите раце. Тој со задоволство би предизвикал страдања на небото, а земјата би ја исполнил со болка и со пустош, и тогаш сето тоа би го поврзал со создавањето на човекот. GCMkd 394.4

Милоста што ја всадува Христос во човековата душа буди кај него непријателство кон сатаната. Без оваа милост што го преродува и го обновува човекот, тој би станал роб на сатаната - слуга кој секогаш е готов да ги извршува неговите заповеди. Но новиот принцип во душата создава борба таму каде што до сега владеел мир. Силата што ја дава Христос го оспособува човекот да му се противстави на насилникот и узурпаторот. Оној што покажува дека го презира гревот наместо да го сака, оној што се опира и ги победува страстите што настојуваат да завладеат со него, покажува дека во него дејствува принцип што доаѓа озгора. GCMkd 395.1

Непријателството што постои меѓу Христовиот Дух и духот на сатаната најјасно се покажало во начинот како светот го примил Христа. Евреите не го отфрлиле поради тоа што дошол без светско богатство, без раскош и големина. Тие виделе дека Тој има сила што може да го надомести недостигот на ова надворешно предимство. Но Христовата чистота и светост предизвикале против него омраза од страна на безбожниците. Неговиот самопрегорен живот и совршена посветеноет биле постојан укор за горделивиот и похотлив народ. Тоа предизвикувало непријателство против Божјиот Син. Сатаната и лошите ангели се соединиле со лошите луѓе. Сите отпаднати сили создале заговор против Борецот на вистината. GCMkd 395.2

Против Христовите следбеници се покажал ист дух на непријателство како и против нивниот Учител. Оној кој го гледа одвратниот карактер на гревот и кој му се противставува на искушението со сила озгора, сигурно ќе предизвика гнев кај сатаната и кај неговите истомисленици. Омразата против чистите начела на вистината, подбивот и прогонот на нејзините бранители, ќе постојат се додека ќе има грев и грешници, Христовите следбеници и слугите на сатаната не можат да се согласат. Уште не престанала соблазната на крстот. „Сите што ќе живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат прогонувани” (2. Тимотеј 3,12). GCMkd 395.3

Орудијата на сатаната постојано работат под негова управа да го зацврстат неговиот авторитет и да го подигнат неговото царство наспроти Божјето царство. За таа цел се обидуваат да ги прелажат Христовите следбеници и да ги одвратат од нивната верност кон Бога. Како нивниот водач, и тие го извртуваат Светото писмо за да ја постигнат својата цел. Како сатаната што се обидувал врз Бога да фрли срам, така и неговите орудија се обидуваат да го наклеветат Божјиот народ. Духот што го приковал Христа на крст ги гони безбожниците да ги уништат неговите следбеници. Сето тоа однапред е истакнато во првото пророштво: „Ставам непријателство меѓу тебе и жената, меѓу твоето потомство и нејзиното потомство.” Тоа непријателство ќе трае се до крај. GCMkd 395.4

Сатаната ги употребува сите свои орудија и се бори со сета своја сила. Зошто тој не наидува на поголемо противење? Зошто Христовите војници се толку успиени и рамнодушни? - Затоа што одржуваат толку слаба врска со Христа; затоа што им недостига неговиот Дух. Ним гревот не им е ужасен и достоен за презир како што бил за нивниот Учител. Тие не му се опираат цврсто и решително како што му се опирал Христос. He го увидуваат големото зло и расипаноста на гревот и се заслепени како во врска со карактерот, така и во врска со силата на кнезот на темнината. Постои само малечко неприј ателство против сатаната и неговите дела затоа што владее големо незнаење во врска со неговата моќ и злоба и во врска со универзалноста на неговата борба против Христа и неговата црква. Во овој поглед мнозина се заведени, Тие не знаат дека нивниот непријател е силен војсководител кој господари над умот на лошите ангели и ео добро промислени планови и вешти сплетки води војна против Христа за да го спречи спасувањето на душите. Меѓу божемните христијани, па дури и меѓу самите слуги на евангелието, малку се спомнува сатаната, освен можеби попатно од проповедална. Тие не ги гледаат знаците на неговата постојана активност и неговиот успех, ги занемаруваат безбројните опомени за неговото лукавство и се чини дека и не се осврнуваат на неговото постоење. GCMkd 396.1

Додека луѓето не ги запознаат неговите подмолни напади, овој буден непријател секогаш ги следи во стапка. Влегува во секое катче на домот, во секоја улица на нашите градови, во црквите, на собранијата и на судовите; тој збунува, измамува и заведува, насекаде ги упропастува душите и телата на мажите, на жените и децата, ги уништува семејствата, сее омраза, неслога, караници, буни и убиства. А христијанскиот свет се чини дека на сето тоа гледа како на нешто што го одредил Бог и што мора така да биде. GCMkd 396.2

Сатаната постојано се труди да го надвладее Божјиот народ со отстранување на оградите што го делат од светот. Стариот Израел бил наведен на грев кога се осмелил да стапи во недозволени врски со многубошците. На сличен начин сатаната го заведува и духовниот Израел денеска. „Ним богот на овој свет им ги заслепи умовите за да не ги осветли сјајната радосна вест (евангелието) на Христа, кој е Божја лика” (2. Коринќаните 4,4). Сите кои не се решителни Христови следбеници, се слуги на сатаната. Во срцето на непреродениот владее љубов кон гревот и склоност истиот да се негува и да се оправдува. Во обновеното срце се наоѓа омраза кон гревот и решителен отпор против него. Кога христијаните се движат во друштво на безбожници и неверници, самите се изложуваат на искушение. Сатаната се притајува и тајно им навлекува превез преку очите. Тие не можат да видат дека единствена цел на тоа друштво е да им наштети и, изедначувајќи се со светот во карактерот, во зборовите и делата, се повеќе и повеќе стануваат слепи. GCMkd 396.3

Со тоа што црквата се прилагодува кон световните обичаи, се повеќе станува слична на светот; на тој начин светот никогаш нема да се обрати кон Христа. Пријателството со гревот неминовно ќе стори гревот да изгледа помалку одвратен. Оној што се поврзува со слугите на сатаната, набргу ќе престане да се плаши од нивниот господар. Кога се наоѓаме на должност и ќе се најдеме во искушение, како Даниел на царскиот двор, можеме да бидеме сигурни дека Бог ќе не штити. Но ако сами се ставиме под силата на искушението, тогаш, порано или подоцна, сигурно ќе паднеме. GCMkd 397.1

Искушувачот мошне често работи успешно преку оние во кои најмалку се сомневаме дека се наоѓаат под негова власт. Луѓето што се надарени и воспитани се почитуваат и ценат така како овие особини да можат да го заменат Божјиот страв или на човекот да му дадат право на Божјата милост. Дарбите и воспитувањето сами по себе се Божји дарови, но кога тие се ставаат на местото на побожноста, кога наместо душата да ја водат се поблизу до Бога уште гтовеќе ја оддалечуваат од него, тогаш тие стануваат зло и стапица. Мнозина мислат дека се што личи на учтивост и отменост во извесна смисла мора да е од Христа. Никогаш не постоела поголема заблуда. Овие особини би требало да го красат карактерот на секој христијанин, зашто тие вршат силно влијание во полза на вистинската религија; но тие мора да му бидат посветени на Бога, инаку ќе бидат сила што води во зло. Многу образовани луѓе со елегантно однесување, кои не би се понизиле да го сторат она што во јавноста се смета за неморално, се само отмени орудија во раката на сатаната. Подмолниот и измамнички карактер на нивното влијание и на нивниот пример ги прави поопасен непријател на Христовото дело од оние што немаат знаење и образование. GCMkd 397.2

Со сериозна молитва и со доверба во Бога Соломон постигнал мудрост што го зачудила и го восхитила цел свет. Но кога се одвоил од Изворот на својата сила и се потпрел на самиот себе, станал плен на искушението. Прекрасните особини дадени на овој цар, најмудар од сите, го сториле успешно орудие во рацете на непријателот на душите. GCMkd 397.3

Сатаната постојано настојува верните да ги заслепи во врска со овој факт и затоа христијаните никогаш не би смееле да заборават дека тие не се борат против тело и крв, туку „против управителите, против властите, против световните мрачни сили на овој свет, против духовните сили на злото под небесата” (Ефесците 6Д2). Веќе со векови Божјиот Дух предупредува: „Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта” (2. Петрово 5,8). „Облечете се во сето Божје оружје за да можете да устоите на лукавствата на ѓаволот14 (Ефесците 6,11). GCMkd 398.1

Од Адамовите денови, се до денеска, нашиот голем непријател ја покажувал својата моќ на угнетување и уривање. Сега тој се приготвува за последната голема битка против вистинската црква. Сите што сакаат да го следат Христа, ќе дојдат во судир со овој упорен непријател. Колку повеќе христијаните настојуваат да го следат божествениот Пример, толку посигурно ќе бидат цел на сатанските напади. Сите што се вработени во Божјето дело и се трудат да ги откријат сатанеките измами и луѓето да ги запознаат со Христа, ќе можат да кажат со апостол Павле дека му служеле на Господа „со сета понизност, со солзи и со искушенија” (Дела 20,19). GCMkd 398.2

Сатаната го напаѓал Христа со најостри и најподмолни искушенија, но во секој судир бил одбиен. Овие битки се водени заради нас; овие победи ни овозможуваат нам и ние да победиме. Христос сака да им даде сила на сите што ја бараат. Ниеден човек не може да биде совладан од сатаната без своја сопствена согласност. Искушувачот нема власт над човечката волја ниту може душата да ја присили на грев. Тој може да ја мачи, но не може да ја извалка. Тој може да предизвика душевен страв, но не може да опогани. Фактот дека Христос го победил треба да ги охрабри Христовите следбеници машки да се борат во борбата против гревот и сатаната. GCMkd 398.3

*****