ГОЛЕМАТА БОРБА
28—СООЧУВАЊЕ CO ИЗВЕШТАЈОТЗА СВОЈОТ Л ИЧЕН ЖИВОТ
_______________
Пророк Даниел пишува: „Гледав: се поставија престоли и Прадревниот седна, Облеката му беше бела како снег, а косата на главата како чиста волна. Неговиот престол беше како огнени пламења, а тркалата како усвитен оган. Река огнена извираше и минуваше пред него; илјада илјади му служеа, десет илјади по десет илјади стоеја пред него. Судот седна и книгите се отворија” (Даниел 7,9.10). GCMkd 374.1
Така на пророкот во видение му е покажан големиот и свечен ден во кој Судијата на цел свет ќе го прегледа карактерот и животот на секој човек и кога на секого ќе му биде дадено според неговите дела. Прадревниот е Бог Отецот. Псалмистот вели: „Уште пред да се родат планините, пред да ги создадеш земјата и вселената - ти си Бог, од века до века” (Псалм 90,2). GCMkd 374.2
Со тој суд ќе претседава Оној кој е зачетник на сиот живот и извор на сите закони. Како слуги и сведоци на овој голем суд ќе присуствуваат светите ангели, на број „илјада илјади и десет илјади по десет илјади”. GCMkd 374.3
„Гледав во ноќните виденија и ете, на небесни облаци доаѓаше некој како Син човечки. Тој дојде до Прадревниот и застана пред него. Нему му се даде власт, слава и царство да му служат сите народи, племиња и јазици. Неговата власт е вечна власт и никогаш нема да помине и царството негово нема да пропадне” (Даниел 7,13.14). Христовото доаѓање што е опишано овде не е неговото второ доаѓање на земјата. Тој доаѓа пред „Прадревниот” на небото да прими власт, слава и царство што ќе му бидат дадени на крајот од неговата посредничка служба. Токму ова доаѓање, а не неговото второ доаѓање на земјата, беше преткажано во пророштвото како настан што треба да се случи на крајот од 2300 денови и ноќи, односно во 1844 година. Во придружба на небесните ангели, нашиот Поглавар свештенички влегол во светињата над светињите, се појавил во Божје присуство за да го изврши последниот дел од својата служба во корист на човекот - да го изврши делото на истражниот суд, да изврши помирување за сите што се најдени достојни за неговата милост. GCMkd 374.4
Во симболичката служба на Денот на помирување право на учество имале само оние што ги признале пред Бога своите гревови и се покајале и чиишто гревови, заедно со крвта на жртвата за грев, биле пренесени во Светилиштето. Така и во големиот ден на конечното помирување и на истражниот суд ќе се разгледаат само случаите на оние што тврделе дека му припаѓаат на Божјиот народ. Судот над грешниците е посебно и одвоено дело што ќе се изврши подоцна. „Зашто време е судот да почне од Божјиот дом, а ако почнува прво од вас, каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјето евангелие” (1. Петрово 4Д7). GCMkd 375.1
Небесните книги, во кои се забележани имињата и делата на луѓето, ќе бидат меродавни за донесување на одлуки на судот. Пророк Даниел вели: „Судот седна и кнжгите се отворија” (Даниел 7,10). Опишувајќи го истиот настан, писателот на Откровението додава: „И друг свиток се отвори - книгата на животот, и на мртвите им беше судено спрема она што е запишано во книгите, според нивните дела” (Откровение 20,12). GCMkd 375.2
Книгата на животот ги содржи имињата на сите што кога и да е му служеле на Бога. Исус им рекол на учениците: „Радувајте се што вашите имиња се запишани на небесата” (Лука 10,20). Павле зборува за своите верни помагачи, „чиишто имиња се во книгата на животот” (Филипјаните 4,3). Гледајќи го „жалното време какво што никогаш не постоело”, Даниел кажува дека Божјиот народ ќе биде избавен, „секој што ќе се најде запишан во книгата” (Даниел 12,1). А Откровението зборува дека во Божјиот град ќе можат да влезат само оние чиишто имиња се „запишани во книгата на животот на Јагнето” (Откровение 21,27). GCMkd 375.3
„Книга за спомен” е напишана пред Господа и во неа се забележани добрите дела на оние „кои се бојат од Господа и го слават неговото име” (Малахија 3,16). Нивните зборови, проникнати со вера, нивните дела што зрачат љубов - сето тоа е запишано на небото. Немија мисли на оваа книга кога кажува: „Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не ги бриши моите добри дела што ги направив за домот на мојот Бог и за службата во него” (Немија 13,14). Во оваа книга за спомен овековечено е секое праведно дело. Тука точно е запишано секое победено искушение, секое надвладеано зло и секој збор на нежно сочувство. Тука се наоѓа запишано секое пожртвувано дело, секоја болка или страдање претрпени заради Христа. Псалмистот вели: „Боже, ти го знаеш мојот живот, солзите мои си ги ставил пред себе. Нели е сето тоа запишано во твојата книга?” (Псалм 56,8). GCMkd 375.4
Таму се води и извештај за човечките гревови. „Зашто сите скриени дела Бог ќе ги изнесе на судот и секоја тајна, било добра илилоша” (Проповедник 12,14). Спасителотрекол: „Ајасвивелам дека за секој празен збор што ќе го изговорат луѓето ќе одговараат на судниот ден; зашто по вашите зборови ќе бидете оправдани и по вашите зборови ќе бидете осудени” (Матеј 12,36.37). Тајните намери и побуди се наоѓаат во непогрешниот извештај, зашто Бог „ќе го изнесе на виделина она што е скриено во темнина и ќе ги обелодени намерите на нашите срца” (1. Коринќаните 4,5). „Еве, се е напишано пред мене... вашите беззаконија и беззаконијата на вашите татковци - сите заедно - вели Господ” (Исаија 65,6.7). GCMkd 376.1
Секое човечко дело ќе биде подложено на испитување пред Бога и ќе биде забележано како верност или неверност. Покрај сечие име во небесните книги со вчудовидена точност ќе биде запишан секој лош збор, секоја себична постапка, секоја неисполнета должност, секој таен грев, како и секое лицемерство; занемарените опомени и укори што ни ги праќа Небото, напразно потрошеното време, неискористените прилики, натттето влијание на добро или лошо, со своите далекусежни последици - сето тоа верно го запишал ангелот записничар. GCMkd 376.2
Божјиот закон е мерило според кое на судот ќе се мери животот и карактерот на секој човек. Проповедникот кажува: „Бој се од Бога и држи ги неговите заповеди, зашто тоа е суштината за човекот. Бидејќи сите скриени дела Бог ќе ги изнесе на судот, и секоја тајна, било добра или лоша” (Проповедник 12,13.14). Апостол Јаков ги предупредува своите браќа: „Така зборувајте и така постапувајте како луѓе кои ќе бидат судени според Законот на слободата” (Јаков 2,12). GCMkd 376.3
Оние за кои ќе се утврди на судот дека се достојни, ќе имаат удел во воскресението на праведниците. Исус рекол: „А оние кои ќе бидат достојни да го придобијат оној свет и воскресението од мртвите... се како ангелите, и Божји синови се, зашто се синови на воскресението” (Лука 20,35.36). И пак вели: „Оние што правеле добро ќе воскреснат за живот” (Јован 5,29). Мртвите праведници нема да воскреснат додека не се заврши судот на кој ќе бидат прогласени достојни да „воскреснат за живот”. Според тоа, тие нема да бидат присутни лично на судот кога ќе се испитува извештајот за нивниот живот и кога ќе се решава нивниот случај. GCMkd 376.4
Исус ќе дојде како нивни застапник пред Бога да се заземе за нив. „А ако некој згреши, имаме Застапник кај Отецот - праведникот Исус Христос” (1. Јованово 2,1). „Зашто Христос не влезе во ракотворено Светилиште, кое е само одраз на вистинското, туку во самото небо за да се јави сега пред Божјето лице за нас.” „Затоа и може да ги спасува за вечни векови оние кои преку него доаѓаат кај Бога, зашто Тој секогаш живее за да се застапува за нив” (Евреите 9,24; 7,25). GCMkd 376.5
Кога ќе се отворат судските книги, пред Бога ќе се испита животот на секого кој верувал во Исуса. Нашиот Застапник ќе почне прво со оние што живееле на земјата на почетокот, потоа ќе оди понатаму од поколение на поколение, и најпосле ќе заврши со живите. Ќе биде спомнато сечие име, ќе биде точно испитан случајот на секој поединец. Некои имиња ќе бидат примени а некои отфрлени. Во книгите ако се најдат нечии гревови кои не се ниту признати ниту простени, нивните имиња ќе бидат избришани од книгата на животот, а извештајот на нивните добри дела ќе се избрише од „книгата за спомен”. Господ му рекол на Мојсеја: „Оној што ми згрешил ќе го избришам од мојата книга” (2. Мојсеева 32,33). GCMkd 377.1
А пророкот Езекил вели: „А праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно... ќе биде ли жив? Сите негови добри дела што ги правел нема да бидат спомнати” (Езекил 18,24). GCMkd 377.2
Покрај имињата на оние кои вистински се покајале за своите гревови и кои со вера ја признале Исусовата крв како своја жртва на исчистување, во небесните книги ќе биде забележано „помилуван/а”. Бидејќи станале учесници во Христовата праведност и се утврдило дека нивниот карактер е во хармонија со Божјиот закон, нивните гревови ќе бидат избришани, а тие прогласени достојни за вечен живот. Господ кажува преку пророкот Исаија: „Јас, јас сам ги бришам твоите престапи заради самиот себе и твоите гревови нема да ги спомнувам” (Исаија 43,25). Исус рекол: „Оној кој победува, ќе биде облечен во бела облека и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, туку ќе го признаам неговото име пред мојот Отец и пред неговите ангели.” „Секој кој ме признава мене пред луѓето, ќе го признаам и јас него пред Отецот кој е на небесата, а кој ќе се откаже од мене пред луѓето, и јас ќе се откажам од него пред мојот Отец кој е на небесата” (Откровение 3,5; Матеј 10,32.33). GCMkd 377.3
И најживото интересирање на луѓето за одлуките на земните судови претставува само бледа слика на огромниот интерес што владее за работата на небесниот суд кога имињата од Книгата на животот се појавуваат пред Судијата на цела Земја. Божествениот Посредник ќе побара да им бидат простени престапите на сите кои победиле со вера во неговата крв и потоа да бидат вратени во својот едемски дом, крунисани како сонаследници заедно со Hero над својата „прва власт” (Михеј 4,8). Со своите напори да го измами и искуша човечкиот род, сатаната планирал да го осуети божествениот план при создавањето на човекот; но сега Христос се моли овој план да се оствари така како човекот никогаш да не згрешил. Тој за својот народ не бара само целосно проштавање и оправдување, туку и учество во својата слава и место на својот престол. GCMkd 377.4
Додека Исус се застапува за приврзаниците на својата милост, сатаната пред Бога ги обвинува како престапници. Големиот измамник настојува да ги наведе да се сомневаат, да ги поттикне да ја загубат довербата во Бога, да се одделат од неговата љубов и да го прекршат неговиот Закон. Тој сега го истакнува извештајот на нивниот живот, несовршенството на нивниот карактер, нивната разлика со Христа, со што му нанеле срам на својот Откупител; ги истакнува сите нивни гревови на кои ги навел и затоа бара тие да станат негова своина. GCMkd 378.1
Исус не ги оправдува нивните гревови, но укажува на нивното покајание и на нивната вера и бара проштавање за нив подигајќи ги своите ранети раце пред Отецот и пред светите ангели, велејќи: „Ги познавам по име, сум ги напишал на дланките на моите раце.” „Жртва за Бога е духот покајнички; покаено и понизно срце, Боже, не презираш” (Псалм 51,17). А на тужителот на својот народ му одговара: „Му рече Господ на сатаната: Тоспод да те укори, Господ да ти забрани, кој го избра Ерусалим. Зар тој не е гламна истргната од оган?’” (Захарија 3,2). Христос своите верни ќе ги облече во својата сопствена праведност за да може да ги покаже пред својот Отец како „црква во сета нејзина слава, без дамка, ниту брчка или нешто елично” (Ефесците 5,27). Нивните имиња се запишани во книгата на животот и за нив е напишано: „Тие ќе одат во бели облеки со мене, зашто се достојни” (Откровение 3,4). GCMkd 378.2
Така во целост ќе се исполнат ветувањата на новиот завет: „Ќе им ги простам беззаконијата и за нивните гревови нема веќе да си спомнувам11 (Еремија 31,34). „Во оние дни и во она време, вели Господ, ќе го бараат гревот на Израел, но ќе го нема повеќе; ќе ги бараат опачностите јудејски, но нема да ги најдат; заптто им простив на сите што ги сочував” (Еремија 50,20). „Во оној ден фиданката Господова ќе се јави во убавина и чест, а плодот на земјата во величие и слава за спасените во Израел. Оние што ќе останат и што ќе преживеат во Ерусалим, ќе се викаат ,свети’ и ќе бидат запишани да живеат во Ерусалим” (Исаија 4,2.3). GCMkd 378.3
Истражниот суд и бришењето на гревовите мора да бидат завршени пред второто Господово доаѓање. Бидејќи на мртвите ќе им биде судено според она што е запишано во книгите, не е можно гревовите на луѓето да бидат избришани пред крајот на судот на кој ќе се испитува нивниот живот. Апостол Петар јасно изјавува дека гревовите на верните треба да бидат избришани за да настапат „времиња на освежување и да го прати Исуса, преткажаниот за вас Христос” (Дела 3,19.20). Кога истражниот суд ќе заврши, Христос ќе дојде и со себе ќе му донесе награда секому според неговите дела. GCMkd 378.4
Кога поглаварот свештенички во симболичката служба го извршил чистењето за Израел, излегол и го благословил народот. Така и Христос ќе се појави на крајот од својата посредничка служба „не заради грев, туку за спасение на оние кои нестрпливо го очекуваат” (Евреите 9,28). Како свештеникот што ги отстранувал од светилиштето гревовите исповедајќи ги врз главата на јарецот за грев, така и Христос сите признати гревови ќе ги натовари на сатаната, причинителот и поттикнувачот на гревот. Јарецот што ги носел гревовите Израелови бил одведен „в пустина” (3. Мојсеева 16,22). Така и сатаната, врз кого ќе падне вината за сите гревови на кои го навел Божјиот народ, ќе биде заточен илјада години на оваа Земја, која тогаш ќе биде пуста и без жители, и најпосле ќе претрпи полна казна за гревот во оган, кој ќе ги уништи сите беззаконици. Така големиот план на спасението ќе биде наполно остварен со конечно отстранување на гревот и со избавување на сите што доброволно се откажале од злото. GCMkd 379.1
Во времето одредено за суд - на крајот од пророчките 2300 денови и ноќи - почна истражното дело и бришењето на гревовите. Сите што кога и да е го признале Христовото име, ќе бидат предмет на истрагата. На живите и мртвите ќе им биде судено „според она што е запишано во книгите, според нивните дела” (Откровение 20,12). GCMkd 379.2
Гревовите за кои не сме се покајале и кои не сме ги напуштиле, нема да бидат простени и избришани од книгата, туку на денот на Божјиот суд ќе бидат сведоци против грешникот. Без оглед на тоа дали човекот своите лоши дела ќе ги направи среде бел ден или во мрак среде ноќ, тие се откриени пред Оној пред кого сите мораме да дадеме сметка. Божјите ангели го виделе секој сторен грев и го запишале во непогрешните книги. Гревот може да се негира, да се скрие, само пред таткото, пред мајката, пред жената, пред децата и пред пријателите. Можеби никој, освен грешникот, ниту малку не се сомнева во стореното зло, но пред небесните суштества ќе биде се откриено. Темнината на најтемната ноќ, таинственоста на највештите измами не можат да скријат ниту една единствена мисла пред сезнаењето на Вечниот. Бог има точен извештај за секоја неправда и за секое нечесно дело. Hero не можеме да го измамиме со надворешниот изглед на побожноста. Тој не се лаже во оценувањето на карактерот. Луѓето со расипано срце можат да измамат човек, но Бог проникнува во секое лицемерство и го познава целиот внатрешен живот на човекот. GCMkd 379.3
Каква свечена помисла! Ден по ден се губат во вечноста и небесните книги се полнат со извештаи. Еднаш изговорените зборови, еднаш сторените дела, не можеме никогаш повеќе да ги вратиме. Ангелите го забележале и доброто и злото. Најсилниот освојувач на земјата не може да го поништи извештајот на само еден единствен ден. Нашите дела, нашите зборови, дури и нашите најскриени побуди - сето тоа влијае врз донесувањето на одлуката за нашата судбина - за живот или за смрт. Иако ние ги забораваме, тоа сепак ќе сведочи за нашето оправдување или осуда. GCMkd 380.1
Како фотографијата што точно ги репродуцира цртите на лицето, така точно ќе биде забележан и карактерот во небесните книги. Но колку малку не загрижува извештајот што ќе биде прикажан пред очите на небесните суштества! Кога би можела да се тргне завесата што го одделува видливиот од невидливиот свет, и кога луѓето би можеле да ги видат ангелите кои бележат секој збор и секое дело со кои ќе се сретнат на судот, колку зборови што ги изговараме секој ден не би ги изговориле и колку дела не би направиле! GCMkd 380.2
На судот точно ќе се испита како сме ги употребиле дарбите што сме ги добиле. Како сме ги употребиле средствата што ни ги доверило Небото? Дали Господ кога ќе се појави ќе го земе своето со добивка? Дали сме ги усовршиле силите што ни ги дал Бог - физичките, умните и душевните - на слава на Бога и на благослов на светот? Како сме го употребиле нашето време, нашето перо, нашиот глае, парите и влијанието? Што сме сториле за Христа во лицето на сиромасите, на оние кои се во неволја, на вдовиците и на сирачињата? Бог не поставил за чувари на својата света Реч. Што сме сториле со светлината на вистината што ни е доверена да ги поучуваме луѓето за спасението? He е доволно да кажеме дека веруваме во Христа; само љубовта придружувана со дела е вистинска љубов. Љубов е само она што во очите на Небото им дава вредност на нашите дела. Се што е сторено од љубов, па колку и незначитело да изгледа тоа во очите на луѓето, пред Бога ќе биде признато и наградено. GCMkd 380.3
Скриената себичност на луѓето е откриена во небесните книги. Таму се наоѓа извештај за неисполнетите должности кон нашите ближни и за занемарувањето на нашите обврски кон Спасителот. Дури таму ќе се види колку пати луѓето му го посветиле на сатаната своето време, своите мисли и своите сили што му припаѓале на Христа. Жалосен е извештајот што го носат ангелите на небото. Разумните созданија, божемните Христови следбеници, потполно се обземени со желба за стекнување на богатство или со уживање на земните задоволства. Парите, времето и силите се употребуваат за украсување и за уживање; малку време се посветува за молитва, за истражување на Светото писмо, за испитување на самиот себеси и за исповедање на гревот. GCMkd 380.4
Сатаната измислува безброј планови за да ги окупира нашите мисли да не се занимаваме со она што би требало најдобро да го познаваме. Стариот измамник ги мрази големите вистини што ни укажуваат на жртвата на помирување и на силниот Посредник. GCMkd 381.1
Тој знае дека ќе успее ако ги одврати мислите од Исуса и од неговата вистина, Оние што сакаат да бидат учесници во милоста на Христовото посредување, не смеат да дозволат со ништо да бидат одвратени од својата должност во Божји страв да го градат своето посветување. Наместо драгоцените мигови на времето да ги посветат на уживања, на украсување или на стекнување добивка, треба да се посветат на сериозно и ревносно проучување на Речта на вистината. Предметот на Светилиштето и на истражниот суд Божјиот народ треба да го разбере јасно и правилно. Сите би требало да стекнат лично познавање за положбата и за делото на нашиот голем Поглавар свештенички; инаку ќе им биде неможно во ова време да имаат вистинска вера или да заземаат положба што Бог сака да ја имаат. Секој треба да ја спаси или да ја загуби својата душа. Божјиот суд секој ден претставува посебен случај. Секој мора да стапи пред лицето на големиот Судија. Затоа мошне важно е секој поединец често да размислува за свечената сцена кога судот ќе седне и кога книгите ќе се отворат; кога секој ќе мора, како и Даниел, да стане и „да го прими своето наследство на крајот на деновите” (Даниел 12,13). GCMkd 381.2
Секој што примил светлина за овие предмети мора да сведочи за големите вистини што му ги доверил Бог. Светилиштето на небото е средиште на Хрисотвото дело за луѓето. Тоа е значајно за секое човечко суштество на земјата. Тоа ни го отвора погледот кон планот на спасението се до крајот на времето и истовремено ни го открива и славниот завршок на борбата меѓу правдата и гревот. Од најголема важност е овие работи темелно да ги истражуваме и да сме подготвени секому што ќе не праша да му дадеме одговор за нашето надевање. GCMkd 381.3
Христовото посредување за човекот во небесното Светилиште е исто толку важно во планот на спасението колку и неговата смрт на крстот. Со својата смрт Христос го почнал ова дело, додека по воскресението се вознел да го доврши на небото. Ние мораме со вера да влеземе зад завесата каде што „Исус влезе за нас како претходник” (Евреите 6,20). Таму величествено блескоти светлината на крстот од Голгота. Таму појасно можеме да ја сфатиме тајната на спасението. Спасението на луѓето е извојувано со неизмерната небесна жртва; принесената жртва ги задоволува сите барања на прекршениот Божји закон. Исус го отворил патот кон престолот на својот Отец. Преку него можат да ги изнесат пред Бога скриените желби сите што доаѓаат кај него со вера. GCMkd 381.4
„Нема среќа за тој што гревовите си ги прикрива, а оној што ги исповеда и ги напушта, ќе биде помилуван” (Мудри изреки 28,13). Оние што ги кријат и ги оправдуваат своите грешки кога би можеле да видат колку се радува сатаната за тоа, како му се подбива на Христа и на светите укажувајќи на нивните постапки, би побрзале да ги признаат своите гревови и да ги отфрлат. Сатаната се обидува со помош на маните на нивниот карактер да завладее со целото суштество и знае дека ќе успее во тоа ако тие ги негуваат присутните мани. Затоа постојано се труди да ги измами Христовите следбеници со своето кобно лукавство, тврдејќи им дека не можат да го победат злото. Но за нив Исус посредува со своите ранети раце и скршено тело и му кажува секому што сака да го следи: „Доста ти е мојата милост” (2. Коринќаните 12,9). „Земете го мојот јарем на себе и научете се од мене, зашто јас сум кроток и понизен по срце; а вие ќе најдете починка за своите души, зашто мојот јарем е поднослив и мојот товар е лесен” (Матеј 11,29.30). Затоа никој нека не мисли дека неговите мани се неизлечливи. Бог ќе ни даде вера и милост да ги победиме. GCMkd 382.1
Ние сега живееме во времето на големиот Ден на помирување. Во симболичката служба на Стариот завет, додека поглаварот свештенички вршел обред на помирување за Израелците, сите морале да „ги мачат своите души” со исповедање на гревовите и покајнички да излезат пред Господа за да не бидат истребени од народот. На ист начин сите што сакаат нивните имиња да останат во книгата на животот треба сега, во овие уште неколку преостанати дни од времето на милоста што им е дадено, да се понизат пред Бога жалејќи поради гревот со искрено покајание. Тие мораат длабоко и свесно да ги испитуваат своите срца. Мораат да го отфрлат лакомството и суетниот дух на кого му се предале многу христијани. Сите што сакаат да ги победат лошите наклоности што настојуваат да завладеат со нив, ги чека уште тешка борба. Подготовката е лична работа. Ние нема да бидеме спасени групно. Побожноста и чистотата на едни не можат да ги надоместат овие доблести кај други. Иако сите народи мораат да дојдат на суд пред Бога, Тој сепак, случајот на секој поединец ќе го испита со таква точност како да не постои ниту едно друго суштество на земјата. Секој ќе биде испитан и ќе мора да биде пронајден без мана и дамки. GCMkd 382.2
Настаните што се поврзани со завршното дело на чистење се мошне свечени. Фактите во врска со нив имаат пресудно значење. Сега заседава судот во небесното Светилиште. Многу години веќе се извршува ова дело. Наскоро - никој не знае кога - ќе се премине на случаите на живите. Нашиот живот ќе се испитува во свето присуство на Бога. Во ова време, повеќе од кога и да е, секоја душа треба да ја прифати опомената на Спасителот: „Бдејте и молете се, зашто не знаете кога ќе биде времето” (Марко 13,33). „И така, ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец и нема да знаеш во кој час ќе ти дојдам” (Откровение 3,3). GCMkd 383.1
А кога ќе заврши истражниот суд, тогаш судбината на сите ќе биде запечатена за живот или за смрт. Времето на милоста ќе помине кратко пред доаѓањето на Спасителот на небесните облаци. Во Откровението Христос ни зборува мислејќи на ова време: „Оној кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека врши уште праведност; и кој е свет, нека станува уште посвет! Ете, доаѓам скоро и наградата моја е со мене за да му дадам секому според неговото дело” (Откровение 22,11.12). GCMkd 383.2
Тогаш праведниците и грешниците уште ќе живеат на земјата во својата смртна состојба - ќе сеат и ќе градат, ќе јадат и ќе пијат, несвесни дека rope во Светилиштето е изговорена последната и неотповиклива одлука. Пред потопот, откако Ное влегол во ковчегот, Бог ја затворил вратата зад него и им оневозможил на безбожните да влезат. Уште седум дена луѓето продолжиле да живеат безгрижен и развратен живот, исмевајќи ги предупредувањата за претстојниот суд, а не знаеле дека нивната судбина веќе е решена. „Така”, кажува Спасителот, „ќе биде и при доаѓањето на Синот човечки” (Матеј 24,39). Тивко и незабележано, како крадец ноќе, ќе дојде судбоносниот час што ќе ја реши судбината на секој човек и засекогаш на грешните луѓе ќе им ја одземе понудената милост. GCMkd 383.3
„Бдејте... за да не дојде одненадеж и да не ве најде заспани” (Марко 13,35.36). Опасна е состојбата на оние што се умориле бдеејќи и ги прифатиле привлечностите на светот. Додека трговецот исцело е опфатен со својата трка за добивка, додека љубителот на забави бара уживања и додека ќерката на модата го става на себе својот накит - Судијата на светот ќе ја изрече пресудата: „Измерен си на мерилото и се најде лесен” (Даниел 5,27). GCMkd 383.4
*****