ГОЛЕМАТА БОРБА

4/43

3—EPA HA ДУХОВНА ТЕМНИНА

_______________

Bo своето второ послание до Солуњаните апостол Павле преткажал голем отпад од верата што ќе доведе до воспоставување на папска власт. Тој рекол дека Христос нема да дојде „додека прво не настане отпад и не се појави човек на беззаконието, син на пропаста, кој се противи и се воздига над се што се нарекува Бог или светиња, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог.” Понатаму апостолот ги предупредува своите браќа дека „тајната на беззаконието веќе ја покажува својата сила” (2. Солуњаните 2,3.4.7). Уште во тоа време апостолот видел како во црквата се вовлекува заблуда што ќе го подготви патот за развиток на папството. GCMkd 35.1

Тајната на беззаконието се развивала малку по малку, прво крадешкум и тивко, а кога се засилила и задобила власт над човечките умови, се поотворено го покажувала своето лажно и богохулно дело. Во црквата речиси неусетно се вовлекле незнабожечките обичаи. Големите прогонства што ги поднесувала црквата од страна на незнабоштвото помогнале извесно време да се потисне духот на компромис со светот и да се запре приближувањето кон него. Но, кога гонењето престанало и христијанството влегло во царските дворови и палати, тогаш тоа својата скромна Христова и апостолска едноставност ја заменило со сјајот и со гордоста на незнабожечките свештеници и владетели. На местото на Божјите барања тоа вовело човечки теории и традиции. Привидното преобрќање на Константина, во почетокот so на 4 век, предизвикало голема радост; но со тоа светот влегол во црквата прикриен под плаштот на праведноста. Расипаноста бргу напредувала. Незнабоштвото, навидум победено, всушност станало победник. Неговиот дух завладеал со црквата. Неговата наука, церемониите и суеверието се вовлекле во верата и во богослужението на оние што тврделе дека се Христови следбеници. GCMkd 35.2

Како последица на овој компромис меѓу незнабоштвото и христијанството се појавил „човек на беззаконието”, кој во пророштвото е преткажан како оној што ќе се противи и ќе се издигнува над Бога. Овој огромен сиетем на лажна религија е ремек-дело на сатанската сила - споменик на неговите настојувања да седне на престолот и да управува со земјата по своја волја. GCMkd 35.3

Сатаната еднаш се обидел да направи компромис со Христа. Му пристапил на Божјиот Син во пустината на искушението и, покажувајќи му ги сите светски царства и нивната слава, предложил сето тоа да му го даде нему ако Христос му признае врховна власт нему - на кнезот на темнината. Христос го укорил дрскиот искушувач и го присилил да се оддалечи. Но сатаната имал поголем успех кога со истото искушение му пристапил на човекот. За да си обезбеди себеси световни богатства и почести, црквата почнала да бара наклоност и поддршка од земните авторитети, со што го отфрлила Христа и му ветила покорност на претставникот на сатаната - на римскиот епископ. GCMkd 36.1

Едно од главните учења на Римската црква - папата е видлива глава на сеопштата Христова црква, и тој има врховна власт над епископите и свештениците на сите делови на светот. Уште повеќе, на папата му се припишани и божествени титули! Наречен е „Господ Бог Папа” (види: Додаток), и прогласен е за непогрешлив. Тој бара да му се клањаат сите луѓе. Истото барање што го изнел сатаната во пустината на искушението, продолжува да го изнесува преку Римската црква, и голем број луѓе се готови да му се поклонат. GCMkd 36.2

Но, оние што се бојат од Бога и го почитуваат, ќе го отфрлат овој дрзок предлог со истите зборови со кои Христос го одбил обидот на подмолниот непријател: „Поклонувај му се на својот Господ Бог и само нему служи му” (Лука 4,8). GCMkd 36.3

Бог никаде во својата Реч не напомнал дека кој и да е човек ќе го постави за глава на својата црква. Науката за папска превласт е спротивна на науката на Светото писмо. Папата не може да има власт во Христовата црква, освен ако ја присвои противзаконито. GCMkd 36.4

Римската црква упорно ги обвинува протестантите поради „кривоверство”, и им префрла дека намерно се одвоиле од вистинската црква. Но ова обвинување прво може да се примени на самата Римска црква. Таа го обесчестила Христовото знаме и отстапила од вистинската вера „која еднаш засекогаш им е предадена на светите” (Јуда 3). GCMkd 36.5

Сатаната добро знаел дека Светото писмо ќе им овозможи на луѓето да ги запознаат неговите измами и да и се противстават на неговата сила. Лично Спасителот на светот им се противставил на сатанските напади со помош на Светото писмо. Секој напад Христос го пречекал со штитот на вечната вистина, велејќи: „Пишано е!” На секое наговарање на непријателот му ги противставил мудроста и силата на Божјата реч. Единствен начин за сатаната да ја воспостави својата власт над луѓето и да ја зацврсти папската власт е да го држи светот во незнање во врска со Светото писмо. Библијата го издигнува Бога и на човекот му го одредува неговото вистинско место; затоа неговите свети вистини требало да останат скриени и забранети. Таа тактика ја прифатила Римската црква, Стотици години ширењето на Библијата било забрането. На народот не му било дозволено да ја чита или да ја има во своите домови; несовесните свештеници и епископи ја толкувале на начин што го поддржувал нивното учење. Така се создадени услови папата да биде општо признат како Божји намесник на земјата, кој има власт над црквата и над државата. GCMkd 36.6

Бидејќи е отстранета Книгата што ги открива заблудите, сатаната можел да работи што сака. Пророштвото објавило дека папството ќе настојува да „ги промени времињата и законот” (Даниел 7,25). Тоа не се колебало да го почне преткажаното дело. За да им се даде на преобратените од незнабоштво замена за обожавањето на идолите за полесно да го прифатат христијанството, во црквата постепено се воведувал култот на слики и реликвии. Со декрет на еден општ црковен собор (види: Додаток) конечно е озаконет овој систем на идолопоклонство. За да го доврши богохулното дело, Рим се осмелил од Божјиот закон да ја избрише втората заповед која забранува обожавање на идоли, а за да остане бројот на заповедите неизменет, ја поделил десеттата заповед, правејќи од неа две. GCMkd 37.1

Духот на компромис со незнабоштвото го отворил патот за натамошно презирање на небесната власт. Служејќи се со непосветените водачи на црквата, сатаната својата стрела ја насочил против четвртата заповед; се обидел да ја отстрани старата сабота, денот што го благословил и што го посветил Бог (1. Мојсеева 2,2.3), и на нејзино место да го издигне празникот што го празнувале незнабошците како „чесен ден на сонцето”. Од почеток таа промена се обиделе да ја изведат тајно. Во првите векови сите христијани ја празнувале вистинската сабота. Ревнувале за Божјата чест, зашто биле уверени во непромешшвоста на неговиот закон и љубоморно внимавале на неговите свети начела. Но, за да ја постигне својата цел, сатаната лукаво работел преку своите орудија. За да се насочи вниманието на народот кон неделата, таа е прогласена за празник во чест на Христовото воскресение, Во тој ден се одржувала верска служба, но сепак, тој се сметал само како ден за разонода, а саботата се уште се сметала за света. GCMkd 37.2

За да го приготви патот за делото што планирал да го изврши, сатаната уште пред Христа Евреите ги навел саботата да ја оптоварат со мошне строги прописи, така што нејзиното празнување станало товар. Користејќи ја лажната светлина во која сега ја прикажувал саботата, сторил неа да ја презираат како еврејска уредба. Додека христијаните продолжиле да ја слават неделата како ден на радост и додека настојувале да покажат омраза кон се што е еврејско, сатаната ги навел од саботата да направат ден на пост, на тага и жалост. GCMkd 37.3

Во почетокот на четвртиот век царот Константин издал декрет со кој неделата ја прогласил за општ празник на целото Римско царство (види: Додаток). Денот на сонцето го почитувале незнабожечките приврзаници, а го славеле и христијаните; со тоа царот имал намера да ги соедини спротивните интереси на незнабоштвото и христијанството. На тоа го наговориле епископите на црквата кои, проникнати со амбиција и со желба за власт, увиделе дека, ако христијаните и незнабошците празнуваат ист ден, тоа ќе ги наведе незнабошците формално да го прифатат христијанството, што ќе ја зголеми силата и славата на црквата. Иако многу побожни христијани почнале постепено да ја почитуваат неделата во извесна мера како свет ден, сепак, се уште ја празнувале вистинската сабота како „свет Господен ден” и ја славеле според четвртата заповед. GCMkd 38.1

Големиот измамник не го довршил своето дело. Ретттил да го собере хриетијанскиот свет под свое знаме и својата власт да ја оствари преку својот претставник, горделивиот понтифекс, кој тврдел дека е Христов намесник. Тој оваа своја намера ја спровел преку полуобратените незнабошци, преку честољубивите епископи и свештеници кои биле световно ориентирани. Повремено се одржувани големи собори на кои присуствувале црковни великодостојници од цел свет, Речиси на секој од овие собори саботата, што ја воспоставил Бог, се повеќе била потиснувана, a за сметка на тоа се повеќе била издигнувана неделата. Најпосле незнабожечкиот празник почнал да се почитува како божествена установа, додека библиската сабота е прогласена за остаток на еврејството, а нејзините почитувачи за проклети. GCMkd 38.2

Големиот отпадник успеал „да се воздигне над се што се нарекува Бог или светиња, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог” (2. Солуњаните 2,4). Се осмелил да ја промени токму онаа заповед во Божјиот закон која јасно му зборува на целото човештво за вистинскиот и жив Бог. Во четвртата заповед Бог се открива како Творец на небото и земјата, со што се разликува од сите лажни богови. Како спомен на создавањето, седмиот ден е посветен како ден за одмор на целото човештво. Бил одреден постојано да ги потсетува луѓето на Бога како извор на животот, на кого единствено сме должни да му ce молиме и да го обожаваме. Сатаната се бори луѓето да ги стори неверни кон Бога и непослушни кон неговиот закон; затоа своите напори ги насочил особено против онаа заповед која го истакнува Бога како Творец. GCMkd 38.3

Протестантите денеска тврдат дека Христовото воскресение во недела тој ден го сторило христијанска сабота. Но за тоа тврдење нема доказ во Светото писмо. Ниту Исус ниту неговите апостоли на тој ден не му давале таква чест. Празнувањето на неделата како христијанска уредба има свое потекло во онаа „тајна на беззаконието” која го почнала своето дело уште во Павловите денови (2, Солуњаните 2,7). Каде и кога Господ го посинил ова дете на папството? Каков сигурен доказ може да се најде за една промена што Светото писмо не ја одобрува? GCMkd 39.1

Во шестиот век папството веќе силно се зацврсгило. Престолот на неговата моќ бил поставен во царскиот град и римскиот епископ е прогласен за глава на целата црква. Незнабоштвото му го отстапило местото на папството. Ламјата му дала на ѕверот „своја сила, свој престол и голема власт” (Откровение 13,2). Сега почнале оние илјада двесте и шеесет години на папското насилство преткажано во пророштвото на Даниел и во Откровението (Даниел 7,25; Откровение 13,5-7). Христијаните биле принудени да бираат дали ќе ги напуштат своите начела и ќе ги прифатат папските церемонии и папското богослужение, или својот живот ќе го завршат во затвори, на справи за растегање, на ломачи, или да им биде пресечена главата на гилотина. Сега се исполниле Христовите зборови: „Ке ве предаваат и родителите, и браќата, и роднините и пријателите, и некои од вас ќе бидат убиени, и сите ќе ве мразат заради моето име” (Лука 21,16.17). Почнало свирепо прогонство против верните, пострашно од кога и да е порано, и светот станал огромно бојно поле. Во текот на стотици години Христовата црква наоѓала прибежиште во самотија и темнина. Тоа пророкот го опишува вака: „А жената побегна в пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет денови” (Откровение 12,6). GCMkd 39.2

Стапувањето на Римската црква на власт го означува почетокот на мрачниот среден век. Колку повеќе растела нејзината моќ, темнината станувала се погуста. Верата од Христа, која е вистински темел, е пренесена на римскиот папа. За проштавање на гревот и за вечно спасение, наместо да му се обраќаат на Божјиот Син, луѓето гледале во папата и во неговите ополномоштени свештеници и епископи. GCMkd 39.3

Свештенството го учело народот дека папата е земен застапник и дека само преку него можат да му се приближат на Бога; дека тој е Божји намесник и затоа се должни безусловно да му се покоруваат. Отстапувањето од неговите наредби е доволна причина виновникот да биде казнет со најстрашна душевна и телесна казна. Така човечките мисли се одвратени од Бога и упатени кон луѓе подложни на грев, на заблуди и на гнев, односно директно кон кнезот на темнината кој преку нив ја спроведува својата власт. Гревот бил наметнат со плашт на светлина. Кога Светото писмо се гази и кога човекот ќе почне себеси да се смета за врховно суштество, тогаш можеме како последица на тоа да очекуваме само измама, лага и срамно беззаконие. Со издигнувањето на човечките закони и преданија се појавила расипаност, што секогаш е последица на отфрлањето на Божјиот закон, GCMkd 39.4

Ова биле денови на опасност за Христовата црква. Верните Христови следбеници биле навистина малку. Иако вистината не останала без сведоци, сепак, понекогаш изгледало дека заблудата и суеверието потполно ќе завладеат и дека вистинската религија ќе исчезне од земјата. Евангелието е занемарено, умножени се верските обреди, а луѓето оптоварени со строго извршување на надворешни прописи на побожноста. GCMkd 40.1

Свештениците ги учеле луѓето папата да го сметаат како свој посредник, а своите дела како средство за исчистување од гревот. Долги поклоненија, дела на каење, обожавање на реликвии, ѕидање на цркви, храмови и олтари, давање на големи суми пари на црквата - такви и слични дела се барале како средства што можат да го уталожат Божјиот гнев и да обезбедат негова наклоност; Бог како да е сличен на човекот кој се гневи поради ситници, а може да се умилостиви со дарови и со дела на покајание. GCMkd 40.2

Иако завладеал порок дури и меѓу водачите на Римската црква, сепак, нејзиното влијание се повеќе растело. При крајот на осмиот век следбениците на папата тврделе дека римските епископи во првите векови имале иста духовна власт што сега си ја присвоиле себеси папите. За да му дадат на ова тврдење изглед на вистина, морале да најдат средства со кои ќе го постигнат тоа; таткото на лагата се погрижил за тоа. Калуѓерите измислиле лажни стари ракописи. Откриени се до тогаш непознати декрети на црковните собори кои ја докажувале светската врховна власт на папата уште од најраните времиња. А црквата, која што ја отфрлила вистината, одушевено ја прифатила оваа лага (види: Додаток). GCMkd 40.3

Малечкиот број верници, кои својата вера ја ѕидале врз вистинскиот темел, биле збунети и несигурни, зашто ѓубриштето на лажното учење го пречело нивното дело. Слично на градителите на ерусалимските ѕидови во времето на Немија, некои биле готови да кажат: „Се намали силата на носачите, а земја од урнатото има многу; не можеме да го градиме ѕидот” (Немија 4Д0). Уморни од постојаните борби поврзани со гонењето, измамите, неправдите и со сите други пречки што ги измислил сатаната за да го запре нивниот напредок, некои од верните градители се обесхрабриле; за љубов на мирот и сигурноста на својот живот и на својот имот, тие го напуштале вистинскиот темел. Други пак, смели пред поплавите на непријателот, храбро говореле: „Не плашете се од нив; помнете го великиот и страшен Господ” и ја продолжиле работата, секој опашан со својот меч (Немија 4,14; Ефесците 6,17). GCMkd 40.4

Истиот дух на омраза и противење кон вистината во секое време ги инспирирал Божјите непријатели, а од неговите следбеници се барала иста будност и верност. Христовите зборови, упатени на апостолите, важат и за неговите следбеници во последно време: „А она што ви го зборувам вам, на сите им го зборувам: бдејте!” (Марко 13,37). GCMkd 41.1

Се чинело дека темнината станува се погуста, Обожавањето на слики станало нешто вообичаено. Пред сликите се палеле евеќи и ним им се упатувале молитви. Преовладувале најнеразумни и најсуеверни обичаи. Човечките мисли во толкава мера биле проникнати со суеверие и со празноверие, што изгледало дека и разумот ја загубил својата моќ. Бидејќи свештеннците и епископите се оддале на уживања и биле похотни и расипани, зар можело да се очекува нешто друго освен и самиот народ, што го воделе тие, да падне длабоко во незнаење и порок. GCMkd 41.2

Друг чекор на папската честољубивост е направен во единаесеттиот век кога папата Гргур VII прогласил непогрешност, совршенство на Римеката црква. Меѓу другото, изјавил дека, според Светото писмо, црквата никогаш не згрешила ниту ќе згреши. Но ова тврдење не било поткрепено со докази од Светото писмо. Горделивиот понтифекс исто така објавил дека има власт да ги соборува царевите, дека ниедна пресуда што ќе ја донесе тој никој не може да ја поништи, а дека тој има право да ги поништи пресудите на сите други (види: Додаток). GCMkd 41.3

Бележит пример на тиранскиот карактер на овој застапник на непогрешност е неговата постапка со германскиот цар Хенрик IV. Бидејќи се осмелил да не го почитува папскиот авторитет, овој владетел е исклучен од црквата и лишен од престолот. Уплашен од однесувањето и од заканите на своите кнезови, што ги охрабрил папата да се побунат против својот господар, царот увидел дека мора да се помири со Рим. Среде зима ги преминал Алпите во придружба на својата сопруга и на еден верен слуга за да се понизи пред папата. Кога дошол до дворецот во кој се наоѓал папата, го вовеле без неговата придружба во едно надворешно двориште, и таму, изложен на силен студ, гологлав и бос, облечен во скудна облека, очекувал дозвола од папата да излезе пред него. Дури по три дена пост и каење папата се согласил да му прости. Па и тоа го сторил под услов царот да чека посебно папско одобрение пред да се украси со одличијата на царското достоинство и да почне да ја врши царската власт. Надуен со својот успех, Гргур се фалел дека негова должност е да ја понижува гордоста на царевите. GCMkd 41.4

Колкава бележита разлика меѓу дрската горделивост на овој надуен понтифекс и кроткиот и благ Христос, кој се прикажал себеси како стои пред вратата на срцето и моли да влезе, да донесе проштавање и мир и кој ги учел своите ученици: „Кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга” (Матеј 20,27). GCMkd 42.1

Следните векови сведочеле за постојано зголемување на заблудите што ги ширел Рим. Уште пред да се издигне папството, науката на незнабожечките филозофи била ценета и имала влијание врз црквата. Мнозина, привидно преобратени, се уште се придржувале кон начелата на незнабожечката филозофија и не само што продолжиле да ја проучуваат, туку и им ја наметнувале на другите како средство за ширење на нејзиното влијание меѓу незнабошците. Во христијанската вера се вовлекле сериозни заблуди. Една од главните заблуди е верувањето во човекова вродена бесмртност и во негова свеена состојба по смртта. Ова учење е темел на кој Рим го издигнал култот на светците и обожавањето на дева Марија. Оттаму произлегло лажното учење за вечни маки на непокајаните, кое рано се вовлекло во папското верување. GCMkd 42.2

Со ова бил приготвен патот за воведување на уште една незнабожечка измислица што Рим ја нарекол чистилиште и ја употребувал да го заплашува лековерното и суеверно мноштво. Ова лажно учење тврди дека постои едно место на маки каде што се мачат душите на оние што не заслужиле вечна пропаст, каде што треба да претрпат казна за своите гревови, и од кое, кога ќе се исчистат од својата порочност, ќе бидат примени на небото (види: Додаток). GCMkd 42.3

На Рим му била потребна уште една измислица за да се користи со стравот и со гревовите на своите следбеници. Тоа е науката за проштавање на гревовите со помош на прошталници (опросници). Целосно проштавање на минатите, на сегашните и на идните гревови и ослободување од сите маки и заслужени казни им е ветено на оние што ќе учествуваат во војните на врховниот свештеник за да се прошири неговата власт, во казнувањето на неговите непријатели и во истребувањето на сите што би се осмелиле да ја негираат неговата духовна превласт. Луѓето биле поучувани дека можат да бидат ослободени од гревовите со давање пари на црквата, а на ист начин можат да се ослободат душите на умрените пријатели што се мачат во огнот на чистилиштето. Така Рим ги полнел своите каси и ги зголемувал раскошот, сјајот и порокот на таканаречените претставници на Оној кој немал каде да ја засолни главата (види: Додаток). GCMkd 42.4

Библиската уредба за Вечерата Господова е заменета со идолопоклоничката жртва - миса. Папските свештеници изјавувале дека со своето неразбирливо мрморење, обичниот леб и вино ги претвораат во вистинско „Христово тело и крв” (Cardinal Wiseman, The Real Presence of the Body and Blood of Our Lord Jesus Christ in the Blessed Eucharist, Proved From Scripture, lecture 8, sec. 3, par. 26). Co богохулна дрскост тврделе дека можат „да го создадат” Бога, семожниот Творец. Од христијаните се барало, под закана на смртна казна, да веруваат во ова страшно кривоверство, што е хула против Бога. Мнозина што го отфрлиле тоа биле осудени на смрт на ломача (види: Додаток). GCMkd 43.1

Во тринаесеттиот век е воведена таканаречената инквизиција, едно од најужасните папски орудија. Тука кнезот на темнината работел заедно со водачите на папската хиерархија. На нивните тајни седници сатаната и неговите ангели управувале со умовите на овие зли луѓе, додека среде нив стоел невидлив Божји ангел, кој ги бележел ужасните заклучоци и нивните безбожни одлуки и ја пишувал историјата на делата што биле премногу страшни за да можат да се изнесат пред човечките очи. „Големиот Вавилон се опивал со крвта на светите.” Масакрираните тела и крвта на овие маченици пекале пред Бога за одмазда над оваа отпадничка сила. GCMkd 43.2

Папството станало светски тиран. Кралевите и царевите се клањале пред одлуките на римскиот епископ. Сегашната и вечната судбина на луѓето се чинело како да е во негова власт. Стотици години учењето на Рим било безусловно и општо прифатено, неговите обреди извршувани со почит, а празниците насекаде празнувани. Неговото свештенство е почитувано и великодушно потпирано. Никогаш подоцна Римската црква не постигнала поголема чест, сјај и моќ. GCMkd 43.3

Но „зенитот на папството бил полноќ за светот” (Ј. A. Wylie, The History of Protestantism, b. 1, ch. 4). Светото писмо му било непознато не само на народот, туку и на свештениците. Слично на некогашните фарисеи, папските водачи ја мразеле светлината што би ги открила нивните гревови. Бидејќи го отстраниле Божјиот закон, мерилото на правдата, си присвоиле неограничена моќ и се оддавале на незауздан разврат. Насекаде преовладувале измама, лакомство и порок. Луѓето не се воздржувале од никакво злосторство само ако со негова помош би можеле да се доберат до богатство и положба. Палатите на папите и епископите биле место на најлош разврат. Некои папи се оддале на толку ниски злосторства, што световните владетели се обиделе да ги соборат овие црковни великодостојници како страшни чудовишта што не можат да се поднесуваат. Со векови Европа не постигнала никаков напредок во науката, во уметноста и цивилизацијата. Христијанството било погодено со морална и интелектуална парализа. GCMkd 43.4

Положбата во светот под римската власт претставувала страшна и поразна потврда на зборовите на пророкот Осија: „Мојот народ гине: нема знаење; бидејќи ти го отфрли знаењето, и јас те отфрлам тебе од моето евештенство; го заборави законот на својот Бог, и јас ќе ги заборавам твоите синови.” „Нема веќе верност, нема љубов, нема Божје знаење во земјата, туку клетва и лага, убивање и кражби, прељуба и насилство, една крв следи друга” (Осија 4,6.1.2). Такви биле последиците од отфрлањето на Божјата реч. GCMkd 44.1

*****