ГОЛЕМАТА БОРБА
20—ГОЛЕМО ВЕРСКО БУДЕЊЕ
_______________
Пророштвото што го наоѓаме во 14. глава на Откровението претставува појава на едно силно верско будење како резултат на проповедањето на веста за скорашното Христово доаѓање. Јован гледа ангел „како лета среде небото, кој имаше вечно евангелие за да им го објави на земните жители, на секој народ, племе, јазик и род”. GCMkd 276.1
Тој со „силен глас” ја објавува веста: „Бојте се од Бога и подајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд, и поклонете му се на Оној кој ги создаде небото и земјата, морето и водните извори” (Откровение 14,6.7). GCMkd 276.2
Значаен е фактот што ангел е орудие на кое му е доверена оваа вест со опомена. Божествената мудрост сакала со чистотата, со славата и силата на еден небесен весник да го прикаже возвишениот карактер на делото што треба да се изврши и силата и славата што ќе го придружуваат. А летот на ангелот „сред небото”, „силниот глас” со кој се проповеда веста и нејзиното ширење меѓу сите „што живеат на земјата” - „на секој народ, племе, јазик и род” - ја покажуваат брзината со која се шири движењето и неговата светска распространетост. GCMkd 276.3
Самата вест го открива времето кога ќе настане ова движење. Се кажува дека таа е дел на „вечното евангелие” и дека го објавува почетокот на судот. Веста на спасението се проповедала во сите времиња, но таа вест е дел на евангелието што може да се објавува само во последните денови, зашто само тогаш можело да биде вистина дека настапил часот на судот. Пророштвата изнесуваат низа настани што се одигруваат до почетокот на судот. Ова е посебно случај со книгата на пророк Даниел . Но оној дел на своето пророштво што се однесува на последното време, Даниел морал да го затвори и да го запечати „до последното време”. Дури кога ќе настапи тоа време, ќе може да биде објавена веста за судот што се темели на исполнувањето на ова пророштво. Но, во ова последно време, вели пророкот, „мнозина ќе ја истражуваат (таа книга) и знаењето ќе се умножи” (Даниел 12,4). GCMkd 276.4
Апостол Павле ја опоменувал црквата Христовото доаѓање да не го очекува во неговите денови: „Тоа нема да се случи додека прво не настане отпад и не се појави човек на беззаконието, син на гибелта” (2. Солуњаните 2,3). Дури по еден голем отпад и по едно долго владеење на таканаречениот „човек на беззаконието” можеме да го очекуваме доаѓањето на нашиот Господ. „Човекот на беззаконието” („човек на гревот”), наречен и „тајна на беззаконието”, „син на гибелта” и „беззаконик”, го претставува папството кое, како што е кажано во пророштвото, ќе има превласт 1260 години. Ова време се завршило 1798 година. Христовото доаѓање не можело да се случи пред оваа година. Опомената на Павле го опфаќа целиот христијански период до 1798 година. Дури по оваа година требало да се проповеда веста за второто Христово доаѓање. GCMkd 276.5
Таква вест никогаш не е објавена во минатото. Како што видовме, Павле не ја проповедал; тој своите браќа ги упатувал на Господовото доаѓање во далечна иднина. Реформаторите исто така не ја проповедале. Мартин Лутер судот го очекувал отприлика триста години по своето време. Но од 1798 година отпечатена е книгата на Даниел, пророштвото почнало се повеќе да се сфаќа и мнозина ја објавувале свечената вест за скорашниот суд. GCMkd 277.1
Како и големата реформација во шеснаесеттиот век, и адвентното движење се појавило истовремено во разни христијански земји. Во Европа и во Америка луѓе од вера и молитва почнале да ги проучуваат пророштвата и, проучувајќи ги вдахновените извештаи на Божјата реч, пронашле убедливи докази дека е близу крајот на сите работи. Во разни земји се појавиле осамени групи христијани кои, проучувајќи го Светото писмо, откриле дека доаѓањето на Спасителот е близу. GCMkd 277.2
Во 1821 година, три години откако Милер ги разјаснил пророштвата што упатуваат на времето на судот, д-р Јосиф Волф, „светски мисионер”, почнал да го објавува скорашното Господово доаѓање. Волф бил роден во Германија, со еврејско потекло. Татко му бил рабин. Уште во својата рана младост Јосиф Волф се осведочил во вистинитоста на христијанската вера. Решителен и со мошне силен истражувачки дух, тој во својот родителски дом, каде што секојдневно се состанувале побожни Евреи, со големо интересирање ги слушал разговорите што ги воделе тие за надежите и за очекувањата на својот народ, за славата на Месија кој ќе дојде и за воспоставувањето на израелско царство. Еден ден, кога слушнал како го спомнуваат Исуса од Назарет, Јосиф прашал кој е тој. Му одговориле дека тој бил Евреин со мошне големи дарби, но бидејќи тврдел дека е Месија, еврејскиот суд го осудил на смрт. „Зошто”, прашал Јосиф, „зошто е разурнат Ерусалим и зошто ние сме во ропство?” - „Ах”, одговорил татко му, „затоа што Евреите ги убивале пророците.” Наеднаш на момчето му светнала мислата: „Можеби Исус од Назарет бил пророк а Евреите го убиле иако бил невин” (Travels and Adventures of the Rev. Joseph Wolff, vol. 1, p. 6). Ова чувство било толку силно што, и покрај забраната да влезе во христијанската црква, сепак, често стоел пред врата за да слушне проповед. GCMkd 277.3
Кога имал само седум години, му се фалел на својот стар сосед, христијанин, со идната слава на Израел кога ќе дојде Месија, при што старецот љубезно му рекол: „Драго момче, ќе ти кажам кој е вистински Месија: тоа е Исус од Назарет... кого твоите предци го распнале на крст, како во старо време што ги убивале пророците. Оди дома и прочитај ја 53. глава од книгата на пророк Исаија и ќе се увериш дака Исус Христос е Божји Син” (Исто, vol. 1, р. 7). Момчето веднаш било уверено дека е тоа вистина. Отишло дома и ја прочитало таа глава, чудејќи се како тие стихови целосно се исполниле на Исуса од Назарет. Дали зборовите на овој христијанин се вистшшти? Момчето го замолило татка си да му го протолкува ова пророштво, но овој му одвратил со толку мрачно молчење, што тоа никогаш веќе не се осмелило да го спомне овој предмет. Меѓутоа, ова само ја зголемило неговата желба што повеќе да дознае за христијанската вера. GCMkd 278.1
Знаењето што го барал Јосиф во својот еврејски семеен круг било грижливо криено од него; но кога имал одвај единаесет години, го напуштил татковиот дом и се упатил во светот да стекне образование и да избере вера и занимање. За извесно време нашол засолниште кај своите роднини, но набргу тие го отерале како отпадник и така, сам и без средства, морал да си расчистува себеси пат меѓу туѓинци. Патувал од место во место, а во исто време и трудољубиво учел и сам се издржувал давајќи часови по еврејски јазик. Под влијание на еден католички учител ја примил римската вера и решил да биде мисионер меѓу својот сопствен народ. За таа цел по неколку години пошол на школата за пропаганда во Рим, таму да ги продолжи студижте. Поради своите навики да мисли независно и да зборува отворено, овде го прогласиле за еретик. Отворено ја напаѓал злоупотребата на црквата и барал реформа. Иако од почеток папските достоинственици му биле наклонети, сепак, по извесно време морал да си замине од Рим. Под контрола на црквата одел од место до место додека не се увериле дека никогаш не ќе можат да го подложат под јаремот на Рим. Најпосле е прогласен за непоправлив и отпуштен да си оди каде што сака. Се упатил во Англија каде што ја примил протестантската вера и стапил во Англиканската црква. По двегодишно студирање, во 1821 година ја почнал својата мисија. GCMkd 278.2
Откако Волф ја прифатил големата вистина за првото доаѓање на Христа кој „беше презрен и отфрлен меѓу луѓето, болен и свикнат на страдањата”, сфатил дека пророштвата со иста јасност го опишуваат и неговото второ доаѓање во сила и слава. И додека својот народ го упатувал на Исуса од Назарет како ветен Месија и на неговото прво доаѓање во понижување како жртва за гревот на луѓето, истовремено им укажувал на неговото второ доаѓање. GCMkd 279.1
Велел: „Вистинскиот Месија, Исус од Назарет, чиишто раце и нозе биле прободени, кој е воден како јагне на колење, кој бил познат како човек на болката и страдањата, кој дошол првпат кога скиптарот и владеачката палка се одземени од Јуда - ќе дојде по вторпат на небесните облаци со труба на архангел” (Joseph Wolff, Researches and Missionary Labors, page 62), „и неговите нозе во тој ден ќе застанат на Маслинската гора”. А онаа власт над созданијата, што му била дадена некогаш на Адама и што тој ја загубил (1. Мојсеева 1,26; 3,17), ќе му биде дадена на Исуса. Тој ќе биде цар над сета земја. Ке престанат тажанките и воздишките на сите созданија, а ќе се слушне песна на слава и похвала... „Зашто ќе дојде Синот човечки во славата на својот Отец со своите ангели”,... „и прво ќе воскреснат мртвите во Христа” (Матеј 16,27; 1. Солуњаните 4,16; 1. Коринќаните 15,23). Тоа е она што ние христијаните го викаме прво воскресение. Тогаш и животинското царство ќе ја измени својата природа (Исаија 11,6-9) и ќе му биде подложно на Исуса (Псалм 8). Ќе владее сеопшт мир” (,Journal of the Rev. Joseph Wolff, pages 378, 379). „И Господ пак ќе погледне на земјата и ќе каже: „Ете, се е мошне добро!” (Исто, page 294). GCMkd 279.2
Волф верувал дека Господовото доаѓање е близу. Неговото толкување на пророчките времиња се разликуваше само за неколку години од времето кога Милер го очекуваше големото исполнување. Врз основа на зборовите: „ А за тој ден и час никој не знае”, некои се обидувале да докажат дека во врска со близината на Христовото доаѓање луѓето не можат ништо да знаат; ним Волф им одговорил: „Зар нашиот Господ рекол дека денот и часот нема никогаш да бидат познати? Зар не ни дал знаци на времето за да можеме да го знаеме барем приближувањето на неговото доаѓање, како што може да се знае дека е близу летото според смоквата која разлистува? (Матеј 24,32). Зар никогаш да не дознаеме за ова време кога самиот Тој не опоменува не само да го читаме пророкот Даниел, туку и да го разбереме? А токму во Даниел стои дека тие зборови ќе бидат запечатени се до последното време, дека ,мнозина ќе истражуваат1 и дека ,знаењето ќе се умножи’ (во врска со тоа време) (Даниел 12,4). Впрочем, со ова Спасителот не сакал да каже дека приближувањето на времето нема да биде познато, туку дека одредениот ,ден’ и ,час’ не го знае никој. Тој кажува дека навистина ќе се знае според знаците на времето за да не поттикне да се приготвиме за неговото доаѓање, како Ное што го приготвил ковчегот” (Ј. Wolff, Researches and Missionary Labors, pages 404, 405). GCMkd 279.3
За вообичаеното толкување и извртување на Светото писмо, Волф пишувал: „Поголемиот дел на христијанската црква се оддалечил од јасната смисла на Светото писмо и се свртил кон мамките на будистичката наука која учи дека идната среќа на човечкиот род се состои од постојано реење и движење горедолу во воздухот. Кога го читаат зборот Евреи, тие мислат дека под тоа треба да се подразберат незнабошците; а кога читаат Ерусалим, тоа значи црквата; кога пишува земја, тоа значи небото; дека Господовото доаѓање всушност го претставува напредокот на мисионерските друштва; а да се оди на гората Господова, во домот на Јакововиот Бог, значи да се оди на некој голем собор на методистите” {Journal of the Rev. Joseph Wolff, page 96). GCMkd 280.1
Bo текот на дваесет и четири години, од 1821 до 1845 година, Волф патувал по светот. Во Африка ги посетил Египет и Етиопија; во Азија ги пропатувал Палестина, Сирија, Персија, Бухар и Индија. Ги посетил и Соединетите Држави, откако претходно на патот за Америка проповедал на оетровот Св. Елена. Во август 1837 година стигнал во Њујорк; откако зборувал во овој град, проповедал во Филаделфија и Балтимор, а потоа отишол во Вашингтон. „Овде”, кажува тој, „на предлог на бившиот претседател, Џон Квинси Адамс, едногласно ми е ставена на располагање конгресната сала за едно предавање што го одржав една сабота, почестен со посетата на сите членови на Конгресот, епископот од Вирџинија, како и свештенството и граѓаните на Вашингтон. Иста чест ми укажаа и членовите на владата на Њу Џерси и во Пенсилванија, во чиешто присуство држев предавања за моите истражувања во Азија, но и за владеењето на Исуса Христа” (Исто, pages 398, 399). GCMkd 280.2
Д-р Волф патувал по најнецивилизирани земји без заштита на која и да е европска влада и таму претрпел многу неволји и бил опкружен со безброј опасности. Го тепале по табаните, поднесувал глад, бил продаван како роб и три пати осудуван на смрт. Бил напаѓан од разбојници и повеќе пати речиси умрел од жед. Еднаш го ограбиле до гола кожа и морал пеш да патува стотици километри низ планини по меќава со боси нозе измрзнати и нечувствителни. GCMkd 280.3
Кога му советувале да не оди без оружје меѓу диви и непријателски племиња, одговорил дека е вооружен со добро оружје - „со молитва, со ревност за Христа и со сигурност во неговата моќ.”, Дас сум”, рекол, „вооружен во фцето со љубов кон Бога и кон ближниот, а во рака имам Библија” (W.H.D, Adams, In Perils Oft, page 192). GCMkd 280.4
Co себе секогаш носел Библија на еврејски и на англиски јазик. За еден свој подоцнежен пат рекол: „Во раката држев отворена Библија... Чувствував дека мојата сила се крие во таа книга и дека нејзината сила ќе ме сочува” (Исто, page 201). GCMkd 281.1
На тој начин издржал во својата работа се додека веста за судот не била објавена во голем дел на земјината топка. Меѓу Евреите, Турците, Персијците, Индусите и меѓу многу други народи и племиња, ја ширел Божјата реч на разни јазици и насекаде го објавувал царството на Месија кој доаѓа. GCMkd 281.2
На своите патувања во Бухара наишол на наука за Господовото доаѓање среде еден оддалечен и осамен народ. Тој кажува: „Арапите во Јемен имаат книга која се вика Сера, која содржи вест за Христовото доаѓање и за неговото царство во слава и тие очекуваат во 1840 година да се случи голем наетан” (Journal of the Rev. Joseph Wolff, page 377). „Во Јемен... поминав шест дена со синовите Рихавови. Тие не пијат вино, не садат лозја, не сеат жито, живеат во шатори и си спомнуваат за зборовите на Јонадава, синот на Рихава (Еремија 35,6.7). Кај нив се наоѓаат и деца Израелови од племето Даново... кои, заедно со синовите Рихавови, го очекуваат доаѓањето на Месија на небесните облаци” (Исто, page 389). GCMkd 281.3
Слична вера нашол и еден друг мисионер во земјата на Татарите. Еден татарски свештеник прашал еден мисионер кога Христос ќе дојде по вторпат. Кога мисионерот одговорил дека за тоа не знае ништо, свештеникот многу се зачудил како не го знае тоа човекот кој тврди дека е учител на Библијата и рекол дека, според негово лично верување, засновано на пророштвото, Христос ќе дојде околу 1844 година. GCMkd 281.4
Веета за второто Хриетово доаѓање во Англија почнала да се проповеда уште во 1826 година. Овде движењето не добило толку одреден облик како во Америка. Точното време на Христовото доаѓање не било толку општо проповедано, но објавувана е големата вистина за Христовото доаѓање во сила и слава и тоа не само меѓу дисидентите и нонконформжстите. Еден англиски книжевник, Моран Брок, тврди дека околу седумстотини проповедници на Англиканската црква го објавувале ова „евангелие за царството”. Веста што упатувала на 1844 година како време на Христовото доаѓање е објавувана во Велика Британија. Милеритските публикации, печатени во Соединетите Држави, се ширеле на сите страни. Во Англија се препечатувани книги и списанија, а во 1842 година Роберт Винтер, по потекло Англичанец, кој ја прифатил адвентната надеж во Америка, се вратил во својата татковина да го објави Господовото доаѓање. Во ова дело се здружиле мнозина со него и веста за судот се објавувала во разни делови на Англија. GCMkd 281.5
Во Јужна Америка Лакунца, шпански језуит, среде незнаењето и измамите на свештениците, нашол пат до Светото писмо и така ја запознал вистината за скорашното Христово доаѓање. Поттикнат да ја соопшти вистината, а сакајќи да ги избегне црковните казни на Рим, своите погледи ги објавувал под името „Раби Бен-Езра”, претставувајќи се како преобратен Евреин. ЈТакунца живеел во осумнаесеттиот век, но дури околу 1825 година неговата книга, откако пристигнала во Лондон, е преведена на англиски јазик. Нејзиното издавање послужило во Англија да се зголеми веќе разбуденото интересирање за Господовото доаѓање. GCMkd 282.1
Оваа наука во Германија во осумнаесеттиот век ја проповедал Бенгел, епископ на лутеранската црква и прочуен библиски научник и критичар, По своето школување, Бенгел се посветил на студии по теологија кон која го привлекувал неговиот по природа побожен дух и неговиот образован, дисциплиниран и изострен ум уште од младоста. Како и други сериозни млади луѓе пред и по него, и тој морал да се бори со сомневања и со тешкотии од религиозна природа. Во своите списи со многу чувства спомнува „многу стрели што го прободувале неговото срце и неговата младост ја сториле тешко поднослива”. Кога станал член на конзисториумот во Виртемберг, се борел за верска слобода. „Додека ги истакнувал правата и предимствата на црквата, бил и бранител на секоја разумна слобода која би им била гарантирана на оние кои би се чувствувале повикани од својата совест да истапат од нејзината заедница” (Encyclopaedia Britannica, 9th ed., art. “Bengel”). GCMkd 282.2
Добрите последици на оваа постапка и денеска се чувствуваат во неговата татковина. GCMkd 282.3
Еднаш, кога приготвувал проповед за адвентната седмица од Откровение 21. глава, одеднаш му светнала мисла за второто Христово доаѓање. Пророштвата од Откровението му станале појасни од кога и да е порано. Сознанието за големата важност и за неизмерната слава на сцените што ги опишале пророците толку го возбудило, што бил принуден извесно време да прекине со проучувањето на овој предмет. Но на проповедалната пак му се појавила истата слика со сета нејзина сила и јасност. Од тоа време се посветил на проучување на пророштвата, особено на оние во Откровението, и набргу се уверил дека тие упатуваат на Христовото доаѓање кое не е далеку. Датумот што го утврдил тој како време на второто Христово доаѓање се разликувал само за неколку години од оној што подоцна го прифатил Милер. GCMkd 282.4
Бенгеловите списи се рашириле низ целиот христијански свет, Во неговата држава Виртемберг, а донекаде и во другите делови на Германија, веќе прилично биле прифатени неговите погледи на пророштвата. По неговата смрт, движењето и понатаму се ширело и веста за второто доаѓање во Германија се слушнала во исто време кога и во другите земји таа обрнала внимание на себе. Уште порано некои верни отишле во Русија и таму основале колонии, и верата во скорашното Христово доаѓање се уште се чува во германските цркви на оваа земја. GCMkd 283.1
Во Франција и во Швајцарија исто така засветила светлината. Во Женева, каде што Фарел и Калвин ги рашириле вистините на реформацијата, Госен ја проповедал веста за второто Христово доаѓање. Додека уште студирал на универзитетот, врз Госена влијаел духот на рационализмот кој во втората половина на осумнаесеттиот и во почетокот на деветнаесеттиот век владеел во цела Европа, и кога стапил во проповедничка служба, бил не само неупатен во вистинската вера, туку и наклонет кон сомневање. Во својата младост радо ги студирал пророштвата. Читајќи ја Роленовата „Иеторија на стариот век”, неговото внимание било свртено кон втората глава на Даниел. Бил изненаден од чудната точност со која се исполниле пророштвата, како што се гледа тоа од приказот на овој историчар. Тука се наоѓало сведоштво за божественото вдахновение на Светото писмо, кое во различни опасности на подоцнежните години му служело како котва. He можел повеќе да се задоволи со науката на рационализмот и, проучувајќи ја Библијата и барајќи појасно видело, по извесно време стекнал цврста вера. GCMkd 283.2
Кога продолжил да ги проучува пророштвата, се уверил дека Господовото доаѓање е близу. Под влијание на свеченоста и важноста на оваа голема вистина, истата сакал да ја изнесе пред народот. Но верувањето раширено кај народот дека пророштвата на Даниел се тајна и дека не можат да се разберат, било голема пречка да ги оствари своите намери. Најпосле решил - како што сторил пред него Фарел кога на Женева и го донел евангелието - да почне со децата, преку кои се надевал дека ќе ги привлече и родителите. GCMkd 283.3
Зборувајќи подоцна за својата намера во овој потфат, тој рекол: „Би сакал тоа да го разбереме, не затоа што овие поуки имаат малечко значење туку, напротив, затоа што се мошне важни, дека имав желба да ги приготвам на ваков лесно разбирлив начин и со нивна помош да им се обратам на децата. Сакав да ме слушаат, а се плашев дека нема да ме слушаат ако им се обратам прво на возрасните.” „Затоа решив да им се приближам на најмалечките. Ги собрав како слушатели само децата. Ако нивниот број се зголемува, ако се види дека слушаат, дека им се допаѓа, дека ги привлекува, дека го разбираат предметот и можат да го објаснат, тогаш ќе бидам сигурен дека набрго ќе имам и друг круг слушатели, зашто возрасните ќе увидат дека се исплатува да се седне и да се проучува вистината. Ако го постигнам тоа, битката ќе биде добиена” (L. Gaussen, Daniel the Prophet, vol. 2, Preface). GCMkd 283.4
Трудот бил успешен. Kora Госен им се обраќал на децата, доаѓале и постари луѓе да го слушаат. Галериите на неговата црква биле полни со внимателни слушатели. Меѓу нив имало и учени и угледни, како и странци кои ја посетувале Женева; преку нив веста е однесена во други краишта. GCMkd 284.1
Охрабрен со овој успех, Госен ги печател своите поуки со надеж дека во црковните окрузи, каде што се зборува француски, ќе поттикне проучување на пророчките книги. Тој кажува: „Со објавувањето на поуките што им се даваат на децата ние им кажуваме на возрасните, кои ги занемаруваат тие кнжги под лажен изговор дека се неразбирливи: Како можат да бидат неразбирливи, кога ги разбираат вашите деца?” „Имам голема желба”, додава тој, „познавањето на пророштвата, по можност, да го сторам оптттта појава во нашите црковни заедници. Ми се чини дека нема проучување што подобро би одговарало на потребите на нашето време. Со него мораме да се приготвиме за претстојната неволја и да го чекаме Исуса Христа.” GCMkd 284.2
Иако Госен бил еден од најистакнатите и најомилените проповедници на француски јазик, сепак, по извесно време тој е разрешен од својата должност, а како причина е наведено тоа што при своето поучување на младите ја употребувал Библијата наместо црковниот катихизис, една здодевна и рационалистичка книга, која е речиси без никаква позитивна вера. Подоцна станал професор во едно теолошко училиште, додека по неделите продолжил да работи со децата, поучувајќи ги од Светото писмо. Неговите дела за пророштвата разбудиле голем интерес. Преку својата катедра како наставник, со печатената реч и со своето најомилено занимање како учител на децата со години вршел силно влијание и бил орудие со кое вниманието на многу луѓе било свртено кон проучување на пророштвата што покажувале дека Господовото доаѓање е близу. GCMkd 284.3
И во Скандинавија била проповедана веста за второто Христово доаѓање и разбудила голем интерес. Мнозина биле поткренати од својата небрежна сигурност да ги признаат своите гревови и да ги напуштат и во Христово име да бараат проштавање. Но свештенството на државната црква му се противставило на движењето и со нивно настојување некои што ја проповедале веста биле затворени. Во многу места, каде што проповедниците на скорашното Христово доаѓање на овој начин биле замолкнати, Бог решил веста да ја објави на еден необичен начжн - преку децата. Бидејќи биле уште малолетни, државните закони не можеле да ги ограничуваат и тие можеле непречено да зборуваат. GCMkd 284.4
Движењето се ширело особено меѓу пониските сталежи. Во скромните станови на работниците се собирал народ да ги слушне опомените. И мнозинството деца-проповедници биле жители на сиромашни куќички. Некои од нив не биле постари од шест до осум години, и додека нивниот живот покажувал дека го љубат Спасителот и дека сакаат да бидат послушни на светите Божји прописи, нивниот општ изглед покажувал само обичен разум на деца од нивна возраст и ништо повеќе од обични детски способности. Но кога стоеле пред луѓето, било очигледно дека биле водени од влијание што ги надминувало нивните природни способности. Нивниот глас и целото нивно битие би се измениле, и со свечена сила ја објавувале веста за судот, служејќи се при тоа точно со зборовите на Светото писмо: „Бојте се од Бога и подајте му слава зашто дојде часот на неговиот суд.” Ги укорувале гревовите на народот осудувајќи го не само развратот и пороците, туку и неверството и желбата за световен живот, повикувајќи ги своите слушатели да се покаат за да го избегнат идниот гнев, GCMkd 285.1
Народот ги слушал тресејќи се. На нивните срца им зборувал Божјиот Дух. Мнозина биле побудени со нова и подлабока ревност да го проучуваат Светото писмо. Неумерените и неморалните почнале нов живот; други се откажале од своите нечесни навики и извршено е толку необично дело, што и проповедниците на државната црква морале да признаат дека ова движење го води Божјата рака. GCMkd 285.2
Божја волја била гласот за доаѓањето на Спасителот да се рашири низ скандинавските земји, а кога неговите слуги биле замолкнати, Бог го излеал својот Дух врз децата за да го завршат тоа дело. Кога Исус се приближувал кон Ерусалим, придружуван од народот кој со радосни извици и мафтајќи со палмови гранки триумфирал и го поздравувал како Давидов син, зависливите фарисеи барале од него да му заповеда на народот да молчи. Но Исус им одговорил дека со тоа се исполнува пророштвото, и ако замолкнат тие, ќе проговорат камењата. Народот, заплашен со заканите на свештениците и старешините, престанал да ја искажува својата радост кога поминувал низ портите на Ерусалим, но децата во предворјето на храмот продолжиле да се радуваат и да пеат мафтајќи со палмови гранки: „Осана на синот Давидов!” GCMkd 285.3
Kora фарисеите со гнев му рекле: „Слушаш ли што зборуваат овие?”, Исус одговорил: „Да, зар никогаш не сте прочитале: ‘Од устата на децата и доенчињата си приготви пофалба?’” (Матеј 21,8-16). Како што сторил Бог со децата во времето на првото Христово доаѓање, така и сега со нив се послужил да ја објави веста за второто Христово доаѓање. Божјата реч, дека веста за доаѓањето на Спасителот ќе им биде објавена на сите народи, племиња и јазици, се исполнила. GCMkd 286.1
На Вилијама Милера и на неговите соработници им беше доверена задача веста, опомената, да ја објават во Америка. Оваа земја стана средиште на големото адвентно движење. Овде директно се исполни пророштвото на првата ангелска вест. Милеровите списи и списите на неговите другари беа однесени во најоддалечените земји. Каде и да пристигнаа мисионери, беше објавена и радосната вест за скорашното Христово доаѓање. На сите страни се ширеше веста на вечното евангелие: „Бојте се од Бога и подајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд.” GCMkd 286.2
Сведоштвото на пророштвото што упатуваше, како што се чинеше тогаш, на второто Христово доаѓање на пролетта 1844 година, остави длабок впечаток врз современиците. Како веста се ширеше од држава во држава, насекаде настануваше големо будење. Мнозина беа осведочени дека доказите, засновани на пророчкото сметање на времето, се исправни и, напуштајќи ги своите лични мислења, со радост ја прифаќаа вистината. Некои проповедници ги отфрлија своите тесногради погледи и чувства, се откажаа од своите плати и од своите цркви и се соединија во објавувањето на повторното Исусово доаѓање. Но сразмерно малку беа проповедниците што ја прифатија оваа вест; затоа таа во поголема мера им беше доверена на понизните лаици. Земјоделците ги напуштаа своите полиња, занаетчиите своите работилници, трговците својата стока, службениците своите положби; сепак, бројот на работннците беше недоволен во однос на делото што требаше да се изврши. Состојбата во која се наоѓаше безбожната црква и светот потонат во зло ги тиштеа душите на верните стражари и тие доброволно поднесуваа неволји, страдања и скудност за да можат да ги повикаат луѓето на покајание и спасение. Иако сатаната им се противеше, делото сепак постојано напредуваше, а вистината за повторното Христово доаѓање ја прифатија многу илјадници. GCMkd 286.3
Насекаде се објавуваше сериозна вест што ги предупредуваше грешниците, световните луѓе и членовите на разни цркви да го избегнат идниот гнев. Како Христовиот преттеча, Јован Крстителот, проповедниците ја полагаа секирата на коренот на дрвото, барајќи од сите да донесат вистински плодови на покајание. Нивните трогателни повици беа видна спротивност на уверувањата за мир и сигурност што се слушаа од проповедалнжте на званичните цркви. Каде и да се проповедаше веста, народот беше поткренат. Едноставното и непосредно сведоштво на Светото писмо, придружувано со сила на Светиот Дух, беше толку силно што ретко кој можеше да му се противстави. Христијаните по име беа изместени од својата лажна сигурност. Го увидоа својот отпад од верата, својата љубов кон светот и неверството, својата гордост и себичност. Мнозина го бараа Господа со покајание и понизност. Склоноста што ја покажуваа кон земните работи сега ја насочија кон небото. Врз нив почиваше Божјиот Дух и со скршено и понизно срце се соединија во извикот: „Бојте се од Бога и подајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд!” GCMkd 286.4
Грешниците плачејќи се прашуваа: „Што треба да правам за да се спасам?” Оние, чијшто живот не беше чесен, настојуваа да ја поправат својата неправда. Сите што најдоа мир во Христа, копнееја своите благослови да ги поделат со другите. Срцата на родителите се обраќаа кон нивните деца, а срцата на децата кон родителите. Оградите на гордоста и непристапноста беа отстранети. Се слушаа искрени признавања, а членовите на семејствата се трудеа околу спасението на оние што им беа најблиски и најмили. Често се слушаа сериозни молитви за други, Секаде душите во голем страв се бореа со Бога. Мнозина се молеа цели ноќи за доказ дека гревовите им се простени или за преобраќање на своите роднини и соседи. GCMkd 287.1
Луѓе од сите слоеви брзаа на предавањата што ги одржуваа чекателите на Христовото доаѓање, Богати и сиромаси, големи и мали, од различни причини сакаа да ја слушнат науката за Христовото доаѓање. Господ го задржуваше духот на отпорот кога неговите слуги ги изнесуваа основите на својата вера. Често орудието беше слабо, но Божјиот Дух на вистината и даваше сила. На овие собири се чувствуваше присуство на светите ангели и секој ден мноштво се придружуваше кон верните. Кога беа повторувани доказите за скорашното Христово доаѓање, големо мноштво, мирно и без здив, ги слушаше тие свечени зборови. Се чинеше дека небото и земјата меѓусебно се приближија. Божјата моќ ја чувствуваа и младите и старите, и оние од средни години, Луѓето се враќаа дома со фалбоспев на усните и низ тивкиот ноќен воздух се разлеваше радосен глас. Никој од оние што присуствуваа на овие собири не можеше да ги заборави оние толку значајни сцени. GCMkd 287.2
Објавувањето на утврденото време на Христовото доаѓање предизвика голем отпор кај мнозина од сите сталежи, почнувајќи од проповедниците на проповедалните, па се до најокоравениот грешник. Се исполнија зборовите на пророштвото: „Знајте го пред се ова: во последните дни ќе се јават подбивачи кои со своето подбивање ќе одат по сопствените похоти и ќе велат: ‘Каде е ветувањето за неговото доаѓање? Зашто, откако починаа татковците се стои така како што е од почетокот на светот’” (2. Петрово 3,3.4). Мнозина кои тврдеа дека го љубат Спасителот изјавија дека немаат никаков приговор против науката за неговото второ доаѓање, туку дека се само против одреденото време. Но Божјето око, кое гледа се, читаше што се наоѓа во нивните срца. Тие не сакаа да слушнат ништо за тоа дека Христос ќе дојде да му суди на светот според правдата. Тие беа неверни слуги. Нивните дела не би можеле да го поднесат Божјиот поглед што ги испитува срцата и затоа се плашеа да се сретнат со својот Господ. Како и Евреите во времето на првото Христово доаѓање, ниту тие не беа подготвени да го поздрават Христа. He само што одбиваа да ги слушнат јасните докази од Писмото, туку им се подбиваа на оние што го чекаа Господа. Сатаната и неговите ангели триумфирале од радост и им се подбивале на Христа и на светите ангели затоа што народот, кој тврдел дека е негов, има толку малку љубов кон него и не го сака неговото доаѓање. GCMkd 287.3
„А за тој ден и час никој не знае”, гласеше најчесто истакнуваниот доказ на противниците кои ја отфрлија верата во второто доаѓање. Ова место гласи: „А за тој ден и час никој не знае, ни небесните ангели, ни Синот, туку само Отецот” (Матеј 24,36). Оние што го чекаа својот Господ дадоа разбирливо и точно толкување на ова место во Библијата така што веднаш беше очигледно како противниците го искривоколчуваа тој стих. Овие зборови Христос ги изговорил во оној важен разговор со своите ученици на Маслинската гора кога за последен пат излегол од храмот. Учениците го прашале: „Кој е знакот на твоето доаѓање и на крајот на светот?” Исус им навел некои знаци и рекол: „Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред врата е” (Матеј 24,3.33). Една изјава на Спасителот не смее да биде прикажана така за да побива друга. Иако никој не го знае денот ниту часот на неговото доаѓање, сепак, од нас се бара да знаеме кога доаѓањето е близу. Потоа Исус кажува дека намерно да се пренебрегнува времето во врска со неговото скорашно доаѓање е исто толку кобно колку и незнаењето на претпотопниот свет за доаѓањето на потопот. Христовата споредба за верниот и неверниот слуга во истата глава кажува како ќе постапи Исус со нив. Христос ќе му суди на оној кој рекол во своето срце: „Мојот господар ќе се забави долго”, а ќе ги награди оние што стражарат и што го објавуваат неговото доаѓање. „Блазе на тој слуга, кого неговиот господар, кога ќе дојде, ќе го најде да постапува така” (Матеј 24,42-51). „Ако не бидеш буден, ќе дојдам како крадец и нема да знаеш во кој час ќе ти дојдам” (Откровение 3,3). GCMkd 288.1
Павле зборува за оние луѓе за кои доаѓањето Гоеподово ќе биде неочекувано. „Бидејќи самите вие добро знаете дека денот Господен ќе дојде како крадец ноќе. Кога ќе велат: ‘мир и безбедност‘, тогаш ненадејно ќе падне погибел... и не ќе можат да избегаат.” За оние што ја ценеле Господовата опомена, додава: „Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец, зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот и не и припаѓаме на ноќта ниту на темнината” (1. Солуњаните 5,2-5). GCMkd 289.1
Од ова јасно се гледа дека Библијата не оправдува човекот да остане во незнаење во врска со близината на Христовото доаѓање. GCMkd 289.2
Но дрските подбивачи и божемните проповедници на Исуса Христа бараа изговор и ги затвораа ушите пред оваа вистина, продолжувајќи да повторуваат: „А за тој ден и час никој не знае.” Кога народот се разбуди и почна да го бара патот на спасението, верските учители застанаа меѓу него и вистината, обидувајќи се неговото стравување да го стивнат со лажни толкувања на Божјата реч. Неверните стражари му се придружија на делото на големиот измамник и викаа: „Мир, мир”, кога Бог не велеше: „Мир!” Како и фарисеите во деновите на Христа, мнозина одбиваа да влезат во небесното царство и ги спречуваа оние што сакаа да влезат. Крвта на овие души ќе се бара од нивни раце. GCMkd 289.3
Најпонизните и најпобожните членови на црквата обично беа први што ја примија веста. Оние што сами ја проучуваа Библијата, неминовно мораа да увидат колку спротивно на Писмото беше вообичаеното мислење за пророштвата. Секаде каде што народот не беше заведен со влијанието на свештенството и каде што сам ја истражуваше Божјата реч, беше доволно само да се спореди науката за второто Христово доаѓање со Светото писмо и да се види нејзиното божествено потекло. GCMkd 289.4
Мнозина беа протерани од своите неверни браќа. Некои решија да не ја признаат јавно својата надеж за да ја задржат својата положба во црквата; меѓутоа, други чувствуваа дека верноста кон Бога не им дозволува да ја скријат вистината што им ја доверил Бог. Мнозина беа исклучени од црквата само затоа што јавно ја изразија својата вера во доаѓањето на Спасителот. За оние чијашто вера беше ставена на проверка, беа драгоцени зборовите на пророкот: „Вашите браќа, кои ве мразат и кои ве гонат заради моето име, велат: ‘Нека се јави Господ во својата слава, па да ја видиме вашата радост.’ Но тие ќе бидат засрамени” (Исаија 66,5). GCMkd 289.5
Божјите ангели со најголем интерес го следеа успехот на опомената. Кога црквите ја отфрлија веста, ангелите со тага ги напуштија. Но имаше уште многу такви чијашто вера во Христовото доаѓање не беше проверена. Мнозина, заведени од сопругата или сопругот, од родителите или од децата, веруваа дека е грев да се слуша таква „еретичка” наука што ја шират оние кои го чекаат Христовото доаѓање. На ангелите им беше наредено грижливо да внимаваат на тие души зашто нивната патека требаше да ја осветли нова светлина од Божјиот престол. GCMkd 290.1
Со неискажлив копнеж чекаа сите што ја примија веста за доаѓањето на својот Спасител. Тоа време што го очекуваа да му појдат во пресрет беше пред врата. Мирно и свечено се приближуваа кон тој час. Живееја во слатка заедница со Бога - залогот на мирот што ќе им биде даден во идната слава. Никој, кој лично ја искуси оваа надеж, не може да ги заборави тие прекрасни мигови на очекување. Неколку седмици пред очекуваното време, повеќето ги прекинаа своите земни работи. Искрени, верните грижливо испитуваа секоја мисла и секоја желба на своето срце како да се наоѓаа на претсмртна постела и како за неколку часа да ќе мора да ги затворат очите за се што е на земјата. He се шиеја „облеки за вознесение”, но сите чувствуваа потреба од внатрешно осведочување дека ее подготвени да го сретнат Спасителот; нивна бела облека беше чистотата на душата, карактерот исчистен во Христовата крв на помирување. О кога Божјиот народ сега би имал ист дух што го испитува своето срце, иста сериозна и решителна вера! Кога би продолжил на овој начин да оди понизно пред Господа и да упатува свои молби кон престолот на милоста, сега би имал многу подрагоцени искуства отколку што ги има. Малку има молитви, малку има искрено осведочување за личната грешност, а недостигот од жива вера мнозина ги лишува од изобилната милост што нашиот Откупител е готов да им ја даде. GCMkd 290.2
Бог сакаше да го испита својот народ. Неговата рака покри една грешка во сфаќањето на пророштвото, Чекателите на Христовото GCMkd 290.3
доаѓање не ја открија грешката, ниту ја открија нивните учени противници. Овие велеа: „Вашето сметање на пророчкото време е исправно. Во најскоро време ќе се одигра некој голем настан, но тоа не е она што го најавува Милер; тоа е преобраќање на цел свет, а не и второто Христово доаѓање (види: Додаток). GCMkd 290.4
Времето на очекување помина, а Христос не дојде да го ослободи својот народ. Оние што го очекуваа својот Спасител со иекрена вера и со срдечна љубов, доживеаја горко разочарување. Но Божјата намера беше постигната. Тој ги испита срцата на оние што тврдеа дека го чекаат неговото доаѓање. Меѓу нив имаше многу такви кои не беа поттикнати од никакви повозвишеки побуди, туку само од страв. Нивната вера не влијаеше ниту врз нивните срца ниту врз нивниот живот. Кога не се исполни очекуваниот настан, овие луѓе тврдеа дека не се разочарани; тие всушност никогаш и не верувале дека Христос ќе дојде. Тие беа меѓу првите што ја исмеваа болката на искрените верни. GCMkd 290.5
Но Исус и сите небесни војски со љубов и сочувство ги гледаа проверените и разочарани верни. Кога би се подигнал невидливиот превез што го дели видливиот од невидливиот свет, тогаш би можеле да се видат ангелите како им се приближуваа на овие непоколебливи души и како ги штитеа од стрелите на сатаната. GCMkd 291.1
*****