ГОЛЕМАТА БОРБА

18/43

17—УТРИНСКИ ПРЕДВЕСНИЦИ

_______________

Една од најсвечените и најславни вистини во Библијата е вистината за второто доаѓање на Спасителот кој ќе дојде да го доврши големото дело на откупувањето. Ветувањето за доаѓањето на Оној кој е „воскресение и живот”, кој „заточените пак ќе ги врати дома” на Божјиот народ, кој мора толку долго да патува низ „долината на смртната сенка”, му дава славна и блажена надеж. Науката за второто Христово доаѓање е главна наука на Светото писмо. Почнувајќи од денот кога нашите први родители со жално срце го напуштиле Едем, децата на верата го чекале доаѓањето на Ветениот кој ќе ја скрши силата на непријателот и пак ќе ги врати во загубениот рај. Светите луѓе во минатите векови во славното доаѓање на Месија гледале исполнување на својата надеж. Енох, седми од Адама, кој „триста години живееше според Божјата волја”, ја имал таа чест од далеку да го посматра доаѓањето на Избавителот. „Ете”, рекол тој, „Господ доаѓа со илјадници свои свети, за да им суди на сите” (Јуда 14, и 15. стих). Патријархот Јов, ереде ноќта на своите маки, извикнал со непоколеблива сигурност: GCMkd 233.1

„Но јас знам, Искупителот мој е жив, и Тој во последниот ден ќе ја крене мојата гнилежна кожа. И јас во моето тело ќе го видам Бога. Јас сам ќе го видам, моите очи, не очите на друг” (За Јов 19,25-27). GCMkd 233.2

Христовото доаѓање, со кое ќе биде воспоставено царството на правдата, ги инспирирало сите писатели со највозвишени и најодушевени зборови. Поетите и пророците пишувале за тоа со зборови проникнати со небесен жар. Псалмистот пеел за силата и за величеството на израелскиот Цар: „Блеска од Сион - совршено красен, доаѓа нашиот Бог и не молчи! Пред него врви оган што голта, а околу него - страотна бура! Ги прозива небото и земјата, за да му суди на својот народ,..” „Нека се радува небото, нека се весели земјата! Нека се огласи морето и се што е во него... пред Господа, зашто доаѓа, доаѓа да и суди на земјата! Тој ќе му суди на светот по правдина и на народите, според својата вистина” (Псалм 50,2-4; 96,11.13). GCMkd 233.3

Пророкот Исаија извикнал: „Твоите мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат! Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав, зашто твојата роса е роса на растенијата, и земјата ќе ги исфрли мртовците.” „Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од својот народ во целата земја, зашто така вели Господ. И ќе речат во тој ден: ‘Ете, Тој е нашиот Бог! На него се надевавме, и Тој не спаси! Тој е Господ; него го чекавме; да се радуваме и веселиме за неговото спасение” (Исаија 26,19; 25,8.9). GCMkd 234.1

И Авакум, восхитен со една света визија, го опишува Христовото доаѓање: „Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. Величеството негово ги покри небесата и славата негова ја исполни земјата. Болскотот му е како сончева светлина, а од неговите раце молекаат зраци, и тука е скриена неговата сила... Тој стана и земјата се затресе; погледа и во трепет ги доведе „народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа, но патиштата негови се вечни... Па си седна на своите коњи, на победничките бојни коли... Кога те видоа, планините затреперија... бездната го пушти својот глас и угоре ги крена своите раце. Сонцето и месечината застанаа на своето место пред болскотот на твоите вперени стрели, пред светкањето на твоите сјајни копја... Ти излегуваш за спасение на твојот народ, за спасение на евојот помазаник” (Авакум 3,3-13). GCMkd 234.2

Непосредно пред својата разделба со учениците, Спасителот ги тепш со ветување за своето враќање: „Да не се вознемирува вашето срце... Во домот на мојот Отец има многу места за живеење... Одам да ви приготвам место. А кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај себе” (Јован 14,1-3). GCMkd 234.3

„А кога ќе дојде Синот човечки во својата слава и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на својата слава, и ќе се соберат пред него сите народи” (Матеј 25,31.32). GCMkd 234.4

Ангелите, кои им се јавиле на учениците на Маслинската гора по Христовото вознесение, им го повториле ветувањето за неговото враќање: „Овој Исус, кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што го видовте да заминува на небото” (Дела 1,11). GCMkd 234.5

Апостол Павле, вдахнат со Светиот Дух, сведочи: „Зашто сам Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба” (1. Солуњаните 4,16). Пророкот од Патмос вели: „Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око” (Откровение 1,7). GCMkd 234.6

Од неговото славно доаѓање зависи „сеопштата обнова што ја навести Бог одамна преку своите свети пророци”. Тогаш ќе биде скршена долготрајната власт на гревот; „царството на овој свет му припадна на наптиот Господ и на неговиот Христос, и Тој ќе царува во вечни векови”. „Тогаш ќе се открие славата Господова и ќе ја види секое тело.” „Господ ќе стори да никне правда и слава пред сите народи.” „Во тој ден Господ над војските ќе биде славна круна и прекрасен венец на остатокот од својот народ” (Дела 3,21; Откровение 11,15; Исаија 40,5; 61,11; 28,5). GCMkd 234.7

Тогаш, толку долго очекуваното царство на мир, царството на Месија, ќе биде воспоставено под цело небо. „Така, Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и неговите пустини ќе ги направи како рај, а неговите степи како градина Господова.” „Славата на Ливан ќе и се даде, великолепието на Кармил и Сарон.” „Нема веќе да те нарекуваат Оставена, ниту твојата земја Опустена, туку ќе те викаат Моја милина, а твојата земја Мажена.” „Како младоженецот што и се радува на невестата, така ќе ти се радува тебе твојот Бог” (Исаија 51,3; 35,2; 62,4.5). GCMkd 235.1

Христовото доаѓање во сите векови било блажена надеж за неговите верни ученици. Ветувањето што го дал Спасителот при разделбата на Маслинската гора дека пак ќе дојде, на учениците им ја расветлувало иднината, нивните срца ги исполнувало со радост и надеж што никаква жалост не можела да ги потисне ниту прогонство да ги затемни. Среде страдањата и прогонствата, „појавувањето на славата на великиот Бог, нашиот Спасител, Исус Христос”, била „блажена надеж”. Кога солуњаните ја оплакувале загубата на своите мили, кои се надевале дека ќе останат живи до Христовото враќање, апостол Павле ги тешел зборувајќи им за воскресението што ќе се случи при Христовото доаѓање. Тогаш ќе воскреснат мртвите во Христа и заедно со живите ќе бидат земени во пресрет на Христа на небото. „Така”, рекол Павле, „утешувајте се еден со друг со овие зборови” (1. Солуњаните 4,16-18). GCMkd 235.2

На карпестиот Патмос омилениот ученик го слушнал ветувањето: „Ќе дојдам скоро”, и неговиот одговор, полн со копнеж, ја изразува молитвата на Божјата црква низ сите векови: „Да, дојди, Господе Исусе!” (Откровение 22,20). GCMkd 235.3

Од длабината на занданите, од ломачите и губилиштата, каде што светите и мачениците сведочеле за вистината, во сите векови се одглаеува истиот извик на вера и надеж. Уверен во Христовото воскресение, па според тоа и во своето сопствено, кога Христос ќе дојде, еден од овие христијани вели дека „тие ја презираа смртта и се издигнаа над неа” (Daniel Т. Taylor, The Reign of Christ on Earth: or, The Voice of the Church in All Ages, page 33). Биле подготвени да слезат в гроб за да можат да „станат слободни” во мигот на воскресението (Исто, page 54). Го очекувале „доаѓањето на Господа на обладите во слава на неговиот Отец”, кога ќе настапи „времето на царството на праведните”. Валденжаните негувале иста вера (Исто, pages 129-132). Виклиф го очекувал појавувањето на Откупителот - надежта на црквата (Исто, pages 132-134). GCMkd 235.4

Лутер зборувал: „Јас сум уверен дека нема да поминат ниту три века до судниот ден. Бог не сака и не може повеќе да го трпи овој расипан свет. Се приближува големиот ден во кој ќе се урне царството на омразата” (Исто, pages 158,134). GCMkd 236.1

„Овој остарен свет не е далеку од својот крај”, рекол Меланхтон. Калвин ги молел христијаните да „бидат решителни и со сето срце да копнеат за денот на Христовото доаѓање како за најсвет настан”, и изјавил дека целото семејство на верните очите ги насочило кон тој ден. „Мораме да копнееме за Христа, да го бараме и да размислуваме за него до доаѓањето на оној голем ден”, рекол тој, „кога Господ целосно ќе ја открие славата на своето царство” (Исто, pages 158, 134). GCMkd 236.2

„Нели нашиот Господ и Спасител се вознел на небото во наше тело”, велел шкотскиот реформатор Нокс, „и зар нема пак да дојде? Ние знаеме дека Тој пак ќе дојде и тоа мошне бргу.” Ридли и Латимер, кои ги положиле своите животи за вистината, со вера го гледале Христовото доаѓање. Ридли пишувал: „Без сомнение - јас во тоа верувам, и затоа зборувам - светот се приближува кон својот крај. Да извикнеме заедно со Христовиот слуга Јован: ,Дојди, Господе Исусе!’” (Исто, pages 151,145). GCMkd 236.3

„Мислата за Господовото доаѓање”, рекол Бакстер, „мене ми е најслатка и најмила” (Richard Baxter, Works, vol. 17, p. 555). „Дело на верата и одлика на неговите свети е да го сакаат неговото доаѓање и да ја очекуваат блажената надеж.” „Ако смртта е последен непријател што ќе биде уништен во мигот на воскресението, тогаш можеме да разбереме зошто верните треба да копнеат и да се молат за Христовото доаѓање кога ќе биде извојувана оваа целосна и конечна победа” (Исто, vol. 17, р. 500). „Тоа е ден што сите верни треба да го очекуваат и за кој треба да копнеат, зашто тогаш целосно ќе се оствари делото на нивниот откуп и ќе се исполнат сите нивни желби и стремежи,” „Забрзај го, о Господе, овој благословен ден!” (Исто, vol. 17, рр. 182, 183). Ова било надеж на апостолската црква, „црквата во пустината” и на реформаторите. GCMkd 236.4

Пророштвото зборува не само за начинот и за целта на Христовото доаѓање, туку ги дава и знаците според кои може да се знае дека тој настан е близу. Исус рекол: „Ке има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите” (Лука 21,25). „Сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, ѕвездите ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се разнишаат. И тогаш ќе го видат Синот човечки како доаѓа на облаци со голема сила и слава” (Марко 13,24-26). Јован во Откровението ги опишува пр- вите знаци што ќе му претходат на Христовото доаѓање: „И се случи голем земјотрес, сонцето поцрне како струнена вреќа, a целата месечина се стори како крв” (Откровение 6,12). GCMkd 236.5

Овие знаци се покажале пред почетокот на деветнаесеттиот век. Во 1755 година по Христа, се случил најстрашниот земјотрес кој кога и да е е забележан. Иако е познат како потрес во Лисабон, тој се почувствувал во голем дел на Европа, во Африка и Америка. Се почувствувал на Гренланд, на Антилите, на островот Мадера, во Норвешка, во Шведска, во Велика Британија и во Ирска. Опфатил површина поголема од шест милиони квадратни километри. Во Африка потресот се почувствувал речиси исто толку силно како во Европа. Голем дел на Алжир бил разурнат; а недалеку од Мароко било уништено едно гратче што броело осум до десет илјади жители. Преку бреговите на Шпанија и Африка се урнал огромен бран, проголтувајќи цели градови и предизвикувајќи голем пустош. GCMkd 237.1

Во Шпанија и во Португалија потресот бил најсилен. Се тврди дека во Кадиз подигнатиот бран достигнал височина од осумнаесет метри. „Некои од највисоките планини на Португалија се потресле речиси до темел; на некои од нив се отвориле врвовите и потоа на чуден начин се распукале и се парчосале, при што огромни карпи се фрлени во соседните долини. Се зборува дека од тие планини избивале и пламени јазици” (Sir Charles Lyell, Principles of Geology, page 495). GCMkd 237.2

Bo Лисабон „прво ce слушнал подземен татнеж и веднаш потоа силен удар го урнал поголемиот дел од градот. За шест минути загинале шеесет илјади луже. Морето бргу се повлекло, оставајќи зад себе сув песочен брег, а потоа се вратило и се подигнало преку петнаесет метри над својата обична височина”. „Покрај другите необични настани што се случиле во Лисабон за време на катастрофата, се спомнува исчезнувањето на новиот кеј, изграден со огромен трошок од чист мермер. Големо мноштво се собрало на овој кеј, како сигурно место, за да бидат надвор од урнатините што паѓале; но одненадеж кејот потонал со сите луѓе и ниедно мртво тело не испливало на површината” (Исто, page 495). GCMkd 237.3

„Ударот на потресот предизвикал уривање на сите цркви и манастири, на поголемите јавни згради, како и на повеќе од една четвртина од приватните куќи. Околу два часа по потресот, во разни делови на градот избувнал пожар кој речиси три дена беснеел со таква жестокост, што градот бил целосно опустен. Земјотресот се случил на денот на еден празник, кога црквите и манастирите биле полни со народ; и мошне малку луѓе се спасиле” (Encyclopedia Americana, art. “Lisbon”, note, ed. 1831). GCMkd 237.4

„Стравот на народот бил неопишан. Никој не плачел; несреќата ги задушила солзите. Луѓето трчале насекаде, избезумени од страв и ужас, удирајќи се в лице и в гради, викајќи: ,Милост! Милост! Дојде крајот на светот!’ Мајките ги заборавиле своите деца и трчале низ улиците со распетие во рацете. За несреќа, многу од нив барале засолниште во црквите; но попусто на олтарот била изложена хостија; напразно несреќните луѓе ги прегрнувале олтарите; светите слики, свештениците и народот заедно се закопани под урнатините.” Се смета дека во тој кобен ден загинале околу деведесет илјади луѓе. GCMkd 238.1

По дваесет и пет години се појавил друг знак спомнат во пророштвото - затемнување на сонцето и месечината... Овој знак бил впечатлив по тоа што времето на неговото појавување било појасно одредено. Во својот разговор со учениците на Маслинската гора, откако го опишал долгото време на неволја за верните - илјада двесте и шеесет години на папската превласт, за кое кажал дека ќе биде скратено - Спасителот спомнува некои настани што ќе му претходат на неговото доаѓање и го одредува времето кога ќе се појави првиот од тие знаци: „Во тие дни, по тие неволји, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина” (Марко 13,24). Спомнатите илјада двесте и шеесет дни или години завршуваат во 1798 година. Околу четврт век порано прогонствата речиси сосем престанале. По прогонствата, според Христовите зборови, сонцето треба да се затемни. Ова пророштво се исполнило на 19 мај 1780 година. GCMkd 238.2

„Речиси осамен меѓу феномените од овој вид стои таинствениот и до денеска неразјаснет мрачен ден 19 мај 1780 година - неразјаснетото затемнување на целото видливо небо и на атмосферата во Нова Англија” (R. М. Devens, Our First Century, page 89). GCMkd 238.3

Еден очевидец, кој се наоѓал во државата Масачусетс, тој настан го опишува на следниот начин: GCMkd 238.4

„Сонцето изутрината излезе сјајно, но набргу почна да го губи сјајот. Се појавија густи облаци, испресечени со молњи; Се слушна грмеж и почна да паѓа ситен дожд. Околу девет часот облаците станаа посветли и добија бакарен изглед; и земјата, карпите, дрвјата, зградите, водата и луѓето, изгледаа сосем поинаку при таа чудна - таинствена светлина. Неколку минути подоцна целиот небесен свод, оевен тесни пукнатини на хоризонтот, го покри тежок, црн облак; темнината стана толку густа, како што е обично околу девет часот навечер преку лето... GCMkd 238.5

Постепено луѓето ги обземаше страв и ужас. Жените стоеја пред вратите посматрајќи го мрачниот предел; луѓето се враќаа од полските работи; дрводелецот го оставаше алатот, ковачот ја напушташе ковачницата, а трговецот својата работна маса. Училиштата се распуштаа, децата тресејќи се бегаа дома. Патниците се засолнуваа во првите куќи на кои наидуваа на патот. , Што ќе се случи?’ Тоа прашање беше присутно на сите усни и ги тиштеше сите срца. Се чинеше како да ќе избие луња, или како да дошол крајот на се. GCMkd 238.6

Беа запалени свеќи; огнот на огништето пламтеше како за време на есенските ноќи кога нема месечина. Кокошките се повлекоа на починка; говедата се собираа и мукаа при излезот на пасиштето; жабите крекаа; птиците ги пееја своите вечерни песни, а наоколу летаа лилјаци. Но луѓето знаеја дека уште не настапила ноќ...” GCMkd 239.1

„Д-р Натанаел Витакер, проповедник на црквата во Салем, држел проповед во која нагласил дека темнината е натприродна. GCMkd 239.2

Во многу други места се одржувале состаноци. На тие состаноци се читале библиски текстови од кои можело да се види дека темнината во тој мрачен ден се совпаѓа со библиеките пророштва... Темнината била најгуста малку по единаесет часот” (The Essex Antiquarian, April, 1899, vol. 3, No. 4, pp. 53, 54). „Во повеќето места темнината била толку густа преку цел ден, што не можеле да се видат сказалките на часовникот, ниту се гледало да се руча, ниту да се извршува каква и да е домашна работа без запалена свеќа. GCMkd 239.3

Темнината опфатила необично големо пространство. Допирала до Фалмаут на исток и на запад достигнувала до надворешните делови на Конектикат и Алабама; на југ можела да се посматра по должината на целиот морски брег, а на север се протегала додека се протегаат американските населби” (William Gordon, History of the Rise, Progress, and Establishment of the Independence of the U.S.A., vol. 3, p. 57). GCMkd 239.4

По густата темнина тој ден, еден или два часа пред вечера, од делумно јасното небо се појавило сонцето кое се уште како да било затемнето со црна, густа магла. „По заоѓањето на сонцето, небото пак го покриле облаци и нагло настапила темнина.” „Темнината 308 таа ноќ била исто толку необична и страшна како и онаа во текот на денот. Иако месечината била полна, никаков предмет не можел да се види без вештачка светлина што, посматрана од соседните куќи или од другите оддалечени места, се наѕирала како низ некој вид египетска темнина што не можеле да ја пробијат светлосните зраци” (Isaiah Thomas, Massachusetts Spy или American Oracle of Liberty, vol. 10, No. 472 (May 25, 1780). Еден очевидец пишува: „He можам да се ослободам од помислата дека, кога секое светло тело во вселената би се завиткало во непробивна темнина или би престанало да постои, тогаш темнината не би можела да биде погуста” (Letter by Dr. Samuel Tenney, of Exeter, New Hampshire, December, 1785; in Massachusetts Historical Society Collections, 1792, 1st series, vol. 1, p. 97). Иако во девет часот навечер излегла полна Месечина, „таа не можела да го растера претсмртниот мрак.” По полноќ темнината се растурила и кога се покажала Месечината, изгледала како крв. GCMkd 239.5

Деветнаесетти мај 1780 година е познат во историјата како „мрачен ден”. Од времето на Мојсеја не е забележан случај на толку густа темнина, на толкаво пространство и да траела толку долго. Описот на овој настан, како што ни го даваат очевидците, е само одглас на Господовите зборови тттго ги објавил пророкот Јоил две илјади и петстотини години пред да се исполнат: „Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината во крв, пред да настапи великиот и страшниот ден Господен” (Јоил 2,31). GCMkd 240.1

Христос го предупредил својот народ да внимава на белезите на неговото доаѓање и да се радува кога ќе ги види знаците на својот Цар кој доаѓа. „Кога ќе почне да се случува тоа”, рекол Тој, „исправете се и поткренете ги главите, зашто наближува вашето откупување.” Исус им обрнал внимание на своите ученици на дрвјата во полето што почнале да пуштаат пупки и рекол: „Кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете оти летото е веќе близу. Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божје” (Лука 21,28.30.31). GCMkd 240.2

Но, кога во црквата духот на понизноста и побожноста им го отстапил местото на горделивоста и формализмот, тогаш се изладила љубовта кон Христа и верата во неговото доаѓање. Проникнати со световен дух и со желба за уживања, тие што тврделе дека се Божји народ станале слепи за науката на Спасителот во врска со знаците на неговото доаѓање. Ја занемариле науката за неговото второ доаѓање; библиските стихови за Христовото доаѓање биле затемнети со погрешно толкување, додека најпосле не биле целосно занемарени и заборавени. Таков бил случајот со црквите во Америка. Слободата и удобноста што ги уживале сите, стремежот кон богатство и раскош што предизвикал опасна страст за пари, незаситниот копнеж за популарност и моќ што секому му се чинеле достижни - сето тоа ги натерало луѓето своите интереси и надежи да ги сосредоточат кон овој живот, и свечениот ден, кога ќе дојде крајот на сегашниот ток на настаните, да го потиснат во далечна иднина. GCMkd 240.3

Кога Спасителот на своите следбеници им ги покажал знаците на своето враќање, преткажал и општ отпад што ќе се случи непосредно пред неговото враќање. Ке биде како во Ноево време - ќе се покаже жив интерес за работите на овој свет и желба за уживање: луѓето ќе купуваат, ќе продаваат, ќе садат, ќе ѕидаат, ќе се мажат и ќе се женат, заборавајќи го Бога и идниот живот. Опомената на Спасителот, упатена до оние што живеат во тие денови, гласи: „Туку, вардете се, вашите срца да не бидат обременети со ненаситност, со пијанство и со грижи за животот, за да не ви дојде ненадејно тој ден... Туку бдејте и молете се да имате сила да избегнете од сето тоа што ќе наетане, и да застанете пред Синот човечки” (Лука 21,34.36). GCMkd 240.4

Во Откровението Спасителот оваа состојба на црквата во последните денови ја опишува со следните зборови: „Имаш име дека си жив, но си мртов” (Откровение 3,1). За оние што не сакаат да ја напуштат својата состојба на рамнодушност, дадена е оваа опомена: „Ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец и нема да знаеш во кој час ќе ти дојдам” (Откровение 3,3). GCMkd 241.1

Луѓето треба да бидат предупредени на опасноста што им се заканува; тие мора да се разбудат за да се приготват за свечените настани што се поврзани со крајот на времето на милоста. Божјиот пророк изјавува: „Да, голем е Господовиот ден и мошне страшен. Кој ќе го поднеее?” Кој ќе може да опстане кога ќе се покаже Оној чиишто „очи се премногу чисти за да гледаат злосторство; ти не можеш да посматраш бездушност”. На оние што викаат: „Боже Израелов, те познаваме”, а сепак го престапуваат неговиот завет и следат други богови, во своето срце кријат беззаконие и го љубат патот на неправдата - за нив денот Господен ќе биде темнина a не светлина; мрак, а не сончев сјај” (Јоил 2,11; Авакум 1,13; Осија 8,2; Псалм 16,4; Амос 5,20). „Во тоа време”, вели Господ „јас ќе го разгледам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние кои седат на своите стражарски места и велат во своето срце: Тоспод не прави ни добро ни лошо”‘ (Софонија 1,12). „ Јас ќе го казнам светот за злото, и нечесните за нивните беззаконија; ќе го премавнам високоумството на гордите и ќе ја понизам надуеноста на угнетувачите” (Исаија 13,11). „Ниту нивното сребро, ниту нивното злато не ќе може да ги спаси”, „пак ќе станат нивните богатства грабеж и нивните куќи ќе се запустат” (Софонија 1,18.13). GCMkd 241.2

Гледајќи го тоа страшно време, пророкот Еремија извикнал: „Утробо моја! Утробо моја! Боледувам, срцето ми се кине! Ми трепери душата! He можам да молчам, зашто слушам звук на труба, боен вик. Зло по зло, цела земја опустува” (Еремија 4,19.20). GCMkd 241.3

„Тој ден е ден на гнев, ден на жалост и тескоба, ден на запустување и уривање, ден на темнина и мрак, ден облачен и маглив, ден на труба и боен вик против утврдените градови и високите кули” (Софонија 1,15.16). GCMkd 241.4

„Ете, денот Господов доаѓа лут, со гнев и пламната јарост, за да ја претвори земјата во пустина и да ги истреби од неа нејзините грешници” (Исаија 13,9). GCMkd 242.1

Упатувајќи го нашиот поглед кон оној ден, пострашен од сите денови, Бог најсвечено го повикува својот народ да се разбудиме од нашето духовно мртвило и со покајание и понизност да го бараме неговото лице. „Трубете со труба на Сион и викајте на мојата света гора; нека треперат сите земни жители, оти настапува денот Господен, бидејќе е близу... Наредете пост и објавете свечен собир. Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старците, соберете ги децата и цицалчињата; нека излезе младоженецот од својата одаја и невестата од својата горна одаја. Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господа... Обрнете се кон мене од се срце со пост, плач и ридание. Раскинете ги своите срца, а не облеката и обрнете се кон вашиот Господ Бог, зашто Тој е благ и милосрден, долготрпелив и многу милостив и се разжалува над злото” (Јоил 2,1; 2,15-17.12.13). GCMkd 242.2

Треба да се спроведе голема реформа за да се приготви еден народ кој ќе може да се одржи во Божјиот ден. Бог видел дека мнозина, кои се викаат негови деца, не се подготвени за вечноста, и во својата милост Тој им праќа вест со опомена за да ги разбуди од нивното мртвило и да ги приготви за Христовото доаѓање. GCMkd 242.3

Оваа опомена се наоѓа во 14-тата глава на Откровението. Овде е наведена тројна ангелска вест што ја објавуваат небесни суштества. Непосредно потоа доаѓа Синот човечки „да го пожнее земното жито”. Првата вест го објавува часот на судот. Пророкот гледа ангел како лета „среде небото, кој имаше вечно евангелие за да им го проповеда на жителите на земјата - на секој народ, племе, јазик и род. Тој викаше со силен глас: ‘Бојте се од Бога и подајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд и поклонете му се на Оној кој ги создаде небото и земјата, морето и водните извори” (Откровение 14,6.7). GCMkd 242.4

Оваа вест претставува дел на „вечното евангелие”. Проповедањето на евангелието не им е доверено на ангелите, туку на луѓето. Небесните ангели управуваат со тоа дело; тие водат големо движење наменето да му донесе спасение на човечкиот род, но самото проповедање го вршат слугите на живиот Бог што живеат на земјата. GCMkd 242.5

Оваа опомена требало да му ја објават на светот верните луѓе кои ги прифатиле упатствата на Светиот Дух и поуките на неговата Реч. Тие внимавале на „најсигурната пророчка Реч”, која апостол Петар ја споредува со „светило што свети на темно место додека не осамне денот и ѕвездата Деница не болсне во вашите срца” (2. Петрово 1,19). Тие барале знаење за Бога повеќе отколку сите закопани богатства и истото го ценеле повеќе отколку сето сребро и злато (Мудри изреки 3,14). Ним Господ им открил големи работи за своето царство. „Присноста Господова е со оние кои кон него имаат страхопочит: ним им го објавува својот завет” (Псалм 25,14). GCMkd 242.6

Учените теолози ниту ја познавале ниту ја проповедале таа вистина. Кога би биле верни стражари, кога трудољубиво и со молитва би го проучувале Писмото, тие би го запознале времето на ноќта; од пророчката Реч би ги запознале настаните што треба да се одиграат. Но тие тоа не го сториле и поради нивната рамнодушност веста им е доверена на понизните луѓе. Исус рекол: „Одете додека ја имате светлината, за да не ве зафати темнината!” (Јован 12,35). Тие што ќе ја напуштат светлината што им ја дал Бог или што ќе занемарат да ја бараат додека им е при рака, ќе бидат оставени во темнина. Исус изјавува: „Кој ме следи мене, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот” (Јован 8,12). Оној што искрено ја бара Божјата волја и живее според светлината што ја има, ќе прими уште поголема светлина; на таа душа ќе и биде пратена небесна ѕвезда со посебен сјај да ја води во секоја вистина. GCMkd 243.1

Во времето на првото Христово доаѓање, свештениците и книжевниците на светиот град, на кои им бил доверен светиот залог на Божјите пророштва, можеле да ги препознаат знаците на времето и да го проповедаат доаѓањето на ветениот Месија. Пророкот Михеј го означил местото на Христовото доаѓање, a Даниел го објавил времето кога Месија ќе се појави (Михеј 5,2; Даниел 9,25). Бог тие пророштва им ги доверил на еврејските водачи. Тие не можеле да се оправдаат затоа што не знаеле и што не му објавиле на народот дека доаѓањето на Месија е пред врата. Нивното незнаење било последица на грешната немарност. Евреите им подигале споменици на убиените пророци, а додворувајќи им се на големите световни луѓе, им давале почести на слугите на сатаната. Проникнати со честољубие и со борба за положба и власт, наполно ја загубиле од вид Божјата чест што им ја понудил небесниот Цар. GCMkd 243.2

Со длабока почит и со големо интересирање израелските водачи требало да го проучуваат местото, времето и околностите на најголемиот настан во историјата на светот - доаѓањето на Божјиот Син за спасение на човекот. Сиот народ требало да биде буден и да чека за да биде меѓу првите што ќе му посакаат добредојде на Откупителот на светот. Но што гледаме? Во Витлеем двајца уморни патници, почнувајќи од назаретските ритчиња, по должината на тесната улица се до источниот крај на градот, напразно бараат одмор и преноќиште. Ниедна врата не се отвора да ги прими. Најпосле наоѓаат прибежиште во едно бедно засолниште наменето за добиток и тука се раѓа Спасителот на светот. GCMkd 243.3

Ангелите ја виделе славата што ја делел Божјиот Син со Отецот на небото пред создавањето на светот и тие со жив интерес го очекувале неговото доаѓање на земјата, гледајќи во него најрадосен настан за сите народи. Била одредена чета ангели да им го објави доаѓањето на Месија на оние што се приготвиле таа вест да ја примат и радосно да им ја објават на земните жители. Христос се понизил во толкава мера што зел на себе човечка природа; требало на себе да ја земе неизмерната тежина на страдањата и својата душа да ја положи во откуп за гревот; сепак, ангелите сакале Синот на Севишниот, и покрај своето понижување, да дојде во крилото на човечкото семејство со достоинство и слава што прилега на неговата положба. Дали земните големци ќе се соберат во Ерусалим да го поздрават неговото доаѓање? Дали легиите ангели ќе му го претстават на народот што го чека? GCMkd 244.1

Еден ангел ја посетил земјата за да види дали луѓето се приготвуваат да го пречекаат Исуса. Но не забележал никаков знак на очекување; не слушнал никаков глас на фалба и слава затоа што доаѓањето на Месија е пред врата. Ангелот извесно време се виел над избраниот град и над храмот каде што со векови се откривало Божјето присуство, но и тука владеела иста рамнодушност. Свештениците, раскошни и горди, принесувале во храмот осквернети жртви. Фарисеите му држеле на народот гласни говори и изговарале фаленички молитви по ќошињата на градските улици. Ниту во царските палати, ниту на собирите на филозофите, ниту во школите на рабините - никаде никому не му било грижа за настанот што небото го исполнувал со радост и со похвални песни затоа што набргу на земјата ќе се појави Спасителот на човештвото. GCMkd 244.2

Никаде не можел да забележи никаков знак дека се очекува Христовото доаѓање; никој не се приготвувал да го прими Кнезот наживотот. Изненаден, небесниот весник штотуку се приготвувал да се врати на небото со срамен извештај, кога наеднаш забележал група пастири како ноќе ги чуваат своите стада. Посматрајќи го ѕвезденото небо, тие разговарале за пророштвата за Месија кој треба да дојде на земјата и копнееле за доаѓањето на Откупителот на светот. Овде се наоѓала група луѓе, подготвени да ја примат веста од небото. Одненадеж се појавил ангелот и им ја објавил радосната вест. Низината ја преплавила небесна светлина; тогаш се појавило мноштво ангели и радоста како да била премногу голема за да може да ја објави само еден небесен весник, мноштво гласови запеале песна што еден ден ќе ја пеат избраните од сите народи: „Слава на Бога во височините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!” (Лука 2,14). GCMkd 244.3

Какви поуки содржи оваа прекрасна историја за Витлеем! Каков укор за нашата неверност, гордост и себичност! Каква опомена да не бидеме рамнодушни и поради тоа неспособни да ги разликуваме знаците на нашето време и да не го препознаеме својот ден! GCMkd 245.1

Небесните весници не нашле луѓе само на јудејските полјанки, меѓу скромните пастири, кои го чекале доаѓањето на Месија. GCMkd 245.2

И меѓу незнабошците имало такви кои го чекале Месија. Тука биле филозофите од Исток - мудри, богати и благородни луѓе. Овие мудреци ја проучувале природата и го препознале Бога во неговите дела. Во еврејските списи го пронашле пророштвото за „Ѕвездата која излегува од Јакова”, и нестрпливо го очекувале доаѓањето на Оној што треба да биде не само „утеха за Израел”, туку и „светлина што ги осветлува незнабошците” и „спасение до крајот на земјата” (Лука 2,25.32; Дела 13,47). Тие барале светлина и светлината од небесниот престол го осветлила патот на нивните чекори. Додека свештениците и рабините во Ерусалим, повластени чувари и толкувачи на вистината, потонале во мрак, небото пратило ѕвезда да ги води овие странци до местото каде што се родил Царот. GCMkd 245.3

Исто така Христос ќе се „појави по вторпат”, но не заради гревот, „туку да им даде спасение на оние што го чекаат”. Веста за раѓањето на Спаеителот и веста за Христовото второ доаѓање, не им била доверена на религиозните водачи на народот. Тие ја прекинале својата врска со Бога и ја одбиле небесната светлина; затоа не се вбројуваат меѓу оние за кои пишува апостол Павле: „Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец, зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот, и не и припаѓаме на ноќта, ниту на темнината” (1. Солуњаните 5,4.5). GCMkd 245.4

Стражарите на ѕидовите на Сион требало први да ја прифатат радосната вест за доаѓањето на Спасителот; требало први да го објават неговото доаѓање и да го предупредат народот да се приготви за неговото доаѓање. Но тие биле рамнодушнн, сонувале зњ за мир и сигурност, а народот спиел во своите гревови. Исус својата црква ја видел како неродна смоква, покриена со обилни лисја, но без драгоцен плод. Навистина, се фалела со изглед на побожност, со надворешна вера, но и недостигала вистинска понизност, покајание и вера, без што нема вистинска служба на Бога. Наместо плодови на Божјиот Дух, тука се покажувал дух на горделивост, формализам, празна слава, себичност и насилство. Црквата, која се повеќе се оддалечувала од Бога, ги затворила очите пред знаците на времето. Неа не ја напуштил Бог. He отстапил Тој од својата верност, туку таа отстапила од него и се одвоила од неговата љубов, Бидејќи таа не ги исполнила дадените услови, Бог не можел да ги исполни ниту своите ветувања што и ги дал. GCMkd 245.5

Сигурно се јавуваат неизбежни последици кога не се цени светлината и предимствата што ги дава Бог. Штом црквата ќе престане да живее во виделото, штом ќе занемари да прифати секој зрак на светлината и да исполни секоја должност, религијата неизбежно се сведува на формализам и духот на вистинската побожност исчезнува. Оваа вистина повеќе пати се повторила во црковната историја. Бог од својот народ бара вера и послушност, што одговараат на примените благослови и предимства. Послушноста бара жртви и крст; тоа е причината зошто многу самонаречени христијани не се подготвени да го прифатат виделото што им го праќа Небото и, како некогаш Евреите, не можат да го препознаат своето време (Лука 19,44). Поради нивната горделивост и неверство, Бог ги напуштил и својата вистина им ја открил на оние кои, како витлеемските пастири и мудреците од Исток, внимаваат на секој зрак на светлината што им е дадена. GCMkd 246.1

*****