Патот Кон Христа
ПОКАЈАНИЕ
Како грешниот ќе се оправда пред Бога? Само преку Христа можеме да дојдеме во света согласност со Бога. Но како можеме да се приближиме до Христа? Мнозина викаат и денеска кога ги запознаат своите греови како некогаш мнозинството на Духовден: “Што да правиме?” Апостол Петар им го дал следниов одговор: “Покајте се и да се крсти секој од вас во Името на Исуса Христа за проштавање на греовите (Дел 2, 38). Во еден друг случај им рекол на грешниците: “Покајте се, и обрнете се и очистете се од своите гревови” (Дела 3, 19). PH 12.3
Вистинското каење предизвикува искрена жалост поради сторените греови и нивното напуштање. He можеме да го оставиме гревот додека не ја видиме неговата грешност. Вистинска пормена ќе настане во нашиот живот само тогаш кога со цело срце се откажеме од гревот. PH 12.4
Мнозина криво го разбираат вистинското значење на каењето. Тие се жалосни поради своите греови, нешто повеќе, надворешно се поправуваат, оти се плашат од последиците на гревот; но тоа не е покајание какво што го сака Божиот збор. Таквите се жалат дека страдат поради гревот, вместо да жалат што грешиле. Така плакал и офкал и Исав кога видел дека засекогаш го изгубил првенството, Валам го запознал и признал својот грев кога ангел со гол меч застанал пред него, оти се исплашил за својот живот. Но кај него не гледаме ни трага од вистинско покајание, вистинско обрнување и одвратност од гревот. Јуда Искариотски, кога го издал својот Учител и Господ, извикнал: “Згрешив што издадов праведна крв”. (Мат. 27, 4). Тој го признал својот грев кога видел оти згрешил, под притисок на ужасното сознавање за проклетството и страшниот суд. Мислата за последиците од гревот го исполниле со ужас, но кај него не гледаме длабока жалост ни скршено срце што го издаде Божјиот невин Син, што се одрекол од Израилевиот Светец. Фараонот го признал својот грев под Божјиот бич, но само за да би ја избегнал Божјата мошна казна. Штом ќе престанеше казната, тој наново почнуваше да се инати против Бога. Сиве овие луѓе плакале поради последицата од гревот, а не поради самиот грев. PH 13.1
Но кога душата дојде под дејството на Божјиот Дух, тогаш совеста се буди, грешникот ја осетува длабочината и светоста на Божиот закон, кој е основа на неговото владеење на небото и на земјата. Тогаш “виделото вистинско кое го осветлува секој човек што доаѓа на свет” (JOB. 1, 9), ги осветлува и најтемните катишта на неговото срце и ги изнесува на светлост скриените дела на темнината. Тогаш и со умот и со срцето доаѓа до потполно уверење за својот грев. Бидејќи свестен за правичноста на Бога, грешникот се ужасува од мислата да излезе грешен и нечист пред оној Кој ги испитува срцата. Но тој ја гледа љубовта Божја, убавината на светоста, радоста што ја причинува чистотата; тогаш во него се раѓа желба да се очисти и пак да влезе во врска со Бога. PH 13.2
Давидовата молитва no неговиот пад јасно покажува што значи вистинска жалост поради сторениот грев. Неговото каење било длабоко и вистинско. Тој не го украсува и не го прикрива својот грев; во својата молитва не изразува желба да ја избегне заслужената осуда. Давид ја видел нискоста на својот престап; ја видел мрлата на својата душа; тој се гнасел од сторениот грев. Тој не барал само проштавање на гневот, туку и “чисто срце”. Тој копнеел за вистинска светост, за полно измирение со Бога. Со следните зборови го изразил стремежот на својата душа: PH 14.1
“Блазе на оној што му е простена вината, на кој гревот му е покриен! Блазе на човек на кој Господ не му го прима гревот и во чиј дух нема лукавство!” PH 14.2
“Смилуј се на мене, Боже, по својата милост и по големата доброта своја очисти го моето беззаконие.” PH 14.3
“Измиј ме добро од моето беззаконие и од гревот мој очисти ме”. PH 14.4
“Оти јас ги знам своите престапи и гревот мој е секогаш пред мене. PH 14.5
“Попрскај ме со исоп, и ќе се очистам; измиј ме, и ќе бидам побел од снегот .. PH 14.6
..Направи ми, Боже, чисто срце и дух праведен повтори во мене.” PH 14.7
“Не отфрлај ме од своето лице и својот свети Дух не земај го од мене .. PH 14.8
“Избави ме од крвта, Боже, Боже, Спасителе мој и јазикот мој ќе ја разгласува твојата правда” (Пс. 32, 1—2; 51, 1—16). PH 14.9
Вакво каење никогаш не можеме да постигнеме со својата сила, но само преку Христа, нашиот Спасител. PH 14.10
Мнозина се мамат во тоа и затоа не примаат онаква помош каква Христос би сакал да им даде. Тие мислат дека не можат да дојдат до Христа додека не се покајат и дека покајанието подготвува потполно проштавање на гревовите. Вистина е дека покајанието му претходи на проштавањето, оти само покајничко и разбиено срце копнее за Спасителот. Но зар грешникот треба да чека да се покае пред да дојде до Исуса? Но зар нуждата од покајание треба да биде пречка помеѓу грешникот и Спасителот? PH 14.11
Светото писмо не учи ни на едно место дека грешникот мора да се покае пред да го прими Христовиот позив: “Елате кај мене сите кои сте уморни и натоварени и јас ќе ве одморам!” (Мат. 11, 28). Силата што излегува од Христа не води и нас до вистинско покајание. Петар им го објасни тоа на Израилците со овие зборови: “Овега (Христа) Бог со својата десница го издигна за главатар и спас да му даде на Израил по- кајание и проштавање на греовите”. (Дела 5, 31). Ние не можеме да добиеме опроштение на сторените греови без Христа. PH 15.1
Христос е извор на сите добри побуди. Само тој може да влее во нашите срца одвратност кон гревот. Секоја желба за вистина и чистота, секое уверење во нашиот грев се докази за дејство на Светиот Дух во нашето срце. PH 15.2
Исус ова го изразува со овие зборови: “И кога јас ќе бидам дигнат од земјата, се ќе привлечам со себеси”. Христос мора да му се открие на грешникот како Спасител кој умрел за греовите на овој свет. Кога погледаме на Божјиот Син распнат на крстот на Голгота, тогаш почнува да ни се разјаснува тајната на спасението, а Божјата доброта не води кон покајание. Со своите маки и смртта Христос ја пакажал својата безгранична љубов кон грешните и кога грешникот ја гледа таа љубов, неговото тврдо срце омекнува, духот се понизи и престане секаков отпор. PH 15.3
Навистина, понекогаш луѓето се засрамат од својот грев, па и напуштаат понекоја од своите лоши навики, макар да не се уште дојдени до сознание дека Христос ги вика при себе. Но штом почнат да се поправаат, осетат ли во себе стремеж да чинат добро, треба да знаеме дека на тоа ги тера Христовата сила. Една несфатлива сила влијае на нив и ја буди нивната совест, поради кое нивниот живот станува подобар. Кога Христос го обрне нивното внимание на себе и на крстот, кога видат дека го распнале нивните гревови, тогаш Бог почнува да им говори преку нивната совест. Тогаш јасно ја гледаат целата расипаност на својот живот и тврдоста на своето срце. Тие почнуваат да ја сфаќаат Христовата правда и извикнуваат: “Што е гревот кога толку голема жртва се бара за ослободувањето од него? Зар е потребна целата онаа љубов, сите пониженија и сите страданија за да не се изгубиме, да примиме живот вечен?” PH 15.4
Грешникот може да и се воспротиви на таа љубов, може да откаже да се приближи до Христа, но, ако не се одрече од него, Христос ќе го привлече кон себеси. Кога грешникот се запознае со планот на спасението, тогаш ќе дојде до подножјето на крстот и искрено ќе се кае за своите греови, кои му причиниле толку страданија на Божјиот Син. PH 16.1
Божјата сила што ја движи природата, влијае и на човечките срца. Таа буди во нив неискажан копнеж за нешто што немаат. Тој копнеж не можат да го задоволат со работите од овој свет. Божјиот Дух работи во нив и ги тера да се стремат кон она што е добро, што единствено може да им осигури мир и спокојство — Христовата милост и радост која произлегува од светоста. Спасителот влијае видливо и невидливо непрекинато на луѓето, да ги одбие од празната радост на гревот и да ги насочи кон неизмерното блаженство кое се наоѓа само во него. Сите кои се жедни и сакаат да нацрпат вода од расипаните бунари на овој свет, треба уште денес да го чујат божествениот позив: “Ела, и кој е жеден нека дојде и кој сака нека земе вода на животот бесплатно”. (Откр. 22, 17). PH 16.2
Вие кои искрено копнеете за подобри дарови од оние кои овој свет може да ви ги даде, познајте го во оваа желба Божиот глас кој и говори на вашата душа! Молете му се да ви даде покајание, да ви го открие Христа во неговата бескрајна љубов и совршена чистота. Во Спасителовиот живот дошле до полн израз принципите на божествениот закон: љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот. Неговиот живот се состоел од љубов и несебична доброта. Кога погледнеме на него и кога божјите зраци не опсипат, само тогаш наполно ја видиме грешноста на нашето срце. PH 16.3
Можеби се обидуваме да се измамиме, како некогаш Никодим, дека нашиот живот е праведен и морален и дека не е потребно да се понизиме пред Бога како обични грешници. Но кога Христовата светлост ја осветли нашата душа, одвај тогаш видиме колку сме нечисти, ја увидуваме себичноста на нашите побуди, непријателството кон Бога, со кое се обележени сите наши дела. Тогаш ќе видиме дека нашата правда е навистина како нечиста облека”. (Ис. 64, 6) и дека нас само Христовата крв може да не очисти од гревот и да ги препороди нашите срца спрема небесниот образец.” PH 16.4
Зраците на Божјата слава, одраз од Христовата чистота, кои проникнуваат во нашите души, уигге појасно ги истакнуваат нечистите дамки во нас и ги откриваат нашите човечки слабости и погрешки, нашите несвети желби и стремежи, неверството на нашите срца, нечистотата на нашите усни. Тогаш јасно се открива неверството на грешниот кој сака Божјиот закон да го прогласи неважен (бессилен). Божиот Дух ја крши неговата гордост и го прави понизен. Грешникот се гнаси од себеси кога го гледа неизвалканиот Христов караткер. PH 17.1
Кога пророк Данаил ја догледал славата Божја која ги опколува гласниците што му ги пратил Господ, ја осетил и познал сета своја слабост и несовршеност. Тој вака го опишува дејството на тој настан на него: “И останав сам и го видов тоа големо видение, и не остана сила во мене, и убавината ми стана грдотија, и немав сили” (Дан. 10, 8). Душа која е толку возбудена, мрази и себичност и самољубие. Под влијание на Христовата правда почнува да се стреми кон чистота на срцето, која е во хармонија со Божјите закони и Христовата љубов. PH 17.2
Апостол Павле пишува: “По правдата законска јас би бил без мана” (Фил. 3, 6). Тој бил без мана доколку доаѓале во обзир надворешни работи, но кога ја разбрал духовната страна на законот, видел дека е грешен. По буквите на законот, како што обично луѓето го применувале во надворешниот живот, апостол Павле не грешел. Но кога се задлабочил во суш- тината на светиот закон и се познал себеси како шго Бог го познавал, се понизил и го познал својот грев со зборовите: “А јас живеев некогаш без закон; а кога дојде заповед, тогаш гревот оживе, а јас умрев” (Рим. 7, 9—10). Кога го запознал вистинското значење на законот, видел колку е страшен гревот и неговата гордост исчезна. PH 17.3
Сите гревови не се еднакво омразни пред Божјите очи. Тој ги разликува по големина, како што ги разликуваат и луѓето. Но макар колку мала да изгледа една слабост пред очите на луѓето, во Божјите очи ни еден грев не е мал. Човечкиот суд е несовршен и прост а Бог ги гледа и цени сите работи по вистинското нивно значење. Пијаницата го презираме и му велиме дека неговиот грев ќе го лиши од небото, a толку пати стојат неизобличени гордоста, самољуби- ето, лакомоста и скржавоста! А токму овие греови се потешки по Божјата оценка оти стојат во директна спротивност со неговото милосрдие, со онаа несебична љубов која владее во безгрешната вселена. Оној пгто грубо згрешил, ја чувствува својата срамота и беда, чувствува дека му е потребна Божјата милост. Фодулите и гордите, напротив, не чувствуваат никаков недостаток и ја затвараат вратата на срцето пред Христа и неговите бескрајни благослови. PH 17.4
Кутриот царинар што се молел: “Боже, биди ми милостив на мене грешниот” (Лука, 18, 13), се сметал себе си за многу грешен а и другите го сметале за таков. Но тој ја видел својата мизерија и дошол пред Бога со товарот од своите греови и го молел за проштавање. Неговото срце било отворено за дејството на светиот Дух, кој можел да го ослободи од силата на гревот. Напротив, гордиот и високомерниот фарисеј со својата молитва покажал дека неговото срце е недостапно за влијанието на Светиот Дух. Тој бил толку далеку од Бога, што не чувствувал колку е нечист спрема совршениот сјај на Божјата светлост. Тој не чувствувал потреба за ништо затоа и не добил ништо. PH 18.1
Штом ја познаеме својата грешност, да не губиме време сами да се поправиме. Колку луѓе мислат дека не се доста добри да му се приближат на Христа. Мислиш ли дека ти сам можеш да станеш подобар? “Може ли Етиопијанинот да ја промени својата кожа или рисот својата шарба? Можете ли вие да чините добро откако сте се научиле да чините зло?” (Јер. 13,23). Само Бог може да ни помогне. He смееме да чекаме нашата вера да биде по силна, приликите подобри a ние помалку лоши; ништо не можеме да постигнеме сами од себе. Мораме да се приближиме до Христа такви какви што сме. PH 18.2
Никој нека не се мами со мислата дека Бог, во својата преголема милост и љубов, ќе ги удостои со блаженство и оние што му се противеле. Само во светлоста на крстот гледаме колкава е грешноста на гревот. Тие што се уверени дека Божјата љубов и милосрдие се толку големи што не може да ги проколне, нека погледнат на Голгота. За спасение на грешниците немало друг начин; без жртвата на крстот не можеле да се ослободат од силата на гревот и пак да влезат во заедницата со светите; не можеле да живеат духовен живот. Затоа Христос ги примил на себе гревовите на грешниците и страдал наместо нив. Љубовта, страдањето и смрта на Божјиот Син ни сведочат колку ужасно голем е гревот; сето тоа ни објаснува дека само тогаш можеме да се спасиме од гревот и да живееме подобар живот ако му се предадеме на Христа. PH 18.3
Луѓето што не сакаат да се покајат, често се оправдуваат покажувајќи на извесни христијани со зборовите: “И јас сум толку добар колку и оние. Тие не се одрекнуваат повеќе сами од себе, не се потрезвени во својот живот од мене. И тие толку исто ги сакаат радоста и развлеченијата на овој свет колку и јас.” На тој начин своите греови ги оправдуваат со греовите на други. Но греовите и слабостите на другите не се никакво оправдание; оти Бог не ни даде за узор грешен човек. Како пример ни е даден неопетнениот Син Божји, а тие што се повикуваат на неуредниот живот на извесни христијани, би требало сами со својот живот да дадат подобар пример. Зар нивниот грев не е уште поголем кога така добро знаат каков треба да биде вистинскиот христијанин? Тие знаат игго е право и сепак не прават така. PH 19.1
Чувајте се од големо одолговлечување. Побрзајте да се ослободите од своите гревови, туку со Христова помош постарајте се да добиете вистинска чистота на срцето. Одлагањето е заблуда во која впаднале илјади и илјади луѓе, а таа заблуда довела до губење на вечното блаженство. He сакам да зборувам за краткотрајниот и несигурен живот. Но токму тука лежи една страшна опасност, опасност која не ја сфаќаме доволно и која се состои во одолговлечувањето да го послушаме гласот на Светиот Дух, додека во тоа време и понатака живееме во грев. Но и најмалиот грев може да не доведе во опасност да изгубиме вечно бла- женство. Она што ние не ќе совладаме, тоа ќе не совлада нас и ќе не доведе до пропаст. PH 19.2
Адам и Ева се труделе да го умират гласот на совеста со тоа што мислеле дека е невозможно таква мала работа — јадењето на забранетиот плод — може да има така страшни последици како што се беше изјаснил Бог. Но таа мала работа значела кршење на непроменливиот и свет Божји закон, а тоа го одвоило човекот од Бога и ја отворило вратата на смртта и неискажаните страдања на светот. Илјади години стално се креваат болни викови од земјата кон небото. Сите суштества плачат и пиштат во неволја, чија причина е непослушноста на првите луѓе. И самото небо морало да го чувствува дејството на оваа побуна против Творецот. Голгота стои како паметник на великата жртва која требало да го исправи кршењето на Божjиот закон. Никогаш да не гледаме на гревот како на нез- натна работа. PH 20.1
Од секое пречекорување на законот, од секое за- немарување или отфрлање на Божјата милост — последиците паѓаат на нас. Од вакви гревови нашите срца стануваат бесчувствени, нашиот разум затапи и ние стануваме се понеспособни да одговориме на позивот од Свети Дух. PH 20.2
Мнозина се обидуваат да ја умират пробудената совест со мислата дека можат својот живот да го изменат во секое време. Мислат дека и понатака ќе ги вика Духот на милоста и затоа не се однесуваат сериозно кон неговиот позив. Тие го презираат Духот на милоста и со своето влијание стојат на сатанска страна и сепак веруваат дека во еден момент ќе мо- жат да го преобразат својот живот. Но тоа не може да се стори така лесно. Искуствата и воспитанието во текот на целиот живот така го формирале нивниот карактер што малцина ќе сакаат после да бидат слични на Христа. PH 20.3
Една лоша црта на карактерот, една грешна желба која долго владеела над нас се во состојба да го спречат дејството на евангелската сила. Секое грешно задоволство ја наголемува одвратноста на нашата душа кон Бога. Човек што покажува најупорно неверство, ужасна рамнодушност кон божествената вистина, ќе пожнее само тоа што сам си посејал. Но оној што се шегува и си игра со гревот за поправање нека му послужи оваа најсериозна опомена во целото Свето писмо: “И ќе се заплете во јажето на своите гревови” (Раскази, 5, 22). PH 20.4
Христос е готов во секое време да не ослободи од гревот; но Тој не не присилува на тоа. Ако со непрекинато грешење својата волја ја покораваме на гревот, ако не сакаме да се ослободиме и да примиме Божја милост, — што може Тој да стори за нас? Тогаш сме сами криви за својата пропаст, оти стално сме ја одбивале Божјата љубов. “Еве, сега е најдобро време, еве сега е ден на спасението!” (2 Кор. 6, 2) “Денес ако го чуете неговиот глас, не бидете со дрвени срца!” (Евр. 3, 7—8). PH 21.1
“Човек гледа што му е пред очи, а Господ гледа во срцето (1 Сам. 16, 7) — во човечкото срце, во кое стојат заедно радост и жалост, лажливо, непостојано срце кое крие во себе толку нечистотии и лицемерства. Бог ги знае побудите, намерите и плановите на срцето. Елате кај него со своето извалкано, нечисто срце, отворете ги сите катчиња на своето срце пред оној што се виѓа и извикнете: Испитај ме, Боже, и види го моето срце, испитај ме и види ги моите замисли и гледај дали сум на лош пат, и води ме по вечниот пат!” (Пс. 139, 23—24). PH 21.2
Монзина ја земаат религијата на разумот или само надворешен вид на набожнос — а своето срце не го очистиле од гревот. Нашата молитва треба да биде: “Направи ми го, Боже, чисто срцето и духот прав повтори го во мене.” (Пс. 51, 10). Бидете искрени кон себе сами. Бидете исто така сериозни и постојани како кога би од тоа зависел вашиот земен живот. Тоа е прашањето кое мора да се реши помеѓу Бога и вашата душа, да се реши за вечни времиња. Лажливата надеж повлекува со себе вечна смрт. PH 21.3
Проучувајте го Светото писмо со молитва. Од него во Божјиот закон и Христовиот живот ќе видите големи принципи на светост, без која никој не ќе го види Господа” (Евр. 12, 14). Тоа ќе ви ги открие ва- шите гревови, но ќе ви го покаже и патот на спасението. Послушајте ги неговите зборови, оти преку него ви зборува Божјиот глас. PH 21.4
He очајавајте се кога ја видите големината на вашите гревови, вашата вистинска состојба. Христос дошол на овој свет да ги спаси грешните. Ние не ќе го помириме Бога со себе, ами — о, бескрајна љубов! — оти Бог во Христа “светот го помири со себе” (2 Кор. 5,19). Со својата нежна љубов тој дејствува врз срцата на своите заблудени синови и ќерки. Земните родители немаат толку трпение за слабостите и пре- стапленијата на своите деца колку што има Бог трпение за оние што сака да ги спаси. Никој не би бил во состојба да се моли за престапниците повеќе од него. Сите негови ветувања и неговите опомени се проникнати со неискажана љубов. PH 22.1
Кога сатана дојде да ви зборува дека сте големи грешници, погледајте на својот Спасител и зборувајте за неговите заслуги; само кај него ќе најдете помош. Признајте ги своите гревови, но речете му на непријателот дека “Исус Христос дојде на светов да ги спаси грешните.” (1. Тим. 1,15) и дека вие можете да бидете спасени со оваа неискажана љубов. Исус му ја раскажал на Симона сказната за двајцата должници. Едниот му долгувал на својот господар мала сума, а другиот голема; но тој им го простил долгот на обајцата. Потоа Христос го прашал Симона: кој од тие двајца должници повеќе го љубел својот господар. Симон одговорил: “Мислам оној на кого најмногу му простил” (Лука 7, 43). Ние сите сме грешиле, но Христос умрел за да добиеме опроштавање на гревовите. Доволно е неговата жртва за да не помири со Таткото. Оние, на кои најмногу им простил, ќе го љубат најмногу и ќе бидат најблиски до неговиот престол и ќе го сла- ват за неговата бескрајна и преголема жртва. Ако ја разбереме божјата љубов, ќе ја разбереме и грешноста на гревот. Ако гледаме на спасителната рака што ни се пружа, ако можеме да го предосетиме значењето на жртвата што ја дал Христос за нас, тогаш нашите срца ќе се наполнат со љубов и благодарност, но и со покајание. PH 22.2