Патот Кон Христа

8/13

Cекција B—КАКО ЌЕ ОСТАНАМ ВО ХРИСТА?

Поглавје 1—Со непрекинато сузбивање на своето јас

РАСТЕЊЕ ВО ХРИСТА

Обновувањето на срцето со кое стануваме Божји деца, Светото писмо го споредува со раѓањето. Држејќи се за таа споредба новите приврзаници ги вика “новородени деца” (1, Пет. 2, 2), кои треба да “порастат” (Еф. 4, 15) и да стигнат до растот на Исуса. Тие се споредени и со никнуењето на доброто семе кое земјоделецот го посејал на нивата. Како и доброто семе, тие треба да растат и да дадат плод. Исаија вели за нив дека ќе бидат наречени дабови на правдата, Господна градина и слава негова (Ис. 61, 3). Светото писмо зема примери од обичниот живот за да ги објасни таинствените вистини на духовниот живот. PH 42.1

Никаква мудрост ни човечка мајсторија не се во состојба да му дадат живот и на најмалиот предмет во природата. Растенијата и животните можат да живеат само благодарејќи на животот што им го дал Бог. Така и духовниот живот во срцата на луѓето се развива само со силата на Семогуштиот. Човек што не е наново роден, нема учество во животот заради кој Исус дошол на земјава (Јов. 3, 3). PH 42.2

И со растењето е исто како и со животот. Само Бог се грижи од папката да стане цут и цутот да донесе плод. Со неговата мошт семето дава “трева, потоа клас, па тогаш се исполни пченицата во класот” (Map. 4, 28). Пророк Осија вели: “Израил ќе се расцвета како лилија. Ќе раѓа како жито и ќе цути како винова лоза” (Ос. 14, 5, 7). Христос не советува со овие зборови: “Погледајте како растат лилиите” (Лука 12, 27). Растенијата и цутовите не се развиваат поради своето старање, со напор или сила, туку со примање на она што им дал Бог за живот. Како што детето од своја волја и сила не може на својот раст да му додаде ни еден прст висина, така и ние со своето настојување или грижа не можеме да го осигураме своето духовно растење. Детето и растението растат само со помошта на духовните сили што влијаат на нив, и тоа се: воздухот, сонцето и храната. Тие дарови на природата за растенијата и животните се исто што е Христос за оние што веруваат го него. Тој е за нив “видело вечно” (Ис. 60, 19), “сонце и штит” (Пс. 84, 11), “како роса” (Осија 14, 5). Тој ќе “слезе како дожд”, како капки што ја овлажнуваат земјата” (Пс. 72, 6). Тој е жива вода, “леб, Божии . . . што слегува од небото и дава живот на се” (Јов. 6, 33). PH 42.3

Со тоа што го дал својот Син, тој бесподобен дар, Бог целата земја ја завил со атмосфера на милост, како што воздушната атмосфера ја завива земјината топка. Сите што го дишат овој животворен воздух ќе стигнат до висината од растот на Исуса Христа. PH 43.1

Како што цветот се врти кон сонцето за светлите сончеви зраци да ја усовршат неговата убавина, така и ние мораме да се свртиме кон Сонцето на правдата за да не осветли небесната светлост, па се повеќе и повеќе да постануваме слични со Христа. PH 43.2

Христос не учи со овие зборови: “Бидете во мене и јас ќе бидам во вас. Како што лозата не може да даде род сама од себе, така и вие ако не бидете во мене . . . оти без мене не можете ништо да сторите”. (Јов. 15, 4—5). За да живееме свет и побогоугоден живот, исто така зависиме од Христа како што гранката која треба да расте и даде плод, зависи од стеблото. Без него немаме живот во себе, немаме во себе сила со која да се спротивиме на искушенијата и да напредуваме во милоста и светоста. Ако останеме во него ние ќе напредуваме, макар нашиот живот да произлегува од неговиот, неќе се исушиме ниту пак ќе останеме неплодни. Тогаш ќе бидеме како дрво засадено крај поток. PH 43.3

Мнозина мислат дека еден дел од правдата можат сами да ја постигнат. Тие се надеваат дека Христос ќе им ги прости гревовите, но се обидуваат со сопствена сила да живеат праведен живот. Секој таков труд е напразен. Исус вели со овие зборови: “Без мене не можете ништо да сторите.” Нашиот напредок во милоста, нашата радост, нашата способност зависат сосема од нашата врска со Христа. Ако секој ден, секој час сме во врска co него и живееме во него, ако останеме во него, тогаш ќе напредуваме во милоста. Тој не е само почетник туку и довршител на нашата вера. Христос е прв, последен и вечен. Но тој треба да е со нас не само во почетокот и на свршетокот на нашиот живот, туку при секој наш чекор. Давид вака живеел со Бога: “Секогаш го гледам пред себе Господа. Тој ми е од десна страна да не се сопнам” (Пс. 16, 8). PH 43.4

Некој можеби праша: “Како можам да останам во Христа?” — така како што си го примил “значи, како што го примивте Исуса Христа Господа, така и живејте во него.” “А праведникот живее од верата” (Кол. 2, 6 Евр. 10, 38). Ние му сме се предале на Бога да бидеме наполно негови, да му служиме и да го слушаме, ние го примивме Христа за Спа- сител. Сами не можеме да се чистиме од своите гревови, не можеме да го промениме своето срце, но со своето исцело предавање на Бога покажуваме цврста увереност дека тој тоа ќе го стори, преку Христа за нас. Со верата стануваме Христова сопственост, преку верата напредуваме во него. Ние мораме се да дадеме: своите срца, својата воља, својата служба, своето “јас”, за да ги извршиме неговите заповеди; мораме се да земеме: Христос како полнотија на секој благослов, да остане во нашите срца, да биде наша сила, наша правда, наш вечен помагач и да ни даде сила да можеме да го слушаме. PH 44.1

Секое ново утро нека ни биде прва должност да се посветиме на Бога. Да му се молиме: “земи ме, о, Боже, како своја полна сопственост. Сите свои планови ги ставам пред твоите нозе. Употреби ме денеска да можам да ти служам. Остани во мене и се што правам, усоврши го.” Вака треба да се молиме секој ден. Секое утро да се посветиме на Бога. Да му ги повериме сите свои планови, та по неговата Божествена мудрост или да се извршат, или да се не извршат. Секој ден да му го посветиме и предадеме на Бога својот живот, така ќе стане сличен на Христовиот живот. PH 44.2

Животот во Христа е живот на блажен мир и ведрича. Можеби не ќе биде секогаш полн со радост, но ќе се исполни со сигурна и постојана доверба. Нашата надеж не е во нас, но во Христа. Нашата слабост ќе се соедини co неговата јачина, нашето незнаење — со неговата мудрост, нашата малодушност со неговата сила и непоколебимост. Затоа да не гледаме на себе, туку на Христа. Да нислиме за неговата љубов, за убавината и совршенството на неговиот карактер. Христос со својата неизмерна љубов, со своето самоодрицање, со својата скромност, со својата чистота светост треба да не наведе на сериозно размислување. Ние ќе се преобразиме во нетов лик само ако го љубиме, ако се држиме по неговиот пример, ако имаме полна доверба во него. PH 44.3

Христос ни вели: “Бидете во мене”. Овие зборови ја носат во себеси мислата за спокјството на душата, за истрајноста и довербата во него. Тој не вика: “Елате при мене, јас ќе ве одморам” (Мат. 11, 28). Давид ја изразува истата мисла: “Ослони се на Господа и чекај го” (Пс. 37, 7). Пророк Исаија не уверува: “Во мирот и во довербата ќе биде вашата сила” (Ис. 30, 15). Овој мир не значи неработење оти во Исусовиот позив за мир и во ветувањето на мир се наоѓа и позив за работа: “Земете го јаремот мој на себе и ќе најдете мир” (Мат. 11, 28—29). Оној што се ослонува наполно на Христа, и во работата за него ќе биде најсериозен и најревностен. PH 45.1

Ако со мислите се бавиме премвогу со себе, се оддалечуваме од Христа, од изворот на животот и силата. Затоа сатаната стално настојува нашето внимание да го одврне од Христа за да прекине секаква врска на нашата душа со него. Тој сака да го обрне нашето внимание на земни радости, на грижи, тешкотии, на животните неволи, на туѓите слабости, на сопствените недостатоци и, откако по таков начин не оддалечи од Христа, се надева дека ќе не победи. Да не правиме од себеси центар на нашите мисли и да не живееме во страв дали ќе се спасиме. Сето тоа ја одвраќа душата од Изворот на силата. Своето спасение да му го повериме на Бога и да се надеваме во него. Да говориме за Исуса и да мислиме за него. Нека нашето “јас” се изгуби во него. Да не се сомневаме и да не се плашиме. Да кажеме заедно со Апостол Павле: “А јас веќе не живеам, туку во мене живее Христос. А дека сега живеам во тело, живеам со верата на Синот Божји, на кого му омилев и се предаде себе за мене.” (Гал. 2, 20). Да бидеме во Бога Тој ќе го сочува тоа што ќе му го повериме. Ако од срце и наполно се предадеме во Божји раце, тогаш во се ќе победуваме заради оној што не љубел. PH 45.2

Кога Христос ја зел на себе човечката природа, така цврсто го врзал со себеси човештвото преку својата љубов што никаква сила не е во состојба да ја одреши таа врска освен нашите лични решенија. Сатана стално се обидува со сите возможни измами да не натера да ја прекинеме таа врска, за да не одвои од Христа. Затоа треба да сме будни, да се бориме и молиме, та ништо да не не натера да избереме друг учител, иако тоа зависи од нашата слободна волја. Постојано да го гледаме Христа. тој ќе не изварди. Ако гледаме во него, ќе бидеме сигурни. Ништо нема да не истргне од неговите раце. Гледајќи постојано во Господа, “се преобразуваме во оној ист лик од слава во слава како од Господниот Дух” (2 Кор. 3, 18). PH 46.1

По овој начин првите Христови ученици сганале слични на него. Кога ги чуле неговите зборови, виделе колку им е потребна неговата помош. Тие го барале го, нашле и тргнале по него. Тие биле со него дома, на трпезата, в соба и во полето. Тие биле со него како ученици со својот учител и секој ден примале од него напатствија за светата вистина. Гледале во него како слуги во својот Господар за да ја разберат својата должност. Тие ученици биле луѓе “како и ние” (Јак. 5, 17). И тие биле принудени да се борат со гревот како и ние. И ним им била потребна Божјата милост за да можат да водат свет живот. PH 46.2

Јован, најмилиот Исусов ученик, кој бил најсличен на Господа, немал од природа свој благороден карактер. Порано тој бил не само горд и славољубив, туку избувлив и навредлив. Но кога го запознал Христовото Божество, ги забележал и своите слабости и тоа му помогнало да стане понизен. Силата и трпението, возвишеноста и благоста, што ги забележувал во Спасителевиот секојдневен живот, ја исполнил нетовата душа со дивење и љубов. Од ден на ден неговото срце се повеќе и повеќе се приближувало до Христа, додека најпосле неговото “јас” не се изгубило наполно во љу- бовта кон учителот. Неговата горда и честољубива природа исчезнала, а неговто срце се препородило под влијанието на Светиот Дух. Мошта на Христовата љубов наполно ги преобразила неговите природни наклоности. Тоа била последицата од врската со Христа. Ако Христос се всели во нас, тој ќе предизвика во нас полна промена. Христовиот Дух и неговата љубов го омекнуваат нашето срце, душата ја направат смирена, а нашите мисли и желби ги насочат кон небото и Бога. PH 46.3

Кога Христос се вознесол на небото, кај неговите ученици се уште останало чувството од неговото присуство; тоа било присуство иолно со светлост и љубов. Спасителот кој одел, зборувал и се молел со нив, кој во нивните срца внел надеж и утеха, се вознесол на небо упатувајќи им вест на мир. И додека небесните чети му доаѓале на пречек, тие го чуле неговиот глас: “Еве, јас сум со вас во сите денови, до крајот на веков” (Мат. 28, 20). Тој се вознесол на небо во човечкото тело. Тие знаеле дека тој и пред Божјиот престол останал нивни пријател и Спасител дека неговата љубов е постојана и дека останал во најтесна врска со човештвото што страда. Тој ја изнесол пред Бога заслугата на својата крв и му ги покажал своите про- дупчени раце и нозе како спомен за цената што ја платил за нас. Учениците знале дека се вознесол на небото да приготви станови за нив. Тие знаеле дека пак ќе се врати да ги земе при себе. PH 47.1

Кога учениците се собрале по вознесението на својот Господ, му се помолиле на Таткото од Исусово име. Со длабоко почитување ги свиткале своите колена за молитва и го повториле Христовото ветување: “Што и да посакате од Таткото во мое име ќе ви даде. Досега не сте барале ништо од мое име: барајте и ќе добиете, за да се исполни вашата радост”. (Јов. 16, 23— 24). Ги дигнале своите раце на молитва сигурни дека тука е Христос кој умре и воскрсна, кој е од десната страна на Бога и се моли за нас” (Рим. 8, 34). На Духовден го добиле полномошникот кој по Христовите зборови требало да остане во нив (Јов. 14, 17). Понатака Христос им рекол: “Поарно е за вас јас да одам, оти ако јас не одам, Утешителот не ќе ви дојде: ако одам — ќе ви го пратам” (Јов. 16, 7). Одтогаш Христос со својот Дух постојано борави во срцата на своите ученици. Нивната врска со него била поблиска отколку порано кога бил со телото кај нив. Светлоста, силата и љубовта Христови ги преобразиле, та луѓето се чуделе кога ги виделе, “а знаеле дека биле со Исуса” (Дела 4, 13). PH 47.2

Хритсос сака да биде со своите деца и денеска тоа што бил за своите први ученици. Кога групичката свои ученици ја собрал за последна молитва, му се помолил на Таткото со овие зборови: “Не те молам пак за нив, туку и за оние што ќе поверуваат во нивните зборови” (JOB. 17, 20). PH 48.1

Исус се молел за нас да бидеме едно со него, како што е тој едно со својот Татко. Колку е дивно тоа единство! За себеси Спасителот свидетелствува: “Синот ништо не може да прави сам од себе” (Јов. 5, 19), туку Таткото што стои во мене, тој прави дела” (Job. 14, 10). Ако Хритсос станува во нашите срца, тогаш ќе влијае на нас “да сакаме и да чиниме што му е угодно”. (Филиб. 2, 13). Ние ќе работиме како пгго работел тој и при тоа ке го покажеме неговиот дух. Ако го љубиме и останеме во него, тогаш “во се ќе порастеме во она што е главата — Христос” (Ефес. 4, 15). PH 48.2