Патот Кон Христа
Поглавје 2—Со примање новиот начин на живот
ПРЕДАВАЊЕ
Бог ветува: “Кога ме побарате со сето свое срце, ќе ви се дам да ме најдете” (Јер. 29, 13—14). PH 26.2
Мораме со се срце да му се предадеме на Бога, та да настапи промена која ќе стори да станеме слични на Бога. Со нашата грешна природа наполно сме се отуѓиле од Бога. Свети Дух точно ја опишува нашата состојба со овие зборови: “Бевте мртви за престаплението и за своите гревови.” (Еф. 2, 1). Целата глава е болна и целото тело изнемоштено. Од петицата до главата нема ништо здраво” (Исаија 1, 5—6). Сатаната не држи во својата мрежа, оти не уловил живи за својата волја”. (2 Тим. 2, 26). Бог сака да не ослободи од оваа мрежа. Тој ќе ни ги прости нашите гревови, но бидејќи тоа бара полна промена на нашето суштество, мораме наполно да му се предадеме. PH 26.3
Борбата со самиот себеси е најголема борба која некогаш се водила. Одрекнување од себе, потчинување на Божјата волја на целокупното свое суштество бара тешки напори; човек треба да се понижи пред Бога за да се роди наново во светост. PH 26.4
Божјето царство не се основува на слепа покорност, на неразумното присилување, како што сатаната се обидува да не увери во тоа. — He, тоа се базира на разумот и совеста. Позивот на Творецот кон неговите созданија гласи: “Тогаш елате, вели Господ, и ќе се судиме” (Ис. 1,18). Тој никого не го присилува. Тој не прима од нас никаква слава што не му ја приносиме од нашата слободна волја. Изнуденото покоравање би го спречавало слободниот развој на разумот и волјата; тоа од луѓето би направило машини. А тоа не била Творчевата намера. Тој сака човекот да постигне што се може поголемо совршенство. Тој ги изнесе пред нас најголемите благослови, што можеме да ги постигнеме само со неговата милост. Тој не вика да му го предадеме своето “јас”, за да може да го доврши своето дело во нас. Од нас зависи дали ќе го избереме робувањето на гревот или чудесната слобода на Божји деца. PH 27.1
Во своето предавање на Бога мораме да се одречеме од се она што може да не одвои од Бога. Затоа Спасителот вели: “Значи, така, секој од вас кој не се одрече од се што има, не може да биде мој ученик” (Лука 14,33). Мораме да оетавиме се што нашето срце може да го оддели од Бога. Богатството е идол на многу луѓе. Љубовта кон парите, желба за богатство се златни синџири со кои сатаната ги оковал. А пак други, многу држат на тоа да се ползуваат со почит и светска чест. За некои животна цел е да имаат лично спокојство и да се слободни од секаква одговорност. Но тие ропски окови треба да се раскинат. He можеме да припаѓаме половина на Бога, а половина на светот. Божји деца можеме да бидеме само ако наполно му припаѓаме на Бога. Многу луѓе тврдат дека му служат на Бога, но се ослонуаат на својата сила во своите стремежи да ги држат Божјите заповеди и од себе да изградат исправно свето суиггество. Нивните срца уште не се допрени од длабоката Христова љубов; но тие се обидуваат да ги из- вршат должностите што им ги наложува Бог, за да го добијат небото. Таква религија нема никаква стојност. Но ако Христос веќе влегол во нашите срца, тогаш ќе се исполнат co неговата љубов, со радоста дека се во врска со него и тогаш ќе биде невозможно да се разделат од него. Кога го гледаме него, забораваме на себеси. Христовата љубов ќе стане извор на нашиот живот и нашето делување. Ако во нашите срца сме осетиле нешто од искрената љубов на Седржителот, не ќе прашаме што е најмалу потребно за да ги извршиме Божјите заповеди; тогаш не ќе се задоволиме со најдолниот степен, но ќе се стремиме кон полна согласност со волјата на нашиот Спасител. Во тој случај ќе бидеме готови се да жртвуваме и ќе покажеме живо интересување, кое ќе биде во хармонија со ветената слава. Признавањето на Христа без подлабока љубов кон него е само празно брборење, гола формалност, тежок ропски јарем. PH 27.2
Мислите ли дека е преголема жртва да жртвуваме се за Господа? Секој нека се праша: Што дал Христос за мене? Божиот Син даде се за нашето спасение: својата љубов, своите страдања, својот живот. Дали е возможно ние, недостојни предмети за таа голема љубов, да го отстраниме него од нашите срца? Во секој момент на нашиот живот сме се радувале на благословот од неговата милост; токму поради тоа не можеме наполно да го разбереме длабокото незнаење, и неискажаната болка од што тој нас не избави. Можеме ли да го погледнеме оној кого што го распнале нашите лоши дела и тогаш со презрение да погледнеме на толкава љубов и таква жртва! Ако си спомниме за пониженијата што ги претрпел Господ на славата, мислиме ли да негодуваме дека само со борба и самоодрицање можеме да добиеме вечен живот? PH 28.1
Гордото срце се праша: зошто морам да се понижам и кајам пред да бидам примен од Бога? Be молам, погледајте го Христа! Безгрешен бил тој и при тоа бил Цар на небото, но од љубов кон грешното човечество дошол на овој свет да не спаси од смрт. “Оти ја дал душата своја на смртта и беше ставен меѓу злочинци, и сам ги носи гревовите на мнозина, и за злочинците се моли” (Ис. 53, 12). PH 28.2
Што жртвуваме ние и ако се дадеме? Од грев извалкано срце, Христос да го очисти со својата крв и да го спаси со неискажана љубов. И сепак луѓето се плашат да ја принесат таа жртва! Срам ми е да чујам вакво непгго, срам ми е да го напишам. PH 28.3
Бог не сака да го жртвуваме она што ни служи за добро. Се што чини, тој чини во интересот на своите деца. О, кога би сите оние кои не си го избрале Христа, можеле да видат дека тој може да им даде подобри и поголеми богатства, отколку што си бараат тие сами за себеси! Човек врши најголема неправда на самиот себе кога мисли и работи против Божјата волја. Вистинска радост не може да се најде на забранетите па- тишта, забранети од оној кој знае што е најдобро за нас и кој за своите сака само она што е најдобро. Патот на грешникот е пат на болки и вечна смрт. PH 29.1
Во голема заблуда сме ако мислиме дека на Бога му е пријатно неговите деца да страдат. Целото небо се интересува за среќата на луѓето. Нашиот небесен Татко не сака на своите созданија да им ги скрати земните радости. Неговите заповеди наредуваат само да ги избегаваме оние желби кои можат да ни донесат болка и разочарување, кои не прават несреќни упгге во овој живот и ни ја затвораат вратата на небото и вистинската среќа. Спасителот на светот ги прима луѓето онакви какви што се, со сите нивни потреби, недостатоци и слабости. Тој сака не само да не очисти со својата крв и да не спаси од гревот, туку и да ги задоволи горештите желби на сите оние кои го земат на себе неговиот јарем и неговото бреме. Тој ќе им даде спокојство и мир на сите оние што доаѓаат кај него да бараат леб на живот. Тој ни дава само такви должности кои нашите земни чекори ќе ги насочат кон небесните блаженства, какви непослушните никогаш не ќе постигнат. Вистинскиот среќен живот се состои во тоа — во нас да живее Исус, надежта на славата. PH 29.2
Мнозина прашаат: Како можам сосем да му се предам на Бога? Вие сакате, но тоа не можете да го остварите со својата сила, оти сте немоштни и слаби, заплетени од сомненија и навики на грешниот живот. Вашите ветувања и вашите решенија се ѕидат на песок. Вие не сте во состојба да ги обуздаете вашите мисли, страсти и желби. Неисполнети ветувања и неуздржани завети го поколебале вашето поверење во сопствената искреност; вие сте обесхрабрени и мислите дека Бог не може да ве прими. Сепак, не треба да се отчајавате. Најнапред ви е потребно да ја познаете вистинската мошт на волјата. Тоа е главна сила која владее над човечката природа; таа решава и бира. Се зависи од вистинското дејство на нашата волја. Бог му дал на човекот способност и можност сам да бира; од нас зависи дали ќе ги исползуваме како треба. Навистина, ние не можеме да го промениме своето срце, не можеме со своја сила да го љубиме Бога, но од нашата слободна волја зависи дали ќе му служиме. Ние можеме да му ја предадеме нашата волја, тогаш ќе стори тој да сакаме и да чиниме no неговата волја. Во тој случај целото наше суштество ќе му се покори на Хри- стовиот Дух; целата наша љубов ќе се сосредоточи на Божјиот Син и ние ќе живееме во полна хармонија со него. PH 29.3
Ако само се стремиме кон добрата и светост, ако се надеваме и чекаме да станеме христијани, а никогаш не сме се решиле својата волја да ја предадеме на Бога, уште ништо не сме сториле и ќе се изгубиме за секогаш. PH 30.1
Ако ја вежбаме нашата волја, во нашиот живот ќе настане полна промена. Ако нашата волја ја предадеме наполно на Христа, тогаш ќе се соединиме со силата која е над секоја сила и мошт. Ќе добиеме сила одгоре да останеме стални; секој ден ќе се предаваме на Бога и ќе можеме да водиме нов живот — живот на вера. PH 30.2